дома блог страница 1407

Со фалcификyвани банкноти од по 100 евpa купувал мобилни телефони

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(37) од Велес, за сторено кривично дело ,,измама” од чл.247 ст.1 и кривично дело ,,фалсификување пари” од чл.268 ст.1 од КЗ.

Пријавениот во текот на месец март 2021 година, откако прибавил 12 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, ги употребил во два наврати, пуштајќи ги во промет при купување на мобилни телефони, со што измамил двајца сопственици на мобилни телефони, кои што ги огласиле за продажба своите телефони, а на кои М.И. им платил со фалсификуваните банкноти.

Нова одлука за цените на горивата денеска

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука, цените на бензините се зголемија.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2 денари додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 2,50 ден/лит. Непроменети останаа цените на дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,768 (денари/килограм)

(Видео) Чаршијата во Прилеп во недела – Нигде жива душа…мopници да те полазат

Чаршијата во Прилеп во недела…нигде жива душа! Кафичите и кафаните зјаат празни, тишина… морници да те полазат… Како да е град на духови, а не еден од најголемите градови во Македонија.

Кое е вашето мислење, на што се должи ова? Дали ова е резултат на новиот закон со кој се забранува работење на трговците во недела? Или немаштијата и големата скапотија си го направија своето?

Светско, а наше: Новиот музички проект “Превез од сништа” на Јане Рафаиловски е нешто во кое секој ќе ужива (Видео)

На почетокот од есента, еден од нашите најпочитувани инструменталисти Јане Рафаиловски на публиката и подари комплетно спакувано музичко и визуелно дело.

„Превез од сништа“ е насловен новиот проект на Рафаиловски, проект кој повторно и според квалитетот и според тимот, ги поместува границите на невозможното на македонската музичка сцена.

За него велат дека е виртиоз на инструментот и „вајар“ на тонот со висока суптилност, а за тоа говори и ова последно авторско дело, кое во музичките кулоари, веднаш после вчерашната промоција се доживува како уште еден негов проект во кој успева музиката да ја претвори во слика и во боја. Спотот е само целосно надополнување на сказалката во приказната.

Музиката е на Јане Рафаиловски, аранжманот за „Превез од сништа“ го направи Дамир Имери, спотот е дело на Огнен Шапковски и неговиот тим.

Полициски службеник од Крушево влегол во куќа која гopи и на раце изнесол 80-годишен сограѓанин спacyвајќи го од сигypна cмpт

-На 30.09.2022 околу 17.35 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека на ул.„Коча Миленку“, настанал пожар во куќа сопственост на Н.К.(49).

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Крушево, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крушево и ОВР-Прилеп – информираа во текот на вчерашниот ден од МВР.

За среќа во пожapoт немало повpeдени лица, а за тоа е заслужен полициски службеник. Имено, како што дознаваме, полицискиот службеник Мартин Маркоски и негов колега први го забележале пожapoт при што веднаш дотрчале до куќата која што гopeла.

Младиот полициски службеник Маркоски без размислување влегол во куќата и внатре пронашол 80-годишник кого моменти го делеле од сигурна cмpт. Тогаш полицискиот службеник го кренал враце нecpeќниот старец и го изнесол од куќата.

Храбриот потег на Мартин му го продолжил животот на човекот кој бил пред задyшyвање.

Секоја чест! Апел до МВР да ги вреднува своите припадници и ваквите храбри потези да не останат незабележани.

Џудистите од “Сеишин” Прилеп го запоседнаа и пиедесталот во Бор, Србија: Освоени 6 медали на турнирот “Среќно-2022” (Фото)

Денеска во Бор Србија, се одржа Меѓународниот турнир во џудо “Среќно-2022” за помлади пионери/ки и кадети/ки.

Турнирот беше во организација на ЏК “Бор”, а на истиот учествуваше и прилепскиот џудо клуб “СЕИШИН”, oд каде настапија со 7 натпреварувачи, при што освоени се 6 медали (1 златен, 3 сребрени и 2 бронзени).

Ова се поединечните резултати на прилепските џудисти:

Помлади пионерки: Теодора Илиоска – 1 во место; Тамара Илиоска 2-ро месо

Пионери: Давор Најдоски 3-то место

Кадетки: Теа Настоска 2-ро место, Теона Настоска 2-ро место, Елеонора Илиоски 3-то место

Кај кадетите одлични борби прикажа и Михаел Димоски, но не успеа да избори место на пиедесталот. Екипата ја предводеа тренерите Мартин Ристески и ветеранот Киро Здравески.

Победа имаше сили само за едно полувреме против Шкендија

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ фудбалерите на Победа во меч од 9-тото коло на Првата лига загубија од Шкендија со 1-3, полувреме 1-1.

Кога ќе се сумираат случувањата на теренот се чини победата на тетовчани е заслужена. Имаа повеќе од играта, создадоа повеќе шанси, погодија рамка на голот и на крајот сепак квалитетот беше пресуден за конечниот исход на дуелот, кој можеше да биде и поубедлив да не беа неколкуте одбрани на капитенот на Победа Тофилоски.

Победа стигна до рано водство со еврогол на Џурковиќ во 12-та минута, а Шкендија возврати во 45-та со погодокот на Дориев за 1:1 на полувремето.

Во вториот дел Шала донесе водство за тетовчани, а Дориев со втор погодок во судиското продолжение ги запечани трите бода за Шкендија во Прилеп.

Победа останува на десеттото место на табелата, откако и Скопје загуби на гостувањето кај Тикевеш, а во наредното коло црвено-белите ќе гостуваат кај Силекс во Кратово.

Наздравје Македонијо, најавено ново пocкапyвање на лебот, брашното и печивата

Цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголемат за најмалку 10 отсто до крајот на ноември, најавија мелничарите.

Причина за поскапувањето се скапата струја и растот на цените на берзата на пченицата.

Мелничарите побара субвениции за електричната енергија или да бидат додадени на регулираниот пазар за да се смири ситуацијата.

Како што изјави за МИА претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора, Горан Малишиќ, од огромна корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, зашто и онака 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува во ноќните часови.

– Во сегашната консталација, берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период од максимум 40 до 50 дена, истакнува Малишиќ.

Приведен дилep од Битола во Охрид, пронајдена дpoга во хотелска соба

На 01.10.2022 во 17.50 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.Ѓ.(28) од Битола.

При извршен преглед во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја, а при претрес извршен во хотелска соба каде престојува, пронајдена и одземена е марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бугарин измамил повеќе постари лица од Македонија: Им се јавувал и им велел дека нивните најблиски направиле cooбpaќajка – им зел 40.000 евpa

Денеска (02.10.2022) во 09:00 часот на Граничниот премин Деве Баир полициски службеници го лишија од слобода Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија.

По претходно преземени оперативно тактички мерки од страна на СВР Скопје и добиени оперативни податоци од бугарските полициски служби, утврдено е дека Н.П.С. е сторител на повеќе кривични дела „измама“ по чл.247 од КЗ.

Имено, во периодот од 18.09 до 01.10. на подрачјето на СВР Скопје биле пријавени осум измами, при што од оштетените- повозрасни лица, тој успеал да одземе околу 40.000 евра и злато во вредност од околу 10.000 евра.

Измамникот успевал оштетените да ги доведе во заблуда телефонски јавувајќи им се и кажувајќи им дека член на нивното потесно семејство наводно предизвикал сообраќајна несреќа, при што има загинато дете, и доколку сака да го спаси од одење во затвор, барал од оштетените поголема сума на пари.

При извршениот претрес кај Н.П.С. се пронајдени 10.400 евра,картици за телефон,телефон и други предмети поврзани со кривичните дела. По документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Апелираме до граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици, случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192.