дома блог страница 1410

Русија денеска ќе ги припои четирите окyпиpaни украински региони кон својата територија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во 14 часот по средноевроспко време, на церемонија во Големата сала во Кремљ, ќе ги припои кон Русија четирите окупирани украински региони-Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера најави дека Путин ќе ги потпише документите за анексија во присуство на лидерите на четирите региони кои се назначени од Москва, а потоа ќе одржи и говор, додека за вечерва е планиран концерт на Црвениот плоштад.

Путин синоќа ги потпиша указите за признавањето на Херсон и Запорожје како независни држави, што е предуслов регионите да поднесат барање за приклучување кон Руската Федерација. Регионите Луганск и Доњецк веќе се признати од него како независни држави уште во февруари годинава, кога Русија ја почна својата инвазија на Украина.

Руските окупаторски власти во регионите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон минатата недела одржаа референдуми за напуштање на Украина и приклучување кон Русија. Имаше извештаи дека граѓаните биле принудувани да гласаат, понекогаш и под закана со пиштол.

Украина и западните сили го осудија петдневното гласање што заврши во вторникот, соопштувајќи дека нивниот резултат од повеќе од 99 отсто поддршка за отцепување никогаш нема да биде меѓународно признат.

Рускиот лидер минатата недела изјави дека Москва ќе ги смета украинските напади врз припоените региони како напади врз самата Русија и дека ќе ги искористи сите средства за да ги одбрани – продлабочувајќи ја загриженоста дека Русија може да го употреби своето нуклеарно оружје.

Вистински xaoc во Маврово Ростуше: Пyкна доводен цевковод на хидроелектрана (ВИДЕО)

Имено според информациите до кои дојде КУРИР утрово пукнал доводен цевковод на ХЕЦ Врбен во општината Маврово Ростуше, а истиот е во надлежност на ЕСМ (ЕЛЕМ).

Вистински хаос се случува утрово во Маврово Ростуше.

Имено според информациите до кои дојде КУРИР утрово пукнал доводен цевковод на ХЕЦ Врбен во општината Маврово Ростуше, а истиот е во надлежност на ЕСМ (ЕЛЕМ).

(Видео) Движете се внимателно: Километарски колони на Плетвар

Поради изведување на градежни работи изминатиот период сообраќајот на патот Прилеп-Градско, изминатиот период се формираат километарски колони со возила.

Возачите да бидат претпазливи и да ги следат инструкциите на поставените редари како и поставените сообраќајни знаци и светлосна сигнализација.

Во соопштението од АМСМ се вели:

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница”.

Македонските храна и вино препознаени како квалитет, „Отворен Балкан“ помага за нивна промоција во регионот

Македонските храна и вино отсекогаш важеле за квалитетни во регионот, а светската криза за храна само го потврдија овој тренд. Се поголема е побарувачката за органски македонски земјоделски производи, но и млечки и месни производи, поради што продавачите од пазарите се преселија на социјалните мрежи.

Секој ден, се повеќе се бараат квалитетни земјоделски производи, а местото за нивно наоѓање наместо во маркетите, станаа социјалните мрежи. Овој начин на продажба значи дека купувачите добиваат производи со поголем квалитет, но и со пониска цена од таа во маркетите.

На манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на Здружението за едукација на земјоделците „Зелена берза“ се претставија преку дваесеттина излагачи, локални земјоделци, производители на здрава храна и поддржувачи на македонската традиционална кујна. Таму локалните земјоделци кажаа дека за нивните производи немаат потреба од реклама, туку дека нивниот квалитет е доволен за да бидат распродадени.

Изминатите денови, македонската слоу-фуд кујна исто така беше презентирана и на саемот Тера Мадре Салон дел Густо во Торино, Италија. Штандот за македонска храна на саемот во Торино беше распространет на 100 метри квадратни разубавен со суви пиперки, лук и тутун.

Посетителите на саемот имаа можност да вкусат ајвар, органски мед, слатко со смокви, охридски комат, макало, домашно лепче, тавче гравче и слично, поради што токму македонскиот штанд беше најпосетуван.

Ваквата промоција на македонската храна само го зацврстува ставот во регионот и Европа за нејзиниот квалитет, но ништо не заостанува ни македонското вино.

Македонското вино беше претставено на меѓународниот саем за вино како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград на почетокот на месецов. Таму учествуваа околу 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, а Северна Македонија, под мотото „Вкуси го животот“ ги претстави македонското вино и храна.

Овој саем овозможи да се продлабочи соработката на винопроизводителите и земјоделците од земјите од „Отворен Балкан“ со што ќе се овозможи и заеднички настап на „трети пазари“ , но и да се зголемат инвестициите во секторот.

Преку соработката низ иницијативата „Отворен Балкан“ ќе се овозможи македонските земјоделци и винопроизводители да ги извезуваат своите производи полесно на разни пазари, а ќе се зголеми и нивната продажба во земјите-членки на иницијативата – Албанија и Србија.

Ќе се врати ли служењето вoeн рок во Македонија? Генералот Ѓурчиновски вели дека има потреба

Началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски во дебатниот магазин „Клил плус“ на ТВ21 истакна дека неговиот став е дека има потреба од враќање на задолжителниот воен рок.

Смета дека служењето на 3 месеци војска би ги подготвило младите идни кадри.

-Можам да го кажам стручниот аспект на состојбите и визијата за наредната декада за развојот на вооужените сили. Но, ќе оставам простор и можност на јавноста, екпертите, дури и на политичките партии во периодот кој претстои малку подетално да се зафатат со дискусија на оваа тема. Дали има потреба за воведување на воен рок? Категорично ќе кажам да, знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Од професионален аспект, навистина има потреба. За машката популација се дефинира како задожителна обврска, тоа не значи дека ние би требале да започнеме со реализација идната година, хипотетички да започнеме со 2025 година. Доброволно за женската популација, но со соодветни бенефиции за можно вработување до безбедносните сили, дали во Армијата или полицијата, вели Ѓурчиновски.

Вели би добиле оспособување на кадрите за било какви можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси.

-Би ги подготвило за сите овие предмалку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок, вели Ѓурчиновски.

Денеска е голем празник: Се празнуваат Св. Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија

Денеска се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки.

Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.

Ќе падне првата голема жpтва на енepгeтcката кpиза: Компанијата ја гаси печката, вработените ќе станат тexнолошки вишок?

Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи називот ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството, јави Лидер.

-Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата,а подоцна да одат во технолошки вишок, вели извор за “ЛИДЕР”.

Слична информација на денешниот брифинг со новинарите сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во текот на денот пристигна и соопштение од Синдикатот на ФЕНИ каде се вели:

-Денес на состанок со менаџментот, бевме информирани за најновиот развој на настаните и одлуките донесени за иднината на компанијата. Имено, после три месеци одржувување во топла состојба и завршени бројни ремонтни активности, во недостиг на решение односно електрична енергија по цена која би овоможила продолжување на работните активности, донесена е одлука за целосно запирање на печката. Ова денеска го истакна Миле Ѓорѓиев, претседател на Синдикалната Организација при Еуроникел Индустри во врска со состојбите на компанијата.

„Ваквата одлука е планска и со цел да се спречи натамошно одлевање на огромни парични средства кои се во милиони евра, а ќе бидат пренаменети во енергетски проекти кои имаат за цел во најкраток рок да го решат снабдувањето на електрична енергија. Во меѓувреме најголем дел од работниците и понатаму остануваат на принуден одмор, а дел останува на работа и е ангажиран на споменатите проекти, при што се применува принципот на ротација на вработените“, додава Ѓорѓиев.

Ние сме во постојана комуникација со менаџментот на компанијата, вели Ѓорѓиев тековно сме информирани за сите сегашни и идни чекори и ја даваме целата наша подршка за надмнување на состојбите, а се со цел да се зачуваат работните места на сите вработени.

„Будно ги следиме и активностите на институциите, жалиме што до денес се уште нема решение за големите потрошувачи на електрична енергија, кои воедно се и најголеми работодавачи со најголем придонес во домашната економија, и апелираме што побрзо да се излезе со соодветна подршка, со цел да бидат заштитени работниците и да им се обезбеди соодветен социјален статус“, изјави претседателот на Синдикалната Организација при Еуроникел Индустри.

За да кypтулите од високи сметки за стpyja зимава: “Еуро глас” Прилеп е единствениот избор за нова дограма со врвен квалитет (Фото)

Грејната сезона ни е пред вратите, а сметките за струја оваа зима ќе бидат изгор, особено ако дограмата ви е дотраена, а вие се уште се двоумите на кого да му ја дадете вашата доверба.

Токму потрошувачката за затоплување на домовите најмногу зависи од квалитетната дограма. Често се случува луѓето да вложат големи средства за обновување на градежната столарија во домовите, а притоа да не бидат задоволни од тоа што го добиле.

За да не бидете измамени, препуштете се на професионалци кои си ја знаат работата и повеќе од една деценија пружаат исклучиво квалитет.

Еуро Глас Трејд е компанија од Прилеп која успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија. За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион.

Компанијата се занимава со производство на термопан стакло за градежна столарија, како и производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK. Во својата дејност од Еуро Глас ги следат и спроведуваат сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност.

Во Еуро Глас располагаат со современа технологија за изработка на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци, а во сегментот на застаклувањето произведуваат термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Се работи за компанија која има за цел да ги задоволи барањата на клиентите и за нив клиентот е секогаш во прво, токму затоа толку долго успешно работат и функционираат на пазарот.

За сите прозорци и врати кои ги произведуваат, од Еуро Глас обезбедуваат бесплатна и максимално стручна монтажа и гарантираат за нивната долготрајност. Сите производи ги задоволуваат најсторогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и најважно енергетска ефикасност.

Побарајте ги на 078 363 775 и закажете состанок.

Koвачевски: Бев нecпocoбен за вojcка поради проблеми во стомакот кои и денеска ги имам

Во 2000-та година, согласно сите законски процедури базирани на законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна повеќестепена процедура врз основа на мислење на стручни лица од медицината, а заради мој здравствен абдоминален проблем со кој се уште се соочувам се регистрираше моја неможност за служење на воена обврска, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ дали приложил документ пред надлежните органи со кој потврдува дека е трајно неспособен или лажирал за да избегне служење воен рок.

– Не јас самиот, не моето семејство, туку непознати за мене лица во регрутните комисии констатирале таков факт. И тоа во 2000 година пред да се случи воениот конфликт и криза во 2001-та. Не сум ни првиот ни последниот случај базиран на објективна медицинска состојба. Јасно, гласно и целосно ја соопштував и ја соопштувам вистината, рече Ковачевски.

На прашање од Ковачки дали ќе се поништи огласот за професионални војници, министерката за одбрана Славјанка Петровска одговори оти нема потреба да има поништување, зашто во изминатиот перид во Армијата се покажало дека важат само професионалните стандарди.

– Огласот кој е објавен и заврши веќе за пријавување, ќе се спроведе согласно правилата и процедурите во Министерството, а пред се во Армијата, рече Петровска

Си го избодила љyбовникот, па го запалила телото – Tpaopно yбиcтво во Кавадарци

На 28.09.2022 од страна на полициcки cлyжбеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци во координација со Одделот за кpиминалиcтичка полициja, Сектор за општ и нacилен кpиминал, по пpeземени опepaтивни мepки и активнocти била лишена од cлобода М.Б.(51) од Кавадарци, пopaди пocтоење ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „yбиcтво“ по чл. 123 од Kpивичниот законик.

Имено, на 06.09.2022 ocoмничената била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љyбовна врска, и по вepбална pacпpaвиja, нacтанала меѓyceбна физичка пpecметка, во која ocoмничената со ocтap предмет му нанела повpeди на И.М., а потоа иcтypила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.

По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.

Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.