дома блог страница 1368

МВР ги учеше постарите прилепчани како да се заштитат од кpaжби и телефонски измами (Фото галерија)

Денеска (05.11.2022) на повеќе локации во Прилеп полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп заедно со портпаролот на СВР Битола реализираа превентивни активности посветени на имотните деликти, односно нивно превенирање особено кај повозрасните граѓани, при што фокусот беше ставен на кражби и телефонски измами.

Под мотото „Заштита од кражби и измами“, полициските службеници им укажуваа на граѓаните за постапките што треба да се преземат за заштита од овие форми на кривични деликти, како и за потребата од комуникација и соработка со полицијата за нивно ефикасно сузбивање.

Притоа, на граѓаните им беа поделени едукативни летоци со информативни содржини за нивно запознавање како и на кој начин можат да се заштита од овие имотни деликти.

Бајден: “Илон Маск го купи Твитер за да шири лаги во светот – нема повеќе уредници во САД”

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикуваше Твитер и Илон Маск и рече дека милијардерот купил влијателна платформа за социјална мрежа која „шири лаги низ светот“.

„Илон Маск ја контролира опремата што шири лаги низ светот. Нема повеќе уредници во Америка“ – рече Бајден во петокот за време на настанот за собирање средства на Демократската партија во Розмонт, во близина на Чикаго, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Неговата изјава уследи по веста дека Твитер вчера отпушти илјадници работници, 50 отсто од својата работна сила, во обид за намалување на трошоците што потенцијално може да го промени начинот на кој работи една од највлијателните светски платформи, само една недела откако беше купена од Маск.

Преземањето беше проследено со извештаи за пораст на расистички коментари и говор на омраза на платформата, при што неколку големи огласувачи ги прекинаа кампањите на Твитер во последниве денови, според американската телевизија.

Лебот ќе поевтинел за “неверојатни 10%” на крајот од декември

Мелничарите најавуваат поевтинување на лебот за околу 10 отсто кон крајот на декември или од почетокот на идната година. Тие ја поздравуваат владината одлука за обезбедување електрична енергија по поволни цени со која се опфатени производителите на храна и велат дека од неа најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

Но, сепак, како што објаснуваат, цената на лебот ќе зависи и од движењето на цените на суровините.

– Со двете владини одлуки, за цената на електричната енергија и за ограничување на маржите во трговијата на големо и трговијата на мало, неминовно ќе има надолна линија со што ќе се постигне нормална цена во моменталната кризна состојба. Во зависност од индустрискиот пекарски капацитет, намалувањето на цените би било околу 10 проценти на малопродажните цени, нормално ако основната суровина, пченицата и брашното на берзите се задржат на ова ниво со цените во опкружувањето и во светски рамки, истакнува за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Северна Македонија, Горан Малишиќ.

И според потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) и претседател на Агро-бизнис комората при ССК, Горан Ѓорѓиевски, мора да се земе предвид дека намалувањето на цената на лебот и печивата зависи и од движењето на цените на суровините.

– Одлуката за обезбедување на електрична енергија по поволни цени за производителите на храна е важна мерка од која бенефит ќе имаат и граѓаните и стопанството. Според најавите од надлежните институции, новите договори за набавка на електрична енергија по поволни цени треба да се применуваат од 1 декември, по што би следел период на прилагодување и кон крајот на месецот или од почеток на следната година очекуваме да има надолна корекција на цените на производите, односно нивно намалување за околу 10 проценти. Но, исто така мора да се земе предвид дека намалувањето зависи и од движењето на цените на суровините. Во таа насока се соочуваме со неповолна ситуација поради повлекување на Русија од договорот за транспорт на житото од Украина преку Црно Море, поради што процесот е стопиран и тоа веќе предизвикува раст на цените на берзата. Овој проблем има глобална димензија и не би можеле да кажеме со сигурност како ќе се одрази кај нас, нагласува Ѓорѓиевски.

Како дополнителна мерка која ќе влијае на намалување на негативниот ефект од растот на цените на суровините, тој го посочува активирањето на стоковните резерви.

– Така би можело да се обезбедат влезни производни инпути по соодветно ниски цени, а со нив, пак, би се постигнала пониска цена на крајниот производ, вели Ѓорѓиевски.

Засега, цените на лебот кај нас во споредба со опкружувањето се на исто ниво. Поголеми се, како што информира Малишиќ, само од околните држави кои го субвенционираат лебот, како што е Србија, додека цените во ЕУ се од 120 до 360 денари по векна, зависно од грамажата.

– Со Одлуката на Владата мелниците и пекарниците да купуваат струја од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, ќе се стабилизираат производствените трошоци од електрична енергија во индустријата, со што ќе се создаде можност мелниците повторно проработат на нивото пред огромното зголемување на цените на струјата, а кај пекарниците да има предвидливи трошоци за стабилизација на цената и во многу краток период и намалување за истиот процент на намалување на цените лебот и печивата. Просто кажано, со Одлуката избегнавме опасност од повторно зголемување за цените што е многу позитивно и за индустријата – да мисли на надополнување на сопствените залихи со оперативните средства, а не како да ги покрие трошоците за електрична енергија. Сепак, оваа одлука е најпозитивна за граѓаните и за нивниот домашен буџет, потенцира Малишиќ.

Според него, мелничката индустрија во целост згасна до крајот на септември поради високите цени на електричната енергија, со неможност да ја обработува откупената домашна и увезената пченица. Но, со постепеното олабавување на цените на струјата, од средината на октомври, срамежливо и полека почнува со работа.

– Со донесената Одлука на Владата, индустријата ќе се врати на капацитетот од претходно и ќе продолжи со работа. Цената на електричната енергија и цените на пченицата им создаваат огромни проблеми на мелниците доволно да ги надополнат и платат потребните количини пченица. За да биде полесно со оперативните средства на мелниците, како и пекарниците, требаше да се обезбедат подостапни и повеќе средства во кредитната линија во Развојната банка од обезбедените пет милиони евра за стопанството. Со тоа ќе можевме понавреме и поефтино да ги обезбедиме потребните количини пченица и брашно, односно би добиле како индустрија и како држава поголем период на стабилни цени на производите. Сега, целата мелничко-пекарска индустрија се изложува на поголеми трошоци за камати кои секојдневно растат во комерцијалните банки, што значи, залихите во мелниците и пекарниците се одржуваат на некој можен максимум, но се најмали во споредба со изминатите години, истакнува Малишиќ.

Поради фактот што жетвата заврши летово, Владата и ресорните министерства, смета Малишиќ, треба сиот свој капацитет да го насочат кон целсоно засејување на сите необработени површини со основните житни култури за прехрана на населението и со многу дополнителни стимулации за да станеме увозно независни и самоодржливи.

– Владата секогаш може да донесе дополнителни мерки за прехранбената индустрија со цел крајно да му се помогне на населението и да се олабави оваа економска состојба во која се наоѓаме, но, сепак, тоа зависи и од можноста на државниот буџет, дополнува претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Митровденска задушница – запалете свеќа и помолете се за спокој за сите кои повеќе не се помеѓу нас

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Прилепчанецот се враќа во националниот дрес: Селекторот Милевски конечно го повика Несторовски

По пауза од 20 месеци, ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ одново ќе го облече репрезентативниот дрес.

Македонскиот напаѓач доби повик за пријателските натпревари против Финска (17 ноември) и Азербејџан (20 ноември).

Последниот натпревар на Несторовски за националниот тим беше на 28. март минатата година против Лихтенштајн во квалификациите за СП 2022 кога во победата од 5-0 во Скопје стрелаше и од белата точка.

Потоа поради повpeда го пропушти настапот на Македонија на Европското првенство, а актуелниот селектор на фудбалската репрезентација, Благоја Милевски, досега не упати повик до него за враќање во репрезентативниот дрес.

Фатени двајца apaмии од Прилеп во скопска Кисела Вода

Денеска (04.11.2022) во 12.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода А.В.(46) и М.Т.(25), двајцата од Прилеп.

Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“.

Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичните дела. Известен бил Јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информираат од МВР.

Е вака се сака Македонија: Браќа иселеници во Австралија донираа 3 милиони денари за игралиште во кривогаштанско Врбјани (Видео)

Градоначалникот на општина Кривогаштани, Николче Мискоски, информираше дека општината заврши со асфалтирањето на повеќенаменското игралиште во населеното место Врбјани, а во идниот период ќе постават ограда, кошеви, поставување реквизити за најмладите, летниковци и осветлување.

Инвестицијата е во вредност од 3 милиони денари, а општината учествува со хортикултурно и партерно уредување. Игралиштето во Врбјани е донација од иселеници од ова населено место во Австралија – фирмата МКД транспорт која е во сопственост на браќата Игор и Жарко Цветкоски.

Пpиведени двајца дилepи во Битола, пpoнajден xepoин

На 03.11.2022 во Битола, полициски службеници од кpиминалиcтичката полициja при СВР Битола ги лишиле од cлобода А.Д.(30) и Ш.К.(37), двајцата од Битола.

При пpeтpec во домот на А.Д., извршен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени xepoин и банкноти во различни апоени.

Исто така, при пpeтpec во домот Ш.К. извршен со cyдcка нapeдба, бил пpoнајден и одземени xepoин, дигитална вага и предмети со остатоци од xepoин.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Награда доделена во вистински раце: За првото место по англиски на СВЕТСКО, Вања и неговата наставничка добија третоноемвриска награда (Фото)

Вања Ѓорѓиоски, ученик во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, учествуваше на Светското финале на натпреварот по англиски јазик “Хипо”, кое од 28-30 септември се одржа во Рим, Италија.

Вања се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам…. и многу други.

Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.

За својот успех Вања и неговата менторка синоќа на свечената седница на Советот на општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на градот, добија и третоноемвриска награда.

Честитки! Награда која е доделена во вистински раце, и со сигурност ќе биде поттик за Вања и останатите ученици дека успехот се вреднува.

Koвачки објави шокантна инфopмација: Ова комбе беше пapкирано во Прилеп да го прислушкува Мицкоски (Фото)

Ова на сликата е возилото на оперативците на АНБ во кое има соодветна опрема и е паркирано во близина на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Во која НАТО држава Агенцијата за Национална Безбедност наместо да си ја работи работата што и е пропишана со Закон, се фокусира на следење и документирање на активностите на опозицијата?

Оваа информација и прашање ги поставува пратеникот Драган Ковачки кој најавува дека премиерот Ковачевски и министерот Спасовски, за секое следење, прислушкување и тероризирање ќе одговараат.

Денеска во Прилеп беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

,,Следите, прислушкувате и сакате да заплашите. Ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине.

Доаѓа време за одговорност. За многу кратко време од сега ќе треба да кажете како и што сте работеле со државните ресурси.

Цел ден оперативците на АНБ (Агенција за Национална Безбедност) Р.Ва., Р.Вр., и Г.К. го поминаа денот во Прилеп.

Ќе се потсетите на ветувањето кога за тоа дојде време”, пишува Ковачки за инцидентот во Прилеп.