дома блог страница 1401

(ВИДЕО) Пpoтecт во Берлин: Германците бараат укинување на санкциите кон Русија и излез од кpизата

Симпатизерите на партијата Алтернатива за Германија организираше протести за енергетската безбедност и заштитата од инфлација.

Демонстрантите побараа итна промена на владините политики, кои како што изјавија влијаат на покачување на цените на енергенсите и трошоците за живот.

Пред Бундестагот во Берлин протестите се мирни, а како што пренесоа дел од медуимите демонстрантите протедтираат и против канцеларот Олаф Шолц, Урсула Фон Дер Лајен, ЕУ и НАТО, санкциите против Русија а на некои од транспарентите можеше да се прочитаат пароли од типот сакам руски гас и нафта.

Наш сограѓанин го следел протестот, па на прашање зошто протестираат, дел од присутните му одговориле дека бараат да се укинат санкциите кон Русија, но и против големото зголемување на цените основните продукти, струјата и гасот.

Полициски службеници делеа летоци во пазарот во Прилеп – ги едуцираа прилепчани како да се заштитат од “џепароши” (Фото)

Денеска (08.10.2022) Секторот за внатрешни работи Битола, Отсек за превенција за превенција и полициските станици Битола и Прилеп заедно со портпаролот на СВР Битола во градските пазари во Битола и Прилеп спроведоа превентивни активности за заштита од џебни кражби под мотото „Заедно до поголема сигурност“.

На граѓаните, посебно повозрасните, покрај практични совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторители на џебни кражби, им беа поделени и летоци со едукативна содржина – информираат од МВР.

Во понеделник промоција на Здружението: “За нашите граѓани” во Прилеп – Гостин Максим Димитриевски

Во понедлник 10. октомври, во 18:00 часот пред Саат кулата во Прилеп ќе се одржи граѓански собир со претставување на Граѓанското здружение “За нашите граѓани” од Прилеп, кое е формирано по примерот на Граѓанското здружение “За наше Куманово”.

На покана на Претседателот на здружението од Прилеп, господинот Емил Јанески, на настанот учество ќе земат претставници од Граѓанското здружение “За наше Куманово” од Куманово, предводени од актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идеен творец на движењето Максим Димитриевски, како и претседателот на здружението во Куманово, Даниел Стојчевски.

На настанот е предвидено обраќање на Градоначалникот Максим Димитриевски, на претседателот на здружението од Прилеп Емил Јанески,на претставникот на младите од Прилеп Мартин Кокароски како и презентација на идните заеднички планови и активности на двете граѓански здруженија.

Tpaгедиja во прилепско Новоселани: 14-годишник го загyби животот

Денеска (08.10.2022) околу 13.40 часот во с.Новоселани се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „опел астра“, yпpaвyвано од В.Р.(18) с.Заполжани, кој го напуштил местото, но набрзо бил пpoнajден и пpиведен, и мотоцикл „шинерај“, yпpaвyван 14-годишник од истото село, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Од здобиените повpeди на местото на нecpeќата починал мотоциклистот.

Лекар конcтатиpaл cмpт, а yвид извршила yвидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Во Прилеп се истражyвaaт гpoбови кои датираат од времето на последните македонски кралеви Филип V и Персеј (Фото)

Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мечкина дупка во месноста Заград, Прилепски Варош, кои се во рамки на годишната проектна програма на НУ Завод и Музеј – Прилеп.

Се истражуваат две гробници изделкани во карпа кој што датираат во II век пред нашата ера, за време на последните Македонски кралеви Филип V и Персеј.

Овој тип на гробници имаат три градежни елементи: влезен коридор -дромос, преткомора и комора. Во нив се погребувале луѓе кој имале повисок општествено политички статус.

Вчера на терен беа присутни и претставници од Управата за заштита на споменици, кои исто така извршија увид во археолошките истражувања.

Пачешкоски избира помеѓу Пирганоски и Смилеска – Тешка битка во СДСМ Прилеп

Конкурсот за нов директор во прилепската болница “Борка Талески” заврши пред неколку денови.

Пријавени се двајца кандидати кои имаат долг професионален и политички ангажман. Сашо Пирганоски е поранешен градоначалник на општина Прилеп, а Кети Смилеска поранешен пратеник и актуелен директор на болницата, и секој има своја јака лоби група.

Партијата во Прилеп е во “гроги”, никаков рејтинг, најслаба кадровска постава, ниту еден функционер во Скопје, одмолчување на сите пробугарски одлуки и уште многу погрешни потези, кои на прилепчани му даваат за право да очекуваат нова “циркузијада” во болница.

Последниот збор ќе го има Зоран Пачешкоски – претседател на ОО СДСМ Прилеп, кој по се изгледа нема храброст да пресече и со тоа ќе ја дорастури прилепската структура.

Од друга страна сериозен удар се очекува и од движењето “За наш Прилеп”, кој го собра она што беше квалитетно од СДСМ Прилеп и околу 11 октомври ќе ги обзнани своите програмски и граѓански цели.

Родителите можат да стивнат: Министерот кажа како ќе се одвива наставата

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера во обраќање на Универзитетот во Тетово ја нагласи важноста на дигитализацијата во образованието и истакна дека најдобра опција за настава е со физичко присуство на учениците во училиштата.

Непосредната комуникација наставник – ученик, посочи Шаќири, овозможува подобро совладување на наставната материја, поголема контрола врз самите ученици од страна на наставниците и подобро следење на нивната посветеност, полесно детектирање на оние ученици кои во одреден момент имаат потреба од поголема поддршка за дел од материјата и воопшто поквалитетен воспитно-образовен процес.

„Пандемијата делуваше како поттикнувач на дигитализацијата на образованието, и добро е што од тој аспект го унапредивме нашиот образовен систем“, оцени министерот , додавајќи дека сега, доколку треба, лесно може да преминеме на следење на наставата онлајн.

„Ние сме веќе сигурни дека тоа можеме да го овозможиме, токму поради тоа што во изминатиот период се посветивме на дигитализирањето на сферата на образованието“, заклучи министерот.

МВР објави видео: Тигрите yaпcиja кpиминалец кој се бapaл со потepница

-На 07.10.2022 околу 19.20 часот на подрачјето на Гази Баба од страна на полициски службеници од Отсекот за потрага по цел-Оделение за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, по преземени мерки и активности, беше лишен од слобода А.А.(33) од Скопје.

За него била распишана централна потерница од КПУ Затвор Идризово со која се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 2 години 7 месеци и 26 дена за сторени кривични делa по чл.215 ст. 1 и чл. 383 ст.2 од Кривичниот законик, како и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.130 и чл. 235 од Кривичниот законик.

Лицето беше спроведено во КПУ Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна – информираат од МВР.

Настан во кој ќе ужива секој: Изложба на олдтајмери и дефиле низ улиците на Прилеп за 11-ти Октомври (Фото)

Kaко дел од програмата за одбележување на Денот на народното востание – 11-ти Октомври, на самиот ден, на булеварот “Гоце Делчев”, со почеток од 10ч., ќе се одржи изложба на олдтајмери.

Настанот е во организација на Tuning Car Show во соработка со новоформираниот ОЛДТАЈМЕР КЛУБ АВТО МОТО “КЛАСИКА” од Прилеп од каде ги повикуваат сите граѓани и гости да ја проследат изложбата, а ќе има и парадно возење (дефиле) низ улиците на градот.

Од клубот истакнаа и правила кои учесниците на изложбата ќе мора да ги почитуваат: СТРОГО ЗАБРАНЕТО ГОРЕЊЕ НА ГУМИ, ЗАБРАНЕТО ТУРИРАЊЕ НА МОТОРОТ ВО МЕСТО, ЗАБРАНЕТО ПРЕТЕКНУВАЊЕ ВО КОЛОНА, ЗАБРАНЕТО КОНЗУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ (САМО ЗА ВОЗАЧИТЕ)

Повеќе информации прочитајте на настанот на Фејсбук

Фотографиите се од настанот на Tuning Car Show (11-ти Октомври, 2017год.)

Спасовски: Забрането е вработен во МВР да членува во политичка партија, тие единствено мораат да им служат на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МАКФАКС студио се осврна и на реформите и реализираните проекти во МВР, запрашан за барањата што ги упатуваат разните гранкови синдикати. Потсетувајќи на периодот во 2015 година, кога новинарите беа секојдневно прислушкувани и им се правеше притисок за секој кажан збор, тој рече:

„Ја направивме најголемата реформа која што и вие можете да ја почувствувате. А за се’ она што сме направиле во изминатите години ние објавивме монографија, книга ‘МВР за граѓаните 2017 – 2022′. Ние имаме еден репрезентативен синдикат, тоа е Македонскиот полициски синдикат. Така стојат работите и со него преговараме за сите значајни прашања. Со другите имаме дијалог за едно или друго прашање, ги слушаме и нивните ставови и мислења и на крајот се носат одлуките. Е сега, имате синдикална битка во која што секој од нив сака да придобие што повеќе членови. И јас таа битка им ја препуштам на синдикатите“, посочи Спасовски, додавајќи дека најголем дел од прашањата кои што овие синдикати ги покренуваат во јавноста, се прашања се’ со цел да се додворат на потенцијалното членство. Притоа, Спасовски посочи два примери кои во последните 10 дена беа објавени како предлози од некои од тие синдикати. Еден од нив, што веднаш беше демантиран, беше дека новите 590 полициски службеници немаат униформи, па тој синдикат ги повика вработените да донираат по некој дел од униформа за да им се даде на колегите. Притоа, нагласи министерот, во магацинот има доволно униформи, тие веќе се делат по секторите за внатрешни работи, односно регионалните центри, така што за секој еден полициски службеник има нова униформа. Другата лажна вест, пак, потсети Спасовски, беше поврзана со продажба на одмаралиштата на МВР, како уште една небулоза како пример до каде оди таа синдикална битка.

„Можеме да зборуваме за 3 покачувања на плати 2018, 2019 и 2022 година по 5% за сите вработени во МВР. Ние можеме да зборуваме за 76 целосно реконструирани објекти, по најнови стандарди, во кои што работат полициските службеници или во кои што граѓаните ги остваруваат своите права. Можеме да разговараме за изградба на 2 нови круцијални објекти, а тоа е ИКТ Центарот во Прилеп, кој што е проект од 11 милиони евра и притоа е сменета целокупната информатичка инфраструктура на Министерството за внатрешни работи. Сега можеме преку тој систем компатибилно да разменуваме податоци и информации со сите институции во државата. Тука е и градбата на новиот Форензички центар, новата зграда која што исто така чини некаде околу 3 милиони евра финансиски средства, па многукратно зголемување на опремата која што е потребна за полициските службеници, набавка на униформи – над 10 милиони евра се потрошени во овој дел изминатите години, имајќи предвид дека до 2017, по 10, 12 или 15 години одредени единици немаа добиено ниту униформи, ниту чевли, ниту чизми, ниту друга потребна опрема за полициските службеници. Па зголемување на платите за 30% во Одделот за информатика и телекомуникации и во делот на сајбер безбедноста итн. Тоа се работи кои што се многу лесно проверливи; сертифицирање на нашиот Центар за обука заедно со САД, многу, многу работи кои што сме ги направиле во делот на реформските приоритети. Новиот колективен договор има многу новини кои што досега не ги имале полициските службеници како придобивки. И тоа само говори за една постојана комуникација, дебата со репрезентативниот синдикат, но и комуникација со вработените заради тоа што имате и вработени кои што не припаѓаат на ниту еден синдикат и тие не смеат да бидат запоставени, па и нивното мислење треба да се слушне. Од друга страна, мора да се чујат и мислењата на граѓаните“, подвлече Спасовски, потсетувајќи на набавените боди камери за сите полициски службеници на граничните премини, но и на фактот што до 2017 година во цела држава имаше само 10 радари за мерење на брзината и седум дрегери за алкотестирање, а денеска полицијата има над 160 радари од кои 50 се за ноќно снимање, и тоа за првпат во 30 години, како и . над 60 дрегери за алкотестирање.

„Самото тоа говори дека капацитетот на институцијата јакне и односот во делот на сообраќајот навистина е зајакнат. Во 2013 година имате 198 жртви на патиштата низ Северна Македонија, а 2021 ние ја завршивме со 114 жртви. Тоа е сериозно намалување“, истакна Спасовски.

Запрашан дали има партиски вработувања во МВР, министерот потсети на промените направени во таа насока во Законот за внатрешни работи и Законот за полиција:

„Уште од самиот старт реков дека имам три главни приоритети во работењето на МВР. Тоа е департизацијата на институцијата, второ е професионализацијата и трето е декриминализацијата на институцијата. И тогаш можеби, во 2017 година, се запрашуваа зошто сите овие постулати ги наведуваме, а имаше сериозни причини во овој дел. Кога зборуваме за департизацијата, во Законот за внатрешни работи и Законот за полиција се направени крупни измени во тој процес. Таму е ставена забрана за членување во политичка партија на било кој вработен во Министерството за внатрешни работи“, рече Спасовски, потсетувајќи на иницијативата од страна на опозицијата дека тоа не е уставно, што од страна на Уставниот суд не беше земено предвид.

Министерот Спасовски ја искористи можноста уште еднаш да го истакне своето уверување дека вработените во безбедносниот сектор не смеат да членуваат во политички партии.

„Тие единствено мораат да им служат на граѓаните заради тоа што тие се тука за да ги остварат нивните права. Тие кои што се вработени во Министерство за внатрешни работи низ годините наназад, без разлика која владејачка гарнитура била на власт, тие не можат да делуваат во интерес на партијата и треба да го заборавиме тоа време во кое едната сала ќе биде штабот на партијата, а друга сала ќе биде место за пречек на странските дипломати; или да заборавиме дека сите ресурси на МВР можеме да ги користиме во партиски битки. Така што ако ги погледнете годините наназад изборните процеси кои што ги спроведе МВР под мое водство ќе видите дека од година во година има се’ помалку инциденти, кривични дела кои што се однесуваат на изборните резултати. Тоа значи дека вработените во МВР служат единствено на граѓаните“, нагласи Спасовски.