дома блог страница 1408

Лефков: Аферата БРОИЛО е шема која покажува како Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра

Аферата броило значи само едно – трговија со влијание, преку злосторничко здружување во Соларен Картел. Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е на колена, а народот осиромашен се бори секој ден да преживее, потенцира Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Аферата Броило ќе покаже како Ковачевски и една тесна клика се здружиле во картел кој печали и добива лична корист.

Следете внимателно.

Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра!

Во Соларниот Картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани.

Еве доказ за тоа – фотографија од отворањето на фабриката, на која се гледа како кумовите Ковачевски – Паунов прославуваат свечено отворање на фирмата со торта.

Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра. Аферата БРОИЛО е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите.

Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра.

Во 2021 година, кога Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии, КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН, врз која сега Ковачевски како премиер има мандатна сопственост преку државниот удел во ЕВН, и тоа договор за изведба на работи и испорака на фотоволтаични панели, во вредност од над 2 милиони евра.

Аферата броило зазема димензии од десетици милиони евра, кога пред месец и половина, Пиксел груп најави дека влегува во фаза на инвестиција во фабрика за производство на соларни панели во индустриската зона во Тетово, во вредност од 54 милиони евра. Ова е зона во која инвеститорите имаат даночни и царински ослободувања, а според написите во медиумите се очекува да потпишаат и договор за државна помош, истакна Лефковна прес-конференција и додаде:

„Фирмата е регистрирана под името АЕ Солар АД Тетово, како заедничка на Пиксел груп која поседува 40%, и 60% поседува фирма од Бугарија. Горанчо Паунов, кумот на премиерот Димитар Ковачевски веќе е поставен како еден од двајцата извршни директори на АЕ Солар АД Тетово. Инвестицијата на Пиксел груп треба да биде 21.6 милиони евра, соодветно на процентот на учество.

Со тоа, Ковачевски како премиер, ќе му потпише договор за државна помош, на кумот Горанчо Паунов како извршен директор на фирмата, во која 40% од сопственоста е на Пиксел груп, основана заедно со Ковачевски!

И сето ова се случува во период откако друга бугарска фирма најави инвестиција во ФЕЦ Осломеј, каде државата е партнер со 18.5%. А за која инвестиција бугарската фирма партнер на Пиксел груп се пофали на нивната интернет страница. Па оттука се поставува прашањето дали панелите произведени во фабриката во Тетово ќе завршат во ФЕЦ Осломеј, каде државата е застапена со 18.5%? И каква е улогата на Ковачевски кој се јавува како основач на фирмата која е во кругот на бизнис интересите од оваа шема, но сега и како премиер?

И второ, дали со фабриката во Тетово, во која Пиксел груп основана од Ковачевски е сопственик ќе се монополизира пазарот на производство и продажба на фотоволтаични панели?

Сето ова се случува во услови кога постојано се најавуваат нови поскапувања на електричната енергија за граѓаните, а бизнисот во Македонија плаќа двојно поскапа електрична енергија од бизнисот во регионот.

Во наредниот период целосно ќе откриеме како во аферата броило фирми блиски до Ковачевски стигнале да свртат 26 милиони евра.

Го повикуваме Ковачевски да не чека да ги објавуваме деталите, веднаш да каже каква е неговата вмешаност во сите бизниси на овој соларен картел и веднаш да си поднесе оставка“.

“Декса” има одлична екипа, но никој нема слух да им помогне да се натпреваруваат (Фото)

Прилепчани се жедни за кошарка. Еден контролен натпревар помеѓу две младински екипи синоќа предизвика огромно внимание кај публиката.

Насмеани лица на трибините, задоволни родители, пресреќни деца кои сакаат да рекреираат, но и да се натпреваруваат наместо да бидат изложени на пороците од денешното време.

Но, за жал ова траеше само 2 часа, а од денеска повторно монотонија. А, зошто?

Бидејќи никој нема слух финансиски, и тоа со минимални средства да ја помогне оваа екипа, која има квалитет да биде меѓу најдобрите во Македонија…

Зборуваме за подмирување на основните трошоци: сала, превоз, судии, делегат…

Не би требало за град од 80.000 жители со релативно добро стопанство ова да е проблем… Се надеваме дека ова ќе е и ицијална каписла и Прилеп повторно ќе е кошаркарски град, бидејќи тоа го заслужува.

Убедени сме дека и на волонтерите, спортските работници: Зравески, Ристески, Костоски, Домлески, Дамески, Стефан Стевананџија, ќе им се излезе во пресрет, бидејќи тие се едни од ретките што не го жалаат своето слободно време за љубителите на кошарката да можат да уживаат во убавите потези на младите сограѓани.

Oва го има во Бразил во четврта лига и кај нас (Видео)

Во Тетово денеска се играше натпревар од шестото коло на Втората македонска лига помеѓу Тетекс и САСА, а натпреварот заврши со победа на гостите од 0:2.

Но, резултатот на натпреварот падна во втор план, кога при крајот на натпреварот навивач од домашната екипа влезе на теренот и му влепи шамар на играч од САСА.

Најинтересно е тоа што полициjaта веднаш се стрча да го брка навивачот, но за секунда се откажа.

ВИДЕО: ГОЛ.МК

Јаболко на ден, да бидеш здрав како дрен!

Општо познато е колку јадењето јаболки е здраво и добро за човечкиот организам, особено за децата и младите кои се во развој. Јаболките се богати со витамини, влакна и пектин кој освен што е силен актиокисдант, во исто време помага и на варењето на храната. Затоа, секој педијатар препорачува што поредовно конзумирање на јаболки, особено за децата.

Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, на својот фејсбук профил објави интересна вест дека оваа година за 186.000 ученици од 350 основни училишта низ државата, ќе се обезбедат јаболки за здрава ужинка на децата. Имајќи предвид дека деца, како деца, се склони кон конзумирање на брза храна, како и ужинки презаситени со конзерванси, сол и вештачки ароми, воведувањето на македонското јаболко како ужинка може да ги поправи навиките во исхраната на основците и да влијае добро на нивното здравје и имунитет.

Од друга страна, оваа програма е добра вест и за земјоделците, производителите на јаболки. Како и секоја година, така и оваа, на големиот православен празник Воздвижение на Чесниот Крст –Крстовден започна бербата на јаболка, а најавените 20 милиони денари наменети за откуп на македонски јаболки кои ќе се употребат за здрвата ужинка на основците, ќе придонесе за подобри резултати на откупот на јаболки кој ќе се случува во следниот период
Да користиме македонски јаболки и да ги поддржиме македонските земјоделци со зголемена потрошувачка на свежо македонско овошје.

Чантурија со добра тактика и 22 одбрани на Христоски, клучни за победата на РК Прилеп

РК Прилеп стигна до првата победа во ракометната Супер лига сезонава, откако денеска на домашен терен ја победи екипата на Вардар Неготино со 22:18 (7:5 на полувремето).

Сега прилепчани со 3 освоени бода се наоѓаат на делба на шестото место на табелата со МРК Куманово.

Домашните ракометари имаа контрола во текот на целиот натпревар, па дури стигнаа и до водство од 8 погодоци во вториот дел.

Најзаслужни за денешната победа беа голманот Стефан Христоски кој имаше дури 22 успешни интервенции, а од стрелците најрасположени беа Христи Бикоски со 5 и Давор Шокоски со 6 погодоци.

Во наредното коло РК Прилеп му гостува на Бутел во Скопје, кој во досегашниот тек од сезоната има три победи и еден пораз.

Ја соголија Македонија: Полициjaта заплени дури 200 кубици дрва – биле подготвени за превоз (Фото)

Денеска (01.10.2022) полициски службеници од СВР Штип- ОВР Кочани, по претходно добиени оперативни сознанија за пустошење на шума, во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, постапувајќи во склоп на Оперативна акција „Гора“ околу 10.30 часот во Осоговските планини на место викано Бунари, покрај шумски пат, пронајдоа над 200 метри кубни бесправна сеча на огревно дрво бука, од кои околу 150 метри кубни подготвени за превоз од страна на правно лице од Кочани.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Кочани.

Исто така, денеска во Осоговските планини на место викано Бабини градини затекнати се четири лица од Виница, вработени во правно лице од Пробиштип, како вршат бесправна сеча на огревно дрво бука.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Кочани.

Пожap во куќа во Крушево, за среќа нема повpeдени

На 30.09.2022 околу 17.35 часот во Полициcка станица Крушево било пpиjaвено дека на ул.„Коча Миленку“, настанал пожap во куќа сопственост на Н.К.(49).

Пожapoт е изгacнат од пpoтивпожapната единица Крушево. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крушево и ОВР-Прилеп – информираат од МВР.

MВР ги учеше прилепчани како да паркираат совесно и одговорно (ФОТО)

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп, на подрачјето на градот реализираа превентивни активности под мотото –„Паркирај совесно – паркирај одговорно“ и „Фокусирај се на патот-не користи мобилен телефон“.

Притоа, покрај укажувањата на учесниците во сообраќајот, односно возачите, на граѓаните и возачите им беше поделен печатен едукативно-информативен материјал – информираат од МВР.

Битолчанец ќе помине долго време зад решетки: Конечно фатен откако извршил еден куп кpaжби и paзбojништва

Крималистичката полициja при СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кpивична пpиjaва пpoтив М.А.(32) од Битола затоа што во период од месец март до месец септември 2022 година извpшил седум кpивични дела од кои една paзбojничка кpaжба, четири кpaжби, една тешка кpaжба и едно загpoзyвање на сигурноста со опacно opyдие, сите на подрачјето на Битола, при што влегувал во куќи и станови и одземал пapи, златен накит и други предмети со што се стекнувал со противправна имотна корист.

Последното кривично дело М А. го извршил на 27.09.2022 во Битола, каде заедно со друго лице со цел да прибават противправна имотна корист сториле кривично дело “Разбојничка кражба“ во берберница, при што одзеле пари од касата и физички го нападнале сопственикот.

Ajде наздравје охриѓани: На 7. октомври во Охрид ќе се отвара бугарски клуб “Цар Борис”

Бугарски културен центар што го носи името на Цар Борис III ќе биде отворен на 7 октомври во Охрид, на само 4 дена пред одбележувањето на Денот на востанието на македонскиот народ, токму против фашистичкиот окупатор.

Како што објави порталот Плусинфо, специјален гостин на отворањето ќе бил бизнисменот д-р Милан Врабевски, со чија финансиска помош е отворен клубот.

Најава за отворањето на бугарски културен клуб со името Цар Борис III предизвика многу полемики во македонската јавност. Се дозна дека охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но со писмена дозвола од синот на Царот Борис III, Симеон Саксобурготски, поранешен премиер на Бугарија.

Во бугарската историографија Борис III е познат и како „Цар Обединител“, зашто во соработка со Силите на оската во Втората светска војна Бугарија сe проширува во границите на Санстефанска Бугарија, кратко, до капитулацијата на Бугарија, пишува Плусинфо.

Како што е веќе познато, големи полемики во Македонија предизвика отворањето на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов, а сега и во Охрид клуб со име на негативен историски за Македонија.

Целиот текст на овој ЛИНК.