ДНК во правосудството

Пишува: Филип Георгиески

Нуклеинска киселина застапена во јадрото на клетката – одговорна за наследување т.е. пренесување на наследните особини на организмите, одржување на видовите низ генерации и нивна евентуална менливост. Ова е првата дефиниција што ќе ја добиете доколку “изгуглате” ДНК. На таков начин одредени карактеристики и особини од родителите се пренесуваат врз потомците. Но од неодамна, според последното научно истражување во Македонија, се докажало дека наследно се пренесува и професијата – особено во правосудните органи.

Престижни медицински институти извршиле истражување и анкета врз 2000 испитаници, вработени во правосудните органи и нивните потомци. Резултатот на научното истражување покажува дека 4 од 5 испитаници (потомци) на судии и обвинтели, покажале поголеми предиспозиции да ги заменат своите родители, споредено со останатите правници.

Научниците заклучиле дека професијата се пренесува дури и во крвната групата на потомците. Резулатот на истражувањето покажал дека “младенчињата” со крвна група Rh-фактор СДСМ-позитив имаат поголеми предиспозиции да се носат со високи правосудни функции. Истражувањето е изработено во последните 5 години и ги руши сите закони на природата.

Текстот претставува хумористичен приказ на моменталната состојба во правосудсвото. Информациите се целосно измислени, но резултатот е веројатно точен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.