дома блог страница 1355

Да им посакаме среќа: Сестри близначки од Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот Џудо Куп во Унгарија

Прилепчанките Теа и Теона Настоски ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот куп во џудо во Унгарија.

Претстојниот викенд 18, 19 и 20. ноември во Ѓер, Унгарија, ќе се одржи Европски Куп во џудо за кадети/ки.

На ова престижно натпреварување учество ќе земат репрезентативките и членки на ЏК Сеишин Прилеп, Теа Настоска и Теона Настоска во категоријата до 44 кг.

Репрезентстивките ги предводат селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов.

Се надеваме на поволен ждреб и успешен настап на нашите репрезентативки – информираат од прилепскиот џудо клуб.

Во еден ден две пpиjaви за физички напади во Прилеп

Од СВР Битола информираат за две пријави за физички напади во текот на вчерашниот ден во Прилеп.

3.К. (52) од Прилеп приjaвил дека на улица “Ладо Лапецот” во Прилеп бил физички нападнат од Р.Т. од Прилеп.

Истиот ден, Ц.Р. (20) од Прилеп пријавил дека на ул. “Александар Македонски” во Прилеп бил физички нападнат од Т.Р. од Прилеп.

Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

Студентскиот дом “Орде Чопела” во Прилеп еден од листата кои ќе се реновираат од идната година

Од почетокот на 2023 година ќе се реализира проектот за реновирање на студентските домови во државава и ќе стартува со „Стив Наумов“ во Скопје, каде што условите се најлоши. Проектот вреден околу 20 милиони евра од Германската развојна банка ќе се спроведува во три фази во наредните три години. Акцискиот план на Министерството за образование и наука денеска беше претставен на средба со студенти и пратеници во Собранието.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред почетокот на средбата изјави дека очекува првата фаза за реновирање на неколку домови да почне во јануари-февруари.

-МОН веќе има добиен проект кој треба да почне што побргу. Очекувам првата фаза да биде во јануари-февруари кога е предвидено реновирање на неколку студентски домови. Акцискиот план предвидува за три години да бидат реновирани сите студентски домови во нашата земја. Проектот е вреден 20 милиони евра и ги опфаќа студентските домови: „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Гоце Делчев“, „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ во Скопје, „Орде Чопела“ во Прилеп, „Кочо Рацин“-Битола, „Браќа Миладиновци“-Штип и „Никола Карев“ во Охрид, истакна Шаќири.

Во рамките на првата фаза, од почетокот на 2023 се очекува да стартуваат градежните работи и, според Акцискиот план, во двете наредни години ќе бидат распределени, во втора и трета фаза, студентските домови што ќе бидат реновирани.

-Има поминато три фази во одобрувањето на компанијата и е одредено што да почне да се работи, го очекуваме што побргу крајното одобрение за да почнат градежните работи. Во наредната година, според фазите, се на ред други домови и во третата година – трета фаза се последните студентски домови, додаде Шаќири.

Средбата во Парламентот, на Меѓународниот ден на студентите, ја организира собранискиот Клуб за младински прашања и политики, на барање на Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет. Покрај пратеници, присуствуваа директори на студентски домови и претставници на универзитетски студентски собранија.

Пратеничката Моника Зајкова изјави дека Клубот на млади пратеници ја иницирал средбата на барање на УСС на УКИМ со цел институциите да го слушнат гласот на студентите и да има формален документ што ќе содржи правни заклучоци со кои, како што рече, ќе ги обврзат надлежните институции да постапуваат.

-А доколку не постапуваат, да се направи надзорна расправа зошто не е постапено. На средбата што овде ја имавме во понеделникот по однос на Законот за субвенциониран студентски оброк произлезе и барањето денеска да имаме средба за да се утврди Акциски план за состојбите во студентските домови. Акцискиот план содржи конкретни рокови со кои ќе ги обврземе институциите во која фаза што треба и до кога да се преземе, додаде Зајкова.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Славчо Темелковски изјави дека на средбата преку дијалог ќе констатираат кои треба да бидат крајните датуми за реализација на Акцискиот план на МОН за подобрување на условите во студентските домови.

– Генералната слика на студентските домови е лоша, најлоша е ситуацијата во „Стив Наумов“ и затоа е приоритетен. Целта на оваа средба е да се најде решение за најголемите проблеми, на пример тоалетите во „Стив Наумов“, како и целата хигиена во тој дом. Ќе говориме за тоа како ќе се одвива реконструкцијата на домовите и би сакале да го знаеме планот за реализацијата на проектот, рече Темелковски.

По повод нивниот меѓународен ден, студентите од повеќе универзитети попладнево на марш од Владата до МОН ќе ги актуализираат своите барања: издвојување средства од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација.

“Комити” тајно дошле во Прилеп, Битола и Кавадарци и поставиле транспаренти (Фото)

Комити ќе слават 35 години од своето постоење, јубилеј кој ќе го одбележат на фудбалски натпревар меѓу Вардар и Железничар од БиХ, закажан на Градски на 23 ноември во 19:30.

Дел од Комити синоќа направиле поголема обиколка за да го најават спектаклот во Скопје и се појавиле во Кавадарци, Битола и Прилеп со транспаренти на кои пишувало:

Иако на профилот на Комити нема објавено фотографија од Прилеп, од навивачката група Мајмуни објавија дека ваков транспарент бил поставен и во градот под Марковите Кули.

Од Мајмуни им го порачаа на Комити следното:

А возвратија и Чкембарите:

(Видео) Дали е ова најконтроверзниот погодок во историјата на фудбалот?

Во својата 92-годишна историја, ниту едно Светско првенство не помина без скандали, разни афери, интриги и контроверзни судиски одлуки кои во неколку наврати одлучуваа кој ќе биде шампион на планетата.

Повеќе од половина век се води сериозна дебата за тоа дали Англичаните во 1966 година заслужено стигнаа до првата и единствена титула светски прваци.

Дали познатиот гол на Џеф Харст во продолженијата од финалниот меч против Германија беше “легален” или домаќините стигнаа до тронот со помош на своите „сојузници“?

Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 2:2, па одлуката му падна на шампионот по продолженијата. Во 101. минута од натпреварот легендарниот Џеф Харст го постигна еден од најспорните голови во историјата на Светските првенства. По неговиот удар, топката ја погоди пречката и падна на линијата. Поминала или не, тешко дека некогаш ќе дознаеме.

Полициjaта yaпcи 16-годишник од Прилеп: Му пpoнашле мapиxyaна

На 16.11.2022 на ул.„Панко Брашнаров“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп лишиле од cлобода 16-годишен малолетник од Прилеп, затоа што кај него била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Девојките кои донесоа сребро и бронза од Романија, денеска на прием кај градоначалникот на Прилеп (Фото)

Боречкиот клуб „7-ми Мај“ Прилеп е еден од презентерите на градот Прилеп на национално ниво а исто така активно учествува и е дел од репрезентацијата на Република Македонија.

Клубот е формиран во 2004 година и веќе 18 години учествува во сите натпреварувања. Шампион е во женска конкуренција за 2020 и 2021 година, а исто така имаат значителни и големи успеси од учествата на светски првенства, балканијади и слично.

Најновиот успех на борачките од клубот е во Букурешт Романија на Балканското првенство каде што Ангела Трајкоска освои сребро, а Елена Дејкоска бронза што претставува навистина одличен резултат.

Денеска девојките беа и на прием кај градоначалникот на општина Прилеп, кој им посака уште многу поголеми успеси во иднина.

-Ќе продолжиме да ги поддржуваме спортските клубови со цел да помогниме во развојот на сите спортови во општина Прилеп. Локалната самоуправа на општина Прилеп и јас како градоначалник, имаме план за во наредниот период во кој ќе ги вклучиме, обединиме и зајакниме сите спортови од нашиот град – напиша Јовчески на ФБ.

Бабичка дилep: 78-годишна жена фатена во шyма со половина килограм aмфетамин и нож

Во населбата Галеника во Земун се наоѓа шумата каде полицajците ја затекнале постарата жена. Освен 400гр. амфетамин и дигитална вага, 78-годишната жена со себе имала и нож.

На ocoмничената иѝ е одредена мepка пpитвop до 48 часа, по што со кpивична пpиjaва ќе биде спроведена во надлежното обвинителcтво, соопшти МВР на Србија.

Внимавајте, врие од измамници: Жител од битолско платил 300 eвpa за транспорт до Белград – останал и без пари и без транспорт

На 15.11.2022 во 21.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 60-годишен жител на битолско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.700 денари.

Според пријавеното, лицето му се јавило и се претставило како менаџер на фирма од Скопје и побарал од него да му организира транспорт од Скопје до Белград.

Исто така, според пријавеното, лицето му побарало и услуга за негов вработен, по што тој се сретнал со едно лице и му ги дал парите.

Како што е пријавено, откако ги дал парите повеќе пати се обидел да стапи во контакт со лицето, но не му било одговорено на повикот и отишол во фирмата каде го известиле дека немаат побарано помош за организирање превоз, по што сфатил дека бил измамен.

Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.

Цело време сме постапувале погрешно: Еве како совршено да испечете костени (Видео)

Костените се едни од највкусните плодови на есента и веќе ги има по пазарите и трпезите. Вкусни се варени, но уште повкусни се кога се добро испечени.

Ако досега погрешно сте постапувале и тешко ви одело, погледнете го видеото во продолжение и уживајте во совршено испечени костени.