Maкедонската опера и балет гостува во Прилеп: Ќе се одигра балетската претстава “ЛA, ЛА, ЛА”

На 19 октомври 2022/ среда/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“, Националната опера и балет ќе ја изведе балетската претстава ЛА ЛА ЛА… Влезниците по цена од 100 денари ќе бидат пуштени на билетарницата од Центарот вторник и среда од 10 до 12 и од 18 до 20.00 ч.

Податоци за балетска претстава: 19.10.2021

Кореограф: Саша Евтимова / Музика: Македонски шлагери / Идеја за костими: Саша Евтимова / Светло мајстор: Милчо Александров

Настапуваат:

Женски ансамбл: Саша Евтимова, Ангела Велевска, Христина Наќевска, Симона Колиштркоска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска Хорсеау, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Мартина Димовска

Машки ансамбл: Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Никола Хорсеау, Веселин Трајковски

ЛА ЛА ЛА !!! За оние што сонуваат… Музиката предизвикува толку многу чувства во нас ,спомени, копнежи, мечти… Носталгија; работи поврзани со нашето минато. Сентиментален копнеж за среќа, за едно време во кое живеевме и луѓето со кои сме ѓи делеле тие спомени. Никој не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање како една добра стара музичка лента. Само таа музика може да ги врати спомените, да ѓи склопи како сложувалка и испише една нова страна во книгата на нашиот живот. Секоја миксана лента не води на едно носталгично патување, раскажува една приказна од различно време. Се е во нас,а не таму каде живееме. Не постојат граници, ние самите си ги поставуваме, но ако сме доволно отворени, оптимистични и ако веруваме во нас, тогаш селиот свет ни е на дланка. Прегрнете ги спомените и чувајте ги блиску до срцето. До вчера бевме она што денес сакаме да го заборавиме. Се што ни е потребно е само да живееме,а музиката е таа која не води на незаборавни патувања. LA LA LA!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.