дома блог страница 1380

Николоски во друштво на 40 највлијателни личности во Европа под 40 години

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во следните 3 дена ќе учествува на серија настани во Брисел посветени на состојбата во Европа со два главни фокуси – „Промени во време на криза Нов социјален договор за нова ера“ и „Европскиот демократски проблем”. Настаните се во организација Европската Унија и познатата тинк тенк организација „Пријатели на Европа“ кои го избраа Николоски за дел од т.н. програма „40 под 40“ каде што Николоски е во друштво со највлијателните 40 личности под 40 години од Европа кои што имаат силно влијание во општествените случувања, политичките процеси во Европа, бизнисот, медиумите и граѓанскиот сектор.

Во Брисел во наредните 3 дена се случува најголемиот годишен настан на кој е предвидена дискусија со голем број политичари, премиери, комесари од ЕУ, европратеници и пратеници во националните парламенти, професори од светски познати универзитети, невладини организации, граѓански активисти, новинари. Учествуваат над 200 учесници. Започнува со гала вечера, продолжува со два дена интензивна работа која ќе се пренесува во живо во преку 40 земји, а чија главна цел е да се дефинираат политики кои ЕУ ќе ги реализира во следните години. На годинешниот настан е предвидено да се разговара за состојбата во Европа и предизвиците со кои се соочува Европа во новата ера како и за транзиција и промени во услови на криза, а предвидено е и да се разменат идеи и погледи помеѓу учесниците и креирање нови политики кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

Во рамки на програмата предвидено е Николоски да дискутира и да се сретне со голем број влијателни политичари од Европа како што се заменик премиерот на Белгија Петра Де Сутер, потпретседателот на Европската Комисија Дубравка Шуица, еврокомесарите Елиса Фереира и Марија Габриел, претседателот на комитетот за индустрија на Европскиот парламент Кристиан Бушои, заменик премиерот на Шпанија и министер за Економија и дигитална трансформација Надја Калвињо, поранешниот претседател на Литванија Далиа Грибаускајте, Клаус Веле генерален секретар на Европскиот Парламент, Јулија Свириденко прв потпретседател на Владата на Украина и уште многу врвни политичари и општествени чинители од цела Европа.

Целта на ваквиот настан е подобро вмрежување помеѓу општествените чинители во Европа, размена на идеи и размислувања со цел подобрување на животниот стандард, придвижување кон нови технологии, дигитализација, зајакнување на економијата и подобро справување со предизвиците со кои се соочува Европа.

Николоски во рамки на посетата на Брисел ќе даде свој придонес и видувања каде Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат Европа во следниот период, ќе ја нагласи потребата од почеток на преговори за членство со ЕУ без одлагање, заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, како и борба со корупција и воведување на функционален систем на владеење на правото.

(Видео) ЕХФ мафиja грмеше во Битола – Пелистер оштетен од судиите?

Раккометарите на Еурофарм Пелистер синоќа со пораз ја стартуваа новата сезона во Европската лига.

Во преполната сала “Боро Чурлевски” Пелистер загуби од дански Архус со 27:30.

Навивачите сметаа дека македонскиот претставник е оштетен од судиите во неколку наврати на натпреварот, па во еден момент салата грмеше: “ЕХФ мафија”.

Продолжува аферата „Тајни имоти“, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе открие нови имиња

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека високи функционери на власта свесно прекривале колкав имот поседуваат, органите на прогон да покренат истрага.

Според партијата 123 високи функционери на власта кријат таен имот во вредност од 30 милиони евра.

-Аналитичарот на СДС Алберт Муслиу, најпознатиот адвокат на СДС Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски директор на ЈП Македонски шуми и Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово се само дел од функционерите кои го кријат својот имот, а се директно поврзани со владата на СДС. Муслиу дедо на младиот олигарх Дарко Каевски и верен поддржувач на политиките на СДС, пет години не поднел анкетен лист, и покрај тоа што имал законска обврска истото да го стори со оглед дека е назначен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, се наведува во соопштението на партијата.

Според нивните информации истиот поседувал куќа во Скопје и стан во Центар, а се јавува како основач и сопственик на повеќе правни лица, здруженија и фирма за трговија.

-Имено, адвокатот Јевтиќ покрај ангажирањето од страна на функционери на СДС за пишување на тужби за навреди и клевети, е и член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Истиот тој адвокат кој што сигурно треба да знае дека треба да достави анкетен лист до Антикорупциска, го крие, а поседува стан во Скопје, основач е на адвокатското друштво Тошиќ – Јевтиќ, а од 2020 година ја основал и градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Понатаму, директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски не го ажурирал анкетниот лист, а од претходниот имотен лист јасно се гледа дека истиот поседува куќа во Битола, автомобил, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Додека пак Печински кој е вработен во општина Берово е и член на Управен одбор Здравствен Дом Берово и претседател на спортски клуб, крие куќа во Берово и автомобил. Прашањето кое треба да се одговори е дали Валентин Груевски и Печински преку не поднесување на нови имотни листови се стекнале со имот на криминален начин и истиот сака да го прикријат? Власта на СДС преку вакво криминално делување свесно ги уништува системот на државата. Одговорност мора да има, стои во партиското соопштение.

Оттаму велат дека ако Ковачевски не се согласува со криењето имот тогаш да ги разреши.

-Покрај казна за прекршување на законот, бараме институциите да не премолчуваат пред фактите и аргументите и да не се ставаат во одбрана на кршењето на законите во државата, и веднаш да покренат истрага. Органите на прогон служат за да работат согласно законите и Уставот во интерес на граѓаните, а не во интерес на лицата блиски до власта на СДС кои свесно и одговорно прикривале каков и колкав имот поседуваат. Очигледно е дека една од причините е дека се прикривал имотот се со цел граѓаните да немаат јасна претстава колкаво богатство поседуваат високите владини функционери и блиски до луѓе, додека тие едвај преживуваат. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување на аферата „Тајни имоти“ и денеска ќе бидат откриени нови имиња кои што свесно го прекршиле законот и до Државната комисија за спречување на корупција не поднеле точен анкетен лист и покрај фактот што имале обврска истото да го сторат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Eве на кои улици ќе има прекин со водоснабдувањето денеска

Водоснабдувањето на ден 26.10.2022 (среда) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 267л/с, од кои 227/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:

– ул. Егејска
– ул. Орде Чопела (кај Окта)
– ул. Пере Темелкоски
– ул. Дабничка

Пocкапyва и регистрацијата на возила – пocтapите возила ќе плaќaaт пocкапо

И регистрацијата на возила е поскапена, не заради техничкиот преглед туку повисоката еколошка такса велат од станиците за технички преглед.

Од 400 до 700 денари е за патнички возила и 1050 до 1900 за товарни во зависност од староста и зафатнината на возилото. Па така постарите возила плаќаат повисока еколошка такса, објави ТВ21.

Поскапувањето се должи на еколошката такса, велат од станиците за технички преглед.

ЦЕНА ЗА ЕКОЛОШКА ТАКСА

Пеколна атмоcфера во Битола: Еурофарм Пелистер ја започна новата сезона во еврокуповите (Фото)

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва против дански Архус ја започна новата сезона во Европската лига, а Чкембари одново се погрижија да направат пеколна атмосфера во спортската сала “Боро Чурлевски”.

Преполната сала грми со поддршка за домашните ракометари, кои на полувреме губат со 4 гола разлика (12-16).

Димитриевски до Пендаровски: Се срамам што те поддржав за претседател

“Народот кој што таму живее” ех Претседателе мој, се срамам од самиот себеси што те поддржав но и што водев кампања за тебе. Дојде време ни името на сопствениот народ македонски да не смееш да го изустиш, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

– Имајќи почит кон функцијата која што ја обавувате ќе се воздржам од дополнителни коментари но јавно се извинувам на граѓаните што направив грешка при мојот избор и агитирав за Вас да денеска неодговорно кон граѓаните ја извршувате оваа функција. – Надминал македонецот и потешко и полошо и секогаш излегувал појак, истакна Димитриевски.

Секоја чест за Р. Полска која уште од граѓанската војна во Грција ги прифати децата бегалци и им овозможи училишта на мајчин македонски јазик, докажан пријател и партнер на Македонија, додава тој.

За кафе под греалка ќе треба да платите повеќе

Зголемувањето на цените на енергенсите натера едно кафуле од Загреб, Хрватска да почне да им наплаќа на гостите за седење под греалки, пренесува press24.

Кафето со греалка чини 14 куни, а ако не сакате греење, тогаш ќе платите 12 куни, кажа газдата на кафулето во Загреб.

Сличен потег направи и кафеана во Виена, која бара дополнителни пет или 10 евра од гостите кои седат на тераса и користат греалка, објави „Вечерњи лист“.

Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Мистерија Буфо“ во режија на Андреј Цветановски

Во театарот „Војдан Чернодрински“ интензивно се подготвува претставата „Мистерија Буфо“ во режија на Андреј Цветановски, кој првпат соработува со театарот.

Изјава на режисерот

-Подолго време се договаравме со театарот во однос на тоа што би работеле. Низ годините се сменија повеќе текстови, но на крајот се задржавме на „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, бидејќи е еден материјал којшто овозможува креативност и создавање на сцени кои доаѓаат од импровизациите на сцена. Пишуван е како дел од референци на средовековен театар, којшто е доста заборавен во историјата на театарот, а сепак носел некои интересни форми, а тоa се мистериите, кои средновековните актери ги играле на плоштадите за да ги величаат чудата. Низ таа една призма ќе се обидеме да раскажеме приказна за теaтарот, каков бил тогаш и колку тој театар денес носи исти работи. Се обидуваме да создадеме структура, преку која низ сцените ќе раскажеме приказна што ќе е интересна. Претставата ќе има асоцијации, и мислам ќе биде модерна комедија со апсурдни призвуци , комедија со горк вкус.. Ќе биде колективен чин на создавање. Актерската екипа најдобро ќе ги создаде сцените и тоа ќе го направиме низ колективен чин, бидејќи во театарот што го работам мора да има единство. Ќе создадеме радост на играта, што публиката се надевам ќе ја почувствува.

Во претставата ќе играат Марија С.Илијеска, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески, Наташа Ачански и Ангела Наумоска.

Сергеј Светозарев ќе биде автор на сценографијата, Марта Дојчиновска на костимите, драматургијата и преводот е на Лидија Митоска Ѓорѓиевска, а музиката на Томе Темелкоски и на екипата.

Премиерата се планира наскоро.

Владата одлучи дали ќе преминеме на зимско сметање на времето

И покрај размислувањата за продолжување на летното сметање на времето, сепак Владата соопшти дека ќе дојде до поместување на стрелките од часовникот ноќта меѓу 29 и 30 октомври.

-Нема промена во системот на сметање на времето, потврдиле од Владата и повеќе детали најавиле по завршување на владината седница.

Првичната идеја за менување или задржување на зимското сметање на времето дојде токму од „Илинденска“ бр. 2.

Идејата предизвика големи полемики и дијаметрално различни ставови во јавноста каде секоја од страните излезе со свои аргументи “за” и “против”. Најгласни во спротиставувањето беа производителите според кои предлогот не само што нема да овозможи поголема заштеда, туку и ќе има негативни ефекти врз процесот на производство.

Од Министерството за економија пред неколку дена за „Локално“ соопштија дека прават сеопфатна анализа во консултација со експертската јавност, надлежните институции и бизнис секторот за тоа како би влијаело и кои би биле ефектите за промена на сметањето на времето.

Европската комисија пред четири години ја отвори дебатата за целосното укинување на менувањето на зимското и летното сметање на времето.

Анкетата спроведена во тоа време покажа дека околу 83 отсто од жителите на ЕУ изјавиле дека поддржуваат укинување на овој начин на пресметување, по што Комисијата достави официјален предлог до Европскиот парламент, кој го усвои во 2019. На сите држави им беше оставено сами да си одлучат што ќе прават, но во пракса не дојде до промени.