дома блог страница 1367

Браво дечиња: Најмладите џудисти од Сеишин Прилеп за прв пат учествуваа на меѓународен турнир, и ни носат 9 медали од Грција (Фото)

Денеска во Аминдео, Грција се одржа Меѓународен турнир во џудо. На турнирот учество зедоа околу 300 натпреварувачи од околу 50 клубови од Грција, Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Албанија, Израел, Молдавија, Грузија, Украина, Ерменија, Кипар и други држави од регионот.

Џудо клубот Сеишин од Прилеп на овој турнир зеде учество со најмалата категорија на такмичари – деца родени од 2012 – 2017, а на поголем дел од нив ова им беше прв натпревар од ваков тип.

Од 8 натпреварувачи освоени се вкупно 9медали (1 прво место, 3 втори места, 5 трети места), бидејќи еден од натпреварувачите зеде учество во две тежински категории.

Резултати поединечно: Владан Стрезовски -36кг Прво место, Владан Стрезовски -34кг Второ место, Христијан Бунески -30кг Второ место, Бисера Јовеска -33кг Второ место, Бисера Цветкоска -30кг Трето место, Матеја Николоска -27кг Трето место, Мила Здравеска -45кг Трето место, Тамара Стојковска -45кг Трето место, Александар Игнески -24кг Трето место.

Екипата ка предводеа тренерите Дејан Мицкоски и Марио Тошески се задоволни од настапот на сите натпреварувачи и постигнатите резултати, особено поради фактот дека поголемиот дел од натпреварувачите дебитираа на ваков силен меѓународен турнир.

Падна првиот снег во Македонија

Викендов националниот парк Пелистер е соодветно место за уживање за сите љубители на снегот.

На социјалните мрежи се објавија фотографиии колку натрупало, па погледнете и самите и уживајте во глетката.

Ристески: Централната власт ја уназадува Македонија, потребни се промени

На саемот на промените што носат иднина се обрати Марјан Ристески претседателот на републичката комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на процесот на децентрализација и предизвиците кои овој процес ги носи со себе. Според него најдобра соработка на локалната со централната власт била во периодот од 2006 до 2016 година.

-Се забрзаа процесите на децентрализација во тој период, се трансферираа многу повеќе средства од централно на локално ниво, процент од ДДВ, префрлање на надлежноста за данокот на имот на локалните самоуправи, персоналниот данок дел од концесиите итн. За прв пат тогаш се донесе законот за рамномерен регионален развој, се донесоа и планските региони и започна да се инвестира во сите општини без разлика на која политичка опција припаѓаат, реализација на капитални проекти и поддршка од тогашната централна власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ на битни проекти за развојот на општините, вели Ристески.

Тој дополни дека во тој период ЗЕЛС одиграл активна улога во таканаречената борба помеѓу централната и локалната власт и успеале да реализираат многу проекти кои денес ги уживаат локалните самоуправи. Според него тој период ЗЕЛС била многу поактивна и ја повика Арсовска да биде многу поактивна.

Ристески посочи дека општините кои ги наследиле градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле презадолжени, оптеретени со непотребни партиски вработувања, немале значајни проекти и капитални инвестиции, без соодветни ДУПови, многу сомнителни тендери и обструкции од власта кои јасно се нотирани во последниот извештај на ЕК, односно е нотирано дека има забавена децентрализација во Република Македонија.

-Денес имаме заробена држава од страна на СДСМ И ДУИ, власт која опстојува неколку години и ја уназади Република Македонија неколку години во секој поглед, во овој период како што нагласив соработката помеѓу централна и локална власт е на ниско ниво и потребно е што побрзо предвремени парламентарни избори на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи незадоволството кај граѓаните е огромно, нагласи тој.

Работата и посветеноста се вреднува: Седлоски и Ангелески добија повеќе од заслужена третоноемвриска награда (Фото)

По повод 3-ти Ноември, Денот на конечното ослободување на Прилеп, на Свеченета седница на Советот на Општина Прилеп, и оваа година во општинската сала беа доделени третоноемвриските награди и признанија.

3-то Ноемвриски награди беа доделени на заслужни граѓани и граѓански здруженија, кои дале свој придонес во афирмација и развој на општината.

Меѓу наградените беше и судиската двојка од Прилеп, Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, кои добија награда-диплома за особени достигнувања и афирмација на спортот.

Седлоски и Ангелески многумина ги нарекуваат прилепските Начевски и Николов и зад себе имаат голем број натпревари на кои ја делеле правдата.

Оваа одлука на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, при Советот на Општина Прилеп е за секоја пофалба и се надеваме дека ќе биде поттик повеќе за прилепската судиска двојка. Да се надеваме дека во некоја блиска иднина би ги гледале и како судии на некој репрезентативен натпревар.

Денеска пороен дожд, од утре стабилизација на времето

Времето денеска во државата ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и обилни дури и над 35 литри на квадратен метар, а во југоисточните делови е можна и појава на грмежи.

Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено долж Повардарието каде претпладне ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне. Ќе дува умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Од утре следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини.

Ни се подготвува ново пocкапyвање на сметките за стpyja од Нова година: Еве што да очекуваат граѓаните

Повисоки сметки за струја од нова година. Со најавеното покачување на ДДВ-то од 5 на 10%, сметките на граѓаните ќе се зголемат за 4 до 5% во зависност од потрошувачката. Првиот регулатор дециден – да се најдат други решенија кои нема да ги оштетат граѓаните.

– Според мене, треба и ние како РКЕ во наредниот период да направиме дополнителни анализи. Сега е време на криза, но и можност за креативни решенија со една цел – да можеме на некој начин ова зголемување на ДДВ-то кое се најавува да го амортизираме и да излеземе во пресрет на барањата на домаќинствата, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Во пракса ова значи дека семејство што сега плаќа 2138 денари, на својата фактура има 5 отсто ДДВ од 93 денари. Ако ДДВ-то скокне на 10%, оваа сметка би била повисока за дополнителни 93 денари, односно вкупниот долг ќе биде 2231 денар. Доколку се зголеми и цената на струјата, покачувањето ќе биде уште повисоко.

– Јас сум противник да кажуваме дека ќе има зголемување на цената. Прво треба да видиме како ќе заврши производството на ЕСМ оваа година, колкави приходи оствариле од продажба на вишоци, дали има потреба од увоз, па потоа треба да видиме колкави ќе бидат потребите на домаќинствата, загубите и цените по кои ќе се снабдуваат, се со цел да ја знаеме реалната слика, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Последното поскапување на струјата од 7,4% во просек, беше пред 4 месеци кога беа воведени и блок тарифите според системот кој помалку троши – помалку плаќа.

(Видео) Со солзи во очите и на цел глас се пее македонската химна

Македонската женска ракометна репрезентација го игра првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство кое се одржува и во Скопје.

Пред почетокот на натпреварот против Франција, при интонирање на македонската химна, ракометарките пееја во еден глас со солзи во очите.

Моментот беше забележан и од ЕХФ, па снимката се најде и на нивните профили на социјалните мрежи.

Еве што да очекувате во 2023-та: Човекот познат како “патник низ времето” сподели нова луда теорија

Дали е птица? Дали е авион? Не, тоа е само човек што паѓа од небо. Добре дојдовте во 2023 година.

Светот е во целосен хаос од март 2020 година, но според корисник на TikTok кој тврди дека е патник низ времето од 2671 година, работите од тука ќе станат само уште позбунувачки и пострашни.

Ако се обидувате да останете оптимисти за иднината, ве советувам или да престанете да читате сега или да имате на ум дека овие тврдења доаѓаат од некој што избрал да ги искористи своите способности за патување низ времето, за да отвори акаунт на TikTok.

Во неговата најнова објава, „патникот низ времето“, Ено Аларик, сподели пет датуми на кои очигледно треба да внимаваме во текот на следните месеци, почнувајќи од 30 ноември.

Прво, имаме ќе откиеме планета која е „слична на Земјата“. Звучи како нешто за што научниците ширум светот би биле многу возбудени, но видеото на Аларик е дизајнирано да „предупредува“, а не да предизвика возбуда, па претпоставувам дека планетата не е дом на ништо добро.

Според зборовите на патникот низ времето, Новата година започнува ужасно – авион ќе исчезне додека лета над Бермудскиот триаголник.

„18 јуни 2023 година: 7 луѓе мистериозно ќе паднат од небото, иако ништо нема да лета во таа област. Дали тие се патниците од исчезнатиот авион на Бермудскиот триаголник?

Ваквите теории не се ниту нови, ниту вознемирувачки. Вознемирува фактот што луѓето како Ено имаат огромен број на следбеници кои веруваат во овие лудости. Она што во истиов момент е актуелно во Америка е движењето “Птиците не се вистински” – го предводат луѓе кои веруваат во приказната дека птиците се обични дронови.

“Херсон во замена за мир”: Дали е ова условот на Русите?

Ако тоа e вистина, нова линија за разграничување ќе биде фиксирана долж реката Днепар и понатаму по линијата на фронтот, т.е. на Русија ќе и остане копнениот коридор до Крим.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање во петокот вечерта спомена дека Русија разговара со други земји за подготвеноста за преговори, пишува украинска страна.

Порталот наведува дека неодамна се појавија гласини дека САД и Русија преговараат за прекин на огнот во Украина во замена за повлекување на руските војници од десниот брег на Днепар. Нема официјални потврди дека вакви преговори воопшто се водат, но шпекулациите особено се засилија во последниве неколку дена.

Од друга страна шефот на американската национална безбедност Џејк Саливан вели: „САД одбиваат да преговараат со Руската Федерација за условите под кои ќе ги задржат окупираните делови на Украина. Самите услови под кои Русите во принцип се подготвени да водат дијалог се неприфатливи, бидејќи сите разговори треба да започнат со целосна деокупација на Украина“.

Објавена листата: Еве колку литри алкoxoл во просек пие секој Македонец

Веб страната World Population Review објави податоци за просечната потрошувачка на алкохол во светот. Тоа варира од земја до земја поради културата, законите и други фактори.

Светската здравствена организација забележала потрошувачка на алкохол во секоја земја во литри чист алкохол за пиво, вино, жестоки пијалоци и други алкохолни пијалоци. Просечната светска потрошувачка е 6,18 литри, со исклучително висока концентрација на поголема консумација во Европа.

Ова се ТОП 10 земји со најголема потрошувачка на алкохол (во литри чист алкохол по глава на жител):

Чешка – 14.26, Летонија – 13.19, Молдавија – 12,85, Германија – 12,79, Литванија – 12,78, Ирска – 12,75, Шпанија – 12,67, Уганда – 12.48, Бугарија – 12.46, Луксембург – 12:45 ч

Забележливо е дека најголем дел станува збор за европски држави.

Податоците покажуваат дека во Северна Македонија се пијат просечно по 6,43 литри по годишно по глава на жител. Според оваа статистика, мажите во Северна Македонија пијат 10,36 литри наспроти жените кои пијат 2,54 литри.

Од земјите во регионот, повеќе алкохол се пие во Црна Гора (12,24), Словенија (12,11), Грција (10,5), Србија (8,85), Хрватска (8,73), Босна и Херцеговина (7,81) и Албанија (6,82).

Во светот најмалку, односно воопшто не се пие алкохол во Сомалија, Бангладеш, Кувајт, Мавританија и Саудиска Арабија