дома блог страница 1402

Од синоќа до недела Велес е центар на случувањата во Македонија: Спектакуларна прва фестивалска вечер на велешката Питијада (Видео)

Од вчера до недела Општина Велес, по три години пауза, повторно ја организира „Велешка питијада“, фестивалот на велешката пастрмајлија и македонски вина од Велес и цело Повардарие. Освен пита и вкусни македонски вина ќе има и музика со настап на познати македонски пејачи и групи од народната и забавната музика, и други интересни содржини како изложба на стари коли – олдатјемри во сабота и претставување и сечење на џиновската пита пастрмајлија во недела во 16 часот.

Манифестацијата како и порано се одржува на главната улица „Благој Ѓорев“ во близина на кафитериите и кај култното место „Панини“, а наспроти е поставена и бината за настап на учесниците.

На манифестацијата се пријавени 13 угостители од градот кои договориле и единствена цена од 200 денари на питата пастрмајлија за стандардна големина. Воедно бројните винарии од Велешко и цело Повардарие на посетителите ќе им нудат и квалитетни македонски вина по 50 денари за чаша.

Питијадата започна со настапи на Миле Кузмановски, The hounds, ДНК и Нокаут, а вечерва ќе настапат детската група од Дајте музика, Наум Петрески и Зуица Лазова, Фолтин и Каролина Гочева.

Во продолжение погледнете дел од синоќешната атмосфера:

Мицкоски: Под овие околности нема да дозволиме промена на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ под овие околности нема да дозволи промена на премабулата на Уставот, истакна лидерот на партијата Христијам Мицкоски.

– Под овие околности нема да дозволиме да има промена на премабулата затоа што при отворањето на Уставот и промената на преламбулата не е пробем дали овие 173 Бугари во Македонија што гласаа ќе бидат внесени во преамбулата. Вие велите, има и хрватска заедница и црногорска, иако еврејската заедница е влезена во делот кога се споменуават верските заедници, не е тоа проблемот. Проблемот е што вас денеска во Охрид во се случува типичен обид за асимилиација – култирниот бугарски центар „Борис Терти“. Претходно во Битола имаше Ванчо Михајлов. Тогаш од страна на Владата имаше храбри изјави дека во Благоевград ќе никнел македонски културен центар, но не се случи, рече вечерва Мицкоски во емисијата „360 степени“.

Првиот докумет што произлезе после јулските случувања, дополни, е практично враќање во 11-от век, зборуваме за Самоиловата држава, за Кирил и Методиј, за Климент и Наум. Ниту еднаш не слушнав од страна на Бугарија да зборуваме за тоа што е актуелно како изградба на новиот гасен интерконектор помеѓу Макеоднија и Бугарија во делот Струмица Петрич, да конкурирарме заеднички за некој проект во патната инфраструктура.

-Кога ќе разговараме за тоа и кога ќе слушнеме од другата страна јасен став дека ние немаме намера да се занимаваме со историја и оти историјата не може да биде пречка за интегрирањето на Македонија тогаш можеме да разговараме, рече Мицкоски.

Тој посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето за предвремени парламентарни избори, но во услови на криза одлучиле да водиме поинаква политика – политика на решенија наместо на конфронтации со власта.

Мицкоски соопшти дека изборите остануваат приоритет за него и неговата партија, но проценката им е дека во моментов граѓаните имаат други приоритети.

-Барањето за предвремени избори стои. Мојот приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ како основен приоритет, на секоја опозициска партија приоритетот е што побргу да дојде до можноста да формира влада, а тоа може да се случи само на избори, истакна Мицкоски.

Притоа, вели тој, не подадовме рака на Владата, туку на граѓаните и државата и додава дека пред состанокот со премиерот и владиниот тим за состојбите во енергетиката, претходеле средби на опозицијата со стопанските комори, на кои констатирале дека бизнисот и компаниите имаат проблеми.

-Кога гледате дека живеете во општество со многу пробелми, да продолжите да го политизирате тоа општество дополнително, оценивме дека не е многу умен потег, рече Мицкоски.

Според него, оваа Влада не нуди решенија за реалните проблеми и час поскоро треба да замине. Тоа, како што рече, сум го кажал во многу наврати дека предвремени парламентарни избори се нужност. Ако овие продолжат да бидат таму каде што се продолжува Македонија да губи, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека начин да се дојде до предвремени парламентарни избори е дoколку Парламентот се самораспушти, тоа е со 61 пратеник најмалку да гласаат за самото распуштање на Парламентот. ВМРО-ДПМНЕ не нуди гола политика, туку политика на решенија.

Синдикатот пресмета: За да се преживее месецот на едно 4 члено семејство не му стигаат 800 евра

Инфлацијата излезе надвор од контрола и таа според последните пресметки достигна високи 18,7 проценти, а Владата не презема ништо во изминатиот период да се спречи ваквиот галопирачки раст. Трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува, туку напротив газдите се закануваат со откази, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, за септември, потенцираат оттаму, достигна 50.224,00 денари.

-Владата и работодавачите го честитаа 07 октомври, Меѓународниот ден за пристојна работа со непристојни плати и непристојна работа, со сиромашни работници и граѓани кои веќе не можат да си ги дозволат основните потреби за егзистенција. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, имаме тренд на осиромашување на работниците и граѓаните и итно е потребно зголемување на платите со кој ние работниците без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница, се вели во денешното соопштение од ССМ.

Според синдикатот, бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направиле милионски добивки, додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот од 18.7 отсто.

-Тоа што им е потребно на работниците е едноставно, поголеми пристојни плати и пристојни услови за работа. Не може да се справувате со зголемените трошоци за живот без зголемување на платите на работниците, поради тоа ССМ инсистира платите во државата да го следат порастот на инфлацијата од 18,7 проценти, но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ, велат од Синдикотот.

Затоа бараат доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на повеќе прехрамбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа.

Исто така, ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (50.224,00 денари).

Од ССМ апелираат на одговорно однесување на Владата и бизнис секторот, и велат дека е време за солидарност и поддршка пред се за ранливите категории на работници и граѓани. Во спротивно, нагласуваат од ССМ, социјалните немири нама да може да ги спречи никој.

Прилепчанка нападната од двајца насилници кои и’ го одзеле мобилниот телефон: Полициjaта ги пронајде и ги yaпcи

На 07.10.2022 во 01.05 часот на бул.„ВМРО“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар ги лишиле од слобода С.М.(42) и В.Т.(24), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на 06.10.2022 околу 23.00 часот на бул.„Гоце Делчев“ физички ја нападнале А.Ц.(36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон.

Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фатен прилепчанец по кого имало распишано потерница

Денеска (07.10.2022) во 12.30 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Д.С.(35) од Прилеп.

Тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор од шест години и пет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.

Мицкоски вечерва гостин во емисијата “360 Степени” на ТВ “Алсат”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва со почеток од 22:00 часот гостува во емисијата “360 Степени” на ТВ Алсат.

Наздравје народе: Големо пocкпyвање на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59% во однос на одлуката од 5.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 1,746%, кај дизелот за 6,212%, кај екстра лесното масло за 5,997% и кај мазутот зголемување е за 2,307%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,216%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,024 ден/лит и сега ќе изнесува 51,252 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 8.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,252 (денари/килограм)

Охриѓани обединети против отварање на бугарски клуб со името на соработникот на Xитлep: “Ова брзо ќе изгopи тука” (Видео)

Во охридската чаршија започна најавениот протест на кој се негодува поради дозволеното отворање на бугарски клуб „Цар Борис Трети“, именуван по името на владетелот со Бугарија за време на Втората светска војна кога царот е соработник со Адолф Хитлер, а Бугарија е дел од фашистичката оска и ја окупираше Македонија. Кон клубот беа фрлени јајца, едно лице фрли и тврд предмет, а полицијата поради негодување од насобраните, се откажа од интервенирање.

Протестот е организиран од Левица, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, како и од други организации. Македонската влада пак повика протестот да биде мирен и достоинствен.

„Ова брзо ќе изгори тука” извикуваат присутните. „Фашисти, убијци, татари”, се само дел од извиците кои оддекнуваат од центарот на Охрид.

Прилепчанецот Ристески pacпали за cocтojбата во студентските домови (Видео)

Пред два дена на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов се појавија објави за условите во студентскиот дом, рече на денешната прес-конференција Илија Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, администраторот на инстаграм профилот објави дека на социјалните медиуми се шират лаги и невистини, дека условите според него не биле хорор, туку цитирам „Уште еднаш, многу добронамерна порака до сите кој шират лаги, не ги плашете студентите особено бруцошите дека во Стив Наумов е хорор и не знаеме што. Пак ќе кажеме не е сјајно и идеално, но условите се сосема во ред“, поради оваа неславна објава од тука сакам да поставам неколку прашања до администраторот на страната: Дали поплави во собите според него е состојба која е сосема во ред? Дали руинираните ходници, ниските температури и непријатната миризба според него е состојба која е сосема во ред? Дали администраторот на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов е братот на екс-потпретседателката на СДММ Ана Манасиева? Праша Ристески.

И за крај дали состојбата која според него е сосема во ред ја заклучи седејќи во комфорните услови на Бихаќка? Додаде тој.

Производителите на млеко се опарија: Од државата добија по околу 250 евра субвенции

Платежната агенција соопшти дека денеска се исплатени 89.455.245 денари на 5 851 млекопроизводител за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во јуни и јули 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Пресметките покажуваат дека секој производител на млеко од овие 5 851 производител ќе добие околу 250 евра субвенции за произведеното млеко

-Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец октомври се исплатени предадените количини за пет месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, АФПЗРР се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури, информира директорот Бачовски.

Агенцијата продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките