дома блог страница 1354

Стадионите во Катар каде ќе се игра Светското првенство изгледаат надреално (Фото галерија)

Ако некој имаше сомнеж за Катар, погледнете ги фудбалските храмови каде ќе се играат натпреварите:

AЛ БАЈТ

AЛ ЈАНУБ

AЛ КАЛИФА

AЛ РАЈАН

Stadium, Al Rayyan

AЛ ТУМАМА

Градскиот стадион за едукација во градот Ал Рајан

Лусејл

Рас Абу Абуд

Прилепчанец пpeдводник на cтyдентcките пpoтecти во Maкедонија

Дали е ова 1939? Без образование нема држава – Жолт картон за Владата и едноминутно молчење за погребаниот студентски стандард. Академските граѓани јасно и гласно на маршот организиран по повод меѓународниот ден на студентите порачаа дека е доста да бидат понижувани.

Студентите се децидни во своите барања: Покачување на висиината на студенскиот оброк, итна санација на мизерните услови во студентските домови, изземање од антикризните мерки за штедење, изедначување на стипендиите и подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација – oбјави “АЛФА ТВ”

Штета што некој од важите деца не се во Стив Наумов. Ајде да ги замениме оброците, зошто во студентските бифра нема топол оброк по пониски цени или тоа важи само за Собрание, рече Милица Давчева од „Студентски отпор“.

Во 2022 година се водат преговори помеѓу студентите и управителите на студентските домови за поправка на лифгт, па секој ден треба да измислуваме топла вода. Потребни се итни мерки. Сакам да ги прашам надлежните, до каде се новите згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, вели Илија Ристески, студент на постдипломски студии.

Студентите порачаа дека не им се потребни работни групи со кои се пофали власта, туку конкретни решенија. Не се незадоволни од договорот пред три дена за субвенционираниот оброк да се исплаќа до март 2023 година по цена од 120 денари. Денешниот марш ги обедини во барањата да се преземат конкретни чекори за да се подобри студентскиот стандард.

Барањата остануваат исти. Подобрување на студентскиот стандард и услови, спроведување на Законот за субвенциониран студентски оброк, подобрување на условите во студентските домови, дигитализација, тоа се суштински прашања и рационални барања, вели Славчо Јакимовски, претседател на УСС УКИМ.

Додека студентите на улица ги бараат своите права, пратениците во собраниската Комисија за финансирање и Буџет не ги прифатија двата амандмани, предлог на ВМРО – ДПМНЕ за покачување на износот на студентскиот оброк и истиот да се исплаќа до крај на академската година.

Во собраниска процедура сега влегува предлог измени на Законот, со кој ќе се исплаќа на секој студент по 2400 денари, односно само по 120 денари на ден во работни денови и само до 15 март идната година. Предлогот треба да се гласа по скратена постапка.

Во однос на реконструкцијата на студентските домови, од МОН кажаа дека ќе се работело прво во „Стив Наумов“, ама од в година.

Еден од предводниците на студентскиот протест е и Илија Ристески од Прилеп, кој синоќа се обрати пред студентите.

Во Битола одбележани 78 години од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада (Фото)

Денеска, во Битола се одржа чествување по повод 78 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна
бригада, која беше формирана на 18 ноември 1944 од трите партизански одреди од Воденско, Леринско и Костурско.

Свежо цвеќе пред спомен плочата, положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски и градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, како и претставници на други делегации.

Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола.

Фестивалот “Војдан Чернодрински” во Прилеп ќе се одвива преку цела година: Од утре ученици ќе учат за театарот на едукативни работилници

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во своето 57. издание воведува содржини во текот на целата година. Меѓу нив ќе биде едукативната работилница што ќе започне од утре (19 ноември) во Прилеп. Работилницата ќе ја води режисерот и едукатор Милош Б Андоновски, а ќе биде наменета за наставници и ученици од прилепските основни училишта „Кочо Рацин“ и „Св. Климент Охридски“ и средните училишта „Мирче Ацев“ и „Ѓорче Петров“.

Работилниците ќе се одвиваат во репетиционата сала на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, а фокусот ќе биде врз истражување и проучување на театарската уметност и неговите сфери: актерството, драмското пишување, сценографијата, костимографијата, критиката.

-Овој концепт и воведувањето на едукативната програма, не само што го прават фестивалот поотворен од кога било, туку нудат и ретка можност за меѓугенерациско учење: наставници, ученици и актери на различна возраст заедно да работат и да учат едни од други. Целта на оваа едукативна програма во рамките на МТФ „Чернодрински“ е само првиот чекор кон она што сите нѐ чека по завршувањето на фестивалот – генерирањето нова публика и нови очи, коишто повторно и повторно ќе му се враќаат на гледањето театар – вели режисерот Андоновски.

Тој надополнува дека во работилниците ќе се вклучат и неколкумина актери од прилепскиот ансамбл, кои ќе се среќаваат со учениците и наставниците еднаш неделно, сѐ до почетокот на фестивалот во јуни.

Месечните работилници ќе бидат тематски одредени и поврзани со драмата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, којшто, воедно, е и автор во фокус на 57. издание на фестивалот.

Директорката на фестивалот, Ана Стојаноска посочува дека секоја година ќе ротираат по две средни и две основни училишта. До почетокот на февруари, ќе има и презентација на сработеното, дополнува Стојаноска.

Гордеј се Македонијо имаш европски шампион во кик бокс

Бобан Илиоски е европски шампион во кик бокс.

Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Ова е втор медал за Македонија на ЕП, откако Викторија Варадинова се закити зо бронзен медал.

„Боби се бореше промислено и поразлично од секогаш. Одеше на сигурни поени и се пазеше од непотребен ризик да не дојде до повреди и не одеше на нокаут, како што знае секогаш. Сите негови противници, познавајќи го дека е офанзивец и плашејѓи се од нокаут со своите тренери имаа изградено тактика за борба против Боби. Но, ги збунивме, бидејќи ја сменивме целосно тактиката и начинот на борба, односно со поени да стигнеме до победа и до злато. Дадените инструкции се покажаа продуктивни. Добро е што Боби нема никаква повреда, бидејки за краток период имаме профи борба на Сенши, престижниот турнир против Едуард Алексијан од Бугарија“, изјави слекеторот Дејан Митровски-Урко за Ипон.мк.

Панчо откри: Еден од нас наскоро заминува од Македонија (Видео)

На 3 декември во арената „Борис Трајковски“ дуото ДНК ќе прослави 20 години успешна работа на македонската музичка сцена. Во новата „Еден на еден“, која ќе се емитува во недела, Владимир Блажев – Панчо открива дека ова најверојатно ќе биде нивниот последен концерт.

Не сакавме да го откриваме ова сега, но големи се шансите еден од нас да се отсели од Македонија, вели тој. Во најавното видео за емисијата не се открива дали станува збор за негова или преселба на Андреј.

Пендаровски: Син ми не би го пуштил да живее во студентски, ги знам условите

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски коментирајќи ги условите во студентските домови и студентските протести, даде изјава во налик на онаа дека ако не бил претседател ќе се иселел од Македонија.

Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

-Мојот син е втора година на факултет во Скопје и има каде да преспива, меѓутоа не би го пуштил. Условите во студентскиот дом „Стив Наумов” ги знам бидејќи 25 години живеам до тој дом. Беа грозни и одвратни уште тогаш, не гледам дека нешто суштински се променило, рече Пендаровски.

Тој вели дека од деведесетите години па наваму студентите од време на време се бунат и со право за услувите во кои живеат и од време на време во условите во кои студираат.

– И да завршат и да дипломираат во такви никакви услови низ студентските домови зборувам, понатаму на пазарот на трудот таков каков што е кај нас во Македонија прашање е колку ќе може да најдат соодветна работа или ќе работат како таксисти или фисикалци и на крајот и заради тоа кога ќе сфатат дека години и години им пропаднале во студирање за џабе ќе отидат надвор и ќе пробаат во струката да најдат работа, ако ништо повеќе, изјави претседателот Пендаровски.

Тој рече дека секој политичар треба да ја разбере реченицата која според него била доста коректна за тоа дека политичари не сакаат да присуствуваат на протестите.

Најлесно да го убиеш еден протест е да го обоиш политички или партиски, а порано сме имале и етнички, додаде претседателот.

Овие улици и делови од Прилеп денеска до 14 часот ќе бидат без вода

Водоснабдувањето на ден 18.11.2022 (петок) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.

Вкупната произведена количина на вода е 258л/с, од кои 218/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Кузман Јосифовски Питу”, ул. “Марксова”, ул. “11ти Октомври”, Реон – Индустриска зона Металец, н.м. Тројкрсти.

РК Прилеп со промотивен спот за упис на млади таленти

Ракометниот клуб Прилеп преку промотивен видео спот ги повикува сите заинтересирани млади кои го сакаат ракометот и сакаат да тренираат, да се приклучат на некоја од возрасните категории во клубот.

Со хуманитарна акција во прилепската болница одбележан Светскиот ден на предвремено родените бебиња (Фото)

Во просториите на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, денеска се одржа најавениот хуманитарен настан под мотото “За прерано родените деца”.

-Во организација на Данче Оклеска, мајка која на себе почувствувала како е да се биде мајка на прерано родено дете, а во соработка со други мајки, денескаa имавме прилика да видиме една друга несебична, искрена, човечна слика на младоста која тежи кон здраво семејство и неговите вредности.

Нашата болница несебично се вклучи во организацијата, а одзивот на оние кои даруваа беше многу голем и од персоналот и од целиот град. Сплотеност, еднаквост и насмевки видовме на лицата на секој кој влезе денес!

Средствата собрани денес ќе бидат наменети за неонатолошко одделение за купување на апаратура која би им била од корист во работењето. Покрај паричните средства имаше и други донации како детски постелнини, јорганчиња, козметички производи и сл.

Дел детска облека беше поделена на новородените деца. Голема благодарност од одделението за неонатологија и раководството на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност до младите мајки и до сите кои денес донираа – напишаа од прилепската болница.