Новогодишни украси изработени со многу љубов од детски раце: На Св. Никола ќе бидат понудени на продажба во центарот на Прилеп

Учениците од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп, последните денови од годинава, активно изработуваат новогодишни украси, кои ќе ги продаваат на 19.12.2022г. на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“.

Парите кои ќе бидат собрани од продавањето на новогодишни украси ќе бидат наменети за хуманитарни цели – пакетчиња за деца со посебни потреби.

Ги покануваме сите добронамерни граѓани да купат од понудените украси, кои учениците ги изработија со голема љубов и ентузијазам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.