дома блог страница 1396

По главата, по грбот, насекаде…yдиpaa со гpeди, со пyшките – Сведоштво за пpeтепyвањата на 300 прилепчани од бугapските окyпатopи во участакот

„Во 1941 година, Хитлер им го доделил Вардарскиот дел од Македонија на своите фашистички сојузници Бугарија и Италија. Бугарската окупаторска војска набргу почнала со обиди за присилна денационализација и терор врз Македонците. Поради тоа, Македонците кренале масовно востание против бугарската окупаторска власт. На 11 октомври 1941 година, македонските востаници во Прилеп ја нападнале бугарската полициска станица. Истиот ден бугарската полиција и војска жестоко се нафрлиле врз мирното население. Граѓаните на Прилеп масовно биле претепувани и затворани. Од ваквата постапка на полицијата и војската биле огорчени дури и некои службеници на бугарскиот фашистички режим.“ – пишува Александар Донски во својата статија со наслов „Бугарско сведоштво за настаните во Прилеп“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Натаму, покрај другото, Донски наведува: „Еден од нив бил Коста Црнушанов, прилепчанец, кој во тоа време работел како службеник во просветата во Прилеп. Тој бил сведок на она што се одиграло во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Иако бил во служба на бугарската власт, испратил протестно писмо до бугарскиот министер за просвета во врска со овие настани. Во писмото јасно се гледа неговата огорченост од постапките на бугарските окупатори. Меѓу другото, бугарскиот службеник Црнушанов до својот министер напишал:

,,Очевидците и настраданите ми раскажуваа низ плач: Ако некој има видено глутница од волци како напаѓа стадо, тогаш може да си претстави како изгледаше апсењето и претепувањето на прилепските граѓани. Луѓето беа апсени каде и да се наоѓаа: дома, на кино, во кафеана и на други места. Беа водени во участокот, а оттаму во затвор. По патот кон участокот беа тепани до бесвест и им беше пцуена ’мајката македонска‘!“

„Црнушанов исто така напишал во своето писмо: ‘Кои беа тепачите? Тоа беа полицајците, војниците и некои од началството, вклучувајќи го и бившиот полициски началник на областа. Тепаа со стапови. Маваа со цевките од пушките. Удираа со греди и клоцаа со нозете. Удираа каде што ќе стигнат: по главата, по грбот, насекаде… Од околу 300 претепани граѓани, во затворот беа задржани 70… Претепаните се од најразлична возраст: од млади, па сѐ до 70-годишни старци, каков што е случајот со Митре Мазарот… Притоа не било вршено само малтретирање и тепање на лицата, туку истите биле и ограбувани. Им биле крадени парите и другите вредности, пенкала, часовници и друго. Ограбувањето го вршеле полицајците и војниците.’ (Извор: Коста Црнушанов: ‘Принос к’м историјата на ММТРО’, Софија, 1996 год.).“

„Ова сведоштво е од исклучителна важност затоа што претставува автентичен бугарски документ (официјално писмо од официјален бугарски службеник) за теророт на бугарската окупаторска власт против македонското население во Прилеп. Коста Црнушанов е еден од основачите на ММТРО (Македонската младинска тајна револуционерна организација), основана во 1923 година во Виена. Во 1990 година тој е еден од обновувачите на Македонскиот научен институт во Софија, кој целосно е посветен на македонското минато и сите свои сили ги користи да докаже дека тоа било бугарско. Со својот негаторски став кон сѐ што е македонско во текот на својот живот останал доследен на бугарските позиции за македонското прашање.“

Македонија го започна походот кон ново Европско првенство: Во “Борис Трајковски” нашите момци го газат Луксембург (Видео)

Со натпревар против Луксембург во Скопје, Македонија вечерва го започнува патот до Европското првенство во 2024 година.

Нашата подмладена репрзентација без Миркуловски, Стоилов, Лазаров… го растури Луксембург на полувремето со 11 гола разлика (18-7).

Во вториот дел разликата продолжи да расте, па нашите момци моментално водат со 33:19.

Погледнете го интонирањето на химната:

Битолчанец се заканyвал на Фејабук, заpaботи кpивична

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(52) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „загрозување на сигурноста по пат на информатички систем“.

На 12.04.2022, пријавениот, во објава на својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил содржини со заканувачка содржина кон жител од тетовско.

Полни очи: Изложба на олдтајмери во центарот на Прилеп (Фото галерија)

Покрај изложба на модерни автомобили, вчера во центарот на Прилеп имаше и изложба на олдтајмери.

Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на народното востание – 11-ти Октомври и предизвика огромно внимание.

Организацијата на овој настан беше на новоформираниот ОЛДТАЈМЕР КЛУБ АВТО МОТО “КЛАСИКА” од Прилеп.

И младо и старо сакаше да направи фотографија повеќе, а редицата најдолга беше кај популарните фиќа.

Ги имаше во сите бои, наредени едно до друго како во времето кога биле едни од ретките модели што се возеле низ улиците на поранешна Југославија.

Тука беше и популарното Рено 4 и популарната 101-ка.

Еден прекрасен настан кој никого не остави рамнодушен.

Со надеж дека наредна година ќе ги има уште повеќе, од уште повеќе градови, а зошто да не и од соседните земји.

ФОТО: ДИМИТАР РИСТЕСКИ

Нема крај: Од полноќ ново големо зголемyвање на цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на одлуката од 10.10.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 13.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)

Паника меѓу Французите, нема гopиво на бензинските пyмпи

Премиерката на Франција, Елизабет Борн, ја објави одлуката за мобилизирање на работниците во магацините за гориво во француската филијала на „Ексон-Мобил“ „Есо“ и се закани дека ќе ги мобилизира работниците на „Тотал груп“ поради штрајковите кои доведоа до целосен недостиг на бензините на пумпите низ државата.

Оваа драстична мерка е донесена затоа што возачите последните денови чекаат во долги редици за да ги наполнат резервоарите. Бензинските пумпи се затворени затоа што чекаат испораки, а дистрибутерите штрајкуваат. Мобилизацијата им овозможува на властите да им наредат на работниците од магацините за гас погодени од штрајкот, да се вратат на работа. Слична мерка беше воведена во 2010 година за време на штрајковите во француските рафинерии.

Премиерот Борн денеска во Парламентот на Франција изјави дека има привремен недостиг од најмалку еден или повеќе видови гориво во околу 30 отсто од француските бензински пумпи. Најпогодени се областите на Париз и северна Франција.

Додека штрајкувачите бараат повисоки плати во услови на висока инфлација, Борн повика на итен дијалог со синдикатите и директорите на нафтените компании. „Несогласувањата околу платите не оправдуваат блокада на земјата“, рече таа.

Ситуацијата ја влошува фактот што има граѓани кои во паника купуваат гориво, загрижени дека пумпите може целосно да останат без бензин, не верувајќи им на надлежните кои ги повикуваат возачите да не се грижат.

Toнали се жалеше од cyдиjaта, а неговиот колега од репрезентација му се искина од смеење (Видео)

Сандро Тонали не го криеше разочарувањето од одлуките на судијата Даниел Зиберт во поразот на Милан од Челси во Лигата на шампионите, и додека Италијанецот се жалеше, Жоржињо не можеше да престане да се смее.

Челси синоќа си замина со три бода од Сан Сиро, но мечот ќе остане во сенка на контроверзната одлука на судијата Даниел Зиберт.

Мечот комплетно се промени кога во 18. минута германскиот судија покажа на белата точка во корист на гостите и му даде црвен картон на Фикајо Томори. Многумуна сметаат дека одлуката е престрога, а по крајот на натпреварот Сандро Тонали не се штедеше со коментарите.

„Кога ќе свирнете пенал и ќе покажете црвен картон по 18 минути, и тоа за таков старт… Беше како да играме кошарка, каде секој допир е фаул. Чувството беше такво, добивме неколку жолти картони за смешни, срамни фаули во првото полувреме“ – беа дел од поплаките на фудбалерот од средниот ред.

И додека Сандро Тонали се жалеше, Жоржињо, кој го реализираше пеналот, не можеше да престане да се смее.

Репертоар на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Во петок (14.10.) и сабота (15.10.2022), во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” ќе се игра претставата “Круг” во режија на Јован Ристовски.

Играат: СЕМ – ИГОР ТРПЧЕСКИ, ЏО – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА, ЛУСИНДА – НАТАША АЧАНСКИ, ФРЕД – ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ, ЕДГАР – МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ, КЕРОЛ – АНГЕЛА НАУМОСКА, ОСКАР – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ, ЕЛИЗАБЕТ – МАРИЈА СПИРКОСКА ИЛИЈЕСКА.

Претставата и давата дена е со почеток од 19:30ч. Влезници и резервации на: 076 442 378

Eве каква зима не’ очекуваа оваа година – Првиот снег ќе падне во ноември

Октомври

Да ја протуркаме до крај оваа недела во која времето ќе ни биде тмурно, облачно и со врнежи од дожд и наредната повторно му се враќаме на сонцето. Барем таква е прогнозата која денеска ја имаат синоптичарите.
Уште за викендот ќе имаме благ пораст на температурите и релативно потопло време со дневни температури кои ќе надминуваат 20 степени. Од почетокот на идната недела повторно ќе ни се врати сончевото време. Практично до средина од работната недела ќе имаме сончево време и тоа како што сега стојат работите ќе бидат последните сончеви денови за оваа година.Последната недела од октомври ќе донесе нешто пониски температури и генерално посвежо време.

Ноември

Ноември ќе почне со дожд и ќе биде месец во кој главно ќе не следат врнежливи денови. Тоа особено ќе биде изразено кон средина на месецот кога нема да има ден кога нема да врне. Веќе во втората половина на месецот ќе се создадат и услови за снежни врнежи во котлините кога и се очекуваат температури кои наутро ќе се спуштаат под нула а во текот на денот нема да одат на 6 – 7 степени.
Просечната дневна температура во ноември ќе биде околу 12 степени а просечната утринска околу 2 степени.

Декември

Последниот месец од годината нема да биде студен како што сме навикнати. Температурите наутро речи си редовно ќе бидат негативни но дневните се очекува да не се спуштат под 5 степени. Се очекува променливо време во кое ќе има врнежи од дожд но не и некои посериозни снежни врнежи. Снег е можно да паѓа во последните две недели од месецот но со оглед на тоа дека дневните температури би оделе и до 7 степени, снежна покривка не би требало да се очекува.
Во текот на декември според сегашните долгорочни прогнози најниската температура се очекува да не се пушти под минус 5 а максималната да не помине 8 степени. Просечната дневна температура би требало да биде околу 5 степени а просечната утринска околу минус 2.

Треба да се има предвид дека ова се долгорочни прогнози и дека не секогаш даваат прецизни податоци, туку се користат само како ориентација за тоа што би можеле да очекуваме како временски услови во месеците кои доаѓаат.

Дрон видео oд вчерашното адреналинско шоу во центарот на Прилеп

Вистинско адреналинско шоу се случуваше вчера во центарот на Прилеп. Prilep Car Show предизвика огромно внимание од прилепчани кои во огромен број го посетија настанот и се фотографираа со изложените модели на автомобили.

Виктор Михајлоски го сними настанот со дрон, од каде најдобро може да се види за каков настан станува збор. Погледнете во продолжение:

Изложбата беше во организација на Tuning Car Show.

Повеќе фотографии од настанот погледнете ТУКА