На 10.10.2022 во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп, З.С.(62) од Прилеп пријави дека околу 20.15 часот на ул.„Андон Слабејко“ бил физички нападнат со метален предмет од Д.Т.(53) од Прилеп.
На 10.10.2022 во 23.10 часот, Д.Т. пријавил дека околу 20.30 часот на ул.„Андон Слабејко“ бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.
Денеска во центарот на Прилеп се одржа големо Tuning Car Show. Настанот се одржува по пауза од неколку години и предизвика огромно внимание од прилепчани.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денешниот празник го помина во посета на Прилеп, каде заедно со градоначалникот на општината посети некои од локациите каде моментално се изведуваат градежни активности.
-Заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески извршивме увид на изградба на водоводна канализација кај местото Пашовски ливади и на градежни активности на плоштадот во Прилеп.
Од пролет почнува градежна офанзива во Прилеп – изградба на 40 улици, обиколница, геолошки истражувања за катна гаража. Сето она што го ветувавме како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ќе го реализираме и испорачаме на прилепчани – напиша Мицкоски на ФБ.
Тргнавме од Куманово, а еве сега прилепчани следат. Следната фаза ќе биде да се формираат такви граѓански здруженија на ниво на цела држава каде што има интерес за формирање и дополнително на следнит парламентарни избори да излеземе со едно граѓанско политичко движење, да понудиме реално остварливи политики на граѓаните за кои што конечниот збор ќе го имаат граѓаните – рече синоќа во Прилеп на промоцијата на здружението “За нашите граѓани”, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, кој е основач на граѓанското здружение “За наше Куманово”.
“Она што за нас е најважно е дека ова се иницијативи од граѓаните за граѓаните, ние не припаѓаме на политичките субјекти, туку сме чисто граѓански здруженија кои што ќе имаат основна функција да работат за интересот на граѓаните и општините, каде што истите ќе бидат формирани, а во подоцнежната фаза кога ќе дојде моментот за учество на избори, дали се работи за предвремени, или редовни, ќе земеме свое учество и веруваме дека граѓаните ќе го препознаат тоа што сакаме да го понудиме. Откако ќе бидат регистрирани сите граѓански здруженија самите членови на самите здруженија ќе дадат предлози, или иницијативи, за формирање на една таква граѓанска иницијатива. На државно ниво и од тука ќе излезат и предлозите за името за ова здружение, или ова политичко граѓанско движење, кое што сметам дека на следните избори ќе издвојува убедлива победа”, истакна Димитриевски.
“Ова здружение е отворено за сите наши граѓани, ова е здружение од граѓаните за граѓаните, ова апсолутно не е здружение кое што има намера некого да осипува, или да биде нечиј привезок, ова здружение ќе функционира само за себе и очекуваме дека ќе има важна улога во идните општествено политички случувања во нашата држава. Сметам дека политичките партии во овој момент се заробени, киднапирани од поединци или интересни групи, кои заради сопствените лични интереси и цели, неретко и лукративни, ги држат и се кријат зад името на партиите, ги остваруваат своите цели, притоа ништо не нудат на македонското општество и на македонската политичка сцена. Затоа мислам дека граѓанскиот концепт е иднината на општественото и политичкото делување во Македонија”, истакна Емил Јанески, кој е претседател на новоформираното политичко здружение во Прилеп.
Како дел од програмата за одбележување на празникот 11-ти Октомври (Денот на народното востание), во центарот на Прилеп денеска се одржа одлична изложба на автомобили.
Настанот беше во организација на Tuning Car Show и имаше што да понуди. Брзи автомобили кои блескаа од убавина.
Граѓаните имаа можност да погледнат и да се фотографираат со голем број модели на автомобили, па буквално градскиот булевар беше преполн со луѓе.
Едно вистинско уживање кое не смееше да се пропушти.
На 11.10.2022 во 00.05 часот во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола го лишиле од cлобода С.К.(34) од Битола.
Тој се coмничи дека на 10.10.2022 околу 13.30 часот во Битола пpикажал пopногpaфcки материјал од својот мобилен телефон на малолетничка.
При пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени предмети поврзани со кpивичното дело.
Тој бил пpиведен во полициска станица и во cлyжбен paзговop го пpизнал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат од МВР.
Градоначалникот Борче Јовчески упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, во честитката се вели:
Почитувани прилепчани, почитувани граѓани на градот херој, градот во кој пукнала првата пушка, градот кој пред 81 година го означил почетокот на народното востание за конечно ослободување на Македонија од окупаторот. Од овој ден, македонската историја е побогата за уште едно херојство на македонските борци кои тогаш водени од идеалите за слободна и суверена македонска држава, беспоштедно започнуваат борба која подоцна ќе го донесе големото ослободување на нашата Македонија.
Носејќи ги на грбот илјадниците жртви на војната, а со единствена мисла за слобода, храбрите македонски борци во предвечерието на 11 октомври со напад на тогашната полициска станица, Участакот, ја започнуваат борбата против фашистичкиот окупатор, благодарение на која ние денес имаме суверена и независна Република Македонија. Овој празник, оваа победа на македонскиот народ е светла точка во нашата историја, но исто така поттик и мотив сега и во иднина цврсто да застанеме кога се во прашање националните интереси, доколку сакаме да го продолжиме патот кој е започнат пред 81 година, а со тоа да го зачуваме достоинството на Република Македонија! Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание!
Ќе ми дозволите да го честитам овој голем македонски празник, голем македонски ден а тоа е почетокот на борбата на македонскиот народ за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна. Многу значај овде во Прилеп, бидејќи токму од тука од Прилеп е започната таа борба на ослободување која што денес практично ја донесе оваа независна, суверена македонска држава во срцето на Балканот, изјави за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната посета во Прилеп.
Тој посочи дека не треба на тоа да гледаме онака како власта што не тера да гледаме, туку треба да гледаме онака како што е вистината, а вистината е дека за време на Втората светска војна бугарските фашисти извршиле злостор на територијата на денешна Македонија, а македонскиот народ се обединил и го поразил тој злостор и македонскиот народ веднаш после Втората светска војна бил на вистинската страна на историјата.
– Така е и денеска, така ќе биде и во иднина. Ќе се бориме против фашистите, а Македонија била и ќе остане антифашистичка држава. Инаку од она што покрај вас сакам да го прокоменитрам е фактот што го кажа и градоначалникот дека еве овој проект капитален овдека во центарот на Прилеп практично завршува. Бевме и на цевководот на Пашовски ливади кој ќе обезбеди 10-15% дополнителни количини на питка вода бидејќи немаше општината доволно проекти изминатиот период се проектираше и работеше. Напролет почнува градежна офанзива со повеќе од 40-тина улици во прилепската општина исто така и проектот кој е значаен и капитален а тоа е влезот од Крушево, Кривогаштани е предаден во министерството за транспорт и врски и очекуваме министерството за транспорт и врски конечно да ја заврши процедурата и да отпочне со реализација на тој проект. Во фаза на подготовка се уште 2 други проекти, познатата обиколница Сивец, да не доаѓаат тешките камиони овдека во Прилеп туку да го заобиколуваат Прилеп исто така и влезот од кај Македонски Брод исто така е во фаза на подготовка. Потоа геолошките истраги за новата катна гаража во центарот на Прилеп, појасни Мицкоски.
Тој додаде дека од состојба на многу проблеми и нула проекти наеднаш ќе има многу проекти и веќе оваа пролет ќе започнат со сето она кое е ветено во програмата на градоначалникот она кое што го ветувале како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да го реализираат и испорачуваат на прилепчани.
Повеќе неофицијални извори од редовите на бугарски активисти во Бугарија и во земјава тврдат дека меѓу клубовите кои што ги финансира Софија а кои треба да бидат отворени во Македонија треба да има и еден во чест на бугарски фашистички војник убиен од партизаните при нападот во Прилеп на 11 октомври – дознава “ЕКСПРЕС.МК”.
За официјалната бугарска историографија нападот на бугарскиот фашистички участок не го сториле Македонци туку Срби. За Бугарија почетокот на востанието во Прилеп е напад од Душко Наумовски кој во Софија се прикажува како Србин иако бил Македонец.
Идејата на бугарските активисти во Македонија кои се финансирани од Софија е да отворат клуб на убиениот бугарски фашистички војник кој го чувал участокот во Прилеп за време на нападот на 11 Октомври.
Според иницијативата која веќе е во почетна фаза на имплементација името на бугарскиот културен клуб во Прилеп треба да го носи името на Петар Колев.
Според бугарските позиции Колев не е бугарски фашист кој се придружил на бугарската окупација и репресија на Македонците во Македонија туку жртва на Титовиот националсоцијализам!
Предходно во Битола и Охрид беа отворени културни клубови со имињата на фашистичките соработници Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети.
Членот на политичката партија Левица, Иван Јованоски, првостепено е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените, објави на Фејсбук профилот оваа партија без да се каже каква е казната.
Левица случајот го нарече политички монтиран тврдејќи дека пресудата е донесена по директива на поранешниот премиер Зоран Заев. Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите „предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато“ нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ.
Во реакцијата на политичката партија Левица стои:
-На само еден ден пред Денот на народното востание на македонскиот народ, нашиот член прекршочно е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените. Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато, тој нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ!
Дека се работи за типична РЕПРЕСИЈА на хибридниот режим, потврдува тоа што како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка не се јавува поранешниот премиер Заев – туку извесен полициски службеник ЗЛАТКО НИКОЛОСКИ, кој не е оштетена странка во случајот.
Ваквите тоталитарни методи на власта во пад потврдува дека КОВАЧЕВСКИ е доследен послушник на Заев, кој единствено владее преку партизираност на институциите, закани и прогон, а Македонија е целосно заробена држава од фамилијата Заеви.
Континуираниот прогон со кој се соочуваат членовите на Левица од тоталитарниот режим на СДС и ДУИ само уште повеќе го мотивира нашиот борбен дух против оваа криминална банда на политиканти – а од позиција на власт и ослободени институции, Левица ќе иницира кривичен прогон против сите оние кои го силуваа правото и Уставот за време на ЗАЕВИЗМОТ!
Левица ќе ги искористи сите инстанци за да ја ОБЖАЛИ пресудата, а на поранешниот премиер Заев му порачуваме да собере храброст и тој лично да иницира постапка – а не да се крие позади непознати полициски службеници и заробените државни органи.