дома блог страница 1393

Прилепските велосипедисти од В.К. & Сервис “ИЛИНДЕН” одлични на Купот на Србија (Фото)

На Ушче во Белград, денеска се возеше Купот на Србија, а на натпреварот учество зеде и еден од најдобрите македонски велосипедски клубови В.К. & Сервис “ИЛИНДЕН” од Прилеп.

Тројца прилепчани се натпреваруваа и забележаа одлични резултати. Андреј Маџоски и Никола Ристески се натпреваруваа во конкуренција на кадети, каде Маџоски освои трето место, а Ристески заврши на шеттата позиција.

Додека во конкуренција на У15, Константин Костоски го освои второто место.

Ова е уште еден одличен резултат во низа за прилепските велосипедисти од В.К. “Илинден”, кои под водство на тренерот Драган Димитријоски редат успеси каде и да се појават.

Честитки и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Teшка cooбpaќajка на патот Прилеп-Битола – Од yдapoт едното возило се преврти на коловозот

Попладнево на регионалниот пат Битола – Прилеп се случи тешка сообраќајна незгода во која се cyдpиле две возила

Едното од возилата при yдapoт се отпpeвpтило. Засега не е познато дали има жpтви или повpeдени во нecpeќата.

Со прекрасен еврогол на Рамани, Победа стигна до реми против екипата на Горан Пандев (Видео)

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ пред повеќе од 3.000 гледачи, во натпревар од 11-тото коло на Првата лига, Победа и Академија Пандев ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Во меч со скромен квалитет и малку возбудувања, по се видено се чини дека поделбата на бодовите е реален исход. Црвено-белите, осоколени по победата во Кратово, очекуваа таа победа да биде ревалоризирана со уште еден-домашен триумф, а од друга страна струмичани пак со ремито во Прилеп ја прекинаа црната серија од 4 последователни порази.

Но, значењето на мечот си го направи своето, а домаќините не одговорија адекватно на притисокот и императивот да се оствари уште еден домашен успех.

А. Пандев од друга страна се чини беше поопасна, Велиновски и Марковски имаа изгледни шанси, додека Победа со единствениот удар во рамката на голот на Јованоски постигна израмнувачки евро-гол, преку младиот репрезентативец Рамани во 75-тата минута, откако претходно во 59-тата минута гостите поведоа со голот на Велиновски.

До крајот, и покрај израмнувањето, црвено-белите не успеаа да создадат дополнителен притисок и створат акција за резултатски пресврт. Со многу често сецкање на играта и прекини ритамот беше нарушен, нешто што повеќе им одговараше на гостите па на крајот остана конечниот резултат 1-1.

Победа: Тофилоски, Бошески, Ѓурковиќ, Стомнароски,Хани (од 65 минГалевски), Рамани, Паноски, Дадет (од 60 минПетејчук),Мазари, Тодоров, Џејмс (од 65 минБ. Спиркоски).

Во среда на 19 октомври од 14 часот Победа, во последниот натпревар од 1/8-финалето на Купот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе ја пречека Македонија Ѓ.Петров.

За Ковачевски најдобрите ќебапчиња биле во Гостивар?

Денешната посета на Гостивар, премиерот Димитар Ковачевски ја искористи и да руча ќебапчиња.

-Дахири ги прави едни од најубавите ќебапчиња во Гостивар, ако не и во земјата. Цели 35 години е сопственик на семејната ќебапчилницата во која и тој и семејството вложуваат многу љубов и работа. Нашите луѓе се добри и работливи, ми беше чест што денес стекнав нов пријател, и што знам каде повторно да дојдам на ручек, објави Ковачевски на Фејсбук.

Фатени тpojца млади битолчани кои кpaделе делови од машини во РЕК Битола

На 14.10.2022 во СВР Битола – Полициско одделение Новаци бил извршен службен разговор со М.К.(19), С.А.(19) и Д.К.(21), сите од Битола.

Тие се сомничат дека на 13.10.2022 околу 21.00 часот на место викано „Балдовенци“, во кругот на РЕК-Битола, одзеле делови од работни машини и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пpeтpecи и апceња во Прилеп и Битола: Кај тpojца млади пpилепчани пpoнајдена мapиxyaна

Извадоци од билтенот со дневни настани на МВР

-На 14.10.2022 во 21.50 час на ул„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.С.(22), А.М.(24) и А.П.(21), сите од Прилеп. При претрес во возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Г.С., а сопатници биле А.М. и А.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-На 14.10.2022 во 19.00 часот од ул„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Скопје. при преглед во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-На 14.10.2022 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(21) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Шекеринска се враќа во политиката

На конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска, истакнат член на СДСМ, е избрана за потпретседателка на ПЕС.

„Честа е дотолку поголема што ова е првпат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската Унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша Шекеринска на својот фесјбук-профил.

Таа сооопшти дека се повлекува од министерската позиција поради принципиелни причини и нема да учествува во составувањето на новиот владин кабинет со кој, по повлекувањето на Зоран Заев, ќе управува новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Со едно багерче се гради патот на Плетвар? 36 месеци иста приказна, животот на ризик

Веќе 3 години иста приказна …експресниот пат Прилеп-Градско кој се ветуваше дека ќе е готов уште во 2020. година, остана само пуста желба до ден денеска за жителите од Пелагонискиот регион.

Дали деновиве и огромен дел од механизацијата е повлечена, па сега останаа неколу валјаци и едно багерче…

Толку ли заслужуваат жителите на Пелагонија? Три години иста лага…еве само што не сме завршиле.

Неодмана објавивме и видео на кое може да се види дека поради лошата обележаност и регулираност на сообраќајот, се создаваат километрски колони.

А се возеше и на англиски начин, по лева страна….

Асфалтирањето на делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп-Градско започна во јуни годинава. Во изминатите 3-4 години властите се фотографираа безброј пати на овој патен правец. Различно е само тоа што се менуваа министри, директори…, а прилепчани и натаму се отсечени од останатиот дел на Македонија. Од едната страна крш пат кон Битола, од друга страна високо ризичен пат кон останатите градови.

Внимавајте на децата: Куп шприцеви во строг центар на Прилеп (Фото)

Во самиот центар на Прилеп, отспротива на Здравствениот дом, истурен цел куп употребени шприцеви со игли…

Граѓани кои живеат во непосредна близина ни испратија фотографии, загрижени дека нивните деца би можеле да дојдат во допир со опасниот медицински отпад.

Жителите од овој дел од градот упатуваат апел до надлежните веднаш да го исчистат просторот околу контејнерите, но и до надлежните во Здравствениот дом кој е дел од прилепската болница, ако е ова нивни медицински отпад, да го складираат и одлагаат на соодветен начин.

Бектеши: Институциите заштедиja 18% електрична енергија во септември

Министерот за економија, Крешник Бектеши објави статус на Фејсбук во кој откри колку струја заштедиле државните институции.

Според податоците за потрошувачка во септември 2022, споредено со истиот месец лани, државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, објави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук.

Бектеши наведува дека мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции, ги даваат резултатите.