дома блог страница 1375

“За нашите граѓани од Прилеп” денеска кај Македонците во Благоевград (Фото)

Денеска делегација од граѓанските здруженија “За наше Куманово” од Куманово и “За нашите граѓани” од Прилеп во состав од Даниел Стојчевски, Зоран Јовановски и Ристо Николовски присуствуваат во Благоевград, Р.Бугарија по повод отварањето на МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН КЛУБ “НИКОЛА ВАПЦАРОВ”.

– Им честитам на иницијаторите на оваа иницијатива и посакувам успешна работа на клубот во остварување на нивните програмски определби – напиша на ФБ градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Прилепчанец по втор пат и пpecyди на Победа во дуелите со комшијата Тиквеш

Фудбалерите на Победа го претрпеа и седмиот првенствен пораз во Првата лига. Попладнево во Кавадарци црвено-белите вторпат сезонава загубија од Тиквеш со идентичен резултат 0-1, полувреме 0-1.

Беше натпревар без ниту една изгледна шанса за гол. Се играше меѓу двата 16-тника со многу чести прекршоци, кои по некој посебен критериум беа санкционирани од главниот судија, кој имаше иритирачки критериум.

Мечот го продолжи 6 минути, иако само во последните 5 имаше 2 прекини без ефективна игра (Тодоров на носилки беше изнесен од теренот по старт на противнички играч кој не ни доби картон), а извршени беа 7 замени во 6 термини, а толерираше преголемо задржување на време на домаќинот и не досуди евидентен фаул врз Мазари на 16 метри во 83-тата минута.

Комшиското дерби беше одлучено во 37-та минута, кога кратко вратената топка од Бошески кон Тофилоски, во мрежата на Победа ја смести довчерашниот капитен на Победа, Даниел Карчески, кој беше асистент за Тиквеш и во првиот натпревар сезонава.

Победа во поголем дел од мечот беше поактивна, со поголем посед, но без посериозни прилики пред домашниот гол. Во два наврати домашниот голман Димовски, со пад во нозе спасуваше опасност по својот гол пред Мазари и Спиркоски.

Посебна сенка на мечот фрли забраната, или неможноста – сеедно под изговор за немање безбедносни услови (оти се градела трибина на стадионот во Кавадарци на која немало ограда), и затоа не се излезе во пресрет на барањето на Победа и желбата на прилепските навивачи „Мајмуни“ да патуваат за Кавадарци и да го бодрат својот клуб – а такво нешто Победа дозволи за мечот од 2-то коло во Прилеп, кога на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ имаше кавадаречки навивачи-кои патем запалија „бакљи“.

Димитар Апасиев физички нападнат во Благоевград

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев беше присутен на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, при што се случил инцидент, како што објавија од партијата.

„На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица – Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист. Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев“, велат од партијата.

Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат ,,Македонија”, обвинуваат од партијата.

Дали до тоа дојдовте? Го отвориле трансформаторот на стадионот во Прилеп и ги искорнале каблите

На 29.10.2022 во 17.00 часот било пријавено дека во периодот од 27.10. до 29.10.2022 непознати сторители со употреба на соодветен алат од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп односно од трансформаторот одзеле 40 парчиња кабел со должина од околу 30 тина метри.

Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Пиjaни малолетници во Прилеп: Полициjaта направи контpoла во угостителските објекти, следуваат соодветни поднесоци

Министерството за внатрешни работи информира дека на 30.10.2022 во периодот од 00.00 до 03.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што затекнати се 24 малолетни лица, а седум малолетници биле под дејство на алкохол.

Малолетниците се предадени на нивните родители, а по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Мирчески преку анализа објасни: “Лага на векот е дека откупните цени за тyтyнот се покачени”

Премиерот, заедно со откупните компании и Министерството за земјоделство, постигнале договор за повисоки цени на тутунот. Па да ве прашам јавно: Премиере до кога мислислите да ги правите будали тутунарите? – прашува во соопштение, Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

“А и морам да ви признаат дека не сте првиот кој со сеење на магла сакал да им ја потцени интелигенцијата на тутунарите, имаше и пред вас еден премиер кој се колнеше и крстеше дека просекот на тутунот ќе биде 185ден, а нас ни го откупуваа по 100-тина денари, ни ветуваше 5 милиони евра ковид помош, а сакаше да ни исплати 3.2 милиони, но и тој како и вие сега направи еден превид, заборави дека и тутунарите знаат математика. Затоа премиере ако вие продавате магла ние ја знаеме вистината. А за жал вистината е следна: Официјална валута за трговија со тутун е американскиот долар. Па затоа за да сфатите вие дека не си имате работа со неписмени луѓе, а и да им се крене маглата од пред очи на тутунарите што вие така храбро ја продавата еве ви една бесплатна анализа.

И за колку рековте премиере е историското рекордно зголемување?

Што значи: Просечната откупна цена во минатата година од 200 денари претворена во долари изнесуваше 3.75 долари по килограм, односно според вредноста на доларот во тоа време од 54денари.

Сегашниот курс на доларот со вредност од 62 денари ако се помножи со ланската просечна цена од 3.75 долари (200ден) ќе добиеме просек од 233 до 235 денари, кој според цените кои вие ги објавивте и се очекува. Ова потврдува дека цената е иста и непроменета во однос на лани.

Ако на ова се додаде фактот дека просечната производна цена за оваа реколта достигна 239,7 денари, само ни потврдува дека откупната ќе биде пониска од производната.

Па нели е срамота да се фалите со историски висока цена на тутунот која неможе да ја достигне производната цена? Затоа: Доста ни продавате магла и под ИТНО седнете и договорете се со откупувачите за ВИСТИНСКО поткрнување на цените на класите ако сакате вие и откупувачите и за наредната година да се сади тутун, бидејќи како што ви кажам и на почетокот, тутунарите не се ни неуки, ни неписмени”, вели Мирчески.

Голема рација на полициjaта: Пpeтpeceни над 450 возила, откpиени 389 мигpaнти, opyжje, злато, дpoга, пapи….

Во рамки на Заедничките акциски денови на Европол во периодот од 26 до 29 октомври, беше спроведена меѓународна акција „Акциски денови– JAД 2022 – Југоисточна Европа“ за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, недозволена трговија со дрога и сузбивање на прекуграничен криминал и илегална миграција. Во операцијата покрај Република Северна Македонија учествуваа повеќе земји од регионот и земји членки на Европска унија, додека на граничните премини беа присутни и претставници од Фронтекс.

Во нашата земја се вршеа зајакнати селективни контроли при влез и излез на граничните премини на патници, автобуси, патнички и товарни моторни возила. Освен полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на акцијата учество зедоа и царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија, преку своите мобилните тимови.

Носител на акцијата во Министерството за внатрешни работи, беше Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, а учество во реализацијата зедоа полициски службеници од повеќе надлежни организациски единици, како што се организиран и сериозен криминал, гранични работи, криминалистичко разузнавање и анализа, меѓународна полициска соработка, како и Секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Струмица, Битола и Охрид.

Притоа, беше извршена контрола и преглед на 858 селектирани лица, 437 патнички возила, 10 товарни возила и 22 автобуси. При извршените прегледи, како и извршените 20 претреси на повеќе локации низ државата, при што се лишени од слобода 13 лица за понатамошна постапка. Пронајдени се осум пушки, три пиштоли различни марки и калибар, како и по еден гасен, сигнален и пневматски пиштол, 356 парчиња муниција различен калибар, рамка за пиштол, 91 парче пиротехнички средства, 2,5 килограми висококвалитетен златен накит, 1,5 килограм наркотична дрога марихуана, 360 семки од растението „канабис“, поголем број различни пакувања и зипер кесиња со прашкаста материја, два метални детектори за откривање на метал во земја, 286 метални монети и накит од постаро време, 50.000 евра како и поголем износ на денари во различни апоени идр.

За време на акцијата, откриени се вкупно 389 мигранти од кои 202 од Сирија, 80 од Авганистан, 34 од Мароко , 23 од Конго, 17 од Пакистан, осум од Палестина…

Мицкоски од Благоевград: Ние сме Македонци кои говорат на македонски јазик

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Благоевград изјави дека се таму за да дадат поддршка на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“.

Вели дека пораката е дека сме Македонци, кои говорат на македонски јазик.

– Во 21 век нити треба некој да има дилема, ниту воопшто да разговара, треба да се почитува правото на самоопределување, рече Мицкоски.

Тој кажа дека во Македонија на сите малцинства им се загарантирани правата. Вели дека се горди што денес се со Македонците од Бугарија.

Македонците од Бугарија се собраа пред клубот. Има и силно полициско обезбедување во градот, затоа што партијата ВМРО-БНД најави протест, но во друг дел на градот.

Прилепчани среде булевар си свртија орце на најголемиот хит од Орце Стевковски (ХИТ ВИДЕО)

Со звучникот среде булевар си свртија орце на песната од Орце Стефковски, “Царот неготински”. Падна ли конечно џекпотот во Апекс или Адмирал?

Е ова е фраер: Прилепчанец од Германија купил голем број карти и ги донирал за оние кои не можат да си дозволат да одат на концерт

Пред неколку дена кај Панчо на Инстаграм во ДМ, стигнала една порака од Đorđe Stojceski (родум од Прилеп, работи во Германија) која на сите ќе ви ги стопли срцата – напишаа од ДНК на нивната ФБ фан страна.

-Среќни сме дека се уште има добри луѓе со големи срца. Пораката ја пренесуваме во целост: “Здраво Панчо. Бидејќи не сум во можност да присуствувам на вашиот славенички концерт, би сакал да купам карти а вие да ги донирате на луѓе кои сакаат да дојдат, но не се во можност да си го дозволат тоа”.

Да бидеме искрени нас пораката не расплаче од среќа но и тага, едноставно микс на емоции. Голема благодарност до Ѓорѓе на кој сме му благодарни од срце за ваквиот гест, а сите вие кои не сте во можност да купите билети, пишете ни во инбокс.

На располагање имаме 20 влезницни купени од страна на овој млад и хуман човек Ѓорѓе – напишаа од ДНК на ФБ.