дома блог страница 1379

За многу години Петковден: Денеска е Преподобна Параскева

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 октомври.

Денеска е Преподобна Параскева-Петковден.

Во народот позната како света Петка. Неа и е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани.

Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост.

Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Учениците од ООУ “Блаже Конески” Прилеп уживаат на часовите по историја: Еве како се пренесува знаењето и љубовта кон Македонија, македонските дејци и револуционери (Фото галерија)

Учениците од ООУ “Блаже Конески” Прилеп, имаат единствена можност да УЖИВААТ во часовите по историја, а за тоа се грижи нивниот наставник Горјан Василевски, кој на одличен начин преку теренска настава, им ја добилижува историјата и им го пренесува знаењето за македонските дејци, револуционери и историски места.

Во рамки на оваа теренска настава, Василески и неговите ученици ги посетија селата Слоештица, Цер и Смилево.

Ученичката Димоска Марија од Новинарската секција, подетално ни раскажа за посетата на овие места и што се’ имале прилика да научат.

-Целта на оваа посета е некои од местата и настаните кои што ги учиме од книга да ги видиме и во живо.
Наша прва дестинација беше селото Слоештица каде што му оддадовме почит на писателот и поет Петре М. Андреевски и наставникот ни одржа предавање за неговиот живот и дело, посебно за романот Пиреј и поемата 1903 (Слобода или смрт). Од Слоештица го посетивме и селото Цер каде славно загинале Христо Узунов и неговите соборци за слободата на Македонија. Пределите во овој наш регион се идилични. Зелено-жолта боја и свеж ветер, есенски.

Следно се упативме кон селото Смилево. Наставникот ни раскажа дека од ова место потекнува Даме Груев, мозокот на Илинденското востание и иницијатор на Смилевскиот Конгрес. Напраивиме краток одмор покрај споменикот на Даме Груев кој што се наоѓа во самото село. Потоа се упативме кон родната куќа на овој наш револуционер.

Пристигнавме. Во неа владеше посебен мир. Тоа беше чудно чувство каде замислуваш историја за еден човек, за една идеја, за еден изгубен живот… негов и на многу други. Неверојатно е чувството кога со свои очи ќе видиш пушки, куршуми и други зачувани предмети кои датираат од тоа време, оргинални писма и книги поврзани со животот и делата на борците за наша слобода – ни напиша Марија.

Ваквиот вид на настава значително ќе го подобри пренесувањето на знаењето наставник-ученик и треба да претставува метод кој редовно ќе се користи и по други предмети во училиштата.

Ние го поздравуваме потегот на наставникот по историја Василески и посакуваме што повеќе просветни работници да го следат неговиот пример.

(ФОТО) Силна детонациja вечерва ги вознемиpи корзомаалци

Силна детонација вечерва околу 20 часот се слушнала од објект на улица “Сотка Георгиоски”, во населбата “Корзомаало” во Прилеп.

На лице место интервенира екипа на Територијалната противпожарна единица, а засега не се познати причините поради кои настанала експлозијата и дали има повpeдени лица.

Повеќе информации подоцна…

Апceње во Битола: Падна 26 годишен дилep – полициjaта му пpoнajде xepoин, пиштол и кypшyми

На 26.10.2022 во Битола, полициcки cлyжбеници од кpиминалиcтичката полициja при СВР Битола го лишиле од cлобода А. Д.(26) од Битола.

При пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени xepoин, пиштоли и кypшyми.

Тој бил пpиведен во полициcка станица и по целосно документирање и pacчиcтyвање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат од СВР Битола.

Пред параклисот кој го изгради прерано починатиот прилепчанец Ристо Тошески, денеска се празнуваше празникот Св. Злата Мегленска: Домаќин беше градоначалникот Јовчески (Фото)

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 октомври.

Денеска е Света великомаченичка Злата Мегленска. Именден празнуваат: Злата, Златка, Златица, Злате…

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш, кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа.

Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Он ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дојдоа нејзините родители и ѝ рекоа: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.“ И плачеа горко родителите, сестрите и роднините.

Но, витешката душа на света Злата не даде да биде победена од ѓаволските стапици. На своите родители им одговори: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка – Богородица, а браќа и сестри – светителите и светителките.“ Тогаш Турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата.

Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа и ѝ даваше сила во страдањето. На крајот, ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така, оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови.

Во Прилеп празникот најмасовно се празнува пред параклисот посветен на светицата на ул. “Петта прилепска бригада”, свето место кое го изгради прерано починатиот прилепчанец Ристо Тошески.

Кај параклисот денеска домаќин беше градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, а присутни беа голем број верници.

-Задоволството и честа денес да бидам домаќин е огромна, а исто така и честа која што со вашето присуство ми ја укажавте и заедно го одбележавме денешниот празник посветен на Света великомаченичка Злата Мегленска — македонска светителка и маченичка од времето на османлиското владеење. Пред параклисот на Св. Злата Мегленска на сите присутни им посакав здравје и среќа во нивните домови, многу бериќет и што е најважно како што велела и Света Злата Мегленска „Јас верувам само во Христа и нему му се поклонувам“ што значи вербата во Бог никогаш нека не не напушти. Сакам да им честитам на новите домаќини кои и наредната година ќе ја продолжат оваа прекрасна традиција. Да сте ми живи и здрави, за многу години – напиша Јовчески на ФБ.

Победи срцето на терен: На радост на 1.500 вљубеници во фудбалот, Победа денеска во Прилеп го cpyши лидерот на табелата (Фото)

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, во меч од 12-тото коло на Првата лига, фудбалерите на Победа го совладаа лидерот на табелата Струга Трим Лум со 2-0, полувреме 1-0.

Во тактички најзрелиот меч оваа сезона, мудро и паметно, свесни дека со отворена игра не можат да парираат на хартија на поквалитетниот противник, црвено-белите одиграа со срце и на крајот СРЦЕТО го победи лидерот, го победи претендентот за Европа, го победи многу поскапиот ти, но во фудбалот не играат секогаш парите и буџетите, затоа тој е толку убав и предизвикувачки!

Стружани имаа повеќе од играта, многу поголем посед, но за тоа колку дисциплинирано и со трка одиграа црвено-белите, доволно зборува фактот дека голманот на Победа Тофилоски, така речи и немаше некоја посериозна интервенција, затоа што стружани беа целосно изолирани кога беше во прашање било каква опасност кон голот на капитенот на Победа.

Човек на одлука за денешната победа над стружани се покажа токму стружанецот – Атдхе Мазари, кој имаше две неискористени зицери, но затоа со 2 гола, по асистенции на Спиркоски и Петејчук, го сруши лидерот на голема радост и задоволство на околу 1.500 гледачи, кои задоволни од победата со аплауз ги наградија своите љубимци.

За Петковден во прилепско Волкосело: Црковниот одбор ги кани сите верници

Македонската православна црква и нејзините верници на 27 октомври го празнуваат денот на преподобната Мајка Параскева – Света Петка, заштитничката на жените и светица која им помагаше на болните и сиромашните.

Црквата во изградба “Св. Петка” во прилепско Волкосело за престојниот празник Преподобна маченичка Параскева – св. Петка, во манастирскиот комплекс организира света литургија и ручек за сите гости кои ќе го посетат истиот.

Портите на црквата “св. Петка” ќе бидат отворени за сите верници и добронамерници кои ќе дојдат да запалат свеќа, да се помолат за здравје и да уживаат во празничниот ден.

Црковниот одбор ги поканува сите верници да присуствуваат на одбележувањето на овој голем христијански празник. Литургијата започнува во 10 часот пред параклисот на св. Петка Римјанка во кругот на манастирот во изградба.

Полицајци примиле поткуп за да не напишат казна за поминување на црвено светло, заработија кpивични пpиjaви

МВР соопшти дека биле поднесени кривични пријави против полициските службеници Б.В. и Х.З. , вработени во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ.

Како што информира МВР, пријавените на 25.09.2022 при вршење на сообраќајна контрола на ул. Димитрија Чуповски во Скопје, од оштетениот Г.Ј. побарале и примиле поткуп за да не извршат службено дејствие кое биле должни да го извршат, односно за да не изготват прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Против полициските службеници е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката, информираат од МВР.

Браво: Мицкоски со Мизрахи и Ковачки на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки ќе присуствуваат на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, но според информациите од партијата, не е предвидено негово обраќање. Од ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ потврдија дека освен партиската, на отворањето на клубот ќе присуствува и поголема делегација од Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ што ќе ја предводи Алаксандар Пандов.

Инаку, по најавата за отворање на клубот во Благоевград локалните власти прво го забранија, па потоа се премислија и сепак дадоа дозвола за неговото отворање. Сега градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов вели дека ниту издал, ниту издал дозвола, ниту забранил отворање на приватен македонски културен клуб. За бугарскиот весник „24 часа“ тој вели дека ако некој шпекулирал за неговото име и за градоначалничката институција, тоа било лага.

Овој настан, според Стојанов, немал никаква врска со општината и нема врска со него.

– Група луѓе изнајмиле соба од приватно лице и решиле да направат клуб. Општина Благоевград нема да го официјализира овој приватен настан, коментира Стојанов и додава дека добил покана за нејзино отворање, но нема да оди.

Изјавата од Стојанов следи по информацијата објавена од нерегистрираната ОМО „Илинден“ – ПИРИН дека отворањето на македонскиот клуб официјално го дозволил градоначалникот на градот.

Претходно, Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист”. А во образложението во декларацијата на градскиот Совет стоеше дека „Благоевград нема да биде центар за пропагандни провокации”.

Инаку, Иницијативниот одбор во првичната објава соопшти дека на свеченото отворање на клубот се поканети премиерите на двете земји, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, но македонскиот премиер кажа дека в недела ќе биде во Скопје, а не во Благоевград. Сепак, рече дека веќе се подготвува документација за отворање македонски културен центар во Благоевград и најави дека барање за тоа ќе биде испратено до бугарската Влада. Во врска со отворањето на клубот во Благоевград, порача отворањето на вакви клубови да биде во насока на зближување, а не на раздор.

Клубот е основан од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, а ќе има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Македонија и Бугарија и, според организаторите на настанот, да ги зајакне врските меѓу Македонците и Бугарите ширум светот.

Вчера и од Левица соопштија дека нивна делегација ќе на 30 октомври ќе биде во Благоевград, Бугарија.

Фон дер Лајен во Скопје – поддршка за регионот во вредност од милијарда евра и договор за ФРОНТЕКС на чист македонски јазик

Шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје треба да го презентира пакетот за енергетска поддршка од Европската комисија за регионот во вредност од една милијарда евра, а во исто време ќе се потпише оговорот со Фронтекс, со кој Северна Македонија стапува и во официјална соработка со ЕУ во заедничка заштита на границите. Првиот договор, ФРОНТЕКС, Советот на ЕУ веќе одлучи да се потпише и на македонски јазик, без какви било ѕвездички или фусноти.

Според најавите денес попладне, од страна на премиерот Димитар Ковачевски, на платото пред зградата на владата, ќе биде пречекана шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Посетата на Фон дер Лајен, како што најавија претходно од ЕК, е во контекст на војната во Украина и енергетската криза, а целта е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија.

Еден дел од помошта во областа на енергетската криза, како што најави Фон дер Лајен минатата недела од Стразбур, ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување енергенси со земјите од ЕУ. Тоа значи дека Македонија ќе добива енергенси под услови како за земјите членки на ЕУ што по правило значи пониски цени и подобри услови при купувањето.

Пакетот за енергетска поддршка кој треба да го добие Македонија, заедно со земјите од регионот изнесува една милијарда евра, средства кои треба да помогнат во надминувањето на најголемата енергетска криза од Втората светска војна до денес. Ова е сериозна порака дека нема да бидеме оставени сами да се бориме со кризата, туку дека во Европската унија имаме сериозен сојузник со кој заедно ќе ја пребродиме зимата.

За време на официјалната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денес во Скопје ќе биде потпишан договорот со Фронтекс, со кој Северна Македонија стапува и во официјална соработка со ЕУ во заедничка заштита на границите.

Овој договор беше четири години подложен на вето од Бугарија во Советот на министри на ЕУ за внатрешни работи поради противењето на официјална Софија тој да биде потпишан на македонски јазик. Таканарчениот француски предлог усвоен во македонскиот Парламент во јули го деблокираше потпишувањето на договорот со Фронтекс, кој пред десет дена доби зелено светло во Советот на министрите. Својот глас „ЗА“ го даде и министерот за внатрешни работи на Бугарија.
Договорот ќе биде потпишан на сите официјални јазици на земјите членки на ЕУ и на македонски јазик. Во договорот не е содржана никаква фуснота како што се шпекулираше во јавноста.