дома блог страница 1409

Спасот за Македонија е запишан во 2 Летописи 7:14 „…и ќе ја излекувам земјата негова“

Сведоци сме на се помасовно иселување од државава пред сѐ поради разочараноста од државата. Разочараноста е видлива на речиси секое поле, како од економијата, образованието, здравството, корумпираноста, непотизмот, партиско-етнички клуч при вработување и сл. Во немоќ да се променат нештата мнозина се одлучуваат да ја напуштат државата. Прашањето се поставува: како да се променат нештата во Република Македонија? Дали треба да се појави нова политичка структура? Нови политичари? Дали спасот лежи во брзиот влез во ЕУ? Дали да се повикаат странски експерти кои ќе ја водат државава? Или можеби промена на политичкиот систем? Што е тоа што засекогаш кај функционерите ќе го отстрани личниот и ќе се замени со колективниот интерес?

Секојдневно сме сведоци на милионски афери, каде некој поединец кој е на позиција да одлучува сака да профитира на сметка на државата. Без чувство на срам и страв дека еден ден може да се дознае и за тоа да одговара. И што е најважно без чувство на грижа на совеста, затоа што присвоил (или се обидел да присвои) нешто што не му припаѓа. И тоа го гледаме веќе три децении наназад.

За да се спречи оваа појава и општеството да се доведе во ред, налик скандинавските земји, потребни се длабоки суштински промени во државата. Дали можеби е потребно да се дадат уште поголеми овластувања на Антикорупциската комисија или да се формира некое ново тело кое 24/7 ќе ги следи сите оние што се на некои одлучувачки позиции?

Историјата ни покажала дека се што е наметнато однадвор нема долготраен успех. За трајно решение на проблемот потребна е промена на умовите и срцата на секој поединец од хигиеничар до претседател. Како историчар јас решението можам да го посочам единствено во Библијата. Тоа може да се случи единствено ако секој поединец, потенцирам поединец не институција, започне да ја проучува Библијата. Тоа историски се покажало како најефективно решение за еден народ и држава да доживуваат просперитет.

Секој барем малку што ја познава историјата на израелскиот народ знае дека како срцата и умовите им ревнуваа за заветните списи така ја освојуваа ветената земја и имаа мирен и економски стабилен живот. Но, како се оддалечуваа од истите доживуваа неуспеси, беа прогонувани, ја губеа територијата и сл. Во Средниот век во Европа првата книга која се испечатила била Библијата и по реформацијата на Црквата истата станала достапна и за обичните верници.

Држејќи се до основните начела во неа за водење на државата, за моралот, за семејството и сл. народите кои ја прифатија истата за брзо време доживуваа просперитет на сите полиња. Во време на основањето на американската држава при составувањето на уставот како модел била земена Библијата. Да не говориме за економскиот подем на Јужна Кореја, кој според некои експерти (Robert J. Barro, Rachel McCleary) голема заслуга е припишана на продорот на Библијата кај тој народ.

Кога поединецот ќе започне со проучување (не само читање!) на Библијата се случува нешто во срцето и умот што неможе да се објасни. Библијата учи поединецот да стане општествено и колективно одговорен и заинтересиран. Ревносните читатели на Словото ќе потврдат дека тоа им се случува. Како што бројот на оние што се одлучиле да ги следат и практикуваат библиските принципи се зголемува, така се зголемуваат и шансите истите да дојдат до позиции кои се одлучувачки во нашето општество.

Спасот за Македонија можеби е запишан во Библијата: 2 Летописи 7:14 „и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова“. Да појасниме што значи „и Мојот народ, кој се именува со Моето име“ тоа се однесува на сите оние кои веруваат во Бог и се нарекуваат според Неговото име (божји народ, христијани и сл.).

Зборот „се понизи“ се мисли да Му се признае на Бог дека сме создадени од Него и од Него зависиме. Потоа „почне да се моли“ се мисли на молитва упатена до Бог; „да го бара лицето Мое“ – за Бог и Неговата волја можеме да дознаеме единствено во Библијата; „и се одврати од своите лоши патишта“ – а спознавањето на Неговата волја природно ќе доведе до одвраќање од себичниот начин на живот; „Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова“ што значи ова болно општество ќе биде излекувано и ќе бидеме благословени.

Тоа се случуваше со израелскиот народ, може да се случи и со македонскиот народ. Изговор немаме, наместо да обвинуваме и осудуваме, секој поединец да започне од себе. Ако во времето на Гутенберг библиите ги плаќале по цена од тригодишни плати, денес ни е речиси секаде достапна, па и бесплатно на интернет. Не џабе се рекло дека една книга вреди 1.000 пати откако ќе се проучи. Да доживееме 1.000 пати поголем напредок откако ќе ја проучиме, како што тоа го направија некои народи.

Проф. д-р Марјан Иваноски

Дете за пример: Вања од Прилеп освои прво место и златен медал на СВЕТСКОТО финале по англиски јазик во Рим (Фото)

Вања Ѓорѓиоски, ученик во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, учествуваше на Светското финале на натпреварот по англиски јазик “Хипо”, кое од 28-30 септември се одржа во Рим, Италија.

Вања се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам…. и многу други.

Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.

Честитки за Вања, ученик кој е вистинска инспирација! Му посакуваме уште поголеми успеси во иднина!

За мaлку ja “утна” локацијата: “Гугл” ќе инвестира 2,2 милијарди евра и ќе отвори 20.000 работни места, ама не во Македонија

Компанијата Гугл објави дека ќе воспостави своја инфраструктура за услуги во облак (cloud services) во Грција, давајќи ѝ поттик на оваа земја во обидите да стане светски технолошки центар.

Како што јави Ројтерс од Грција, договорот предвидува инвестиции од 2,2 милијарди евра и отворање околу 20.000 работни места до 2030 година, кажа вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Пред две години, и Мајкрософт најави дека ќе гради три центри за податоци во областа на Атина, во инвестиција вредна една милијарда долари.

Како што беше кажано, новата инвестиција ќе им овозможи на организациите подобро да ги користат нивните податоци и ќе ја зголеми безбедноста на корисниците од сајберзаканите.

Клауд одделот на Амазон исто така ја отвори својата прва канцеларија во Грција лани.

„Тоа е веста од Грција, а како што е објавувано, бившиот премиер Зоран Заев во налетот на лесни (и лажни) ветувања со неговото доаѓање на власт со СДСМ цврсто ветуваше дека погоре споменатите светски ИТ компании ќе вложуваат во Македонија откако ќе го смениме името.

И име сменивме и Заев веќе не е премиер, а од големите светски инвестиции не стигнаа. Всушност Заев лошо проценил територија, инвестициите стигнаа, ама не во Македонија, туку во близина на Македонија, во соседна Грција“ – анализира ДЕНЕШЕН.

Противпожарните единици во Прилеп и Битола добија по едно ново теренско возило од Дирекцијата за заштита и спасување (Фото)

Територијалните противпожарни единици во Битола и Прилеп, денеска добија нови теренски возила за гаснење пожари на отворен простор од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со оваа донација од Дирекцијата за заштита и спасување на денешниот настан под слоганот ,,Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните”, се подобруваат техничките услови за подобра противпожарна заштита во општина Прилеп и општина Битола, иако потебно е уште многу за територијалните противпожарни единици да бидат во полна кондиција.

Затвopeник од Битола ограбил две жени по улица додека бил на отсуство

СВР Штип поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Р.Е.(37) од Битола, ocyденик во Kaзнено-попpaвната ycтанова 3aтвop Штип, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeни кpивични дела „paзбojништво“ и „тешка кpaжба на дpзок начин“ и пpoтив Ш.Н.(31) од Штип, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „пpикpивање“.

На 29.08.2022 на ул.„Сутјеска“ во Штип, Р.Е. одзел накит од вратот на М.Н. од Штип и на 30.08.2022 на ул.„Славчо Стојменски“ во Штип физички ја нападнал С.Н. од Штип и ѝ одзел златен накит што го носела.

На 30.08.2022, Ш.Н. во неговиот дом во Штип, од Р.Е. купил дела од накитот и покрај тоа што знаел дека потекнува од кривично дело.

Нестор даде 5 голови на еден натпревар, а Милевски не го повика за репрезентација бидејќи не бил доволно спремен

Со цел да останат во форма, некои од клубовите во Европа репрезентативната пауза ја искористија за да одиграат пријателски средби.

Удинезе на Илија Несторовски играше против Чионс и забележа победа од 10:2, а прилепчанецот беше стрелец на дури 5 погодоци за својот тим.

Нестор е целосно вратен во форма, но и покрај тоа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, одлучи да не го повика за репрезентативните дуели против Грузија и Бугарија.

Селекторот на Македонија изјави дека Несторовски ќе добие повик кога ќе биде максимално спремен. Македонија за жал забележа два порази и заврши на третото место во својата група од Ц сегментот во Лигата на нации.

Прејако промотивно видео на Србите за Светското во Катар

Србија пред неколку дена избори пласман во групата А во Лигата на нации, откако на гостински терен триумфираше над Норвешка со 0:2, а сега очите на популарните орли се насочени кон Светското првенство во Катар.

Погледнете го промотивното видео:

Србија на светското е во група со Бразил, Камерун и Швајцарија.

(Фото) Се издава Участакот во Прилеп?

Денес на вратите на Меморијалниот музеј се појави чуден транспарент.

– Участакот се издава поради предавство на државата – лице за контакт Миле Талески, стои на вратата на Меморијалниот музеј “11 Октомври”.

Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на 20-ти век, а за време на фашистичката окупација се користела како бугарска полициска станица.

Прилепските археолози пронајдоа гpoбoви и cкeлeти од деца стари по 500 години кај прилепско Беловодица (Фото)

Археолозите од прилепскиот Завод и Музеј Прилеп ги завршија истражувањата на локалитетот Селиште кај селото Беловодица, а кои се во рамки на годишната проектна програма поддржана од Министерството за култура.

Се потврди хронолошката датација на егзистирање на црквата во 15 и 16 век. Се констатира дека таа претставувала гробишна црква на селото, кое на оваа локација се наоѓало пред нејзините жители да го напуштат, најверојатно заради тешката болест чума, по што го оформуваат денешното село на 2 км. кон југ.

Од некрополата истражени се вкупно 13 гробови, во поголемиот број детски – информираат од Завод и Музеј – Прилеп.

Октетот Прилеп одржа уште еден маестрален годишен концерт (Видео)

Oктетот Прилеп синоќа одржа уште еден маестрален годишен концерт. Пред преполната сала во Центарот за култура “Марко Цепенков”, се претставија со прекрасни изведби на староградска музика, а гостин им беше Сефедин Бајрамов.

Традиционално Октетот концертот го започна со песната за Прилеп.

Уживајте во дел од изведбите во продолжение:

Октетот Прилеп работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“ и со години ја негува староградската песна. Досега има издадено неколку албуми.