(Видео) Лери Дејвид никогаш не греши!

Основачот на FTX, Сем Бенкмен-Фрид, уапсен на Бахамите, откако обвинителот за јужниот округ на Њујорк сподели обвинение со власитите на Бахамските острови.

Сем Бенкмен е 30 годишен бизнисмен и Извршен директор на втората најголема платформа за тргување со крипто-валути. До пред само 2 месеци неговото богатство се проценуваше на 15 милијарди долари, а денес тој се соочува со голема затворска казна.

„Претходно оваа вечер, властите на Бахамите го уапсија Самуел Банкмен-Фрид на барање на американската влада, врз основа на запечатено обвинение поднесено од Јужниот округ на Њујорк. Очекуваме да поднесеме обвиненија наутро и ќе имаме повеќе да кажеме“, соопшти американското обвинителство во Менхетен.

Момчето кое ја фрли индустријата од три трилиони долари на колена сега должи околу 3.1 милиајрди долари на илјадници доверители.

Но, да бидеме искрени – не можеме да кажиме дека не бевме предупредени. Па нели ја гледавте рекламата од овогодинешниот “Super Bowl”? Лери Дејвид ви кажа, а тој никогаш, ама никогаш не греши.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.