дома блог страница 1439

Симон Трпчески : Неприродно е да се плашиме да кажеме дека сме Македонци

Неприродно е под притисок да се плашиме да кажеме пред светот дека сме Македонци.

Ова го кажа нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, најавувајќи ги концертите од проектот „ Македонисимо“, пред домашната публика, 5 години по неговата светска праизведба во Германија.

Проектот „ Македонисимо“ во Скопје ќе биде изведен на платото пред Националната опера и балет на 14 септември, а на 25 и 26 овој месец во Штип и Битола.

„ Македонисимо“, вклучува изведби на обраборти на 23 македонски ора и неколку народни песни, а новите аранжмани на богатиот македонски фолклор ги направи композиторот Панде Шахов.

Возете “безгрижно” викендов: Регулаторна ги израдува дизелашите со намалување под 100ден.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука за цените на горивата кои ќе важат од полноќ.

Од полноќ поевтинува дизелот за два денари, па наместо 101,5 денари ќе се продава за 99,5 денари по литар.

Цените не бензините не се менуваат, односно остануваат 87,5 денари за литар БС-95 и 90 денари за литар БС-98.

(Видео) Вучиќ: “Немој повеќе да ми броите, над 100 чаши испив”

Српскиот претседател Александар Вучиќ беше домаќин на лидерите на Албанија, Македонија и Црна Гора на саемот на „Отворен Балкан“, кој се одржува во Белград.

Вучиќ стана хит во регионот со неговата реакција, кога не ѝ даде на советничката да го проба виното, по што дада урнебесна изјава.

„Немој повеќе да ми броите, над 100 чаши испив, тоа што мене не ми е ништо, тоа е друга работа, јас доаѓам повторно во сабота“, кажа Вучиќ.

(Видео) Ковачевски “прича” српски “у Београду”

Во рамки на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ од камерите на српската телевизија Н1 беа „фатени“ како во еден неформален разговор изразуваат загриженост за цената на струјата.

Вучиќ му вели на Ковачевски:

-Димитар, како ли ќе го издржиме плаќањето на струја?

А, Ковачевски на српски му одговара:

-Е тоа ќе биде најтешко.

Вучиќ се надоврзува дека за тоа ќе зборуваат во текот на утрешниот ден.

Ковачевски во разговорот открива и дека македонската Влада вчера направила трансфер од 50 милиони евра за струја, а сега се спрема и уште еден трансфер.

Државата заборави на малиот гениjaлец Македон од Тетово: Неговиот татко ја пренесува суровата реалност во која живееме

Родителите на малиот генијалец Македон Димитриевски кој освои три златни медали на светски натпревари откриваат дека големите ветувањата што ги добиле од владата односно од министерот за образование и наука Јетон Шаќири од ДУИ биле лажни.

Седумгодишниот Македон Димитровски во мај освои златните медали освоени во натпревар по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Македон е мал генијалец: Решава задачи за средно и освојува медали, учи јазици за миг, галаксиите ги знае до детали. Но тоа не е доволно државата да инвестира во него и да му помогне во образованието и развојот.

По неколку месеци од ветувањата дека ,,Златниот” Македон ќе ја добие потребната поддршка се покажува дека родителите и генијалецот биле лажени и дека тој не треба да очекува никаква помош од земјата која ја прослави во светот на науката.

,,Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата.
Имено пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во министерството за образование на прием кај министерот.

Таму бевме дочекани со сите почести со многу сликање, поклони, ранец и книги за Македон. И најважното, многу ветувања:

-прво дека ке се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира
-беше ветено од страна на министерот дека ке стапи во контакт со сите големи амбасади за да и они помогнат во процесот на едукација на Македон
-дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца
-Ни беше каѓано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограничени средства во школувањето на Македон.

И уште многу други работи ……..

И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо.

Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани а државата не може да инвестира во ваков тип на образование.

Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислите на светско ниво.

Што треба едно дете со таков или со такви успеси да направи за да добие подршка од дрзавата
За сега една големо “0”, прашува таткото на Македон, Владимир Димитровски.

Teшка cooбpaќajка во Прилеп: Автомобил yдpил во велосипедист

На 01.09.2022 околу 18.00 часот во ОВР Прилеп било приjaвено дека на крстосница од улиците „Јоска Јорданоски”, кеј „1-ви Мај” и „Бранко Секулоски Белата” во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Д.Б.(38) од Прилеп, yдpило во велосипед yпpaвyван од К.С.(53) од Прилеп.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил К.С., конcтатиpaни во Градска болница Прилеп.

Увид извpшила екипа на ОВР Прилеп –

По 6.000 денари за секое прваче во општина Новаци

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски денеска беше заедно со најмалите ученичиња првачињата, поздравувајќи ги и посакувајќи им успешен почеток на учебната година.

„На првачињата им посакав да се радуваат на овој ден бидејќи денес започнува една нова фаза од нивниот живот, каде ќе се стекнат со многу знаења и вештини во текот на образовниот процес кој ќе им овозможи да се развиваат и изградат како индивидуи а со самото тоа ќе си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кон успехот“ рече Стевановски.

Општина Новаци и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари.Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

„Со отпочнувањето на мојот мандат како градоначалник на Општина Новаци на првата седница на новиот Совет на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, да се зголеми на 6000 денари. Ова е втора година како нашите првачиња добиваат еднократна парична помош со овај износ.Сметаме дека на овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци во учебната 2022/2023 година се запишаа вкупно 224 ученици.

Родителите на сите првачиња запишани во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци можат да поднесат барање за еднократната парична помош во висина од 6000 денари.

Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2022/2023 година може да се подигне во општината.Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи:Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година,извод од матичната книга на родените ,копија од лична карта од еден родител и копија од трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) .

Барањата можат да се поднесат во архивата на Општина Новаци секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

СОУ “Орде Чопела” Прилеп доби нов директор

Средното општинско училиште “Oрде Чопела” од вчера има нов директор.

На местото на досегашната директорка Анета Пејоска, назначена е Тереза Златеска.

Златеска веќе подолго време работи во ова училиште како педагог, а сега ќе ја преземе менаџерската позиција во училиштето кое располага со повеќе струки и профили.

Во текот на ноќта очекувајте обилни врнежи со силен ветер, грмежи и град, велат од УХМР

УХМР соопшти дека времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта нестабилноста ќе се прошири на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во сабота и недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето. Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Цените на нафтата паднаа под 94 долари – Ќе намали ли и кај нас?

Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните пазари под 94 долари бидејќи инвеститорите стравуваат од побарувачка во услови на заострени епидемиолошки мерки во Кина, висока инфлација и зголемени каматни стапки.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,95 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 93,69 долари. Речиси за исто толку падна и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше за 87,57 долари.

Трговците нервозно го следат ширењето на Ковид-19 во Кина.

Строгите епидемиолошки мерки во втората по големина светска економија, како и притисокот на трошоците ја намалија активноста во азиската индустрија во август, засенувајќи ги шансите за закрепнување на регионот од последиците од пандемијата, според истражувањето објавено во четвртокот.

Технолошкиот центар Шенжен во јужна Кина ги заостри мерките поради континуираното ширење на инфекцијата, забранувајќи ги големите собири и забавата во затворен простор во областа Баоан на три дена.

Кинеската политика на нулта толеранција за ковид ја кочи економијата, што значи и послаба побарувачка за енергетски производи.

Пазарите се загрижени и поради рекордната инфлација и најавата за агресивно зголемување на клучните каматни стапки во САД и во еврозоната со цел да се запре растот на цените.