дома блог страница 737

Денеска е Лазарова сабота, ден кога го пpaзнyваме големото чyдо

Лазарова сабота и Цветници се големи православни празници кои се и најава на најголемиот од сите – Велигден.

На овој ден, познат дури и како Лазарица во одредени делови од Македонија, се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос.

Овој настан бил на шест дена пред предавството и yбиcтвото на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Цветници, пак, е во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

На Лазарова сабота именден слават оние кои го носат името Лазар и неговите варијации.

На Цветници пак, именден слават оние кои носат имиња инспирирани од цвеќе, како на пример Цветанка, Цветан, Јасмина, Лилјана, Виолета, Босилка, Трендафилка, Роза и слични.

Вриеше како во кошница! Учениците и наставниците од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп организираа голем предвелигденски панаѓур (ФОТО)

ООУ “Кочо Рацин” Прилеп денеска организираше голем предвелигденски панаѓур. На шеталиштето пред училиштето беа поставени тезги на кои се продаваа изработки од вредните раце на учениците и нивните наставници.

Панаѓурот предизвика огромен интерес кај прилепчани, кои ја искористија можноста да си купат по некој украс и да го наградат трудот на учениците.

Настанот го посети и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој порача:

-Денес го посетивме предвелигденскиот панаѓур каде што ја видовме креативноста, идеите и прекрасните производи сработени од вредните раце на учениците на ООУ „Кочо Рацин“. Она што навистина ме радува е оваа денешна преубава глетка во центарот на градот, многу насмеани лица, одлични изработки и прекрасна празнична атмосфера!

Раскошна убавина! За Цветници, цветно во прилепската гордост – храмот Св. Петка (Фото галерија)

ЗА ЦВЕТНИЦИ ПОВЕЛЕТЕ ВО НАШИОТ ЦВЕТЕН ХРАМ – повикуваат од црковниот храм Св. Петка во населбата “Toчила” во Прилеп

Во она време радосното „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној Кој доаќа во името Господово“ се слушало надалеку од Ерусалим! „Осана“ се кревало високо до ведрото небо! Ликувал и славел еврејскиот народ! Била Цветна недла. Некакво свето воодушевување ги обзело народните маси … Славењето било величествено. Но тоа одговарало на величието на Оној за кого било приредено. Од Ерусалим и од неговата околина голем број луѓе, свечено облечени и накитени, биле излезени пред портите на Ерусалим и надвор од него, за да го пречекаат Месијата. Оној што претходниот ден го воскреснал четиридневниот Лазар и направил уште многу чуда! Секој се трудел видливо да ја изрази својата почит кон Големиот Учител: едни ги симнувале алиштата од себе и со нив го постилале патот каде што Он поминувал; други, пак, сечеле гранки од дрвјата и ги фрлале по патот или мафтале над своите глави во знак на посебна радост проследено со стихијниот татнеж од радосните восклици. Се било насмеано, се било весело, восхитено. Тоа бил највозвишен миг на радосно ликување на еврејскиот народ!

Црквата оваа недела ќе го прославува тоа Христово влегување во Ерусалим. Тој голем настан и сега во нашите души предизвикува радосни чувства. Во недела и ние ќе се собереме во нашиот храм да му се изнарадуваме на влегувањето Христово во светиот Ерусалим. Во недела Христос ќе влезе низ Златните порти, онака како што светите пророци, неколку столетија пред тоа, пророкувале во своите пророчки книги од Стариот завет. Ќе влезе како најсмирен и најпокорен слуга на луѓето.

Оваа недела во илјадници храмови ширум светот ќе се празнува тој настан. Милиони православни ќе празнуваат во храмовите, пак и пак обновувајќи го споменот на палмовите гранчиња, кои ќе ги замениме со врбови, бидејќи тие најрано се будат од зимскиот сон. Истовремено тие се симбол и на Лазаревото воскресение и на победатa на животот над смртта. Сето тоа е полезно и спасоносно, оти помага за јакнење на верата, за ублажување и облагородување на срцата и за возвишување на човечкиот дух.

Но … Христос, при влегувањето во Ерусалим, плачел и тагувал. Зошто Исус, Кого толку свечено го чекале, бил натажен? Во Неговите јасни и секогаш смирени очи дури се гледале солзи. Во таква свечена и радосна минута наеднаш … солзи! Според вообичаената човечка проценка, тоа е просто незамисливо. Но Господ, подобро отколку самите луѓе, ја знаел променливоста на човечкото срце. Пред Неговото божествено сезнаење се отсликувала друга страшна слика што по неколку дена требало да се открие на Голгота.

В недела, браќа и сестри, Христос ќе зачекори по патот не само на Неговите страданија туку и по патот на страшната осаменост која ќе Го следи за време на сите денови на Страсната Седмица.

Осаменоста започнува со недоразбирање; луѓето очекуваат дека Господовото влегување во Ерусалим ќе биде триумфална процесија на политички лидер, кој ќе го ослободи својот народ од окупацијата, од ропството.

Осаменоста ќе се развие уште повеќе и заради неразбирањето од страна на Неговите ученици. За време на Тајната Вечера кога Спасителот им говори за последен пат, а тие ќе се посомневаат во Неговите зборови. И подоцна кога Тој ќе оди во Гетсиманската градина непосредно пред страшната смрт која Го очекува, Неговите најблиски ученици, Петар, Јован и Јаков кои Тој ги одбира да одат со Него, заспиваат, разочарани, уморни и безнадежни. Кулминацијата на Неговата осаменост е Христовиот повик на крстот: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме напушти?“
Отфрлен од луѓето, одбиен од народот на Израел, Тој се соочува со крајна напуштеност и умира без луѓето, Сам, само со Својата љубов кон Бога и Својата љубов кон човештвото, умирајќи заради нас и заради Божјата слава.
Почетокот на Христовите страдања е овонеделната триумфална поворка.

Во текот на наредната седмица ние нема само да се присетуваме туку и ќе бидеме лично присутни на Христовите Страданија. Ќе бидеме дел од масата народ која Го опкружуваше Христос и Неговите ученици и Мајката Божја.

И како што пред нашите очи, една по една ќе поминуваат сликите од Страсната Седмица, секој еден од нас да се запраша: Каде јас стојам, кој сум јас во оваа толпа? Фарисеј? Писар? Предавник или кукавица? Кој? Дали сум во оние што во недела ќе извикуваат „Осана на Синот Давидов“ или од оние кои неколку дена подоцна ќе извикуваат „Распни Го, распни“?

Да се замислиме за ова, и ако не сме способни да сториме ништо, барем да разбереме кои сме и каде стоиме, па во последниот час да се завртиме кон Него со плач, со молба како онаа на разбојникот: „Сети се на мене Господи во Твоето Царство“. Амин

Сиљановска Давкова од Крушево порача: Крушевчани имаат на што да бидат горди! Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова беше во Крушево.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача:

Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.

Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок.

Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе.

Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!

Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните.

Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Максим Димитриевски, претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска беше гостин воТема на денот во вестите на Сител
телевизија.

Запрашан дали е изненаден од резултатите Димитриевски рече:

„Резултатот не е изненадување за мене, но секој глас за мене значи. Јас гледам луѓе, не гледам гласови. Уште повеќе ми значи трендот и
поддршката којашто доаѓа во овие тешки моменти од страна на граѓаните, бидејќи сметам дека во јавноста тлееше едно старо правило дека освен два политички субјекти во Македонија не може да се појави трета опција, трет политички субјект. Еве тоа е Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Горд сум на секој глас, благодарен сум на сите гласачи и особено благодарен на сите коишто излегоа на изборите и апелирам да излезат уште помасовно на парламентарните избори“.

Во однос на тоа какви се пресметките околу можните пратенички места, Димитриевски рече дека тие не се водат од пресметки и дека им е важна
поддршката.

„Сметам, рече тој, дека третата политичка сила којашто сериозно е веќе позиционирана со оваа поддршка треба да добие уште поголема поддршка кај граѓаните, со цел да биде коректор на власта и на опозицијата. Потпишувањето на тој документ за национален консензус, дефинирање на националните црвените линии. ЗНАМ како политички субјект и идна парламентарн партија нема да отстапи од ниту едно свое барање кое е испорачано пред граѓаните“.

Запрашан кои се тие барања, бидејќи се сега многу битни, Димитриевски одговори дека многу пати ги има кажано, дека граѓаните ги знаат.
„Но еве ќе повторам, рече тој, – Јазик, идентитетт, континуитет, самобитност, сопствена историја“ .

Запрашан дали има остварено комуникација со другите политички субјекти по првиот круг, тојј рече дека добил куртуазни пораки од поединци, луѓе позиционирани во вторите ешалони, а дека тој лично се јавил на противкандидатката со најголем број освоени гласови да и честита на
резултатот. Димитриевски потенцира дека ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија којашто ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од
политичкиот потоп, којшто се случува, ниту пак ќе се вклучи во каков било тип на соработка, идна соработка за формирање на било какво
мнозинство со нив. Тој притоа додаде:

„Еве и екслукзивно да кажам во вашата емисија. ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна коалиција, постизборна коалиција, во којашто ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер , а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на коруција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едносставно да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава. Дополнително ќе разговараме со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес на Македонија во рамките на нашите програмски заложби. Тоа значи реципроцитет, воведување на амандманите во сила од моментот на полноправно членство на Македонија во Европскаата Унија и дополнително, по примерот на Србија и Црна Гора, измена на преговарачката рамка, раздвојување на она што значи историска комисија од самата рамка и сите оние работи што ние ги зборувавме и
претставивме пред граѓаните“.

Запрашан дали ова значи дека ќе работите на промена на Уставот, Димитриевски рече дека тој во Куманово веќе функционира со една
коалиција од албанскиот блок, тоа се четирите партии, коалицијата Вреди и има добро искуство со нив. Во однос на барањата за промена на
процентите, изборот на претседател во собрание, Димитриевски потенцира дека тоа апсолутно отпаѓа и нема да се дискутира воопшто од нивна
страна за тоа.

„Доколку се отвори јавна дебата, ќе ја исслушаме, но нашиот став е дефинитвно јасен. Доколку бидеме одбиени од сите потички субјекти кои доаѓаат од моноетничките партии, ставот го имам кажано, да се формира влада со политички партии кои имаат мнозинство, а ќе има отворени места за претставници од албанскиот политички блок“.

Димитриевски како одговор на констатацијата дека Мицковски понудил ненапаѓање меѓу партиите во почетокот на кампањата за парламентарните
избори рече:

-Видете јас реков дека ако има некој нешто за да напаѓа партија, која постои три ипол месеци, слободно може да не нападне и да ги извади на маса сите аргументи. Но, јас во ниту во еден момент не можам да премолчам дека ВМРО ДПМНЕ беше власт до 2016 година и го знаеме
епилогот на таа власт. Значи, во таа партија е потребно да се соочат со суштински промени исто така. Господинот Мицковски треба да порабти на одделни кадри коишто треба да ги дофилтрира,бидејќи не се филтрирани во целост. Би ја искористил оваа прилика да упатам јасна порака до сите гласачи, поддржувачи и чесни челнови на СДСМ дека СДСМ на овие избори, ова аактуелно раководство излезе со аболициони листи, кандидатски листи за пратеници, кои им овозможуват на поединци, коишто направија најголем број на грешки во последите седум години и голем број на коруптивни зделки и дејанија, за кошто ќе се водат во иднина постапки, да се самозаштитат, да се амнестираат и дополнително да обезбедат самите за себе си имунитет. Вистинските, АСНОМ-ски мотивирани социјалдемократи, од ден на ден се повеќе и повеќе се во ЗНАМ, бидејќи таа е партијата којашто ги штити и Крушевските посстулати , но пред се АСНОМ-ските. Верувам дека можеби ќе дојде и момент во иднина, кога се носат стратешки одлуки за државата, реално да се спојат традиционално комитите и партизаните и да ја дефинираат понатаму судбината на Македонија како ќе се движи, а при тоа да не дозволиме никогаш да не бидеме уценувани од никој.

Запрашан дали ова значи дека остава врата за коалиција со Мицковски, Димитриевски рече дека тоа значи дека остава отворена врата за коалиција со граѓаните.

„А какви ќе бидат калкулациите по изборите, тоа ќе зависи од програмите, од она што се програмски определби, стратешкиот и државниот интерес на граѓаните“.

Димитриевски потенцира дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија понудило најквалитетни кадри на кандидатските листи за пратеници.

-Во ИЕ 1, Бобан Карапејовки, професор, заштитник на македонскиот јазикот, во ИЕ 2, млади луѓе на чело со Даниел Стојчевски, докажан менаџер на јавно претпријатие во општина Куманво, во ИЕ 3, генерал Павле Арсоски, којшто е еден од јунаците на Шара, докажан патриот, а не само на хартија. Во ИЕ 5, Весна Бендевска, која е проверен кадар, која е заштитник на позициите на граѓаните како претседател на Комсијата за дискриминација и која во суштински моменти кажала не на актуелната власт. Тешко е да се спротивставите сам против своите кога се најсилни. Во ИЕ 4, излегуваме со кандидат којшто доаѓа од стопанството, господи Миле Цеков, за да покаже што знае во однос на противкандидатот Венко Филипче, којшто знаеме како функционираше и како, и во ИЕ 6 доаѓаме со ново име, локален авторитет; Небојша Захариевски. Листи со луѓе, кои имаат изградено авторитет, карактер и добри човечки особини. Луѓе на коишто не им е битно да се членови на парламентот, туку да се вистинската слика на граѓаните во парламентот, а ЗНАМ да биде заштитник на граѓаните секогаш кога е потребно, затоа што знаеме дека ако нема партија која ќе ја котролира власта или опозицијата, граѓаните ќе бидат ставени во подредена позиција, а партиските интереси во прв план.

На прашњето дали има јасно не за ВМРО како што има за СДСМ,

Димитриевски одговори:

„Ние имаме јасно не за лидершипот на СДСМ, на ова актуелно раковдство. Во однос на ВМРО- ДПМНЕ, ќе видиме. Тоа ќе зависи од моментумот во кој се наоѓа Македонија. За нас како нов политички субјект на прво место е државата, граѓаните, а партијата е на споредно место“.

На крајот од гостувањеато Димитриевски ги повика граѓаните масовно да излезат на парламетнарните избори и да го дадат својот глас за да победи Македонија, да се формира едно стабилно мнозинство во идниот парламент, коешто ќе ја преземе одговорноста сега, Македонија да ја направи самоодржлива, функционална држава и држава во функција на своите граѓани, а не сателит држава којашто ќе ја раководи кој како ќе сака и на кој начин ќе сака.

И тоа ова го вели Албанец! Ако ја тераат оваа логика, СДСМ ќе паднат на 10% освоени гласови (ВИДЕО)

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи вчера му држеше политички лекции на про опозицискиот новинар Љубиша Николовски на тема избори и калкулациите за вториот круг.

-Коалиција сите на една страна не е можна бидејќи ја имаме Левица и ЗНАМ. Ги имаме СДСМ, ВЛЕН и Европскиот фронт. Вие мислите ако Ахмети влегува во таа шема со СДСМ ќе им го даде премиерското место. Тогаш тој ќе бара претседател на држава, премиерско место и од 15 министерства ќе им даде четири. Македонците ќе бидат задоволни од мнозинство во државата да станат малцинство во владата? Тоа не е логично. Дури е и спротивно на Рамковниот договор, затоа што тој договор ги брани и Македонците и другите етнички заедници. Јас мислам дека оваа логика ја тера СДСМ на 18 пратеници. Aко ја тераат оваа логика на 8 мај ќе имаат десет посто гласови.

ГЛЕТКА ЗА МЕРАК! Струга ја грееја стотина македонски сонца (ВИДЕО)

Неверојатна глетка и атмосфера на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, на кој беа претставени кандидатите за пратеници во Петтата изборна единица.

Голем број стужани со знамиња со сонцето од Кутлеш го обоија централниот дел на градот во црвено-жолта боја.

За потсетување, на првиот круг од претседателските избори во средата, кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова, во Струга освои над 5700 гласови, или околу 3.000 повеќе од Стево Пендаровски.

Ќе биде величенствен настан: На Цветници ќе се осветува 63-метарскиот крст во скопско Драчево

Вo недела на Цветници ќе биде осветен македонскиот Крст во Драчево.

– Заедно со Светски Македонски Конгрес за сите присутни се потрудивме настанот да помине во добра и пријатна атмосфера за која ќе се погрижат Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски како и мешаниот камерен хор ,,Свети Климент Охридски”. Потоа, следува она што ќе го запише историјата – во 12 часот е чинот на осветување на Крстот изграден со многу љубов и големи заложби кое ќе го изврши Неговото блаженство – Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана прва, г.г. Стефан. Дојдете заедно да посведочиме за овој прекрасен настан, на едно од најголемите православни градби во светот со кој го градиме и нашиот национален идентитет – вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Крстот во Драчево е висок 63,5 метри, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, секој крак по 17 метри, постаментот е 12,5 метри, втор по височина во Македонија после оној на врвот на Водно кој е висок 66 метри. Инвеститор на Крстот е Светскиот Македонски Конгрес, а донатори се компаниите Дабар, Прототип и Факом. Воопшто не беа користени буџетски средства од општината Кисела Вода, Градот или Републиката.

Бура од емоции: Зајкова убедена во победа на Коалицијата за европска иднина

Како дел од коалицијата „За европска иднина“ не можам да кажам колку пратенички мандати ќе се освојат, тоа ќе го кажат на крајот од денот граѓаните. Сметам дека оваа коалиција ќе биде победничката коалиција и дека ќе го заокружи процесот на евроинтеграција до 2030 година, затоа што покажа дека знае како да работи, вели претседателката на Либералнодемократската партија Моника Зајкова во интервју за МИА во рамки на серијата интервјуа што Агенцијата ги подготви во пресрет на парламентарните избори.

ЛДП која деновиве одбележа 27 години од постоењето на политичката сцена, има тројца кандидати за пратеници, а Зајкова која е ко-носителка во Изборната единица 1 заедно со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, очекува сите тројца да станат пратеници.

Како коалиција јас не можам да кажам колку пратенички мандати ќе се освојат, тоа ќе го кажат на крајот од денот граѓаните. Јас сметам дека оваа коалиција ќе биде победничката коалиција затоа што покажа знае како да работи. Да, оној кој работи има и грешки. Меѓутоа, ние тие грешки не ги преќутуваме, ги признаваме и се извинуваме на граѓаните, знаеме каде ни се аномалиите и каде треба да се фокусираме во периодот кој претстои. ЛДП има тројца кандидати. Мене ми е чест што сум ко-носителка заедно во Изборната единица 1 со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Имаме кандидат во Изборната единица 4, тоа е познатиот и ценет доктор кардиохирург Илија Нешковски и генералниот секретар на партијата којшто трча кампања во Изборната единица 5, тоа е Боби Мојсовски. Јас искрено сметам дека ЛДП во овој парламентарен состав ќе има тројца пратеници во однос на досегашните двајца, бидејќи заедно со оваа коалиција се изборивме за многу работи. Покажавме дека можеме да се грижиме за сите, од младите до возрасните, до менаџирање на кризата, до почнување на онаа енергетска транзиција во државата, така што има еден континуитет и пред се борбата за членство во Европската унија, вели Зајкова.

Таа нема амбиции да стане дел од владиниот кабинет доколку коалицијата победи на изборите, а во однос на тоа колку министерски места очекува, Зајкова нагласува дека е тоа работа за понатамошни преговори и договори помеѓу коалиционите партнери, но уверува дека имаат квалитетни луѓе кои може да се најдат во кој било ресор во владата.

Двајцата претседатели на политички партии вчера одиграле и партија на плејстејшен и одговарале на кратки прашања:

Како за Бајрам така и Велигден: Во недела бесплатно потстрижување кај мајстор Шогун за сите дечиња

Како за Бајрам, така и за Велигден, порача познатиот охридски бербер Неат Алим- Шогун, кој важи за една исклучителна личност помеѓу охриѓани, човек кој ги почитува различностите и го почитуваат и сакаат сите граѓани во Балканскиот Ерусалим.

– Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велигден. Одлучивме заедно со берберот Емин Алим од Barber shop Shogun, во недела, на 28-ми април 2024 година, во нашата берберница „Шогун“ да посветиме еден ден за сите деца од православна вероисповед за кои шишањето ќе е бесплатно. Деца ве очекуваме, порача бербер Шогун.

Претходно мајстор Шогун истото го направи за празникот Рамазан Бајрам.