дома блог страница 1437

Пpиведени 6 лица во Битола, откако при пpeтpec во објект на ул. “Караорман” биле затекнати како играат кoмap

Вчера (03.09.) полициски службеници од СВР Битола – ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план “Безбедно лето”, по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул “Караорман” во Битола.

При претресите затекнати се М. А. (32), Е.Р.(50), Ш.М.(47), А.И.(36) и двајцата организатори, сите од Битола.

Лишени се од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 ,,комар” – информираат од СВР Битола.

Професор од Битола гласно ја кажа cypoвата вистина: “Сите деца одлични, а државата пропаст. Им набивте лажен комплекс на децата да мислат дека се совршени”

Фејсбук статус на професорот по германски јазик од Битола, Никола Аврамовски

Сликајте ги свидетелствата и кажувајте и на јавноста колку Вашите деца се совршени, после трчајте по партии за вработување или клепајте пред конзулати и амбасади!

Не заборавајте дека 5 ките се само бројки и не содвестуваат на реалното знаење или ментална слика на ученикот. Им набивате лажен комплекс на децата да мислат дека се совршени и им одземате многу детски радости, обидувајќи се да се оправдаат пред Вас, а немоќни се.

Секое дете е небрусен дијамант, има талент и е совршено, треба родителот да го открие, поттикне, охрабри исто и наставникот кој ќе го подржи, насочи и образова.

Да не се плаши детето ако добие 4 или помала оцена, невелам 1 оти кецот не постои повеќе освен кај Трајче, Ристе, Мефаил и Севѓул, маргинализирани ученици од пониски класи кои немаат можност да кренат тел. Има деца чии родители се сиромашни, некои се разведуваат, отпуштен од работа, порок и сл децата се повлекуваат попуштаат во учење, треба да им се помогне, поттик од соучениците, наставник, педагог, психолог…

Како можи сите одлични, а државата пропаст, толку паметен народ а батал, некултурен, ѓубре насекаде искршени клупи, крлешки, секој ден пијани мочани, а толку совршени деца, љуби те мајка… Немојте да се охрабрувате оти Вашето дете е мангуп или истепал некого, туку дека победило во спорт, натпревар на школо, писмена задача и сл.

Дајте им иднина сами да можат да функционираат, да бидат независни, да творат, заработуваат, сами да чекорат по патот на успехот и гледајќи ги да се гордеете!

Уживање! “Македонско девојче” во изведба на хор од Полска во Офицерски во Битола (Видео)

“Македонско девојче” во изведба на камерниот хор на Универзитетот “Адам Мицкјевич“ од Познањ, Полска, во Офицерскиот дом во Битола.

Уживајте:

Победа и утре гостува во Скопје: Ќе успеат ли црвено-белите да стигнат до први 3 бода во Железарница?

Фудбалерите на Победа утре од 16 часот на стадионот во скопската населба Железарница, во меч од 6-тото коло на Првата лига, ги очекува дуел со домашниот состав на Скопје.

Ќе биде тоа дуел на двете последнопласирани екипи на табелата. Своевидно дерби на дното на состави, кои повеќе од јасно дека во директна пресметка ќе атакуваат на победа, и 3 бода за оддалечување од противникот.

Шефот на Стручниот штаб Бобан Бабунски нема проблеми околу составот, и со најдобар тим патува на гостување на секогаш тешкиот терен на Железарница. Бодот од средата во Чаир, во дуелот со шампионот Шкупи, вреден како 3 бода, ќе добие на уште поголема тежина и важност ако биде потврден со успех на утрешниот меч.

Во позитивна атмосфера се дочекува дуелот со Скопје. Фудбалерите сигурно се свесни за значењето на мечот.

Едноставно мора да го дадат максимумот од себе во овој момент. На Железарница мора да се одигра храбро и одговорно, против тим кој нема да бира ни начини ни средства да дојде до позитивен резултат.

Со зацврстена самодоверба во сопствените квалитети и можности, зголемениот капацитет и перформасните на засилениот состав, влеваат надеж и оптимизам за реално очекувања дека црвено-белите се кадарни од Скопје да се вратат со позитивен резултат.

Прилепчанецот Владимир Трпаноски избран за потпретседател на Балканската џудо асоцијација

Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски во следните пет години ќе ја извршува функцијата потпретседател на балканската џудо асоцијација.

Владимир Трпаноски успеа да ја доби поддршката од најголемиот број на делегати, кои учествуваа на денешниот состанок во Кожани, каде се оддржува отвореното Балканско првенство за пионери.

Покрај Трпаноски, на споменатиот состанок присуствуваше и потпретседателот на џудо федерацијата, Благоја Гешоски.

Највисоките претставници на македонската џудо федерација присуството во Кожани го искористија за да го проследат отворањето на Балканското првенство за пионери како и дел од натпреварите на македонските џудисти.

Утре концерт на “Љубојна” кај Градскиот саат во Прилеп

Утре (04.09.2022) со почеток од 21:00ч. на платото во Старата прилепска чаршија (близу до Градскиот саат) ќе се одржи последниот проект од OFF програмата на Prilep Jazz Weekend фестивалот, со концерт на “Љубојна”.

Прилепскот џез фестивал го работи овој проект во координација со кафетериите: Kaffeine, Tabu, Чоше кафе и слаткарницата АЛФА 1.

Љубојна или „љубов“ и „бој“, еден од најпрепознатливите и најрепрезентативни бендови во регионот, најавтентично го пренесува пулсот на музичкиот бит во не само она што се нарекува урбан, туку и светски отворен звук.

Љубојна не е само популарен бренд. Таа е идеја која направи супер саунд од една заборавена музика и стана јадро околу кое гравитираат многу музичари и од кое црпи младата публика.

Групата твори музика, со сета нејзина страст, ентузијазам и жестина која е изговорена како универзален музички јазик, според космополитски код кој што го носи во себе.

Музиката на Љубојна е спој на сите експресивни и елегични чувства и звуци на радост, тага, еуфорија, интензивност, чилаут, поп, страст, фанк, цоул, фолк, ориентал, стомачен танц, џез, ортодокс гламур…

Натпревар со 73 погодоци во “Ристе Ристески – Ричко”: Кире Лазаров и Алкалоид постигнаа висока победа во Прилеп

Новиот суперлигаш РК Алкалоид предводен од Кире Лазаров, со огромна победа во Прилеп ја започна новата сезона во најелитното ракометно друштво кај нас.

Во суперефикасен натпревар во салата “Ристе Ристески-Ричко”, гостите од Скопје триумфираа со 13 гола разлика. Крајниот резултат на семафорот беше 30:43 (11-15 на полувремето).

Kaj РК Прилеп најефикасен беше Давор Шокоски со 8 погодоци, по 6 постигнаа Гавашелишвил Мириани и Ѓоргиевски Пеце, а Бикоски Христи 5 пати ја пронајде мрежата на Алкалоид.

Кај Алкалоид најефикасен беше Серафимов Мартин со 8 погодоци.

Активисти го посипаа министерот со брашно (Видео)

Aктивисти на Косово го посипуваат Хекуран Муратин со брашно на паркинг во центарот на Приштина. Министерот без воопшто да прозбори продолжува кон своето возило.

Мурати, според информациите на косовските медиуми, одбива да им ги исплати платите за минатиот месец на оние што штрајкуваат, односно се заканува дека тие ќе им бидат намалени за времето поминато во штрајк.

Македонски ученици, меѓу кои еден прилепчанец, освоија еден сребрен и два бронзени медали на Јуниорската Балканска олимпијада по информатика

Јуниорскиот тим на македонски информатичари годинава доста успешно се претстави на 15-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2022), која од 28-ти август до 3-ти септември се одржува во Дорохои, Романија, оставајќи ги тимовите на повеќето балкански држави зад нив.

Тимот составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, Владислав Бидиков и д-р Миле Јованов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и два бронзени медала.

После една година пауза и една година како онлајн натпреварување, ЈБОИ се одржува како регуларен настан. Покрај учеството на повеќето земји од балканската иницијатива во информатика, беа присутни и Украина и Азербејџан како земји гости.

Во силна конкуренција во која скоро сите земји учеснички се поголеми од Македонија, сребрениот медал за нашиот тим го освои Благој Рујаноски Стојановски, ученик со штотуку завршено основно образование.

Учениците Никола Стојковски и Дамјан Давков од Скопје освоија бронзени медали, а најмладиот учесник од Македонија се врати со олимписка пофалба. До сега, во овие 15 изданија на олимпијадата македонските натпреварувачи имаат освоени 5 сребрени и 24 бронзени медали.

Овој резултат на нашиот јуниорски тим покажува дека континуираната работа на членовите на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) создава не само врвни резултати туку и иднина. Добро би било и фокусот на државните институции да се насочи кон поддршка и развој на талентите преку средување на законската легислатива и вистинска поддршка на организациите и поединците кои работат на тоа. Талентите, во која било област, може да бидат потребната сила за придвижување на државата во вистинска насока, а, во денешно време, особено идните информатички инженери. Благодарни сме до Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Мелон Технологии, Нетцетера и Семос Едукација, кои годинава го поддржаа циклусот на натпревари, вели д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ.

Во периодот кој следи ни претстои учество на Балканска олимпијада за во Букурешт, Романија, Европска олимпијада за јуниорите во Украина – онлајн, како и Европска олимпијада за девојки во Турција, а учениците од сите тимови следниот викенд ќе бидат гости во вилата Билјана во Охрид, на покана на Претседателот на државата.

Прилепчанец кpaдел бакapни кабли на плоштадот во Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.А.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Тој, во периодот од 29.07.2022 до 08.08.2022 година од градскиот плоштад во изградба во Кичево, од поставената подземна електрична инсталација, одзел електрични бакарни кабли.