дома блог страница 738

Иџе: Ова е Македонија, ова се Македонци (ФОТО)

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе, кој повеќе од достојно ја преставува Македонија на трките низ Европа, на социјалните мрежи им се заблагодари од срце на голем број на Македонци кои го бодреле на трката во Швајцарија, која е дел од Европскиот шампионат на ридски патеки.

„Ова е Македонија, ова се Македонци, ви благодарам од срце за поддршката што ми ја давате“, напиша Иџе на социјалните мрежи.

Во 124 основни и средни училишта може да почне едносменска настава, бројката може да се зголеми

Од први септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека со дел од училиштата сѐ уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава.

-Во тек е и анализата што ја прави Министерството за образование и наука, а ни помага и Светска банка, што точно ќе покаже кои училишта имаат можност да работат само во една смена. Според првичните сознанија, уште 50-тина училишта, со доградба на една до пет училници, би можеле да работат само во една смена, изјави министерката Јаневска.

Појасни дека овозможувањето едносменска настава е приоритет на Министерството и во следните неколку години ќе се вршат прилагодувања на сите училишта.

Со тоа ќе се промени и самиот начин на учење и ангажирањето на наставниците, а за учениците ќе значи подолг престој во училиште исполнет со различни дополнителни наставни и воннаставни активности, кои во светот се покажале корисни во образовниот процес.

Прилепчанец и’ се заканувал на сопствената сестра, па оштетил дел од покуќнината во домот

-На 19.08.2024 во 02.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода С.Н.(55) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.00 часот на 18.08.2024 агресивно се однесувал и се заканувал на неговата сестра, а оштетил и дел од покуќнината во семејниот дом.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Четворица прилепчани со тврди и метални предмети нападнале двајца браќа и сестра, но на тоа претходелo уште нешто

На 18.08.2024 во 16.15 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Т.А.(24), З.А.(41), Ш.А.(69) и Џ.А.(34), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека околу 15.30 часот заедно со уште две лица физички го нападнале К.Ф.(38) од Прилеп, неговиот брат А.Ф. и нивната сестра, при што употребиле дрвени и метални предмети.

Претходно, во 14.00 часот и Е.А.(47) од Прилеп пријавил дека околу 09.30 часот, тој и неговиот син Т.А.(24) биле физички нападнати од А.Ф., К.Ф. и С.Ф., сите од Прилеп, кои употребиле тврди предмети.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од МВР.

Трајановски: Се надевам дека пред Нова година ќе ги внесеме на терен „Бехтел и Енка“

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внеат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови.

Како што соошти денеска Трајановски, интензивно се работи на експропријации за кои кои претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните милијарда и 300 милиони евра за изградбата на автопатиштата.

-Потпишан е договор којшто е специфичен, којшто е по специјален закон направено и сметам дека, пак ќе кажам претходната влада, поставиле рокови за експропријација и дислокација на електрични водови и телекомуникациски водови којшто е надлежност на Република Македонија и не спаѓаат во тие милијарда и триста милиони, да бидат завршени минатата година. Ние правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат. Тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Дури и проектирањето е под надлежност на Република Македонија, не е во тие милијарда и триста, така што интензивно работиме за да може што побрзо „Бехтел и Енка“ да почнат да работат. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен, изјави Трајановски, при посетата на Кавадарци.

Трајановски потенцираше дека станува зор за дополнителни средства покрај планираните милијарда и триста милиони евра за патиштата.

Директорот на ЈПДП соопшти и дека го разгледуваат проблемот на жителите на прилепското село Ореовец кои со блокада на патишта ги спречуваат ископите на „Бехтел и Енка“ за делницата Прилеп-Битола, со образложение дека се нарушува статиката на нивните куќи и ќе се уништат изворите за вода.

-Ние го разгледуваме тој проблем. Сето тоа е од минатата влада и од минатиот градоначалник кој е од април оваа година, така што тоа е наследен проблем којшто ние понатаму треба да го решаваме, изјави Трајановски.

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ на 8 март минатата година потпиша Договор со претходната Влада со кој се обврза до 2027 година да изгради ќетири автпатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10-д. Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.

За секоја пофалба! Ранче и прибор за секое прваче во општината

Општина Ѓорче Петров за учебната 2024/2025 година обезбеди ранче и прибор за секое прваче во сите шест основни училишта.

Како и минатите две години, општината повторно им излезе во пресрет на родителите кои имаат прваче, со што на овој начин, финансиски им се олесни во однос на трошоците кои ги имаат за нивните ученици.

На овој начин повторно покажуваме грижа и за нашите најмлади граѓани кои возбудено го чекаат првиот школски час. Летниот распуст го искористивме за санација на делови од училиштата каде што имаше потреба од интервенција. Последно, ги обновивме ѕидните површини на ООУ “Мирче Ацев” – Информираше Градоначалникот Александар Стојкоски.

Тој додаде дека општината е целосно подготвена за старт на нова учебна година во сите основни училишта.

1.000 млади луѓе на едно место во 1 часот по полноќ гледаа финале во баскет во Прилеп! Одлична организација и натпревари на 14-от по ред турнир “КГЈ 3X3” (ВИДЕО)

Изминатиот викенд во Прилеп се одржа најновото, 14-то по ред издание на најпопуларниот турнир во баскет во регионот, “КГЈ 3×3”.

Kaко и секое минато издание, турнирот донесе голем број возбудувања и на едно место собра огромен број млади луѓе и вљубеници во спортот.

Синоќа над 1.000 публика го следеше финалниот натпревар и тоа во 01 часот по полноќ и на врнежливо време.

Дечките од организацијата направија надчовечки напори и во вакви временски услови турнирот да стигне до својата завршница, а притоа да не ги разочараат очекувањата на публиката.

Трите дена од турнирот изминаа во дружба, забава и акција, а мислењето на младите е дека на Прилеп му недостигаат вакви спортски случувања и надлежните треба да направат напори, да уредат што повеќе игралишта и финансиски да ги поддржуваат и мотивираат ваквите настани.

На турнирот оваа година пријавени беа 28 екипи од Прилеп и од други градови од Македонија. Наградата за прво место изнесуваше 20.000 денари, за второ 10.000 и за трето место 6.000 денари.

Организаторите: Стефан Костоски, Стефан Стевананџија и Марио Маџоски, упатуваат огромна благодарност до сите поддржувачи на турнирот, но и на сите оние кои помогнаа во организацијата.

“КГЈ 3X3” е братство кое трае 14 години!

Секоја чест дечки! Се гледаме следната година!

Николоски: Почнуваме со иградба на обиколница во Кавадарци, бизнисот ќе има голем бенефит

Mинистерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска заедно со директорот на ЈП „Државни Патишта“, Коце Трајановски, се во посета на Кавадарци, од каде најавија отпочнување на голема капитална инвестиција.

-Денес разговараме за еден голем капитален проект кој треба да го забрза развојот не само на Општина Кавадарци туку на целиот Тиквешки регион. Се работи за изградба на обиколница на градот Кавадарци и треба да помогне во подобрување на условите за бизнис, комуникацијата во растеретување на сообраќајот кој се случува во моментот низ самиот град а во перспектива да отвори и сериозни можности за развој – напиша Николоски на социјалните мрежи.

Teпачка во РЕК Битола: 20-годишник од Бучин пријавил дека бил нападнат од негов колега

-На 17.08.2024 во 19.50 часот во СВР Битола, Х.Г.(20) од село Бучин пријавил околу 15.30 часот на работното место во РЕК Битола бил физички нападнат од неговиот колега.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Се освети грозјето, верниците го преполнија храмот Св. Преображение во Прилеп – Прекрасна празнична слика која зрачи со љубов! (Фото галерија)

Православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Преображение Господово.

Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава.

Во црковниот храм Св. Преображение во Прилеп традиционално беше одбележана храмовата слава. Голем број верници го исполнија црковниот двор, запалија свеќа и се помолија за здравје.

Тропар на празникот:

“Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава, колку што можеа (да видат). По молитвите на Богородица и нас грешните да нé осветли Твојата вечна Светлина. Слава Тебе, Дарителу на Светлината.”

За многу години Празникот! Господ да им дарува здравје и спасение како на овогодинешните, така и на идните домаќини и на сите православни христијани!