Kaj прилепско Лагово фатен жител од с. Житоше со гaceн пиштол

На 20.12.2022 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Битола, полициски службеници од СВР Битола спровеле координирана акција со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ за контрола на возила и лица.

Притоа, во 11.30 часот на патот Битола – државна граница со Република Грција, на место викано „Трафостаница“, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Р(22) од с.Ивањевци, битолско, и било констатирано дека сообраќајната дозвола на возилото била фалсификувана. Возилото и сообраќајната дозвола биле одземени од лицето за понатамошна постапка.

Исто така, на патот Прилеп – Битола, кај с.Лагово, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(52) од с.Житоше, при што биле пронајдени и одземени гасен пиштол и осум куршуми за гасен пиштол.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.