Гулабоски им одговори на СДСМ: За cтpyja со вас плаќаме цели 5 милиони, штpajк во претпријатието нема, работиме на усогласување на платите (Видео)

СДСМ веќе потрошија два преса каде водени од нискополитички цели, Ве доведуваат до заблуда. Но, фактите, бројките и конкретните датуми се тие кои ја разоткриваат вистината. Факт е дека од 11-ти месец 2021г. ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп плаќа сметки за електрична енергија повисоки од 5.000.000ден., кога претходно сметките не надминувале повеќе од 1.000.000ден – истакна на денешната прес конференција директорот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, Игор Гулабоски.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Ние како јавно претпријатие заедно со другите јавни претпријатија 6 месеци зборувавме и молевме пред Владата на РМ да се изнајде начин како да се надмине оваа енергетска криза која директно не погоди нас, јавните претпријатија. Затоа што централната власт немаше слух и не сакаше да не прими и да разговараме, бевме приморани на локално ниво да го решаваме проблемот се со цел да не дозволиме јавното претпријатие „Водовод и канализација“Прилеп да биде доведено во ситуација да не може да ја извршува својата основна дејност, а тоа е водоснабдувањето. Така доведени во безизлезна ситуација , после направени бројни анализи и консултации, цената на водата беше покачена за 20% или попрецизно просечно семејство ако претходно месечно плаќало 576ден. сега плаќа 694ден.

Но, она што е најбитно, што беше и јасно, и прецизно кажано од претседателот на ВМРО ДПМНЕ г-н Христијан Мицкоски при една посета на Прилеп, во присуство на претседателот на Совет Дејан Проданоски и градоначалникот Борче Јовчески беше тоа дека, доколку Владата на РМ се одважи и најде начин јавните претпријатија каде оснивач се јавува општината да влезат во категоријата на мерки кои ќе користат субвенционирана електрична енергија исто како и државните јавни претпријатија кои претходно беа опфатени со владините одлуки, уште на прва наредна или итна седница на Совет ќе биде донесена одлука со која ќе биде вратена цената на водата во Прилеп.

Откако јас како директор во два наврати јавно алармирав за состојбата на финансиската состојба на претпријатието поради енормно високите фактури за електрична енергија, Ковачески се одважи да ги стави на разгледување и јавните претпријатија кои вршат водоснабдување, после зголемувањето цената на водата, па дури потоа донесоа одлука за субвенционирање на истите за потрошената електрична енергија по цена од 95 евра по МW/h.

Господа од СДСМ, до овој момент ЈКП„Водовод и канализација“ Прилеп сеуште нема потпишано договор со ЕСМ по насоките од Владата за да можеме да преминеме на следниот чекор за намалување на цената на водата како што беше и најавено од страна на претседателот Христијан Мицкоски, градоначлникот и претседателот на Совет.

Зошто Владата не е способна да си ги спроведе своите одлуки во брз од, иако од страна на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп бараните потребни документи се пратени на ЕСМ Продажба уште на 09.11.2022г. треба прашањата да ги упатите на вашите партиски претпоставени функционери кои катастрофално се справуваат со енергетската криза.а очигледно вашите информатори не се доволно информирани или пак можеби и ве лажат. Така да, бидете трпеливи, следете не и ќе се уверите во моментот кога ќе биде вратена цената на водата , откако Владата претходно ќе си ги спроведи сите процедури кои си ги донесе.

Ова само потврдува дека сме биле во право кога баравме да интервенира централната власт во справувањето со енергетската криза на локално ниво, додека вие критикувавте, критикувате и денес ослепени од вашата безидејност како да се нападни управувањето на јавното претпријатие само затоа што не е кадар на СДСМ. Барате оставки од мене како директор и од градоначалникот Борче Јовчески а ние сме тие кои ги преземаме сите чекори со цел да нема што поголеми последици врз претпријатието од оваа состојба која ја затекнавме.

На денешниот прес искажавте уште една заблуда господа од СДСМ. Во Водовод и канализација Прилеп до овој момент нема штајк за кој вие зборувате. Едноставно има разговори и консултации помеѓу синдикатот на јавното претпријатие и мене како директор, со цел да се изнајде законско и издржано решение за усогласување на платите на вработените кое беше предизвикано од законот за минимална плата. Државата за некого е мајка а за некого маќеа, па ние треба да ги решавме проблемите кои тие ги предизвикуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.