дома блог страница 1366

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денес ќе одлучува за новите цени.

Минатата недела РКЕ донесе одлука со која цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за два денари. Цените на останатите горива останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)

Соопштение од прилепски Водовод: Жителите на овие улици денеска ќе имаат прекин на водоснабдувањето

Соопштение од ЈКП Водовод и канализација Прилеп

Водоснабдувањето на ден 07.11.2022 (понеделник) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 240л/с, од кои 200/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Генерал Васко Каранѓелески”, ул. “Киро Базаркоски”, ул. “Оревоечка”, ул. “Кеј 9ти Септември”, ул. “Орде Тодороски Шемко”

“Комуналец” го уреди паркчето околу спомен обележјето на Илка Присаѓанка (Фото)

На барање на граѓаните од централното градско подрачје, ЈКП,,Комуналец”-Прилеп деновиве целосно го обнови паркчето каде е сместено споменичното обележје на Илка Присаѓанка, Божана Василеска и Благоја Василески, загинати во НОБ.

До спомен обележјето сега има пристапна патека и се засадени цвеќиња.

Можеби не се работи за нешто големо, но секое уредено катче, особено во центарот на градот, дава дополнителна убавина.

Вонредно соопштение од АХВ и Стокомак: Ако сте го купиле овој производ, веднаш да го вратите

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува небезбедениот производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, поради присуство на присуство на афлатоксин М1 со сериски број/лот- LOT FD04. Апелираат до крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

Маркетот Стокомак на својата официјална Фејсбук страница вечерва излезе со соопштение по повод ова отповикување.

Имено, Стокомак ги известува сите свои купувачи дека од се повлекува производот Milkano UHT Млеко 3.2% масленост, 1л LOT FD04 со дата на производство на 05.10.2022. Нивната целосна објава може да ја прочитате во продолжение:

Силниот ветер остави цела населба без улично осветлување во Прилеп – падна и дрво (Фото)

Силниот ветер во текот на вчрашниот ден предизвика проблеми на повеќе места во Прилеп.

Жителите во населбата “Марино маало” се жалат дека останале без улично осветлување и бараат екипите на ЕВН час поскоро да го решат овој проблем.

Силниот ветер турна и дрво во “музичкиот парк” на улица “Битолска”. Жителите информираат дека паднатото дрво оштетило дел од урбаната опрема и каблите.

И се скарал на девојката откако дознал дека има 5 други бракови, плус уште еден љубовник

Британец одлучил да ја сподели својата приказна со медиумите откако дознал дека неговата девојка всушност била во брак со пет мажи и имала друг љубовник.

43-годишниот Вејн Харпер одлучил да и стави крај на љубовната врска со неговата девојка, откако дознал дека има друг љубовник. Веројатно тука требало да прекине со истражувањето.

Многу наскоро Вејн дознал дека неговата девојка Хорн, која е бигамист, има уште 5 други брака. Кога таа врска завршила, Хорн потоа се омажила за уште двајца мажи, пишува LadBIBLE.

Целата брачна историја на Хорн е претставена во емисијата на Канал 5 наречена Невеста Бигамист: Моите пет мажи.

Во Западен Балкан, Северна Македонија добива најмногу помош од ЕУ по жител

Земјава ќе ги искористи 80-те милиони евра од Европската унија најверојатно како директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите претпријатија до крајот на прогласената кризна состојба до крај на април.

Со помошта од 80 милиони евра, ЕУ испрати порака дека земјава и Западен Балкан не се сами во справувањето со енергетската криза. Итната буџетска помош која ќе биде достапна од јануари 2023 година, како што изјави Фон дер Лајен на заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски, е сигнал дека ЕУ е заедно со Западен Балкан во енергетската криза и конечно ги дава тие сигнали дека почнуваат да се придвижуваат работите во смисла на евроинтеграцијата откако се отвори процесот на скрининг.

Парите, според зборовите на Фон дер Лајен, треба да и помогнат на земјата да се соочи со влијанието што зголемените цени на енергијата го имаат врз граѓаните и бизнисите.

500 милиони евра за енергетската криза

Исто така за земјите од Западен Балкан ќе бидат дополнително обезбедени 500 милиони евра преку Европскиот инвестициски план за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност со цел намалување на зависноста од руските енергенси.

Како поддршка по жител, помошта која ЕУ ќе ја додели на Северна Македонија (43,6 евра по жител) е највисока во регионот, пред Косово (41,5 евра по жител), Албанија (28,6 евра по жител), Србија (24,3 евра по жител) и Босна и Херцеговина (20,0 евра по жител).

Според ЕУ, енергијата произведена дома ќе создава добри работни места и ќе ги направи земјите се понезависни од руските фосилни горива, а ќе и овозможи на Македонија да учествува во европската заедничка набавка на гас и течен природен.

ЕУ одлучи дека сака да купува гас на глобалниот пазар заедно со останатите земји, со што ќе се зголеми куповната моќ, а Македонија ќе се приклучи кон овој пазар за да се намалат цените на гас во ЕУ но уште поважно цените на електричната енергија.

За што ќе се трошат парите на ЕУ

Земјава ќе ги искористи 80-те милиони евра од Европската унија најверојатно како директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите претпријатија до крајот на прогласената кризна состојба до крај на април. Од страна на македонското министерство за економија, веќе се доставени предлозите до Европската комисија и се очекува одговор.

Владата пак од претходно пред две недели по брза постапка го донесе новиот антикризен пакет вреден повеќе од 360,2 милиони евра.

Сепак потребна е совест кај пратениците и под итно да се изгласаат мерки што може да им помогнат на илјадници семејства од ранливите категории, пензионерите но и малите и средни претпријатија

Најголем процент од БДП за помош на граѓаните

Со претходниот сет мерки кој се спроведуваше од првите месеци во годината вкупната вредност на таргетирани мерки до сега достигна над 760 милиони евра, a тоа значи согласно проценките на Светска банка, вкупната помош на Владата досега изнесува околу 5% од БДП. За споредба, оваа помош во околните земји изнесува 2,5% од БДП на Србија, 2,1% во Косово, 1,4% во Албанија, 0,5% Босна и Херцеговина и 0,1% во Црна Гора.

Милијарда евра за енергетска поддршка и од Самитот во Берлин

Пакет енергетска поддршка за регионот на Западен Балкан Фон дер Лајен најави и по самитот во Берлин. Таа соопшти дека целта на самитот во Берлинскиот процес е продлабочување на економската интеграција и додаде дека пакетот енергетска поддршка за Западен Балкан во вредност од една милијарда евра ќе помогне во обликувањето на заедничката енергетска иднина.

-Тука сме да ја продлабочиме соработката. Почнуваме со енергија. Нашиот пакет енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден една милијарда евра, ќе ни помогне да ја обликуваме заедничката енергетска иднина, изјави таа по самитот во Берлин.

За време на Самитот, како и за време на нејзината мисија во регионот минатата недела, претседателката најави значителен пакет енергетска поддршка од 1 милијарда евра грантови од ЕУ за да му помогне на Западен Балкан да ги реши непосредните последици од енергетската криза и да изгради отпорност на краток и среднорочен.

-ЕУ продолжува да стои зад Западен Балкан – и во добри времиња и во тешкотии. За време на пандемијата Ковид-19, мобилизиравме неспоредлив пакет од 3,3 милијарди евра за регионот и денес составуваме пакет енергетска поддршка од 1 милијарда евра за да ги заштитиме најранливите групи и да ги поттикнеме многу потребните инвестиции во диверзификација на енергијата. Ние инвестираме во економското ткиво на регионот за да напредуваме во транзицијата на чиста енергија и да излеземе позелени, посилни и поодржливи од тековната криза, изјави фон дер Лајен на конференцијата во Берлин.

Чантурија: “Ќе кажам само “штета” заслуживме бод – Браво за играчите”

Во рамки на деветтото коло од ракометната Супер лига, ракометарите на Прилеп вчера во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” ја дочекаа екипата на РК Охрид.

Иако прилепчани заслужија барем бод, крајниот резултат на семафорот беше 25-26 (12-12 на полувремето).

Тренерот на прилепчани, Грузиецот Реваз Чантурија не е е разочаран од резултатот и упати честитки до своите играчи за борбеноста.

“Еден борбен и добар натпревар од двете страни. Им честитам за борбеноста на моите играчи. Според мене заслуживме барем бод. Охрид е една сериозна екипа со искусни македонски играчи, како и 9 странски засилувања. Не’ чекаат уште многу натпревари и мораме на секој натпревар да извадиме максимум”, истакна тренерот на РК Прилеп, Реваз Чантурија после натпреварот за Маркукуле.

За прилепчани најпрецизни како и по обичај беа Бикоски Христи со 6 погодоци и Шокоски Давор со 8.

Во наредното коло РК Прилеп гостува кај Вардар.

Пожap во викендица кај прилепското вештачко езеро – изгopeла покуќнината

На 05.11.2022 во 12.30 часот Д.П.(58) од Прилеп пријавил дека во периодот од 23.10.2022 до 05.11.2022 на место викано „Поводеници“ во Прилеп настанал пожap во викенд куќа, сопственост на неговата сопруга, при што изгopeла покуќнината.

Извршен бил yвид од Полициcката cтаница Прилеп – информираат од СВР Битола.

“Лавовите” од Ѓорче по трет пат сезонава ја победија прилепска Победа

Со головите на Абази во првото, и Скендери и Алексовски во второто полувреме, екипата на Македонија Ѓорче Петров по трет пат сезонава триумфираше над прилепска Победа.

Натпреварот од 13-то коло кој попладнево се играше на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, беше шанса за Победа да стигне до нов триумф пред домашната публика и да ја прескокне Македонија Ѓорче Петров на седмото место на табелата, но се случи спротивното.

Ѓорчепетровци по трет пат сезонава беа подобри од црвено-белите, откако во домашното првенство триумфираа со 4:1 во Скопје, а во Купот ја исфрлија Победа со 0:2 во осминафиналето.

Ова е осми пораз за Победа во Првата лига, која останува на деветтото место на табелата со 11 освоени бода.

Во наредното коло победашите во Прилеп го пречекуваат минатогодишниот шампион Шкупи, со кого веќе имаат едно реми на стартот од сезоната.