дома блог страница 1376

Нова спортска радост за Прилеп: Елена Дејкоска бронзена на Балканското првенство во Романија

Репрезентативките на У15 репрезентацијата во борење на Македонија од Прилеп, Ангела Трајкоска, Елена Дејкоска и Тамара Цветаноска се во Букурешт, каде од 27-30 октомври се одржува Балканско првенство.

Со нив заедно е и селекторот на женската репрезентација Илчо Марковски, кој е исто така од Прилеп.

Македонската репрезентација има успешна традиција во освојување медали на Балканските првенства. Минатата година во Прилеп ни донесоа два бронзени, а оваа година девојките стигнаа до едно сребро и една бронза.

Сребрена на првиот ден од првенството беше Ангела Трајкоска, која настапи во категорија до 39кг, а денеска со бронза се закити Елена Дејкоска.

Елена е сестра на Маја Дејкоска, поранешна успешна медалистка и репрезентативка на Македонија.

Секоја чест за овие млади девојки кои уште еднаш успеаја да ја израдуваат прилепската спортска јавност.

Ангела Трајкоска од Прилеп и’ донесе сребро на Македонија од Балканското превенство во Букурешт (Фото)

На кого му пречат историските резултати на велосипедистите од В.К. “Илинден” од Прилеп?

Во година во која за прилепскиот велосипедски клуб “ИЛИНДЕН” се известуваше само за победи, а велосипедистите од Прилеп победуваа и на домашна и на меѓународна сцена, минатата седмица се случи нешто што на нозе ја крена целата јавност. Имено, после објавата на претседателот на клубот Драган Димитријоски дека Велосипедската федерација на Македонија одлучила да не настапат на трката “Низ Војводина“, група на граѓани и бизнисмени од Прилеп, самоиницијативно преку социјалните мрежи се организираа и речиси веднаш ги собраа потребните средства за настап на В.К. ИЛИНДЕН на трката во Војводина, на кој настап сега знаеме дека постигнаа одлични резултати. Гест кој ги развесели прилепчани, вест која се споделуваше насекаде, но истовремено го зголеми бесот кон раководството на федерацијата. За подетални информации што точно се случувало разговаравме со претседателот на клубот Драган Димитријоски.

Поради интересот на јавноста и за нејзино подобро информирање би сакале да ве прашаме, што всушност се случи?

-Хајката против Илинден трае подолг период, само што јас јавно проговорив за последната случка, која мислам дека ги помина границите. Фокусирани бевме на натпреварите и формата и не сакав некои нечесни работи негативно да влијаат на децата. Најпрвин на собрание на федерација во зимскиот период, без причина и образложение бев сменет од управен одбор, одлука која и не ми пречеше бидејќи мислам дека функците треба да се менливи, меѓутоа непријатно ме изненади. Потоа имаше една контроверзна одлука која јасно влијаеше само на В.К. ИЛИНДЕН. Имено, после првата одржана трка во Охрид, кога стана јасно дека ние како клуб ќе бидиме високо рангирани на ранг листа, управниот одбор го смени начинот на рангирање на клубовите, тој начин јас го паметам од 1992 година, а сигурно е и пред тоа. Одлуката на управниот одбор е преседан сама по себе, на веќе започната сезона се менува рангирање.

Што значи тоа, и дали тоа резултираше со одлука да не се оди во Војводина на трка?

-Само по себе не, но после тие два негативни моменти, следуваа и други, што само ми ја потврдуваше констатацијата за нечесната игра. Имено, непосредно пред одлуката за Војводина имаше и друга, поголема работа, за која нема во оваа прилика да зборувам јавно, бидеќи уште не ја знаеме конечната разрешница. Само ќе споменам дека има обид двајцата најдобри велосипедисти на ИЛИНДЕН да не земаат стипендија, и со тоа директно да се делува демотивирачки на нив. Одлуката за не одење во Војводина беше “гром од ведро небо“. Јас сум селектор на кадетска репрезентација на Македонија, а за тркава знаев повеќе од месец и патувањето таму го планиравме подолго. Исто така и ја темпиравме формата за трката. Периодот пред состанокот на управниот одбор јас бев во секојдневна комуникација со претседателот на федерацијата, и беше запознат со сите детали – состав на репрезентација, резервирање хотел и други работи потребни за одење на трка. Беше побарано да испратам писмо до управен одбор како селектор, го испочитував и тоа и испратив известување, а на состанокот се донесе таа “чудна“ одлука да речам, која впрочем до мене не е официјално дојдена во која се измислуваат причини. Како бивш спортист, а сега веќе долгогодишен спортски работник, таква одлука ми беше неприфатлива поради натпреварувачите и нивната форма. Да споменам дека викенд пред тоа бевме како клуб на трка во Белград, каде имавме два пласмани во први три. Причините за ваква одлука немаше, освен од неспортска, или лична природа на поединци.

Знаеме дека прилепските компании и поединци ве поддржаа во намерата да учествувате во трката во Војводина. Кажете ни како дојде до тоа?

-Морам јавно да се заблагодарам на бизнис секторот и поединици кои направија нешто што долго ќе се памети. По инцијатива на сосптвеникот и долгогодишен пријател на велосипедскиот и спортот воопшто, Кирил Јандреоски од Пекара “Маја”, кој го сподели мојот статус на ФБ со апел да се соберат средства за наше учество во Војводина, речиси експресно се собраа потребните средства, а помош се нудеше и потоа. Огромна Благодарност до: Кирил Јандреоски- Пекара “МАЈА”, Кире Котески – “Сити ТОБАКО Центар”, Катерина Батаклиева – “Оптика ОПТИЛ” и Артур Пирганоски – пријател на В.К. Илинден од Америка. Се надевам дека во иднина нема ова да се повтори, дека нема да се носат одлуки кои не се во интерес на спортот, кои негативно влијаат на натпреварувачите, демотивациски во секој случај, и дека ќе не остават да си ја работиме работата, а не да “гасиме пожари“ кој некој упорно намерно, ги подметнува.

Во прилог резултатите од трката во Војводина, на која како што спомeна Димитријоски се натпреварувале со велосипедски клубови “џинови“ од регионот, со кои во минатото било незамисливо за се издржи заедно да се дојде до целта, не пак да се качат на пиедестал.

Шефот на украинската тајна служба: Херсон ќе го вратиме до крајот на ноември – Крим е следен!

Генерал-полковник Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина, рече дека верува оти украинската контраофанзива за повторно заземање на Херсон ќе заврши до крајот на следниот месец.

– Русија во моментов се прегрупира во таа област со околу 40.000 војници, вклучувајќи ги и најобучените и најспособните руски единици – изјави тој за списанието „Војна зона“.

Буданов додаде дека тука спаѓаат воздушната одбрана, силите за специјални операции и поморската пешадија.

На прашањето дали Украина планира контраофанзива на Крим, кој беше припоен во 2014 година, Буданов рече дека „тоа ќе се случи следната година“.

На прашањето кога ќе заврши вojната, тој рече дека добра можност за завршување на вojната ќе биде кога Украина ќе се врати на границите од 1991 година, кога се стекна со независност од Русија.

Две жени пpиjaвиле дека биле физички нападнати на две различни локации во Прилеп

-На 28.10.2022 во 10,35 часот во Полициска станица Прилеп Ј.З.(31) од Прилеп пријавила дека на 27.10.2022 во 21,40 часот на раскрсница во Прилеп била физички нападната од Д.Т.

-На 28.10.2022 во 18,20 часот во Полициска станица Прилеп К.О.(70) од Прилеп пријавила дека околу 15,30 часот во Прилеп била физички нападната од едно лице.

Од СВР Битола информираат дека се работи на расчистување на двата случаи.

Смеа одекна во цела сала: Рускиот претседател со вицеви и се потсмева на Европа

Рускиот претседател Владимир Путин кажа шега во дебатниот клуб „Валдаи“, чија тема беше „Светот по хегемонијата: Правда и безбедност за сите“, со која сакаше да ја опише актуелната политичка ситуација во Европа.

Додека низ Стариот континент се стравува од недостиг на извори на енергија, рускиот лидер се потсмева на одлуките на европските земји да воведат санкции кон Русија, кои, како што тврди Путин, и штетат на Европа повеќе отколку на Русија.

Шегата оди вака:

Синот го прашува таткото: „Тато, зошто е толку ладно?
Татко му одговара: „Затоа што Русија ја нападна Украина“.
Синот пак прашува: „Но каква врска има тоа со нас?
Таткото вели: „Тоа е затоа што воведовме санкции кон Русите“.
Синот: “Зошто?”
Таткото: „За Русите да се чувствуваат лошо“.
Синот: „Дали тоа значи дека тогаш сме Руси?

Од ноќеска започнува зимското сметање на времето

Од утре почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад.

Владата одлучи да остане досегашниот систем на сметање на времето по направените анализи дали да продолжи летното сметање на времето. Министерството за економија беше задолжено да ги направи сите потребни анализи за да се види дали доколку остане летното сметање на времето би можело да се заштеди струја и топлинска енергија.

– Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 до 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија, информираа од Владата во вторникот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Пpeтpec на полициjaта во фабрика за мapиxyaна во битолско – утврдени низа неправилности

Вчера (28.10.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат.

Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон.

Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги.

УЈП со важно соопштение за сите кои скенираат сметки

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП денеска можни се прекини во е-услугите во период од 9 до 17:00 часот.

– Може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации а во прекин ќе бидат и е-ПДД и мојДДВ, посочуваат од УЈП

Штом завршат активностите, како што се посочува, системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и е – услугите.

Пачешкоски и Ковачевски “распукаа” во Прилеп и кажаа дека сите биле задоволни од Владата

СДСМ започна преку трибини да ги промовира мерките на Владата, за кои тие велат дека значително им заштедиле и им го подобриле животот на граѓаните.

Синоќа премиерот и претседател на партијата Димитар Ковачевски со партиското претседателство беа во Прилеп, каде во Центарот за култура “Maрко Цепенков” зборуваа на повеќе теми.

-Мојата визија е заедно со вас, да изградам економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. Мојот концепт е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во Брисел, рамноправни и побогати од денеска. Знам дека патот кон ЕУ нема да биде лесен. Но на крајот од тој пат е големата награда. Со крената глава, горди и достоинствени да бидеме дел од Европската унија, истакна меѓудругото Ковачевски.

-Последната мерка на Владата која наскоро започнува со реализација е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. Според првичните проценки очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10%, рече Ковачевски.

-Заедно заклучивме овогодинешните цени на тутунот да бидат: Прва класа 300 денари; Втора класа 240 денари; Трета класа 180 денари; Четврта класа 100 денари, сето ова е за 20 отсто повеќе отколку минатата година. Исто како што ветив и остварив дека за 30 отсто ќе ги зголемиме цените на грозјето исто ќе направиме и со тутунот и тоа во најкризната година во Европа по Втората светска војна, порача Ковачевски.

Kpивична за наставик од Прилеп за малтретиpaње на ученици

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на служба”.

На 10.10.2022 во простории на основно училиште во Македонски Брод, пријавениот – вработен како наставник во училиштето, употребил физичка сила за да изнесе од објектот двајца ученици и притоа на еден од нив му нанел повреди.