дома блог страница 1395

Внимавajте што обjaвyвате на Фејсбук: Прилепчанец заработи кpвична за објава која била со заканyвачка coдpжина

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(44) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 12.06.2022, по објавен текст на социјална мрежа Facebook, од својот профил објавил пост со недолична и заканувачка содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информираат од МВР.

Утре се празнува најголемиот женски празник: Во овој манастир во околината на Прилеп ќе врие од народ (Фото)

Утре е најголемиот женски православен празник.

На 14 октомври, Православната црква и нејзините верници го слават празникот Покров на Пресвета Богородица, настанот што црквата го слави на овој ден се случил на 14 октомври 911 година.

Црквата секогаш ја славела Пресвета Богородица како покровител и заштитничка на христијаните, којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните.

Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати.

Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1-ви (по старо, по ново 14-ти) октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј.

Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици.

Покровот на Пресвета Богородица е нејзиниот омофорион (ќебе) што го рашири над христијаните – во видението што го имаа преподобниот Андреј и неговиот ученик.

Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се восхитувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

Патем, е исто така познат како Покров, Покровот на Богородица и Ден на жената.

Многу жени постат пред Покров со цел да се причестат на денот на празникот. Жените го слават за полесно раѓање и одгледување деца. Оние што немаат деца, на тој ден се молат на Пресвета Богородица да имаат деца.

Во месноста Чалма, на неколку километри оддалечен од Прилеп, во непосредна близина на Волково село, се наоѓа манастирот Покров на Пресвета Богородица кој утре ќе го посетат голем број верници.

Повеќе за овој манастир прочитајте на линкот во продолжение:

Сонот кој после 11 години стана јаве: Браќа од Прилеп 11 години, камен по камен го граделе овој величествен храм (Фото галерија)

Најјакиот договор кој некој досега го потпишал (Видео)

Ќерката стави потпис на договор дека нема да има дечко пред 2041година. Што си е сигурно, си е сигурно…

(ФОТО) 39-годишник зapaботи кpивична – му пронашле 276 стари монети, прстени и разни други предмети од културно-историски значење

Кривична пријава против струмичанец за сторено кривично дело за недозволена трговија со културни добра
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 13.10.2022 до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против лицето Б.Б.(39) од Струмица, за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.265 од Кривичниот законик.
Имено, поради сознание дека Б.Б. поседува археолошки предмети – стари монети и други добра под привремена заштита, на 01.07.2022 година, од страна на ОСОСК во координација со СВР Струмица при извршен преглед на сопрено патничко возило управувано од него, биле пронајдени и одземени вкупно 276 стари монети во различна форма и големина, 10 метални предмети во форма на прстен со различна големина, метален приврзок, четири метални предмети во различни форми и големини, по што лицето е приведено во полициска станица.

При извршениот службен разговор со него, тој изјавил дека монетите и другите предмети ги нашол на локација во струмичко село пред околу една година, а потоа со метал детектор и на други разни локации наоѓал и собирал монети и други артефакти, по што тој во СВР Струмица доброволно го предал детекторот за метали и друг рачен алат.

Од страна на ОСОСК до ОЈО Струмица е доставено Известување, со барање до ОЈО Струмица да издаде Наредби за вештачење на пронајдените археолошки предмети, а по издадените Наредби, одземените предмети на 12.07.2022 се предадени на НУ Археолошкиот музеј на РСМ и на вештото лице вработено во истиот.

Според наодот на Комисијата за давање на стручно мислење за археолошки предмети во НУ Археолошки Музеј на РСМ, десетте метални предмети пронајдени кај Б.Б. претставуваат оригинали и спаѓаат во сферата на културното наследство, а по завршената стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, од вкупно 276 монети, 275 претставуваат културно наследство т.е. добро под привремена заштита и како такви имаат своја историска и археолошка вредност, за што до ОЈО Струмица е доставен соодветен Извештај.

Прилепчанец се искачи на подиум во Јужна Кореа и освои 1,4 милиони корејски вони (Фото)

Изминатата седмица во Јужна Кореа, Гочанг и Хадонг, се одржа Светски Куп во параглајдерство, во дисциплината прелети. Овој натпревар се одржа во периодот од 1-8 октомври, каде што се излетаа три трки.

На овој Светски куп учество зеде и параглајдеристот од Прилеп и репрезентативец на Македонија, Мартин Јованоски.

Мартин во моментов е дел од тимот на ЏИН (GIN gliders). После Европското првенство во Србија, каде што Мартин го освои одличното десетто место, сега го освои првото место со убедлива победа.

На трките кои беа одржани за време на овој натпревар нашиот пилот покажа одлични резултати и тоа: на првата трка која ја заврши со околу 18 минути пред второ пласираниот, што на Мартин му даде одличен број на водечки како и временски поени. Победник беше и на втората трка, а на третата заврши повторно во врвот на листата.

На крај се искачи на подиум и освои златен медал на овој светски куп во конкуренција од 111 пилоти од целиот свет.

Поздрав од Плетвар – забележан шофер над шоферите! (Фото)

Порталот “Шило Магазин” објави интересна фотографија од Плетвар каде е забележан најјакото шофериште досега.

Алал вера мајторе! Среќа да те прати секогаш и секаде!

Цap: Лицето кое јa иcкpши таблата на бугарскиот клуб во Охрид сам се пpиjaвил во полициja

Лицето кое вчера ја oштети таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид и е познато на полицијата од самиот почеток затоа што тој самиот се пријавил откако го извршил делото,  велат извори од истрагата за МКД.мк 

Изворот за МКД.мк вели дека сторителот на делото е маж кој со земјоделска алатка ја скршил таблата и веднаш потоа отишол во полициската станица во Охрид и сам се пријавил.

МВР се уште нема излезено со официјално соопштение за овој настан.

Македонското знаме и Сонцето од Кутлеш станаа редовна декорација на „Камп Ноу“

Светот вечерва ги виде македонското и знамето со Сонцето од Кутлеш на трибините на „Камп Ноу“ во Барселона. На стадионот на шпанскиот клуб вечерва се игра доста динамичен меч дуел меѓу домаќинот и милански Интер. Следејќи ја акцијата на Николо Барела, камерата во еден момент ги покажа трибините со навивачите на Барса, каде се вееја трите македонски знамиња.

Играчите во моментот се повлечени во соблекувалните и го чекаат почетокот на второто полувреме во кое Барселона влегува со предност од 1:0, гол за кој беше заслужен Усман Дембеле во 40 минута.

Соопштение од прилепски Водовод: На овие улици денеска ќе има прекин во водоснабдувањето

Соопштение од ЈКП Водовод и канализација Прилеп

Водоснабдувањето на ден 13.10.2022 (четврток) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 265л/с, од кои 225/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:

– ул. “Тетовска” – од ул.”Борка Талески” до ул. “Цар Самоил” и ул. “Блаже Иваноски” (населба Рид и населба Тапани), ул. “Егејска”, ул. Глигор Прличев, ул. Цена Џинорозот, с. Лагово

Владата планира јавната администрација да работи од дома?

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, во вечерашната „Топ тема“ на Телма откри дел од мерките и препораките на Владата за намалување на расходите на буџетските корисници, од кои повеќето досега не беа обелоденети во јавноста.

Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата, која единствено беше соопштена јавно, документот содржи уште неколку точки, меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во Агенцијата за национална безбедност, во Агенцијата за разузнување, откри Деаноски.

Според него, Владата планира и државната администрација да работи од дома, со ротации. За синдикалците, најспорен е предлогот и, според нив, намерите на Владата да бидат суспендирани или укинати колективните договори со кои се регулираат правата на работниците во одредени сектори.