дома блог страница 1399

Наздравје: Дизелот повторно над 100ка од полноќ

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 100,50 ден/лит.

БС95 – 89 ден
БС98 – 91ден
Дизел – 100,5 ден

Спектакл на Могила во Прилеп: Се летаа дронови со брзина и до 200км/ч (Видео)

Викендов во Прилеп на стадионот на “Могилата на непобедените” се одржа Светски куп во летови со мултиротори-дронови.

Настанот беше организиран од страна на клубот Фил Феникс и Воздухопловната федерација на Македонија, а на настанот учествуваа над дваесет пилоти од шест држави во две категории и тоа во јуниорска и сениорска категорија.

Ова беше несекојдневна можност за прилепчани да погледната еден ваков настан од натпреварувачки карактер, каде дроновите се движеа и со брзина од 200км/ч.

На купот учество зедоја натпреварувачи од Македонија, Србија, Турција, Бугарија, Хрватска и Чешка.

Прекрасна глетка: И оваа година манастирот во прилепско Бонче беше преполн со верници за празникот Св. Јован Богослов (Фото)

За празникот Св. Јован Богослов во прилепско традиционално највесело е во истоимениот манастир во село Бонче.

Така беше и оваа година кога за време на двата празнични дена манастирот го посетија стотици верници.

Весело беше и на заслогот и на самиот ден. Се пееше убава македонска песна, се виеше македонско оро, а присутните ги забавуваше естрадниот пејач Мирослав Мирчески и “Астра Бенд”.

Битолчанецот Тони доби ocлободителна пpecyда за yбиcтвото на зетот кој со мачета тргна да ја yбие неговата ќepка

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски – Фердо доби ocлободителна пpecyда за yбиcтвото на зетот, за кое тврдеше дека го сторил во caмooдбpaна на неговата ќерка.

Cyдот ја прифати ваквата одбрана, односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нyжна одбpaна. Пpecyдата е донесена осум месеци по настанот.

„Конечно cyдот по осум месеци донесе пpaвилна пpecyда, ocлободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката“, напиша Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо.

БЕСА и АА: Власта веќе нема мнозинство во Собранието

Двете опозициски партии на Албанците, Алијанса на Албанците (АА) и Движењето БЕСА стојат на ставот дека парламентарното мнозинство во моментов само на хартија ја има подршката од 64 пратеници.

Парламентарното мнозинство во моментов на хартија има 64 пратеници што би требало да биде релативно стабилно мнозинство, но за жал не е така во Собранието. Речиси никогаш, во последно време, ова мнозинство не го обезбедува потребниот број од 61 пратеник за да почнат седниците и да се изгласаат законите кои во над 90% од случаите ги предлага власта. Причините зошто тоа се случува треба да се бараат во партиите и пратениците од владината коалиција, истакнал за „Локално“, Сурија Рашиди – пратеник на АА.

И пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зенедели причината за не функционирањето на Собранието со полн капацитет ја гледа во пратениците на парламентарното мнозиство.

– Парламентарното мнозинство се чини дека има проблеми со одредени свои пратеници, па затоа Собранието не функционира со полн капацитет во спроведувањето на зацртаниот дневен ред. Изгледа „пожарот“ се уште не е изгаснат, изјави Зендели за „Локално“, алудирајќи на незадоволствата на „Огнената група“ од владејачката ДУИ.

Каков татко таков син: Матеј Чатлески по втор пат ДРЖАВЕН ПРВАК на Македонија – Прилеп има на што да биде горд! (Фото)

Вчера во Скопје се одржа 28. Државно првенство во бокс за деца, кадети, јуниори и сениори, каде публиката уживаше во 16 финални борби.

Шест финалиња се одржаа во сениорска конкуренција, во јуниорска четири, а шест имаше и во кадетска конкуренција.

Боксерскиот клуб АС од Прилеп кој моментално е лидер на табелата во детската бокс лига, на ова првенство освои 8 медали (1 златен, 4 сребрени и 3 бронзени).

Со медали се закитија: Матеј Чатлески освои злато и по втор пат стана државен првак на Македонија, Теодор Тошески, Максим Стојаноски, Марко Петрески и Демир Демиров се закитија со сребрени медали, а бронзи освоија Стефан Иваноски, Николче Соколоски и Мануел Абдуловски.

Ова е огромен успех за боксот во Прилеп, а клубот на Чатлески докажа уште еднаш дека го има главниот збор на бокс сцената во Македонија.

Особено за пофалба е успехот на младиот Матеј Чатлески, кој е трета генерација во семејството Чатлески што се занимава со овој спорт. Матеј очигледно го наследил талентот од својот татко Дарко Чатлески, но и техниката и тактиката од неговиот дедо Ѓорѓи Чатлески.

Честитки за постигнатите успеси за сите АСОВЦИ, и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

Наскоро и видеа од одличните борби на прилепските боксери.

Вистински спортски спектакл: 385 натпреварувачи, 43 клубови, 7 држави – Прилеп викендов беше центар на џудото (Фото галерија)

На 09.10.2022 во Прилеп, во спортска сала на СОУ “Ристе Ристески Ричко” Прилеп, во организација на ЏК Сеишин -Прилеп се одржа 12-ти Меѓународен Турнир во џудо “ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ-2022 – ЦЕВИТАНА КУП”.

На овој Турнир учество зедоа вкупно 385 nатпреварувачи од 43 клубови од 7 држави: Македонија ( 14 клубови), Грција (11 клубови), Црна Гора (6 клубови), Србија (4 клубови), Бугарија (4 клубови), Албанија (2 клубови) и Косово (2 клубови).

Организаторот имаше обезбедено спортска сала која беше поставена според сите протоколи за натпревари од овој вид, која за волја на вистината беше исполнета до последното место. Борбите се одвиваа на 4 џудо борилишта, а правдата ја делеа џудо судии од нашата држава и странство.

На големо задоволство на клубот организатор, по двегодишна пауза поради ковид пандемијата, овој турнир се врати на голема врата и ќе биде запомнет како еден од најголемите спектакли кои досега се случиле во нашиот град.

Согласно сумираните резултати од натпреварувачката комисија, за најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари се: Помлади пионери-ки: ЏК Преспа Ресен, Помлади пионери: ЏК Бор Србија, Пионери: ЏК Црногорац Цетиње, Ц.Гора, Пионерки: ЏК Сакура Катерини Грција, Кадети: ЏК Велико Градиште Србија, Кадетки:ЏК Сакура -Катерини Грција.

Севкупен победник на овој турнир според бројот на освоени медали е Џудо Клубот Сакура Катерини од Грција.

Инаку за сите натпреварувачи кои освоија места на пиедесталот, организаторот имаше обезбедено награден фонд од дипломи, медали и посебна награда за прваците во секоја тежинска категорија – парфем.

За да се штеди cтpyja Владата размислува да го продолжи летното сметање на времето

– Министерството за економија доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија, информираше вчера вечер владината прес-служба по 88. седница на владиниот кабинет.

На владината седница се усвоени и нов сет со антикризни мерки во вредност од 350 милиони евра за ублажување на енергетската криза и ценовниот притисок, како План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст со политики, препораки, мерки и индикатори.

Уaпceни тројца млади битолчани: Полициjaта им пpoнajде мapиxyaна

На 08/09.10.2022 во Битола, при извршена акциска контрола од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, Полициската станица за безбедност на сообраќајот и Полициската станица од општа надлежност од СВР Битола, биле лишени од слобода три лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Имено, на ул.„Никола Тесла“ бил лишен од слобода Н.Т.(21) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од дрога. Во битолската населба Горно Оризари биле лишени од слобода М.И.(29) и А.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од марихуана.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.

Повисоки плати ќе има, ама идната година, вели премиерот Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека во првиот квартал од идната година повторно ќе има покачување на минималната плата.

-Идната година повторно не очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата. Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Премиерот истакна дека со стопанските комори се разговара многу отворено.

-Сега не е време за финансирање профитабилност, сега е време за финансирање опстанок, како на компаниите, така и за загрижување на најранливите категории, подвлече премиерот на прес-конференцијата откако соопшти дека Владата донесе нов пакет мерки вреден 350 милиони евра.