дома блог страница 741

Битолчанката Оливера Наковска Бикова ќе биде единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз

Оливера Наковска – Бикова од Битола која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и за запозна со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во кои таа ќе се натпреварува.

Преседателката и го предаде македонското знаме, кое нашата олимпијка ќе го развиори во Париз.

-Македонското знаме гордо ќе се развее на Летните параолимписки игри во Париз 2024. Ми беше чест и задоволство да поразговарам со нашата спортска легенда, Оливера Наковска Бикова, во пресрет на учеството на најпрестижниот спортски настан. Веруваме во нејзиниот успех – напиша Претседателската Сиљановска на ФБ.

Оливера Наковска – Бикова освои златен медал во 2012 година во Лондон.

Гимназијалката од Прилеп, Ивана Атанасоска, освои бронзен медал на Светската олимпијада по геонауки во Пекинг

Македонскиот олимписки тим на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO2024 што се одржа во Пекинг, Кина, дома се враќа со еден сребрен и три бронзени медали.

Меѓу медалистите е и Ивана Атанасоска, ученичка во прилепската гимназија “Мирче Ацев”, која освои бронзен медал.

На Светската олимпијада по геонауки во Пекинг, учество зедоја 140 ученици од 35 држави, а покрај Ивана од Прилеп со медали се закитија и Милена Ангелова од Делчево, Михаела Павловска од Македонска Каменица и Атанас Ташковски од Крушево.

Ментор на Ивана е професорката Виолета Проскоска Велкоска.

Честитки за нашите вредни ученици и уште поголеми успеси во иднина!

Николоски: Денес плата ќе добијат вработените во Пошта, вчера добија во МЖ Инфраструктура – од понеделник ќе има плата за Железници и Транспорт

Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура. Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт, објави на својата Фејсбук страница министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

-Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!

Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура. Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.

Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот.

4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле.

Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ.

Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт.

Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!, пишува Николоски во својата објава.

Новиот капитен на штипска Брегалница, прилепчанецот Даноски: Против Победа опција се само трите бода

Прилепчанецот Зоран Даноски летово пристигна во редовите на Брегалница Штип, каде како капитен ќе се обиде да му помогне на тимот експресно да се врати во Првата македонска лига.

Поранешното лево крило на прилепска Победа, минатата сезона настапуваше за Тиквеш од Кавадарци, каде се радуваше на шампионскиот пехар во Купот на Македонија.

Брегалница во првото коло од Втората лига ја дочекува токму Победа, а Даноски за натпреварот и атмосферата во соблекувалната на штипјани вели:

„Сигурен сум дека сите ќе го дадеме максимумот на секој натпревар, а целта е јасна – враќање на Брегалница во Првата лига. Знам дека публиката ќе биде наш дванаесетти играч и ќе ни дава голема поддршка, нешто што беше пракса и во минатото.

Атмосферата во соблекувалната е одлична, задоволен сум од хемијата во тимот. Одлично ги одработивме подготовките, немаме повредени играчи и со максимална мотивација го чекаме почетокот на првенството.

В недела отвораме против прилепска Победа, која исто така има млад и амбициозен тим. Нема да биде лесно, тие сигурно нема да пристигнат со бело знаме. Многу нешта ќе зависат од нашата игра, но ве уверувам дека одиме на победа на секој меч“, изјави Даноски.

Мајсторите гурмани од “Ана Марија Фуд” се грижат за вашата исхрана – И денеска царско мени! (ФОТО)

Живееме во време кога како никогаш досега сме преокупирани со работни овбрски, со брзање да стигнеме секаде, да обезбедиме денар повеќе и подобар живот за себе и своето семејство. Па не е ни случајно што во една ваква трка со времето, многу често се случува готвењето да го ставиме во втор план.

Ако ги прашате прилепчани пак, тие ќе ви речат дека одамна заборавиле што е тоа готвење, а зошто е тоа така? Епа Прилеп си ја има “Ана Марија”, кетеринг кој секојдневно се грижи за илјадници трпези со највкусни јадења. И сега многумина ќе речат: “Па тоа не е причина да не се готви дома”. Не е причина, но ако ги погледнете нивните цени, а потоа и вашата сметка за потрошена електрична енергија, и тоа како ќе ви стане јасно за што зборуваме.

20 години традиција се нешто со кое ретко кој може да се пофали, а притоа ниту еднаш да не ги разочара оние кои им ја даваат довербата. Сите кои се увериле во квалитетот на храната, услугата, љубезноста, виското ниво на хигиена и уредност секогаш повторно се враќаат.

Менито е секојдневно богато, има од се’ по нешто, па дури и најпребирливите ќе најдат храна која им одговара. За да нема кавги подома од типот “Што ќе јадеме утре?”, тимот на “Ана Марија” навремено ги известува своите потрошувачи за утрешното мени.

Неодамна во нивниот синџир за храна се приклучи и “Ана Марија” ресторанот за брза храна, лоциран веднаш до кетерингот и место каде прилепчани уживаат во најдобрите хамбургери и гиро во градот. Ако сте вљубеници во овој вид на храна, наш совет е секогаш навремено да порачате на телефонскиот број: 072/267-000, затоа што редот на порачки често е долг.

И за понудата на храна да биде комплетна, сопствениците отворија уште и пица ресторан, кој пак се наоѓа веднаш до средното училиште “Орде Чопела”.

Готвена храна со многу љубов, вкус и мирис за уживање, хамбургери какви нема никаде во Прилеп и пици по најниски цени во градот. Сето ова само во “Ана Марија”, а како успеваат да постигнат се’? Eпа затоа се мајстори на својот занает во кој никој не им е рамен.

А за малку ќе заборавевме. Тимот на “Ана Марија” ви стои на располагање за сите помали и поголеми свечености. Нудат кетеринг прилагоден по вашиот вкус, со кој вашите прослави ќе добијат поинаков шмек.

Бидете и вие дел од илјадниците кои својата својата доверба им ја дале на најдобрите. Веќе од понеделник, стартувајте ја работната недела со нешто вкусно и неодоливо.

Побарајте ги на телефонските броеви: Пица ресторан – 073/444-433
Фаст фуд: 072/267-000
Готвени јадења: 075/234-190
Тимот на “Ана Марија” ве очекува!

Се е подготвено! Денеска стартува 14-то издание на возбудливиот турнир во баскет “КГЈ 3×3” во Прилеп (ВИДЕО)

По пауза од 4 години, возбудливиот турнир “КГЈ 3х3”, минатата година повторно се одржа во Прилеп.

Од 16-18 август на спортското игралиште во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” Прилеп, ќе се одржи 14-то издание на популарниот турнир во кое има пријавено триесетина екипи од Прилеп и од други градови.

Секој ден првите натпревари започнуваат во 17 часот, а за публиката да ужива во натпреварите поставени се монтажни трибини и столчиња.

Очекувајте многу изненадувања како за играчите така и за публиката, и секако неверојатна акција на теренот и одлична атмосфера.

Концерт на Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл во Прилеп

НУЦК „Марко Цепенков“ ви го најавува фантастичниот концерт на Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл!

На 23.08. 2024 г. (петок),  од  20.30ч.на сцената на „Марко Цепенков“. Билетите се по цена од 200 ден. и ќе може да се купат секој работен ден од 11 до 12 часот на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“, во кафуле Лувр галерија и Чоше кафе!

Резервации на влезници на телефонските броеви: 076 442 377 и 076 442 375.

Се гледаме следниот петок на многу уживање и заедничко пеење!

портфолио

https://docs.google.com/document/d/1AhdrYjidsCXTGg0CvRyEJFLjEg_AEd99/edit?usp=drive_link&ouid=114172131199804440052&rtpof=true&sd=true

******************************************************************************

Дизајн: Пинестал

Фото: Соња Ставрова

Наши, а светски: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на Светското клупско ракометно првенство

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од претстојното Светско клупско ракометно првенство каде во комбинација влегуваат и најдобрите светски и македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Светското клупско првенство ќе се игра од 27 септември до 3 октомври, а ќе играат девет тима меѓу кои унгарскиот Веспрем, германскиот Магдебург и европскиот првак Барселона.

Од утре до недела 14-то издание на популарниот турнир во баскет “КГЈ 3×3” во Прилеп

По пауза од 4 години, возбудливиот турнир “КГЈ 3х3”, минатата година повторно се одржа во Прилеп.

Од 16-18 август на спортското игралиште во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” Прилеп, ќе се одржи 14-то издание на популарниот турнир во кое има пријавено триесетина екипи од Прилеп и од други градови.

Секој ден првите натпревари започнуваат во 17 часот, а за публиката да ужива во натпреварите поставени се монтажни трибини и столчиња.

Очекувајте многу изненадувања како за играчите така и за публиката, и секако неверојатна акција на теренот и одлична атмосфера.

Скопска Пивара подготвува спектакл и многу изнанадувања во Прилеп (ФОТО)

Со одлична музичка програма Скопска Пивара на 16. и 17. август, ќе прослави 100 години СКОПСКО ПИВО во центарот на Прилеп.

На плоштадот “Методија Андонов – Ченто” веќе се поставува концертната бина, а наоколу се е во знакот на најдоброто македонско пиво, бренд кој слави цел век постоење.

Прилепчани утре (петок 16.август) ќе ги забавуваат “Љубојна” и најдобрите прилепски рокери од бендот THE HOUNDS. Во сабота Прилеп ќе ги дочека NEXT TIME и SHINE, а покрај музичките групи, свој настап со диџеј сетови ќе имаат и Dj JOVAN и Dj DAVID KAY.

Заедно да ја прославиме првата стотка и да наздравиме за наредните 100!

100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!