дома блог страница 1394

Внимавајте на децата: Куп шприцеви во строг центар на Прилеп (Фото)

Во самиот центар на Прилеп, отспротива на Здравствениот дом, истурен цел куп употребени шприцеви со игли…

Граѓани кои живеат во непосредна близина ни испратија фотографии, загрижени дека нивните деца би можеле да дојдат во допир со опасниот медицински отпад.

Жителите од овој дел од градот упатуваат апел до надлежните веднаш да го исчистат просторот околу контејнерите, но и до надлежните во Здравствениот дом кој е дел од прилепската болница, ако е ова нивни медицински отпад, да го складираат и одлагаат на соодветен начин.

Бектеши: Институциите заштедиja 18% електрична енергија во септември

Министерот за економија, Крешник Бектеши објави статус на Фејсбук во кој откри колку струја заштедиле државните институции.

Според податоците за потрошувачка во септември 2022, споредено со истиот месец лани, државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, објави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук.

Бектеши наведува дека мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции, ги даваат резултатите.

Мобилизација за нови 3 бода: Утре максимална поддршка за нова радост во Прилеп

По одличната игра и високата победа од 0:3 на гостувањето кај Силекс во Кратово, Победа се подготвува за утрешниот дуел од десеттото коло во Првата фудбалска лига, во кое во Прилеп гостува екипата на Академија Пандев.

Прилепчани во дуелот ќе влезат мотивирани и ќе атакуваат на нови 3 бода со кои би имале шанса да излезат од опасната зона на табелата.

Академија Пандев има исто бодови на табелата, само подобрата гол разлика ја позиционира место погоре.

Од навивачката група “Мајмуни” ги повикуваат сите вљубеници во фудбалот утре да ја бодрат Победа на градскиот стадион “Гоце Делчев”.

Натпреварот е со почеток од 14 часот, а собирот е закажан за 13часот пред големиот влез на јужна.

Конечно: Македонија нема да учествува на Евровизија идната година – со парите МРТВ ќе плаќа сметки за стpyja

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023 година, ова денеска преку изјава за ММС го потврдил директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски.

ММС побара официјална информација од директорот Марјан Цветковски, кој ни потврди дека, за првпат по осамостојувањето Македонија нема да биде дел од најголемата музичка манифестација во Европа.

-Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави за ММС, Цветковски.

Македонија нема да учествува на оваа голема музичка манифестација за прв пат од своето осамостојување.

Од 1991 година до денес не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза.

Ова е првпат сами да се откажеме.

Во еден месец две нови песни: Слушнете ја “Уникат” од прилепчанецот Кире Гелев

Прилепчанецот Кире Гелев, кој живее во Бад Херсфелд, Германија, пред 3 недели ја презентираше песната “ДОСТА”, а веќе пред неколку дена објави и уште една песна насловена како “Уникат”.

Гелев не е непознат за музичката јавност и досега има издадено повеќе песни кои можете да ги слушнете на неговиот Јутјуб канал.

Уживајте во уште една извонредна рап нумера во продолжение:

Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование.Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари, а септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве, објави Мета.

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели дека се зголемуваат ставките за минат труд, како и за одделенско раководство.„Ако се реални наставниците, би требало да речат дека се задоволни од ова што го постигнавме, без разлика на инфлација и на тоа што олку време чекавме. Вакво зголемување од 15 отсто, досега во државата никогаш немало“, вели Неделков.

Освен ова покачување, вработените во просветата ќе добијат уште едно покачување. Повисоки плати за најмалку од 3 до 4 отсто се очекува да имаат со јануарската плата.

„Тоа е зголемување за околу дополнителни 1.000 денари“, вели Неделков.

Сонот кој после 11 години стана јаве: Браќа од Прилеп 11 години, камен по камен го граделе овој величествен храм (Фото галерија)

Манастирот Покров на Пресвета Богородица се наоѓа во месноста Чалма – Прилеп, на неколку километри оддалечен од Прилеп, во непосредна близина на Волково село.

На 13.10.2018 година, се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. После 11 години секојдневна работа, се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, цели 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми.

Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и’ дошол на сон.

Денеска овој свет храм зрачи со посебна убавина, а голем број луѓе го посетија и за празникот Успение на Пресвета Богородица.

Манастирот има конаци, кујна, прекрасно поплочен двор со клупи за одмор и поглед за мерак кон Пелагониско поле.

Се започнало во 2002 година, кога на ова место бил подигнат мал параклис. Браќата Спиркоски со своите четири раце секој ден качувале цигли, ќерамиди, кревале, влечеле со јажина, а крајниот подарок за сите граѓани е овој – манастир кој вреди да се посети и секогаш да се ужива.

Главната манастирска слава е на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, а другата слава им е „Свети Трифун“.

Бидете раат Ковачески кажа: “Нема платење на кратите”

Спијте мирно….

Разрешен бакалoт од Лажани кој стана директор во ЕСМ…која е причината?

ЕСМ по неполни два месеци го промени директорот од прилепско Лажани, инаку сопственик на локален маркет, кој досега беше прв човек на подружницата која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја – пишува порталот “ФАКТОР”

АД ЕСМ на крајот од август го назначи Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба. Функцијата управител тој требаше да ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година.

Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година изротира четворица директори.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Потомок на авторот на „А бре, Македонче“ – народниот херој Ордан Михајлоски-Оцка од Прилеп: “Нема цензура со верзијата од Куманово, така отсекогаш ја изведувале сите хорови”

Прилепчани, веројатно најмногу од сите Македонци се емотивно поврзани со борбената химна на македонските партизани – А, бре Македонче, тоа е така и заради 11. Октомври и затоа што песната е создадена од тројца Прилепчани, првоборци партизани: Крсте Црвенковски, Коле Чашуле и Ордан Михајлоски – Оцката по кого и ден денес се именува музичкото училиште во Прилеп.

Затоа редно е да ја знаат вистината, без манипулации и извртувања. Онака како што ја испеале хероите во 1941 година, „Хорскиот аранжман на ‘А бре, Македонче’, направен од еден од најмаркантните и најзначајни личности заслужни за развојот на хорската музика во Македонија во втората половина на ХХ век, професорот Драган Шуплевски.

Шуплевски, аранжманот го направил во доцните седумдесетти години на минатиот век и оттогаш, па наваму, овој аранжман, со овие стихови е изведуван од речиси сите хорови во Македонија“ пишува Александар Трајковски, потомок на Ордан Михајловски-Оцка, автор на музиката и ко-автор на текстот на песната „А бре, Македонче“.

Тој додава дека ова никогаш не претставувало проблем и објаснува дека измените на текстот се направени од Шуплевски поради акцентирањето и метричкото усогласување.

Трајковски објаснува дека во периодот кога Шуплевски го правел аранжамнот, композицијата била третирана како народна, бидејќи авторските права биле признати дури во 1990 година и постоеле три верзии од „спорниот стих“.

„Тоа се ‘денешните тирани’, ‘клетите фашисти’ и ‘клетите душмани’. Досега, јас не сум сретнал факти кои ќе покажат и докажат, во кој момент од ‘живеењето’ на композицијата, настанувале овие промени.

Но, во домашната архива поседувам историски документ, во кој јасно е наведено дека на првата изведба на ‘А бре, Македонче’, на 8 ноември 1941 година, во селото Царевиќ (Прилепско), композицијата е изведена со стихот ‘денешните тирани’.“ пишува Трајковски.

Тој додава дека ова е првата и оригинална верзија на песната, што значи дека најпопуларниот стих „клетите фашисти“ воопшто не е дел од првичната верзија.