Не грижете се: “Јас со мојот тим работам деноноќно за сите да имаме храна, струја и енергенси”, вели Ковачевски

Во најтешката економска и енергетска криза досега со политиките на Владата предводена од СДСМ се успева да се стабилизира економијата, тие не ги решаваат сите проблеми што ги отвори војната во Украина и глобалната енергетска криза но обезбедуваат стабилност во енергетскиот сектор порача вечерва од Гевгелија претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

На трибината Ковачевски потенцираше дека Владата предводена од СДСМ обезбедува 100% струја од домашно производство.

Исто така, Ковачевски посочи дека ја субвенционира цената на струјата за повеќе од 72.000 мали потрошувачи и сите домаќинства со 80% од реалната цена на струјата.

„Обезбедивме топли училници и непречено одвивање на наставата, 365 основни и 109 средни училишта и здравствените установи добиваат поевтина струја. Јас со мојот тим во Владата работам деноноќно за сето ова да функционира, да имаме доволно храна, струја, енергенси. Тежок период е, даваме се од себе и така ќе продолжиме“, вели Ковачевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.