дома блог страница 1438

(Видео) Откриени нови тајни: Се појави нова снимка од Титаник

Новата и уникатна снимка од Титаник откри синџир на сидро од 90 килограми, огромно сидро од страната на пристаништето и котел што паднал на морското дно кога бродот се скрши на два дела и потона на 3.810 метри под површината на Северниот Атлантик пред 110 години.

Снимката, снимена од компанијата за нуркање OceanGate Expeditions, откри неверојатни детали за бојата на бродот и предметите кои се наоѓале на него.

Тимот го сними познатиот брод со највисока резолуција досега (околу 8.000 пиксели), што им овозможи да зумираат на одредени области без губење на квалитетот на сликата и ги обезбедија најјасните слики досега.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја поддржува Македонската православна цpква – Охридска Архиепископија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави дека остварил пријатен разговор со Владиката г. Петар.

-Многу искуство и знаење беше споделено од почитуваниот Владика. Поразговаравме за Македонската Православна Црква која отсекогаш е стожер на македонскиот народ. Основната причина за опстојот на Македонците низ вековите е вербата во Бога и нашата црква. Така било, така ќе биде и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска и партија на народот секогаш е во поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, објави Николоски.

Го освои секој гренд слем по 3 пати, а сега кажа збогум: Со солзи и громогласен аплауз Серена Вилијамс се прости од тенисот (Видео)

Американската тенисерка Серена Вилијамс ја заврши кариерата со пораз во третото коло од УС Опен.

Вилијамс имаше добар натпревар, но сепак загуби од Хрватката Ајла Томљановиќ со 7:5, 6:7 (5), 6:1 во играта која траеше три часа и пет минути.

Додека при разделбата ја поздравуваше публиката мавтајќи преку звучниците одекна познатата песна на Тина Тарнер „Simply The Best“.

Серена во солзи им се заблагодари на семејството, тимот, публиката и многубројните обожаватели на поддршката сите изминати години.

-Не би била јас Серена, да не беше Венус. Па затоа ти благодарам Венус. Таа е единствената причина зошто Серена Вилијамс некогаш постоела. Не знам што да кажам, со солзи изјави Серена.

Вилијамс го освои секој гренд слем во сингл барем по три пати, единствена е во историјата (и меѓу тенисерите) која ги има освоено сите гренд слемови и во сингл и во двојки.

Има четири злата од Олимписки игри, а освоила вкупно 93 титули во кариерата.

MВР информира: Вработен во продавница во Битола послyжил малолетник со aлкoxoлен пијалок – ќе следи пpиjaва

При спроведување на акциска контрола во Битола за санкционирање на точење на алкохолни пијалоци на деца на 02/03.09.2022 во времето од 22.00 – 02.00 часот, констатирано е дека од страна на вработено лице во колонијална продавница лоцирана на ул„Климент Охридски“ во Битола послужен е малолетник со алкохолен пијалок.

Од страна на полициски службеници од ОКП – Отсек за општ криминал при СВР Битола ќе биде поднесена соодветна пријава.

Контролите интензивно продолжуваат и во нареден период – информираат од СВР Битола.

МОН е против оналјн настава но и тоа е опција ако зимава нема струја за училиштата

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири при посетата на неколку струшки училишта повтори дека останува на ставот настава со физичко присуство да има во текот на целата учебна година поради придобивките од тоа.

Покрај претпоставките во јавноста дека во зимските месеци наставата ќе се одвива он лајн или ќе има продолжен зимски распуст со цел штедење на електрична енергија, ресорниот министер нагласи дека на состаноците со релевантните институции ќе посочи оти и образованието треба да е приоритет како здравството и некои други сектори.

– Стојам на ставот физичка настава да има целосно. На состаноците со институциите ќе зборуваме приоритет да биде и образованието како што е здравството и другите сектори, изјави Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање за мерките за штедење на електрична енергија во училиштата.

За следната недела најави состанок со министрите за економија, финансии и другите инволвирани ресори во делот на енергетиката нанкој треба да се разговара токму з аоваа проблематика.

– Ќе дискутираме за оваа проблематика за да можеме најдобро да ја изменаџираме. МОН ги извади сите податоци за сите основни и средни училишта колку користат електрична енергија и во комуникација со директорите ќе бараме начин што подобро да се изменаџира електричната енергија, рече Шаќири.

При посетата на неколку струшки училишта посочи дека во разговор со директорите побарал да се исклучат светилките и да се користи природната светлина.

Директорката на гиманзијата „Ибрахим Темо“ Бесиме Јонузи рече дека се подготвени за претстојната зима и оти имаат финансиски средства за електрична енергија и нафта за греење.

– По ребалансот на општинскиот буџетот имаме пренамена за дополнителни средтсва за електрична енергија и нафта за греење и секако дека ќе бидеме дел од соработката со МОН за менаџирање на состојбата со енергетската криза, изјави Јонузи.

Нема кpaj: Денеска стабилизирање на времето, од утре повторно невpeме со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе се движи од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од УХМР најавуваат дека денеска ќе има стабилизирање на времето, а во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во понеделник претпладне се уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Сакате совршено тонирани мускули по целото тело? Ова е единствена можност да го постигнете тоа (Видео)

Сакате совршено тонирани мускули по целото тело? Сега имате можност да набавите евтин реквизит кој можете да го носите секогаш и секаде.

Liveup фит стикот на USR ви овозможува да вежбате каде било. Се работи за многу лесно пренослив реквизит благодарение на неговиот дизајн од 3 парчиња. Лентата за отпор работи на многу мускули обезбедувајќи тонирање на целото тело.

За што точно се работи погледнете во видеото во продолжение:

Нарачајте веднаш, ова е единствена можност во Македонија да го добиете овој производ по оваа цена:

Симон Трпчески : Неприродно е да се плашиме да кажеме дека сме Македонци

Неприродно е под притисок да се плашиме да кажеме пред светот дека сме Македонци.

Ова го кажа нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, најавувајќи ги концертите од проектот „ Македонисимо“, пред домашната публика, 5 години по неговата светска праизведба во Германија.

Проектот „ Македонисимо“ во Скопје ќе биде изведен на платото пред Националната опера и балет на 14 септември, а на 25 и 26 овој месец во Штип и Битола.

„ Македонисимо“, вклучува изведби на обраборти на 23 македонски ора и неколку народни песни, а новите аранжмани на богатиот македонски фолклор ги направи композиторот Панде Шахов.

Возете “безгрижно” викендов: Регулаторна ги израдува дизелашите со намалување под 100ден.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука за цените на горивата кои ќе важат од полноќ.

Од полноќ поевтинува дизелот за два денари, па наместо 101,5 денари ќе се продава за 99,5 денари по литар.

Цените не бензините не се менуваат, односно остануваат 87,5 денари за литар БС-95 и 90 денари за литар БС-98.

(Видео) Вучиќ: “Немој повеќе да ми броите, над 100 чаши испив”

Српскиот претседател Александар Вучиќ беше домаќин на лидерите на Албанија, Македонија и Црна Гора на саемот на „Отворен Балкан“, кој се одржува во Белград.

Вучиќ стана хит во регионот со неговата реакција, кога не ѝ даде на советничката да го проба виното, по што дада урнебесна изјава.

„Немој повеќе да ми броите, над 100 чаши испив, тоа што мене не ми е ништо, тоа е друга работа, јас доаѓам повторно во сабота“, кажа Вучиќ.