Златни деца: Девојките од прилепскиот танцов клуб New Generation направија pacтyр на Интернационалниот STAGE SKOPJE натпревар (Фото)

Во саботата во Скопје се одржа Интернационалниот натпревар STAGE SKOPJE 2022 каде учество во повеќе категории зедоја и од прилепскиот танцов клуб NEW GENERATION и направија вистински бум на сцената.

Сите три формации освоија први места и тоа: прво место во стрит денс од 6-8 години, во кореографија на Оливер Богојевски, освои групата “КИDS DANCERS”.

Непобедените досега HAPPY GIRLS го освоија првото место во ХИП ХОП за деца, по кореографија на Андреа Мицеска, и прво место по кореографија на Ивана Богојевска, во категорија на стрит денс јуниори, освои групата D.S.N.G.

Покрај групните награди, прво место освои и Андреа Мицеска во ХИП ХОП, Дора Алексоска беше втора во стрит денс за деца, а Христина Силјаноска втора во стрит денс за јуниори.

Инаку, STAGE SKOPJE е врвен натпревар каде учествуваат најдобрите танц групи во Европа и секоја година се одржува во Националната опера и балет.

Со најновите успси NEW GENERATION како танцов клуб ја оправдаа Третоноемвриската награда, кој ја добија по повод Денот на ослободувањето на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.