дома блог страница 1353

Утре и задутре драстична промена на времето – Eве каде се очекуваат најобилни врнежи од дожд

УХМР најавува дека под влијание на циклонска активност утре и во понеделник претпладне времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои утре попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 литри на метар квадратен за 24 часа).

И во Скопската Котлина утре попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и поројни.

Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (се очекуваат и над 30 литри на метар квадратен воден талог за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава.

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец со јачина од над 60 километри на час. Поради заладување во понеделник на повисоките врвови на северозапад ќе врне снег. Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.

И брат Љубе зема дебели пapи, а никој не знае што работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најкарактеристичните примери за паразитирање на грбот на граѓаните е Љубе Бошкоски кој зема 50.000 евра за мандат, а никој не знае ни што работи ни што придонесува за тие пари, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ, продолжувајќи ја листата на функционери како дел од аферата „Паразити“.

„Аферата ‘Паразити’ секој нов ден покажува нов аздислак на власта на СДСМ и ДУИ во време на криза. Додека од народот бараат да стега ремен, да се тушира со поладна вода, да готви во мали тенџериња, тие немаат абер да ги скратат баснословните хонорари и плати на функционерите кои ги именуваат. Таков е примерот и со Љубе Бошкоски, кој зема 50.000 евра за мандат, а никој не знае што работи и што придонесува за тие пари. Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и речиси 50.000 евра за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист. Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3.000 евра месечно или 144.000 евра за мандат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Христијан Мицкоски сметаат дека власта на СДСМ и ДУИ во оваа криза имаат други приоритети, различни од тие на народот.

„На власта приоритет им се непродуктивните трошења, криминалот и полнењето на функционерските џебови“, се вели во партиското соопштение.

Приказна со среќен крај: Ова е кучето Ангел од Прилеп, помина низ пекол, а сега одново е прекрасно суштество благодарение на две девојки (Фото)

На Фејсбук страната Помош на животните Прилеп – Prilep Animal help секојдневно се објавуваат повици за помош на напуштени животни, а најновата инспиративна приказна е за кучето Ангел, кого активистите за заштита на животните од Прилеп успеале да го вратат од “мpтвите”.

Приказната е трогателна и ќе допре до секого, а крајот е среќен.

-Здраво јас сум Ангел како што знаете. Бев весело и мирно куче но од нигне никаде добив чудна болест, јадев некоја неубава храна, но таква најдував по улиците. Го губев крзното се повеќе и повеќе и забележував дека кога луѓето ќе ме видеа чудно реагираа. Тоа ми беше знак дека треба да се кријам и јас тоа го правев но се повеќе немав влакна и започна кожата да ми пука и тече крв.

Ми требаше помош, но немав доверба во намерите на луѓето слушав гласови дека треба да ме убијат да не се “мачам” но јас сакав да живеам. Една вечер ме здогледаа две девојки започнаа да идат по мене но јас бегав. Започнаа да ми даваат некоја убава храна која никогаш не сум ја вкусил, сепак не верував и бегав.

Беше многу жешко и јас гладен се движев по улиците барајќи храна а најмногу вода, немаше никаде и малку фалеше да се онесвестам. Одеднаш ги видов истите девојки со истата храна која ми ја даваа, но веќе немав сили да бегам. Тие ме зедоа а јас сега сум како ново куче. Ме лечеа иако биле скапи лековите некои добри луѓе ми дадоа.

Јас сум денес среќен, сакам дури и да играм и имам само една желба да живеам во свет во кој секое куче како мене ќе ја има оваа шанса. Шанса за втор живот.

Јас и не сум крив што сум на улица и не сум единствен што дели ваква судбина. Помош е секогаш добредојдена барем за храна бидејќи не сум единствен и не сум само за еден ден – накратко го опишуваат целото патешествие на кучето Ангел на Фејсбук страната.

Девојките кои го спасиле Ангел за нас се непознати, па отворено ги повикуваме да споделат каква се’ помош им е потребна, за да апелираме до стопанствениците и хуманите граѓани.

Животните се невини суштества кои не по нивна вина се наоѓаат на улица и се изложени на милост и немилост, како од надворешните влијанија, така и од несовесните граѓани.

Бидете и вие херои, спасете и вдомете безодно куче или маче!

Сите кои сакате да помогнете на овие ентузијасти и вљубеници во животните, контактирајте ги активистите на Фејсбук страната Помош на животните Прилеп – Prilep Animal help

Пендаровски откри: Амбасадорот Бејли во хотелот “Мериот” ги убеди осумтемина пратеници да гласаат за промена на името

Претседателот Стево Пендаровски за „ТВ 24“ откри досега непознати моменти за преговорите за промена на името и уставните измени кои следеа. Шефот на државата обзнани дека осумината пратеници пред гласањето имале долг разговор со тогашниот американски амбасадор Џес Бејли.

-Осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа тогаш кога требаше да се отвора Уставот имаа прилично долг состанок во хотел Мериот со американскиот амбасадор. Прилично долг, неколку часови, во кој тој ги убедуваше, не им се закануваше зошто тоа би требало да го направат. Сега тоа не може да се замисли да се случува – откри Пендаровски.

Битола во еден ден: Kacнати од кyчиња скитници, апceње за дpoга, камион yдpил во жена

Извадоци од полицискиот билтен со дневни настани на МВР

-Денеска (19.11.2022) во 02.20 часот на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.А.(29) од Битола, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја, повеќе таблети, шише со течна материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 18.11.2022 во 13.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карангелевски“, ул.„Игњат Атанасовски“ и крак кон влез за паркинг простор од Новиот пазар’ во Битола, товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С.(52) од Битола, удрило во пешакот М.Г.(70) од Битола. Во несреќата, М.Г. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

-На 18.11.2022 во 12.15 часот во СВР Битола, С.М.(51) од Битола пријавила дека на ул.„Сисак“ била касната од куче скитник.

-На 18.11.2022 во 15.00 часот во СВР Битола, В.М.(47) од Битола пријавила во Градскиот пазар во Битола била касната од куче скитник.

Во недостиг на вистински навивачи, Катар си плаќа Пакистанци да глумат навивачи на Аргентина, Бразил, Португалија… (Видео)

Oрганизаторите на Светското првенство во фудбал деновиве се изложени на потсмев низ светот, откако медиуми објавија дека во недостиг на вистински навивачи, Катарците си платиле Пакистанци да глумат навивачи на големите европски и светски репрезентации.

На Интернетот и социјалните мрежи се шират еден куп видеа. Погледнете и проценете сами:

Бpyка: Го фатиле на лице место како кpaде во продажен објект во Прилеп

На 18.11.2022 во 16.35 часот на ул.„Браќа Ламески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.А.(30) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Алкoxoл на мyндиjaлот во Катар ќе има, ама за ВИП гостите на ФИФА и во ложите

По веста дека Катар го забранил пивото на два дена пред почетокот на Светското првенство, пристигнува информација дека ВИП гостите на ФИФА ќе можат да пијат алкохол во свечените ложи.

Се говореше дека Катар ќе направи компромис кога е во прашање алкохолот за време на Светското првенство, и навивачите ќе можеа да уживаат во пиво пред стадионите и во фан зоните.

Но на два дена пред почетокот на мундијалот пристигна информација дека нема да се точи пиво околу стадионите.

Сепак, алкохолот ќе биде забранет само за обичните навивачи, ВИП гостите на ФИФА и луѓето во свечените ложи ќе можат да пијат алкохол.

Одредени извори пренесуваат дека во ложите ќе се служи шампањ, виски и останати алкохолни пијалоци.

Е вака прават прилепчани: Свекор и свекрва на снаата и синот им го подарија највредниот свадбен подарок (Видео)

Е вака прават прилепчани! Идни баба и дедо од Прилеп на младите им подарија стан како свадбен подарок.

Честа да ја прочита пораката на свадбата ја имаше пејачот Влатко Миладиноски, кој со својата песна им ја разубавил семејната прослава.

За тие што не ги препознаа среќните свекор и свекрва, се работи за сопствениците на прилепскиот ресторан “Женева” покрај Црн Дрим во Струга.

Нека им е со среќа на младите и да ги израдуваат бабата и дедото со многу внучиња.

Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните зacлyжyваат независно cyдcтво

Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикуваше изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во писмен одговор на прашања за редакцијата на „360 степени“ да даде став за целиот процес, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата.

Амбасадорката и Амбасадата, се вели во писмениот одговор до „360 степени“, очекувале повеќе и поради милионите долари потрошени во обуки на обвинителите кои, пак, самите гласаа за шеф на ОЈО за ГОКК. Се додава и дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки.

-Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговори амбасадорката на САД во земјава, Агелер, на прашањето на „360 степени“.

На истото прашање на редакцијата до холандската Амбасада во земјава, се вели дека „за Холандија, владеењето на правото е од огромно значење и внимателно ги следиме сите случувања во правосудниот сектор во Северна Македонија“.

-Во февруари 2020 година, во последен момент, пред парламентот да се самораспушти на подолг период, со закон овозможи гонење на случаите на корупција на високо ниво што беа под СЈО. Овој поединечен настан ѝ овозможи на Холандија да се согласи да започне процедура за пристапување во ЕУ за Северна Македонија во март 2020 година. Затоа, работата на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и како тоа постапува со сите случаи на организиран криминал и корупција на високо ниво ќе продолжи да биде под лупа од Холандија“, одговорија од Амбасадата на Кралството Холандија на прашањата на „360 степени“.

Од Делегацијата на ЕУ во земјава, пак, на истото прашање на редакцијата нагласуваат дека „очекуваат новиот шеф на ОЈО за ГОКК да работи посветено и во дух на независност и дека борбата против корупцијата ќе биде под детален надзор на ЕУ“.

Обвинителот од Гостивар, Ислам Абази, беше избран за шеф на ОЈО за ГОКК на 7 ноември, откако тој доби највеќе гласови од своите колеги, вкупно 66. Неговата колешка од Вишото обвинителство – Гостивар, Деса Пауновска доби најмалку гласови, односно 10, Ермон Незири од скопското обвинителство доби 64 гласови, додека Вилма Русковска која исто така се кандидираше освои 14 гласови.

Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаа сите јавни обвинители во земјата.