Денес во просториите на Општина Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески оствари средба со присутните гости (ученици и професори) од Италија, Португалија, Полска, Турција и Романија во рамките на Еразмус+ проектот со наслов ,,Unification in diversity”.
Координатор на проектот е професорката Билјана Тошеска од СОУ „Ѓорче Петров“.
Учење за различните култури, обичаи, традиции, карактеристични занаети, етнолошки обележја , традиционална храна, спортски активности, спроведено низ дружење, истражување, работа , игра, забава овозможи проектот ,,Unification in diversity”.
„Ми претставува чест и задоволство што нашата општина Прилеп континуирано работи на проекти од Еразмус програмата и остварува соработка и разменува искуства со многу градови и училишта ширум Европа.“ – истакна градоначалникот Јовчески.
Крајната цел на проектот е зближување на различните ентитети на многу едноставен , природен и за учениците интересен начин . Тоа успешно се остваруваше со секоја посета на државите- партнери.
Воедно на сите учесници им беа доделени сертификати за учество во проектот.
Користејќи разни параметри, суперкомпјутер пресмета кој би требало да се искачи на светскиот фудбалски трон на претстојното Светско првенство во Катар. Сепак, сите знаеме дека фудбалот сепак не е игра на бројки…
Уште само три недели има до почетокот на првиот Мундијал во арапскиот свет, а тоа значи дека прогнозите за новиот шампион сѐ повеќе и повеќе ќе се засилуваат. Сите сакаат да погодат која репрезентација ќе го освои вредниот пехар на ФИФА, често се „консултираат“ и животни, но и технологијата – така што ако може да му се верува на еден суперкомпјутер – тогаш веќе знаеме кој на 18 декември ќе се радува во Катар.
Суперкомпјутерот вели дека светски шампион ќе биде Аргентина, што значи дека Лионел Меси конечно ќе го подигне најдрагоцениот пехар во фудбалскиот свет и единствен кој му недостасува за во очите на многумина да го надмине легендарниот Диего Марадона. Воочи Мундијалот, Меси игра во одлична форма за ПСЖ и токму поради тоа Аргентина според многумина е главен фаворит, особено ако се знае дека е предводена од Лионел Скалони кој минатата година конечно ја искачи на тронот на Јужна Америка.
Аргентина беше светски шампион во 1978 и 1986 година, а играше и во финалињата во 1930, 1990 и 2014 година. На последниот Мундијал, оној во Русија во 2018, Аргентинците се прикажаа во очајно издание.
Ако ѝ се верува на вештачката интелигенција која крајниот резултат го доби анализирајќи бројни податоци за сите репрезентации како квалитетот на играчите, нивната форма, распоредот на натпревари и позицијата на ранг-листата на ФИФА – што често не мора да биде пресудно – Аргентина ќе се радува на Мундијалот во Катар, го пренесува своето истражување агенцијата BCA Research.
Прогнозите велат дека Аргентина во финалето би требало да игра против Португалија. Замислете, тоа би била борба Лео Меси против Кристијано Роналдо за пехарот, финале од епски размери, вистински спектакл доколку навистина се случи.
Запомнете ја оваа прогноза, па ќе видиме колку е точна…
Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по Историја за седмо одделение. МОН соопшти дека примило повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност, пренесува Курир.
Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани.
-Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет, соопшти МОН, но не прецизира на што конкретно се однесуваат претставките за учебникот.
МОН наведува дека заедно со други надлежни институции ќе продолжи да работи на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и дека во тој процес ја вклулува и јавноста со тоа што граѓаните може да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса: [email protected].
Собранието денеска со 63 гласа „за“ го избра Ристо Пенов за министер за локална самоуправа на 88. седница. Пенов доаѓа на министерската функција откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.
Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека заслугите на Пенов не се „толку големи“. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека „е нејасно зошто Курто Дудуш не е предложен за министер за локална самоуправа“.
– Можеби Ристо Пенов бил некогаш подобро запознаен со предизвиците на локалната самоуправа и проблемите со кои се соочуваат општините, но има градоначалници во овој момент кои се соочуваат со актуелните проблеми и знаат што е најсериозно потребно за локалната самоуправа да се развива. Курто Дудуш е од ЛДП кандидат и нејасно е зошто ЛДП нема доверба тој да е министер за локална самоуправа. Курто Дудуш најверојатно не е пожелен ни во ЛДП, ни во Владата да ги застапува интересите на локалната самоуправа, рече Милошоски.
Мојата препорака до премиерот и до Ристо Пенов, како што рече, е „да се охрабрат и да им овозможат на граѓаните да изберат премиер, министер за локална самоуправа, за економија, за здравство и се друго, луѓе на кои ќе им веруваат, бидејќи очигледно е дека овој тим остварува само неуспеси“.
Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, при Советот на Општина Прилеп на седницата одржана на ден 20.10.2022 година дoнесе Одлука за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ Денот на ослободувањето на Прилеп.
Наградата за животно дело – златна плакета се доделува на : Кирил Гегоски – ликовен уметник за животни достигнувања и афирмација на уметноста.
Награди – плакети по повод 3-ти Ноември се доделуваат на:
1.Њу Џенерејшн – здружение за модерни танци – за постигнати резултати во областа на танцот.
2.Клуб за боречки спортови и рекреација „7-ми Мај“ – за достигнувања во областа на спортот.
3.Шаховски клуб Прилеп – за постигнати успеси во шахот и афирмација на Прилеп.
4.Компанија ГрабИТ ДООЕЛ – за особен придонес во развојот на ИТ технологијата и локалното стопанство.
5.TUNING CAR SHOW – спортско туристичка манифестација – за придонес во алтернативниот туризам и афирмација на Прилеп.
6.Фото Кино Клуб Прилеп – за постигнати резултати во воспитувањето на млади таленти во областа на фотографијата и филмот
Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември се доделуваат на:
1.Сузана Спиркоска – одделенски наставник – за особен придонес во реализацијата на образовниот процес
2.Весна Шеремткоска – автор – за особен придонес во развојот на литературното творештво
3.Душко Темелкоски – археолог, кустос – за особени постигнувања во областа на археологијата
4.Вања Ѓорѓиоски и Фросина Ацевска – за освоено 1 место на Светско финале на Меѓународен натпревар по англиски јазик – Хипо.
5.Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески – ракометни судии – за особени достигнувања и афирмација на спортот.
6.Менче Настоска Кадинец – доктор од областа на медицината – за особен придонес и унапредување на квалитетот на здравството во Прилеп
7.Мирослав Димитриески – доктор по земјоделски науки – за особен придонес во стручно-научната истражувачка работа
Еден од најдобрите поединци во екипата на Победа и репрезентативец во репрезентацијата до 21 година на Македонија, Хамза Рамани, преку видео порака се заблагодари за досегашната поддршка од фудбалската јавност и порача: “НИКОЈ КАКО ПОБЕДА ПРИЛЕП”.
Рамани беше стрелец на прекрасен еврогол на натпреварот против Академија Пандев и важи за голем талент од кого се очекува многу и во наредните натпревари.
Рамани има само 20 години И во кариерата досега има настапувано за Велешта и Беласица.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 27.10.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,317%, кај дизелот намалување за 0,078%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,110% и кај мазутот зголемување е за 0,802%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,444%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 29.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Александар Николоски, јас сум од Македонија. Јас сум политичар, пратеник, потпретседател на мојата политичка партија. Би сакал малку да зборуваме за железницата. Мислам дека тоа е одлична, одлична тема и мислам дека не треба да зборуваме само за ЕУ, туку не треба да ги заборавиме и соседните земји, Западен Балкан. Ориент-експрес сите го знаете од историјата. Барем една од двете големи светски војни беа водени за тој регион. Во овој момент не постои. Теоретски постои затоа што има железница. Но, ако вие, на пример, се обидете да земете воз од Виена или од Будимпешта до Солун, тоа е невозможно. Порано одеа со возови од Париз и одеа директно во Багдад, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-За жал, во железницата, сега сме далеку зад она што бевме во 19 век и затоа го покренувам ова прашање, затоа што може да биде спротивно со брза железница, можеш да седнеш во воз во Виена или Будимпешта и за 5 часа да бидеш на море за одмор, тоа е опција А или опција Б, тоа е најдобриот начин да го намалите притисокот на пристаништата во Северна Европа. Мислам, во Антверпен овде или во Хамбург, бидејќи има две големи пристаништа, тоа се Пиреја и Солун кои не се користат добро, бидејќи нема соодветна инфраструктура. Како може да се направи ова? Веќе има проект за брза пруга меѓу Белград и Будимпешта, како и проект за брза пруга меѓу Будимпешта и Виена. Меѓу Атина и Солун има две брзи пруги, а она што во овој момент недостасува е брзата пруга меѓу Белград, Скопје и Солун.
Зошто го покренувам ова, затоа што мислам дека изградбата на оваа инфраструктура многу ќе и помогне на Европа, главно стратешки, бидејќи да не заборавиме дека ова беше првиот проект што Кина го објави кога ја објави својата иницијатива „Појас и пат“ пред шест години. Тие рекоа дека ќе ги купиме пристаништата што значи Пиреја, каде што успеаја да влезат и потоа ќе изградиме брза железница меѓу Атина, Будимпешта и Виена. Дел од оваа пруга се финансира од кинески пари. Но, мислам дека ова е моментот Европа да преземе иницијатива за овој проект. На пример мојот личен сон, мислам дека Скопје и Солун треба да се поврзат со брза железница и за еден и пол час се оди од Скопје до Солун, од едната до другата страна на географска Македонија или од Скопје до Виена каде што ќе одиш за 3 часа или како што кажав од Виена до море ќе одиш за 5 часа, рече Николоски и додаде:
„Тоа ќе го намали загадување значително бидејќи нема потреба да се возите со авиони без разлика дали има поевтини или нормални авиокомпании за да одите на одмор. Но, исто така, трговијата, која ќе помогне да се зајакне економијата на целиот овој регион. Затоа мислам дека ова треба да биде фокус на ЕУ за да дозволи грант за трите земји за Грција, за Македонија и за Србија да ја завршат оваа брза железница, и да ја поврзат Европа со нејзиниот југ и да ја поврзат ЕУ со ЕУ затоа што вие имате ЕУ земја која не е поврзана со останатите земји од ЕУ и треба да помине во земји кандидати како што во овој момент е мојата земја Македонија и Србија, за кои се надевам дека еден ден ќе бидеме членки.
Значи, тоа е одлична иницијатива. Среќен сум што го слушам ова. Нешто како заклучок можеби од сето ова може да додадеме една забелешка до ЕУ како препорака дека токму тие треба да финансираат брза железница наместо Кина да го прави тоа на југот на Европа“.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека победата на Русија би била лоша за сите во Европа и Северна Америка, бидејќи ќе испрати порака до авторитарните лидери дека сите цели можат да се постигнат со употреба на сила.
Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, Столтенберг во ексклузивно интервју за американскиот весник „Политико“ посочи дека успесите на Киев на бојното поле не би биле можни без поддршката на НАТО.
Тој е убеден дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа воена и финансиска помош за Киев бидејќи победата на Путин во Украина исто така би била катастрофа за Украинците.
Пентагон планира да и испрати на Украина нов пакет оружје и друга помош во вредност од 275 милиони долари, соопштија неименувани американски претставници, пренесе АП.
Вашингтон од почетокот на војната со Русија на 24 февруари испорача оружје и друга опрема во вредност од речиси 18 милијарди долари, вклучително и нови 275 милиони долари.
Над 140 делегати кои ги претставуваат синдикатите на фудбалери членки на ФИФПРО ширум светот се собраа во Монтевидео, Уругвај оваа недела на Генералното собрание на ФИФПРО во 2022 година.
Тридневниот настан им даде шанса на синдикатите да ја обликуваат стратегијата и акционите планови на FIFPRO за 2022/2025 година.
Генералното собрание им даде можност на членовите да се поврзат со други синдикати од целиот свет, како и да имаат состаноци на дивизијата.
Уругвајската легенда Диего Форлан се појави на последниот ден од Генералното собрание, презентирајќи им ги дресовите на Ла Селест на членовите на делегацијата на ФИФПРО.
Од Македонија како претседател на синдикатот на фудбалери претставник е легендата на прилепска Победа, Панче Ќумбев, кој ја искористи приликата да се сретне со голгетерот на Манчестер Јунајтед, Виљареал и Атлетико Мадрид.
A во продолжение да ги потсетиме помладите генерации кој беше Диего Форлан: