дома блог страница 1400

Поддршка за македонските млекопроизводители во вистински момент

Светот се соочува со досега невидена криза во производството на храна. Климатските промени, сушата, но и војната во Украина, нанесуваат огромни удари врз земјоделството и прехрамбената индустрија насекаде во светот. Во споредбите на состојбите, најчесто се користи состојбата во светот за време на Втората светска војна.

Поскапени се репроматеријалите и сточната храна кои ги користат млекопроизводителите, со што им се нанесе тежок удари загуби, но, се чини дека во Македонија, состојбите будно се следат и се преземаат мерки за справување со кризата.

На сила е Националниот план за производство на храна преку кој се дава конкретна поддршка на земјоделците и секоја педа обработлива земја се става на располагање за обработка. Крајната цел е поголем домашен принос пред се на стратешки култури и помала увозна зависност на државата.

Во рамки на Националниот план е и интервентната мерка вредна над 140 милиони денари за финансиска поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 година до 30 септември 2022 година.

Оваа мерка е наменета за директен дотур на свежи финансиски средства кај млекопроизводителите кои се под директен удар и трпат загуби од светската криза. Исто така, Платежната Агенција уште во јуни оваа година изврши исплата кон 10.277 млекопроизводители во висина од 76,3 милиони денари за предадено млеко во период од јануари и февруари 2021 година.

Од страна на Платежната Агенција до министерството за финасии се поднесени налозите за исплата и на предаденото млеко за март, април и мај 2021 година, кон околу 6.000 корисници во вредност од 150 милиони денари.

Охрабрувачки е да се види дека во моментите кога целиот свет стравува што може да донесе денот и дали ќе се издржи ова темпо на поскапувања, македонскиот земјоделец добива директна помош од државата, која барем до некаде ќе ги ублажи маките.

Срушен peкopдот: Градоначалникот ја пpeceче најголемата велешка пита досега – еве што се беше потребно да се направи (Фото)

Градоначалникот Марко Колев заедно со претседателот и советниците од Советот на Општина Велес ја пресекоа најголемата велешка пита долга 4 метри!

За питата беа употребени 30кг месо, 30кг брашно и 300 јајца, а беше направена од рацете на велешките мајстори Александар Јамалов, Орце Димовски, Александар Миладиновски, Лазе Коцевки, Зоранчо Илиевски, Паскал Јамалов и Лазе Гугинов.

Во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели.

Победа го згази Силекс во гости – Полни срцата на прилепчани!

Со головите на Стомнароски во првото полувреме и Петејчук и Пановски во судиското продолжение во вториот дел, Победа попладнево славеше голем триумф на гостувањето во Кратово кај Силекс.

Добрата игра и мотивираноста на играчите беа клучни за вториот триумф сезонава кој на црвено-белите им донесе драгоцени три бода за подобрување на билансот на табелата.

Сега Победа има 7 бода после 9 одиграни кола и веќе и се на дофат сигурните места на табелата во Првата фудбалска лига.

Во наредното коло победашите ќе ја дочекаат екипата на Академија Пандев, кои исто така со 7 бода се наоѓаат на 9-то место на табелата.

Натпреварите од 10-то коло се играат на 15.10., а фудбалските вљубеници во Прилеп со нетрпение очекуваат да видат дали црвено-белите ќе се покажат на исто ниво и на домашен терен.

Во акциска контрола 23 санкционирани возачи во Битола и Прилеп

Вчера во период од 10.00 до 15.00 часот, Одделението за полиција и Криминалистичка полиција при СВР Битола на подрачјето на Битола и Прилеп спроведоа координирана акциска контрола за откривање на возачи на кои им е изречена прекршочна санкција – престанок на важење на возачката дозвола и забрана за управување со моторно возило, а забраната не е запишана во возачката дозвола односно возачката книшка и откривање на фалсификувани и украдени возила, како и спречување на трговија со украдени возила.

При акциската контрола исконтролирани беа констатирани 23 прекршоци на возачите, од кои 8 возачи немале впишана забрана во возачката дозвола, 6 возачи не носеле возачка дозвола, 5 возачи бесправно управувале возило, 2 возачки дозволи биле со измината важност, а едно возило било одземено по чл. 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа и едно возило по чл.344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. За време на контролата откриени и законски санкционирани биле и 7 останати прекршоци.

Нема санкции кога “Калинка” е во прашања, па дури и на “Oктоберфест” во Минхен (Видео)

Германците воведоа еден грст санкции кон Русија, ама кога “Калинката” е во прашање не постои таква сила која може да ја забрани, па дури и на “Октоберфест” во Минхен.

Пpoдолжyва бopбата со кpиминалот: Кај 75-годишен дедо пронајдена пyшка, пиштоли и кypшyми

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.С.(75) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, неовластено набавил и држел во својот дом малокалибарска пушка „збројовка брно“ модел 2, калибар 22 ЛР, пиштол „пиетро берета“ калибар 7,65 мм, пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 мм, пиштол „валтер“ калибар 9мм и 329 куршуми различен калибар, кои биле пронајдени при претрес.

Финалистите од минатото Европско првенство доаѓаат во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација ги доби силните Италија и Англија за ривали на патот кон пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија.Освен финалистите од минатото европско, во група со Македонија ќе бидат Украина и Малта.

Натпреварите почнуваат во март, а завршуваат во ноември, додека ќе има и плеј-оф натпревари од Лигата на Нации кои ќе се играат во март 2024 година, со кои ќе бидат комплетирани учесниците на ЕП.

Само првите две селекции од секоја група одат директно на Европското првенство, додека другите позиции ќе бидат комплетирани преку Лигата на Нации.

Николоски: Вака изгледа утринава она што треба да е автопат Кичево – Струга – Охрид, уште една лага на виделина! (Фoто)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својата официјална Фејсбук страница утринава објави фотографии од она што всушност она што треба да е автопат Кичево – Струга – Охрид.

– Најголемиот показател за неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ. Уништени коловози и скоро никакви активности за изградба на автопатот направија цел регион да е стопански, туристички и инфраструктурно отсечен. Денес е недела 9ти Октомври, власта вети дека до понеделник 10ти Октомври ќе ја пушти делницата од Требеништа до Охрид. Уште една лага на виделина, пишува Николоски во својата објава.

Пендаровски донесе стрлета од Хрватска да ја бакнува македонската гарда на Водно? (Видео)

Хрватската старлета, пејачка и контроверзна личност Нивес Целзиус за која медиумите објавуваат десетици секс скандали бакнуваше членови на македонската гарда која ја чува резиденцијата на претседателот Пендровски а никој не ја спречил во тоа.

Во видеото кое го објавува Целзиус се гледа како таа бакнува двајца гардисти а тие не смеат да се помрднат ниту да се одбранат.

Иако целата ситаиција за некого може да делува наивно и симпатично сепак се работи за злоупотреба од која што војниците морале да бидат заштитени затоа што скандалот поради физички контакт може да се подведе под кривично дело сексуална злоупотреба.

Кабинетот на Пендровски засега не дава јавно објавување кој и зошто на контроверзната Хрватска и дозволил да ги бакнува војниците членови на гардата која ја чува претседателката резиденција.

Војниците не смее никој да ги допира ниту пак според правилата на АРМ некој смее да ги бакнува. Ова важи и за Хрватска старлета која во јавноста е позната по низа секс скандали во кои и самата зборувала за сексуални пози, плаќање за секс, сексуални партнери како и начини на водење љубов.

Нивес Целзиус заедно со екс фудбалерот на Црвена Ѕвезда Драгиша Биниќ била гостинка на претседателот Пендаровски како дел од гостите на традиционалниот фудбалски турнир на Спортското Радио.

Посетата кај Пендаровски сама по себе не е никаков скандал во дозволата на протоколот на Пендровски за бакнување на членовите на гардата на АРМ е нешто за што треба да се позанимаваат внатрешната контрола одговорна за војниците на АРМ и кабинетот на претседателот.

Доколку некој пејач познат по сексуални скандали бакнеше припаднички АРМ и гардистки на Пендровски тоа ќе беше голем скандал.

Извор: “Експрес.мк”

Стотици верници на едно место: Во прилепско Бонче синоќа и денеска се слави празникот Св. Јован Богослов (Видео)

По повод денешниот празник Св. Јован Богослов, во истоимениот манастир во прилепско село Бонче, синоќа и денеска врие од народ.

После вечерната литургија, гостите синоќа ги забавуваше естрадниот пејач Мирослав Мирчески и “Астра Бенд”.

Се вееше македонско оро, се пееја македонски песни до доцна во ноќта, една прекрасна глетка и едно прекрасно празнично расположение.

Празнувањето продолжува и денеска со многу музика, а топлото време сигурно ќе донесе уште повеќе верници кои ќе го посетат манастирот.