Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20% % во однос на одлуката од 30.09.2022 година.
Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,460 ден/кг.
Од 4.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Според регулативата на ЈП „Национални шуми“ цената за еден кубен метар дрва за огрев е 3000 денари, но во последниот период, откако граѓаните почнаа да набавуваат дрва за греење на домовите во зимскиот период, се проширија информации дека тие плаќаат најмалку 50 проценти повисока цена од предвидената, односно над 4500 денари за кубен метар.
На денешниот брифинг, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, наведе дека, откако дознал за ова, на минатата владина седница алармирал за проблемот и, како што нагласи, очекува утре да добие информација од Пазарниот инспекторат и од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
– Ние ја отворивме оваа тема на минатата владина седница. Во правилникот пишува 3000 денари. Зошто се продава со вакви цени во приватниот сектор очекуваме да добиеме информација од Инспекторатот, посочи министерот.
Нуредини исто времено упати апел граѓаните да престаната со нелегалната сеча на шумите.
На 02.10.2022 околу 09.50 часот во Полициското одделение Петровец, Д.Р.(36) од Прилеп пријавил дека околу 09.30 часот во с.Марино, општина Илинден, поради нарушени односи бил физички нападнат од Ј.Н. од с.Марино.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.
Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДС на власт. Димитар Ковачевски трајно неспособен за војска, но трајно способен за тендери, провизии и картелско здружување, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Аферата броило, вели Лефков, ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист.
-Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, ја основале Пиксел груп на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик министер за финансии. Пиксел груп основана од Ковачевски и кумот Паунов, во изминативе 5 години станува централна фирма, околу која се вртат 26 милиони евра на соларниот картел. Но, денес во аферата на дезертерот Ковачевски броило ќе презентираме нови факти. Втората фирма која се јавува како изведувач на работи е КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски Паунов. Летале државни тендери за фирмата на кумот која е дел од аферата броило. Кумот на Ковачевски дoбивал работа од државата, а денес со владата раководи токму Ковачевски. КМГ ЕОЛ Квазар ги добива најголемиот број од договорите со државата кога на власт е СДС. И во рок од неколку години овие фирми го монополизираат пазарот. Пиксел груп за неполна година од основањето гради фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели. На отворањето е присутно цело СДС. Еве фотографии. Погледнете. Со доаѓањето на СДС на власт почнуваат и тендерите и зделките за соларниот картел. Имено преку КМГ ЕОЛ Квазар, откако е СДС на власт се земени 2 милиони евра државни тендери, нагласи тој.
Како што истакнува Лефков се одело со најситни детали. На, вели, само преку ЈКП Комуналец Свети Николе во 4 наврати КМГ ЕОЛ Квазар земала над 100 илјади евра.
-Почнале со набавка од 19 илјади евра во 2018 година, за на 1.10.2019 година, да склучат договор во висина од 30 илјади евра, па на 14.10.2021 година уште еден oд 19 илјади, и да завршат со уште еден договор од 30 илјади евра на 25.10.2021 година, за целиот овој период власт во Свети Николе е СДС. Еден од најголемите набавки кои КМГ ЕОЛ Квазар ги вршела за државен субјект се две последователни набавки од страна на ЈП Пасишта, првата од 15.11.2019 во висина од 172 илјади евра и втората двојно поголема од 16.09.2021 во висина од 343 илјади евра, еве ги набавките, склучени во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, односно вкупно над половина милион евра од касата на ЈП Пасишта се слеале на сметката на фирмата на кумот на Ковачевски за неполни две години. Тендери за КМГ ЕОЛ Квазар имало и од општина Ѓорче Петров, со која фирмата склучува договор на 31.05.2021 година во висина од 48 илјади евра. Договори се прават и со општина Чаир, еве ги и двата договори, договор Општина Чаир кој на 09.11.2021 година, склучува договор со фирмата на кумот на Ковачевски, кога тој е заменик министер за финансии во висина од 108 илјади евра. Откако Ковачевски станува заменик министер оваа фирма склучува и договор за изградба на фотоволтаични панели со ЕВН во висина од над 2 милиони евра. Погледнете ова се тие тендери. Власта на СДС обезбедила 4 милиони евра државни тендери и бизнис со ЕВН за фирмата на кумот и бизнис партнер на дезертерот Ковачевски, нагласува Лефков.
Повтори дека само од ЕВН и државни тендери фирмата на кумот и бизнис партнер на Ковачевски добила неверојатни 4 милиони евра.
-Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери? Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел? Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со владата, кумот добива. Додека народот гладува, цените растат, Ковачевски се богати. Продолжуваме во наредните денови со нови сознанија, нагласи тој.
СВР Струмица поднесе кpивична пpиjaва пpoтив М.М.(28) од Прилеп и А.Љ.(24) од Ново Село, поради пocтoeње ocнови на coмнение за стopeни кpивични дела „злоyпотpeба на лични податоци’’ и „фалcификyвање или yништyвање деловни книги’’.
Пpвопpиjaвениот, вработен во финансиско друштво за брзи кредити, заедно со второпријавениот, кој претходно набавил фотографија од лична карта на оштетеното лице, ги злoyпотpeбиле личните податоци на оштетениот и на негово име и негова сметка во четири наврати подигнале кpeдит од правното лице износ од 53.000 денари со затезна камата од 32.870 денари.
За празникот Св. Јован Богослов највесело во прилепско е во истоимениот манастир во село Бонче.
Така ќе биде и оваа година на 08 и 09 октомври кога се очекуваат стотици верници да го посетат манастирот, да запалат свеќа, да се помолат за здравје, а потоа да се провеселат заедно со естрадниот пејач Мирослав Мирчески и Астра Бенд.
Прилеп наскоро ќе добие ново возило и опрема за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на бездомните кучиња на целата територија на општината.
-Заедно со градоначалниците на останатите општини кои имаа аплицирано, го потпишавме договорот со Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој, преку кое Министерството за локална самоуправа ѝ доделува на Општина Прилеп средства во висина од 3.500.000 денари како учество на Бирото.
Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2022 и 2023 година се склучи: Договор за реализација на проектот „Подобрување на ефикасноста за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на бедзомните кучиња на територија на Општина Прилеп“.
Во наредниов период Општина Прилеп ќе ги преземе сите потребни чекори за отпочнување и реализација на овој проект, кој што со сигурност ќе придонесе многу и позитивно ќе се одрази на целокупното население на општина Прилеп – информираше денеска градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
На 02.10.2022 околу 11.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, патничко моторно возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од с.Дебреште, излетало надвор од патот.
Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот конcтатиpaни во Општата болница во Прилеп.
Извршен бил yвид од yвидна екипа од Полициcката станица Прилеп – информираат од СВР Битола.
На 02.10.2022 кај новата автобуска станица во Прилеп, полициcки cлyжбеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода Б.М.(26) и Џ.Ш.(22), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.
Тие биле пpиведени во Полициcка cтаница Прилеп, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пpиjaва – информираат од СВР Битола.
Вања Ѓорѓиоски, ученик во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, учествуваше на Светското финале на натпреварот по англиски јазик “Хипо”, кое од 28-30 септември се одржа во Рим, Италија.
Вања се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам…. и многу други.
Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.
Денеска Вања пристигна во своето училиште, каде го пречекаа сите ученици со шампионски шпалир. Учениците од сите генерации го извикуваа неговото име, а Вања срамежливо помина поздравувајќи ги своите другарчиња.
Екипата на Маркукуле му посакува на Вања уште поголеми успеси во иднина, а на ООУ “Климент Охридски” им посакуваме да станат расадник на вакви талентирани и вредни ученици.