дома блог страница 1398

Прекрасен празничен подарок за своите сограѓани: Слушнете ја “Само на добро нека е”, новата одлична песна на Филип Николоски (Видео)

На големиот национален празник 11-Октомври и на својот 23-ти роденден, младиот пејач Филип Николоски од Прилеп на своите сограѓани им подари прекрасен празничен подарок.

Се работи за неговата најнова песна насловена како “Само на добро нека е”. Mузиката и аранжманот се дело на Рубин Димкоски, текстот е на Душко Темелкоски, а за одличниот видео спот се погрижи Фан продукција – Зоран Пилоски.

УЖИВАЈТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Го фатиле на дело: Прилепчанец фатен додека кpaдел во домот на свој сограѓанин

На 10.10.2022 во 19.45 часот на ул.„Ило Полутешка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(21) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување кражба од домот на Г.К. во Прилеп.

Кај него бил пронајден паричник со пари и лични документи, кој бил вратен на сопственикот.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Мицкоски во Прилеп се поклони пред хероите борци против фашизмот

-Денешниот празник е најдобар доказ дека идеалот за Македонија и патриотизмот е најсилно оружје на еден човек. Партизаните, тој 11 Октомври 1941 година, како и нивните претходници револуционери, покажале невиден хероизам да се спротивстават на фашистичкиот и секој друг окупатор на татковината затоа што ги водела љубовта кон Македонија. Таа љубов гори во нас и нема да дозволи никој да се пазари со националните и државните интереси. Нека е вечна славата и споменот на сите знајни и незнајни борци за Македонија. Нека е вечен празникот 11 Октомври. Нека е вечна Македонија – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ФБ, кој денеска е во посета на Прилеп.

Eве како прилепчани ја започнале бoрбата против фашистичкиот окyпaтop – Koj се учествувал во нападот на участакот

Имајќи во предвид дека одбележувањето на 11 Октомври има оставено посебен белег на историјата на Прилеп и Македонија, имаме обврска да направиме една ретроспектива на настаните од тој период и да ви пренесеме изворни и точни податоци за отпочнувањето на четиригодишната војна против нацистичките окупатори.

Неподносливата агресија која ја вршел бугарскиот окупатор била причината за кревање на македонскиот народ и организирање во вооружени чети, како и подготовка на вооружени акции против ваквиот терор.

Прилепчани секогаш биле обдарени со посебен револуционерен дух и затоа биле првите кои се спротивставиле на новоформираната власт во нивниот град и започнале со подготовка на планови и стратегија за нивна реализација.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата акција на прилепските партизани поврзана за 11 Октомври 1941 година, начинот на кој е реализирана акцијата, како и инволвираните актери во истата.

На месноста Црвени Стени, на 11 Октомври вечерта, на зборното место се собрал партизанскиот одред.

Првата чета, поради задоцнетото известување, задоцнила на зборното место на партизанскиот одред, поради што не била вклучена во акцијата за Прилеп. Од присутниот состав на одредот се извршил избор меѓу доброволно пријавените партизани за учевство во напрадот на Прилеп.

Одредот во кој биле славните прилепски херои Трајко Тарцан, Мице Козар, Ордан Чопела, Димо Димоски-Нередникот, Оцка Михајлоски и многу други, потоа заминал кон Маркови Кули. Притоа била извршена поделба на задачите и бил формиран конечниот состав на ударните групи.

– Нападот на полициската станица за своја задача го имале: Аспарух Јосифоски, командир, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

– За затворот биле задолжени: Никола Попоски, командир, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески.

– За оштетување на телефонската мрежа акцијата им припаднала на : Мице Димески, командир, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.

Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Во онаа задолжена за участакот акцијата требало да ја започни Душко Наумоски, кој требало да стрела во стражарот пред участакот со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нападот. Душко најпрвин се доближил до стражарот кој го запрел и го прашал за врмето на часовникот.

Останатите се посомневале дека Душко се поколебал, но тој се вратил и го застрелал. Потоа Аспарух Јосифофски активирал бомба и ја фрлил пред вратата на участакот, а останатите Блаже, Диме и Миле со пушки стрелале кон прозорците, не давајќи им да се појават полицајците.

Групата за затворот го чекала истрелот од револверот на Душко. Штом градскиот саат отчукал 10 часот, тие веднаш јурнале на затворот. Меѓутоа, стражата од кај участакот од пукотниците веќе била на готовс.

Групата била пречекана со оган. Пецо Крстески и Никола Попоски фрлиле по една бомба, па се повлекле заедно со целата група без жртви.

Групата одредена за оштетување на телефонската мрежа на градот слегла кон Варошко маало, но не по ист пат каде што поминале и другите. Успеале да ги спојат електричните со телефонските жици и со тоа да ги онеспособат, па се повлекле без престрелка.

Сите три групи се повлекле без загуби. Овој подвиг на првите борци од Прилеп можеби не е некој триумфален подвиг, но со сигурност претставува успех кој го означил продолжувањето на револуционерните борби на македонскиот народ, почетокот на организираното востание сега против нов окупатор како и доследноста на граѓаните на Прилеп кон борбата за македонска кауза и слобода.

Осум медали и титула ДРЖАВЕН ПРВАК: Прилепските бокceри од “АС” растурија на Државното првенство, а од нивните бopби боли глава (ВИДЕО)

На 28-то Државно првенство во бокс на Македонија кое што се одржа на 08 и 09 октомври 2022 година, во Арената “Борис Трајковски” во Скопје, боксерскиот клуб “АС” од Прилеп освои 8 медали: еден златен, четири сребрени и три бронзени медали.

Матеј Чатлески освои злато, Теодор Тошески, Максим Стојаноски, Марко Петрески како и Демир Демиров освоија сребрени медали, додека пак бронзата припадна во рацете на Стефан Иваноски, Николче Соколоски и Мануел Абдуловски.

Матеј Чатлески по втор пат беше прогласен за државен првак на Македонија.

Како тренер и менаџер на нашите боксери спортисти сум многу задоволен од досегашните успеси, а особено на Државното првенство. Нашите боксери се едуцирани од наша страна, а имаат и големо срце во рингот. Ова е голем успех на нашите спортисти, за нас тренерите и клубот, но најгомем успех направивме за Прилеп и Македонија. Имавме две атрактивни борби од страна на Матеј Чатлески и Демир Демиров, кои завршија со прекин во прва рунда. Марко Петрески покажа добра боксерска техника во рингот против двајца искусни боксери. Максим Стојаноски и Теодор Тошески покажаа рамноправни и добри борби. Дебитантите во рингот, Стефан Иваноски и Николче Соколоски, покажаа храбри и рамноправни борби против нивните противници. Мануел Абдуловски рамноправно се бореше против боксер од Скопје – истакна тренерот Дарко Чатлески.

-Морам да кажам дека оваа година сите од нашиот клуб сме победници, тренираме се поддржуваме и успеваме. Како носители на првото место во бокс лигата на Македонија, ќе го организираме четвртото коло во бокс на Македонија, кое ќе се одржи на 22.08.2022 во Прилеп во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески Ричко” – додаде Чатлески.

Во продолжение погледнете го хајлајтсот од борбите на прилепските боксери:

Во центарот на Прилеп започна 13-то издание на Фестивалот на медот (Фото)

Од денеска до среда на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп се одржува фестивалот на медот. Ова е 13-то издание на оваа манифестација и е дел од програмата за одбележување на Денот на народното востание – 11-ти Октомври.

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска го посети фестивалот, а потоа на социјалните мрежи напиша:

-Нешто што заслужува почит поради тоа што сите вие тука присутни учесници се трудите да допринесете за подобро здравје кај нашите сограѓани. Здравје во тегла е она што во овие три следни денови ќе им го понудите на Прилеп и прилепчани.Добивањето на медот е подарок од природата за сите нас.

Природниот мед претставува единствена нерасиплива храна, која со тек на времето може само да го менува обликот но не и да се расипе. Оваа одлика ја истакнува неговата вредност и потврдува зошто оваа вкусна и здрава намирница била употребувана како природен засладувач уште во праисторијата.

Упатувам честитки до Пчеларското здружение Братство, како и до сите останати здруженија и самостојни пчелари за оваа организација на фестивалот на медот и се надевам дека заедно ќе ја постигнеме целта, а тоа е да се поттикне производството на мед и да се влијае врз порастот на неговата потрошувачка.

Ви посакувам успех во производството и ги поттикнувам сите оние кои што имаат желба да започнат да се занимаваат со пчеларство а на сите наши сограѓани им препорачувам редовно да го консумираат медот и пчелните производи затоа што навистина тоа е инвестиција во нашето здравје.

Прилепскиот мајстор во билјард Самарџиоски, го освои високото петто место, помеѓу 101 натпреварувач на Балканското првенство во Солун

Изминатиот викенд во Солун се одржа Балканско првенство во американски билјард – дисциплина деветка, каде настап имаа 101 играч од целиот Балкан (Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија и Македонија), а дел од натпреварот беа и нашите прилепчани Тале Самарџиоски и Кире Зајкоски.

Самарџиоски го освои петтото место што претставува висок резултат, а Прилеп уште еднаш покажа дека има многу квалитетни играчи во секој спорт.

Самарџиоски беше единствениот Македонец кој не’ претставуваше на Европското првенство кое во мај се одржа во Тревизо, Италија.

Честитки за постигнатиот успех и му посакуваме уште поголеми резултати во иднина.

Наздравје: Дизелот повторно над 100ка од полноќ

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 100,50 ден/лит.

БС95 – 89 ден
БС98 – 91ден
Дизел – 100,5 ден

Спектакл на Могила во Прилеп: Се летаа дронови со брзина и до 200км/ч (Видео)

Викендов во Прилеп на стадионот на “Могилата на непобедените” се одржа Светски куп во летови со мултиротори-дронови.

Настанот беше организиран од страна на клубот Фил Феникс и Воздухопловната федерација на Македонија, а на настанот учествуваа над дваесет пилоти од шест држави во две категории и тоа во јуниорска и сениорска категорија.

Ова беше несекојдневна можност за прилепчани да погледната еден ваков настан од натпреварувачки карактер, каде дроновите се движеа и со брзина од 200км/ч.

На купот учество зедоја натпреварувачи од Македонија, Србија, Турција, Бугарија, Хрватска и Чешка.

Прекрасна глетка: И оваа година манастирот во прилепско Бонче беше преполн со верници за празникот Св. Јован Богослов (Фото)

За празникот Св. Јован Богослов во прилепско традиционално највесело е во истоимениот манастир во село Бонче.

Така беше и оваа година кога за време на двата празнични дена манастирот го посетија стотици верници.

Весело беше и на заслогот и на самиот ден. Се пееше убава македонска песна, се виеше македонско оро, а присутните ги забавуваше естрадниот пејач Мирослав Мирчески и “Астра Бенд”.