дома блог страница 1378

Tapaвapи: Мислам дека Александap Maкедонcки не бил ниту Гpк, ниту Албанец, ниту Македонец

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Само Интервју“ кажа дека Бугарите претеруваат со одредени барања.

„Мислам дека чепкаат во достоинството на македонскиот народ и тоа не е коректно. Некои работи треба да останат во историјата. Мислам дека Александар Македонски не бил ниту Грк, ниту Албанец, ниту Македонец. Бил нешто што сега не постои“, вели Таравари.

Се претерува со барањата такво нешто да биде услов за почеток на преговори со ЕУ.

Ангела Трајкоска од Прилеп и’ донесе сребро на Македонија од Балканското превенство во Букурешт (Фото)

Репрезентативките на У15 репрезентацијата во борење на Македонија од Прилеп, Ангела Трајкоска, Елена Дејкоска и Тамара Цветаноска се во Букурешт, каде од 27-30 октомври се одржува Балканско првенство.

Со нив заедно е и селекторот на женската репрезентација Илчо Марковски, кој е исто така од Прилеп.

-Македонската репрезентација има успешна традиција во освојување медали на Балканските првенства. Минатата година во Прилеп ни донесоа два бронзени, а оваа година веќе имаат сребро.

Вицешампион за Македонија и Прилеп беше Ангела Трајкоска, која настапи во категорија до 39кг.

Честитки за Ангела и за тренерот, а очекуваме и вести за настапите на Дејкоска и Цветаноска.

Прекрасна глетка: Храмот Св. Петка во Прилеп претесен да ги собере сите верници на денешниот празник Петковден (Фото)

Прилепчани масовно присуствуваа на божествените литургии денеска на Петковден во црковните храмови.

Најголем број верници како и секоја година го посетија црковниот храм Св. Петка во населбата Точила.

За многу години и напомош!

Отворен Балкан добива поддршка и од опозицијата и од власта, договорите за остранување на работните дозволи поминале на собраниската комисија за надворешни работи

Се повеќе политички и општествени чинители испраќаат јасни пораки со поддршка на политиките за регионално поврзување, поточно со директна поддршка на иницијативата Отворен Балкан, формирана во 2019 година од властите на Македонија, Србија и Албанија.

Најново е тоа што ветеранот и еден од идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер и амбасадор, Марјан Ѓорчев, деновиве во јавен ТВ настап на Канал 5 телевизија изјави:

“Отворен Балкан е добра иницијатива затоа што помага во движење о на луѓе стоки, капитал и услуги. И на некој начин има поддршка и од САД и од ЕУ, тоа е многу важно, значи без таа поддршка не би имала смисла таа иницијатива. И тоа е некој вид подготовка за тоа што не очекува во иднина, но ние самите ќе треба да си го направиме нашиот македонски дом, а Отворен Балкан е од тие начини да ја подобриме трговската размена нашите капацитети да работат и ќе обезбедиме поголем раст на економијата и поголемо задоволство кај нашите граѓани.“

Дополнително, деновиве, како што дознава Маркукуле од собраниски извори, на седница на собраниската комисија за надворешни работи раководена од опозицијата конечно биле ставени на дневен ред и разгледани заглавените ратификации на меѓународните договори од Отворен Балкан, конкретно оние кои се однесуваат на слободен пристап до пазарот на трудот и на идентификациски број за граѓаните на Отворен Балкан.

Со тоа, односно откако законите ќе поминат и на пленарна седница во Собранието, практично ќе се овозможи да се поедностават административните процедури за влез, движење, престој и работа на граѓаните на земјите потписнички, а земјите ќе гарантираат дека сите ќе имаат еднаков пристап на работа, без разлика од која земја од потписничките доаѓаат. Лицето кое ќе сака да работи во една од државите од Отворен Балкан нема да мора да бара и добива работна дозвола и дозвола за престој во земјата што го прима.

Со овој потег, со деблокадата на законите од Отворен Балкан, македонската опозиција практично покажува дека придонесува кон регионалното поврзување и дека не е противник на иницијативата Отворен Балкан за која се вели дека ја поддржуваат 70% од граѓаните на Македонија.

Интересно е дека деновиве и лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, не штедеше зборови на пофалба за иницијативата:

„Јас сум за Отворен Балкан, добро е да ги тргниме границите, да ги тргнеме царините. Да се зголеми слободниот проток на стока, луѓе и капитал. Тоа ќе придонесе за трговската размена, ќе го подигне ГДП, тоа ќе ја подигне конкурентската способност за сите овие земји на Отворен Балкан. Тоа е добра работа и треба да го поддржуваме и да работиме на остварувањето на целите и задачите коишто произлегуваат од Отворен Балкан, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во емисијата “Само вистина” на Канал 5.

Во тековните состаноци на лидерите на земји членки на Отворен Балкан, вчера се одржа и онлајн состанок на кој членките на Отворен Балкан договрија заедничко претставување на придобивките од иницијативата на Берлинскиот самит на ЕУ посветен на Западен Балкан.

На состанокот лидерите истакнаа дека Отворен Балкан e препознаен како позитивна регионална иницијатива која веќе дава конкретни резултати за компаниите и за граѓаните кога се во прашање европските слободи за движење на луѓе, услуги и стоки. За таа цел на претстојниот Самит за Берлински процес лидерите се договорија да ги пренесат сите позитивни искуства од Отворен Балкан.

Соработката на лидерите во следниот период ќе биде фокусирана многу повеќе на заедничка поддршка за време на кризните состојби предизвикани од недостатокот на храна и струја. А државната администрација ќе се мобилизира за поддршак на бизнисот и граѓаите во овие кризни моменти.

Уaпceн 28-годишник од битолско, му пpoнaшле пyшки, пиштол и кypшyми (Фото)

Денеска (27.10.2022), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Битола. При претрес во неговиот дом во с.Мусинци, битолско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и околу 250 куршуми од различен калибар.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Шекил Онил ја поздрави Македонија и македонскиот дизајнер кој му изработи специјални патики (Видео)

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски и SWithADot изработија посебни патики за водителите на најпознатото шоу за кошарка во светот, Inside the NBA.

Четворицата водители на шоуто, Ерни Џонсон и легендарните кошаркари Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит во емисијата ги покажаа патиките со нивните ликови и се заблагодарија за оригиналниот подарок.

„Голем поздрав од Атланта до Македонија и Сатја Грабулоски. Неговата компанија SWithADot, е единствената во светот што изработува уникатни обувки, еве може да ги видиме овие за филмот Спејс Џем. Прекрасна уметност. Еве, и за Кристијано Роналдо. И знаете што? Сатја направи еден пар и за нас, наречени Inside the NBA’s“, рече водителот Ерни Џонсон, кој важи за најдобриот познавач на американската кошарка.

Нови цени на гopивата од полноќ: Еве што пocкапyва

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45% во однос на одлуката од 25.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,207%, кај дизелот намалување за 1,780%, кај екстра лесното масло намалување за 0,901% и кај мазутот зголемување е за 1,027%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 28.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Откако цените двојно се зголемија, Бектеши најави поевтинување за 10% на основните продукти

Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, но можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија. Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар. Поради ова се очекува најпрво да се стабилизира пазарот, а потоа цената на лебот да се намали за околу 10 проценти.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, до крајот на денот стопанските комори треба да достават дополнителни предлози со кои би се проширила листата на компании за поддршка. До утре ќе се направат сите калкулации во однос на евентуалните финансиски импликации, по што ќе биде донесена и конкретната одлука.

Бектеши очекува поради намалувањето на цената на електричната енергија, компаниите од прехранбената индустрија да ги поевтинат производите. Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, рече, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи.

Според компаниите, поевтината струја за еден месец ќе овозможи стабилизирање на пазарот, по што може да се утврди намалувањето на цената на пекарските производи за околу 10 отсто.

-Во финалната цена на одреден производи влегуваат многу инпути, а еден од нив е и електричната енергија. Во делот на инпутот на електричната енергија, тоа што моментно го имаат ќе биде двојно пониско и согласно таа формулација ќе бидат намалени најверојатно и цените на основните производи. Очекуваме до крајот на денот дополнителни предлози од стопанските комори за да се надополни листата. До утре ќе се напарават сите калкулации во делот на финансиските импликации. Можно е да бидат вклучени и преработувачите на месо и месни производи, но тоа веројатно ќе се знае утре, кога се очекува Владата да донесе одлука по направените анализи за потрошувачката и евентуалните финансиски импликации. Компаниите ќе плаќаат под 100 евра за мегават час, односно двојно пониска цена од онаа на регулираниот или речиси тројно пониска од онаа на отворениот пазар, информира Бектеши по средбата со претставниците од пекарската индустрија.

Според него, до крајот на април ќе се намалат оперативните трошоци на компаниите.

-Со тоа, секако,компаниите ќе можат да направат дополнителни калкулации во одредувањето на цените на производите. На ист начин, речиси слични одлуки, веќе се подготвени во соработка со ЕСМ и со другите енергетски компании, како и со институциите, посебно со Централен регистар, рече министерот.

На прашањето дали и натаму домашното млеко ќе биде поскапо од увезеното, Бектеши одговори дека Владата за ова има соодветни механизми.

-Мислам дека нема да биде поскапо. Владата има механизми, ако тоа се злоупотребува може директно да донесеме некои одлуки согласно кризата за замрзнување на цените одредени прехранбени производи, истакна Бектеши.

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски објасни дека по плаќањето поевтина струја, најпрво ќе следува стабилизација на пазарот па дури потоа ќе може да се каже за колку ќе поевтинат основните производи. За ова, потенцира Ѓорѓиевски, е неопходен сублимат од повеќе чекори, но и овој првиот, истакна, е многу значаен.

Пендаровски: Да не се брза со процесот на уставни измени

Претседателот Стево Пендаровски смета дека не треба да се брза во процесот на уставни измени за вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот затоа што има 14 месеци до завршувањето на процесот на скрининг. Дотогаш, вели, може да детектираме и поправиме нешто во однос на потребните реформи, а кога тој процес ќе биде при крај, тогаш да се види дали се има потребното дотретинско мнозинство.

-По мене суштински е во тој процес да не се оди со главата нанапред без да се мисли каде евентуално може да удриме. Не би сакал ни случајно, ниту како граѓанин, ниту како претседател да видам процеси слични на усвојувањето на Преспанскиот договор, рече Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител.

Мојот совет до Владата и до јавноста е да одиме плански и да не брзаме во тој процес.

-Имаме 14 месеци скрининг. Не мислам дека тоа треба да биде апсолутен политички приоритет број еден. Ние имаме толку многу реформи со скрининг да ги детектираме и поправиме и кога ќе дојде време на крај тој процес тогаш ќе прашаме во Парламентот имаме ли сега двотретинско мнозинство, вели претседателот Пендаровски.

Тој смета дека се смешни тврдењата на опозицијата дека ќе се изборат за нова преговарачка рамка, или за поништување на Преспанскиот договор.

-Тоа е приказна за мали деца. Ќе го преговараме Преспанскиот или нова рамка. Од она малку што го знам нешто за меѓународни односи и преговори, а ги имаше многу од Рамковниот договор во 2001 навака, тврдам дека тоа е невозможно. Можно е само ако државата се вика САД, Франција, Германија, Кина Русија …, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека во однос на францискиот предлог има нова анкета за поддршката од македонските граѓани која бележи, според него, поприлично голем пад на оние кои се против него.

-Има понова анкета во која процентот на лица кои не го поддржуваат францускиот предлог од 70 отсто колку изнесуваше летото, сега е паднат за околу дваесет отсто, што е драстично пониско. Се уште не сме во мнозинство за таканаречениот француски предлог, но факт е дека отако луѓето видоа дека нема никаква опасност се намалува процентот на оние кои се против, рече Пендаровски.

Потврда дека, како што нагласи претседателот, француската рамка или претходно бугарските барања, не не поништуваат, не не оспоруваат како Македонци е денеска потпишаниот договор со ФРОНТЕКС на македонски јазик.

-Атаците на Бугарија неспорно две годии наназад беа насочени кон македонскиот идентитет. Клучна битка во преговорите беше да го задржиме идентитетот односно јазикот бидејќи другите работи се лична работа на секој од нас јазикот да биде официјален покрај сите други официјални во ЕУ. Ние тоа го имаме и нема никаква звездичка, има македонски јазик, рече Пендаровски.

Водата за пиење во неколку прилепски села не е погодна за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од водоводните мрежи: л.в.с Алинци, л.в.с Ерековци (двор – водоводна мрежа), л.в.с Канатларци – бензинска- водоводна мрежа, Ореовец – ј.ч сред село, Беловодица(двор – водоводна мрежа), Плетвар – јавна чешма, Плетвар – крајпатна чешма Че, л.в.с Загорани и л.в.с и Веселчани (двор – водоводна мрежа), Не одговараат за употреба. Во л.в.с Лагово – Петрески Тоде (водоводна мрежа) одговара за употреба.