Браво! Дедо Мраз ги посети дечињата во детското одделение на прилепската болница (Фото/Видео)

-Пакетчиња за децата хоспитализирани на детското одделение во прилепската болница Ова е период од годината кога последните часови се во знак на дарување и славење. Општествено одговорната приватната прилепска компанија “Твојот мајстор“ се погрижи денес најпосакуваниот и најбаран Дедо Мраз да ги израдува дечињата згрижени на детското одделение во Општата болница со проширена дејност Прилеп.

Сопствениците и вработените со овој скромен гест посакаа да им ги разубават претстојните празници затоа што сметаат дека на децата треба постојано да им се подарува внимание и љубов.

Заедничка на сите е желбата дечињата што побрзо да оздрават и да се вратат кај своите најблиски во нивните домови. Детските насмевки се најубавиот новогодишен подарок за време на новогодишните и божиќните празници.

“Твојот мајстор“ настанот го збогати со врачување на 3 дигитални топломери за детското одделение во Општата болница со проширена дејност Прилеп – информираат од прилепската болница “Борка Талески”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.