Кошаркарско шоу и 106 поени за прилепчани, за победа над лидерот на табелата и максимален ефект сезонава

Eкипата на прилпскиот кошаркарски третолигаш Мега Баскет стигна и до 4 од 4 сезонава, откако вчера на домашен терен го совлада лидерот на табелата Албес од Скопје со 106-77.

Прилепчани беа подобри во 3 од 4 четвртини и бодрени од публиката покажаа храброст, квалитет и борбеност, што им донесе нови бодови за максимален ефект.

Во следното коло прилепчани гостуваат кај ИБА Баскет, екипа која заедно со Тетекс е на делба на третото место од табелата.

Домашните кошаркари и вчера покажаа зошто заслужуваат уште поголема поддршка во иднина, како од публиката, така и од стопанствениците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.