Maслото “Брилијант” поевтини за 40 денари

Маслото за јадење е поевтино, а цената на репроматеријалите мирува, констатираше денеска извршниот директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“.

„Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината“, истакна Наумоски кој додаде дека нема да ги користат владините поволности за поевтина струја за прехрамбената индустрија од 1 декември, бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи.

Ковачевски пак порача дека во период на тешка економска криза домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи, меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните.

Согласно податоците, вкупно 518 субјекти, од кои 235 производствени капацитети на основни прехранбени производи се пријавија за снабдување со електрична енергија со пониски цени преку „ЕСМ Продажба“ и тие ќе бидат снабдувани со струја по цена од 85 евра за мегават час, која треба да влијае на намалување на цените на основните прехранбени производи. На 1 декември ќе се видат и првичните резултати на пазарот од мерката за поевтина струја и според сите параметри се оекува намалување на цената на производите за најмалку 10 отсто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.