дома блог страница 736

Младите прилепски шахисти со одлични резултати од Државното првенство за деца и млади (ФОТО)

Минатата недела во Струмица се одржа Државно првенство во шах за деца и млади во повеќе категории. Прилеп беше застапен со четири претставници.

Во категорија до 8 години, Андреј Печијарески го освои четвртото место. Во категорија до 14 години Симона Ѓорѓиеска беше четврта, а во категориите до 16 години во машка и женска конкуренција, Теодора Ѓорѓиеска и Никола Павлески ги освоија третите места.

Честитки за нашите млади шахисти и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки, кое се одржа во Битола, со поддршка од прилепскиот бренд “Цевитана”

Витаминка преку својот бренд Цевитана, со гордост го поддржа Балканското првенство во џудо за помлади пионери и пионерки, што се одржа во Битола.

На првенството, во организација на Џудо федерацијата на Македонија, учествуваа деца на возраст до 13 години од единаесет држави: Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и Македонија.

Пред почетокот на натпреварот учесниците беа поздравени од претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, кој посакувајќи им среќа, успех и добри резултати на натпреварувачите, истакна дека е горд што ова првенство прерасна во традиција и сега е едно од обележјата на спортски план, во државата.

Талентираните млади спортисти од целиот регион, истакнувајќи го својот труд и спортски дух, блеснаа на меѓународната сцена и ги оправдаа напорните тренинзи и личните вложувања во текот на изминатата година.

За Витаминка, од големо значење е можноста да биде дел од нивниот пат кон успехот и затоа Цевитана ќе продолжи и во иднина да ги поддржува младите таленти, да инвестира во спортот и да се залага за потенцијалот на секое дете.

КЕРОВ ПРОДУКЦИЈА – СЕКОЈА СВАДБА Е ПОСЕБНА

Керов продукција е популарна компанија за фотографирање и снимање на свадби со седиште во Прилеп. Нивната канцеларија се наоѓа во срцето на Старата прилепска чаршија (наспроти клуб Калинка). Со избирање на Керов продукција можете да бидете сигурни дека вашиот посебен ден ќе биде незаборавен.

Тие имаат искуство со работа во повеќе европски градови и парови од целиот свет, а нивниот тим од професионалци ќе работи напорно за да ги овековечат вашите спомени од најсреќниот ден во животот. Севкупно, Керов продукција е одличен избор за парови кои бараат сигурна и професионална услуга за фотографирање и снимање на Вашата свадбена церемонија.

Следете ги на социјалните мрежи:

ФЕЈСБУК: https://www.facebook.com/kerovproduction

ИНСТАГРАМ: https://www.instagram.com/kerovproduction

Oд утро до пладне тука во Прилеп “тропа лајца” на секоја маса, а ЗОШТО?! Затоа што тука ја има најдобрата чорба во градот

На самиот влез во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, се наоѓа најмераклиското место во градот под Марковите Кули.

Во само два месеци од своето отварање, ресторанот “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите прилепски боеми и вљубеници во добра храна и амбиент.

А зошто е тоа така?! Епа газдите на овој ресторан решија на своите сограѓани и сите гости во Прилеп, да им понудат нешто посебно, нешто направено со многу љубов, со многу труд, квалитетна услуга каква ретко каде има, и секако одлична и првокласна храна.

Ресторанот располага со простор за 40-50 гости и одлично место за раат дружба со вашите најблиски, семејство, пријатели. Внатре се’ е ново и модерно, убави маси, столици, со еден збор грее.

Го имаат едно од најбогатите менија за умот да ви зајде. Разно-разни предјадења и вкусна прилепска скара, специјалитети од месо, богата винска карта и богат избор на пијалоци. Секоја им чест како успеваат се’ да приготват навреме, се’ да им биде пресно во секое време и секако сето тоа убаво да изгледа во тајнир.

Една од најголемите мајстории во ресторанот им е вкусната чорба, која секое утро е тазе и верно ги чека прилепчани и гостите кои доаѓаат во градот. Предност е и тоа што ресторанот се наоѓа на самиот влез во Прилеп, па чорбата на Beer ti & ja полека, но сигурно станува препознатлив бренд за добредојде во нашиот град.

Дека тоа е така, епа ќе мора да навратите до пладне и да видите и самите колку само популарно наречени “чорбаџии” се собрани тука и на колку маси по прилепски кажано “тропа лајца”.

За пофалба е и тоа што веднаш од спротива на ресторанот има широк паркинг простор, па не мора да се грижите каде ќе го оставите вашиот автомобил и дали истиот ќе пречи некому.

Цените се прифатливи за сечиј џеб, а тоа можете да го видите од менито во продолжение:

Пробајте уште утре! Ресторан Beer ti & ja ве очекува!

НАЗДРАВЈЕ!

На влезот во Прилеп се наоѓа најмераклиското место: Еве зошто ресторан “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите гурмани и боеми (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На Седницата на Совет – советнички прашања и утврдување на локацијата за организирање на „Фестивалот на пивото 2024“

Советот на Oпштина Прилеп денеска ја одржа редовната 45-та седница. Започна со советнички прашања, каде советниците бараа одговор за работата на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија за: состојбата со јавното осветлување, хигиената на градот, кучињата скитници, изградбата на фабриката за селекција на отпад, за важноста од функционирањето на детската градинка во населба Точила, за состојбата со водоснабдувањето во градот и населените места итн, на кои конструктивно и темелно одговараше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и раководителите на јавните комунални претпријатија.

Советниците ја продолжија седницата со разгледување и усвојување на предлозите за формирање на комисии за работа. Поради промена на советничкиот состав беа разледеани и усвоени предлог – решенијата за: измена и дополнување на решението за формирање Комисија за родова еднаквост, измена и дополнување на решението за формирање Комисија за изработка на програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандат 2021-2025 година, измена и дополнување на решението за формирање Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата, измена и дополнување на решението за избор на Комисија за мандатни прашања, измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за финансирање и буџет и предлог-решение за измена и дополнување на решението за формирање Комисија за статут и прописи.

На седницата на Совет беше дадена согласност за определениот локалитет за организирање на „Фестивал на пивото 2024“ и беше прифатена предлог -одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за два часа во три работни дена за време на одржување на „Фестивалот на пивото 2024“.

Со мнозинство на гласови беше усвоен тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година и беа именувани претставници на Општина Прилеп во училишните одбори на: ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани – Прилеп, ООУ,,Страшо Пинџур’’- с. Мало Коњари – Прилеп, OОУ,,Кире Гаврилоски-Јане’’- Прилеп и дадено позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ ,,Блаже Конески’’- Прилеп.

Повторно корзомалец директор на прилепскиот затвор?

Преку Фејсбук статус на својот профил, новинарот Зоран Момироски пишува дека прилепскиот затвор повторно ќе добие директор од познатото прилепско маало Корзо Маало.

-ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКИОТ ЗАТВОР ПО НЕПИШАНО ПРАВИЛО ПО СЕ ИЗГЛЕДА Е РЕЗЕРВИРАН ЗА КОРЗОМАЛСКИ КАДРИ. СТАРО КОРЗО ТИ Е ПОЗНАТО ПРИЛЕПСКО МАЛО. НОВ ДРЕКТОР НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ЕМИЛ ЈАНЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРИЛЕПСКИОТ ОГРАНОК НА ЗНАМ. ПРЕДЛАГАМ ДА НЕ ПРАВАТ ТРОШОК. ПРИМО – ПРЕДАВАЊЕТО СО САШО ДАМЕСКИ – ВЕЃАТА, СЕГАШНИОТ ДИРЕКТОР, ДА СИ ГО НАПРАВАТ ВО НАШЕТО МАЛСКО КАФУЛЕ “КАФЕ ДОМА”, А ЗА ЗАПИСНИЧАР ДА ГО ВИКНАТ ДАСАТА, И ТОЈ КОРЗОМАЛЕЦ, И ТОЈ ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ, КАКО ШТО ВЕЛИ А СУДОТ ПОТВРДИ ,,ЕГЗУКУТИРАН,, ОД ДИРЕКТОР БЕЗ ОСНОВА И БЕЗ НИТУ ЕДЕН АРГУМЕНТ ОД СЕКТАТА – напиша Момироски.

Maкедонски непокор! Планинари го вратија симнатото македонско знаме на врвот Голем Кораб (ВИДЕО)

Албанскиот државјанин Изет Шулку и неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.

Maкедонски планинари веќе наредниот ден се искачија на врвот и го вратија македонското знаме.

Инаку знамето на Голем Кораб го поставија ученици од ООУ “Кире Гаврилоски” од Прилеп заедно со нивниот професор, како дел од активностите на нивната географска секција. Дечките нашето државно знаме го поставија веднаш до албанското, без да го симнуваат државниот симбол на нашиот западен сосед.

Министерството за внатрешни работи (МВР) утврдило дека се работи за лице кое не е македонски државјанин и соопшти дека ќе информира за преземените дополнителни мерки за расчистување на овој случај.

За многу години, денеска се празнува Св. Наум Охридски: За неговите седум чуда морате да прочитате!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни. Денеска е Св. Наум Охридски.

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро.

Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу сведоштва.

Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец:

-Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под настрешницата пред црквата манастирска. Во манастирот во тоа време беше некој младич Ѓорѓи од Епир. Пред неколку недели негови роднини го довеле и оставиле во манастирот. Беше е совршено безумен и вон себе. По цел ден трчал околу црквата без одмор, бладал, зборувал без врска, не барал ни примал никаква храна, а одел је безмалку гол. Додека седевме и разговаравме Ѓорѓи неколку пати го оптрчал манастирот. На нас не обрнуваше внимание, како и да не постоиме. А и ние, веќе навикнати на неговото однесување, не обраќавме внимание на него. Ама наеднаш тој застана спрема нас и почна благо да ја врти главата кон вратите на црквата како да гледа некого. Потоа ги протри со рацете очите и лицето свое, го насочи својот поглед на нас и праша:

Каде сум ?

Ние му одговоривме: во манастирот на свети Наум. Како ти е Ѓорѓе ? Тогаш тој кажа:

– Бев во некој голем пламен. Пламенот одеше од појасот па нагоре кон главата. И целата глава ми беше во пламен. Но сега еве дојде пред мене еден старец, како свештеник, застана пред мене и дувна во пламенот. Сега пламенот го нема. А старецот влезе во црквата.
Потоа Ѓорѓе погледа на себе, па почнал да навлекува некоја крпа, која му висела низ бедрата. Му донесоа преслека. Тој се облече. После два до три дена го пуштија од манастирот, и тој сам отиде дома.
По силата, која Бог ја дарува на своите светители, и по човекољубието свети Наум наеднаш го исцелил овој човек. Слава на Бога!

Светителот не дозволува да го украдат

Еднаш дошле некои калуѓери од Грција да ги украдат моштите на свети Наум. Игуманот ги примил и угостил незнаејќи за нивната намера. Уште им дозволил, по нивната желба, да преноќат во гробницата на светителот. Таа нивна желба нималку не го зачудила игуманот, бидејќи многу болни и поклоници тоа го прават. После вечерата тие влегле во гробницата со своите торби, во кои под книгите биле лопати, ашови и други справе за рушење и откопување на гробот. Се заклучиле однатре, и кога сите заспале во манастирот, ја почнале својата работа. Но никако не им тргнало. Тие успеале, само да скршат од каменот на гробот. Одеднаш рацете целото тело им се фатиле, така што не мжеле да се помрднат, туку секој останал во онаа полжба во која се затекнал.

Утредента параклисарот сакал да влезе во црквата но не можел. Тропал, тропал, но залудно. Му јавил на игуманот. Сите се собрале, па некако ја отвориле вратата. Кога во гробницата има и што да видат. Сликата била невидена и страшна. Калуѓерите крадци стоеле, клечеле, или седеле како камени кипови. Како кој замавнал со својата справа да удри во плочата, така се фатил и останал како скаменет. Почнал да ги викаат и тресат – но тие само укочено гледале. Игуманот са браќата брзо припаднал на молитва. Молитвата траела долго, додека крадците најпосле не се отпуштиле и помрднале. Им се одврзал и јазикот, и тие со срам и покајание го исповедале пред сите она што веќе било јасно. Кажале уште, дека некој на тоа ги наговорил. Потоа отишле од манастирот. Фалејќи и благословувајќи го Бога и проносувајќи ја славата на свети Наум чудотворец по светот.

Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.

Обителта на свети Наум и кога страда никогаш не оскудува

Огромен број луѓе ја посетуваат обителта на свети Наум. Во турско време манастирот уште служел и за одмориште и преноќиште на сите патници од Македонија и од Албанија за Македонија. Но и покрај сето тоа манастирот никогаш не оскудувал. Имало случаи, манастирот да дојде во крајна беда, но тогаш је изненадно пристигала и чудотворната помош на светителот.

Така една година удрила болест на овците, па пцовисале многу овци и сите овни. Се загрижил игуманот, каде да најде овни за преостанатите овци. И баш кога бил во најголема грижа, дошол човек од село Лесковец кај Преспа и донел четири овна на дар на манастирот. Кога ги предал овните на игуманот му раскажал, што го натерало на такво дело. Му се јавил свети Наум на сон и му рекол: не е право ти да имаш толку овци, а јас да немам. Твоето е само твое, а моето е и народно. Донеси неколку овни во мојот манастир. Кога човекот се разбудил од сонот, сторил онака како му рекол светителот.

Наум Целакоски чудата на св. Наум ги класифицирал во неколку категории:

Прво чудо

Интересен е случајот со авионот кој се урнал и изјавите во медиумите и весниците на стјуардот кој изјавил дека бил спасен од св. Наум. Еден ден пред уривањето на авионот, тој купил икона од св. Наум и бил цврсто убеден дека неговиот живот го спасил св. Наум.

Второ чудо

Двајца лекари, сопружници долги години немале дете. Доаѓале неколку пати во манастирот со молитва кон светителот за родителство. По две години добиле ќерка. Биле црвсто уверени дека нивното чедо е дар од св. Наум.

Трето чудо

Од Трпејца доаѓале некои луѓе за молитва. Единаесет-дванаесет години биле без свое чедо и минатата година на денот на св. Наум го крстеле детето. Биле убедени дека нивната молитва пред св. Наум помогнала за нивното чедо.

Четврто чудо

Некој човек, Германец долги години имал протеза на вратот. Но, влегувајќи во манастирот, слушнал глас „извади го тоа помагало”. Ја извадил протезата и му се олеснило. Повеќе не ја користел протезата. Постоле сведоци за ова чудо.

Петто чудо

Во манастирот донеле момче на 17-годишна возраст од муслиманска вероисповест кој страдал од епилепсија. Му бил прочитан педесеттиот псалм и молитва. Игуменот Некатариј се интерисирал преку негови роднини за неговата болест. Му рекле дека нема епилептични напади.

Шесто чудо

Манастирот го посетиле група Бугари. Една жена од нив украла мало паунче. Кога требало да си заминат автобусот се расипал. Но, некој ја видел кога го украла паунчето, ја укорил да го го врати украденото паунче. Од црква и манастир не се крадело. Таа се засрамила и го вратила паунчето. Тогаш автобусот тргнал.

Седмо чудо

Св. Наум направил многу чудеса. И денес се уште се случуваат многу чуда. Дошле посетители од Охрид, но недолично се однесувале на свето место и на враќање сите се удавиле. Се превртел чунот во езерото.

Инаку Свети Наум Охридски Чудотворец бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.

Тој беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.

Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Cвети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Велики Преслав, а оттука во Охрид каде ќе им се приклучи на Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.

Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро, а култот за него започнал да се шири во Македонија, во јужнословенските средина, како и во Бугариjа, Албанија и Грција.

Свети Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе, особено душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки се зборува дека направил многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како онаа на која е претставен како ја впрегнал мечката да го влече плугот наместо волот што го изела. Импресионираат и другите сцени од животот и чудата на Свети Наум Охридски кои се насликани во втората зона од Наумовиот гробен параклис : “Вкочанување на монахот што се обидел да го украде телото на Свети Наум од неговиот гроб” “Лекување на нервно заболени” “Крадец на коњ кого зората го затече пред вратите на манастирската црква” и “Ведрото остава вдлабнатина во каменот”.

Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и да побараат лек за својата мака. И денес тука секојдневно доаѓаат намерници, не само од христијанската вера, да остават дар, курбан и да се поклонат на гробот на големиот светец кој се смета дека има чудотворна моќ. Ова култно место крие бројни тајни и интересни приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Се смета за чудотворно по делата на светецот, а посетителите ден денес раскажуваат за бројни необични случки што ги доживуваат во Свети Наум. Една таква необична појава со својот мобилен телефон забележала туристка од Србија. На фотографијата се забележува силуета на светец со јасно видливи христијански детали како се отсликува во изворските води на Црн Дрим кај „Свети Наум“. Останува дилема дали се работи за феномен, некаква рефлексија или игра на сенки, но фотографијата секако делува

Во црквата се наоѓа и гробот на св. Наум Охридски и многу луѓе од разни вери и националности го посетуваат и бараат исцеление. Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

OBJAВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК: Аплицирајте за субвенции за велосипед од општина Прилеп

Врз основа на член 50 од законот за локална самоупрва (“Службен весник на РМ” број 05/02), а согласно Програма за заштита на животната средина и природата за 2024 година бр.09-1828/8 od 29.06.2024 година (,,Сл. Гласник на Општина Прилеп” бр.7 од 29.06.2024 година), Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипеди број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3 од 15.03.2021) и Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година бр.09-1828/9 од 29.06.2024 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.7 од 29.06.2024 година), Општина Прилеп објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година

Опис на јавниот повик
1.1. Општина Прилеп со цел да ги стимулира жителите на Општина Прилеп за користење на велосипеди, на жителите кои имаат купено велосипеди во период од денот објавувањето на јавниот повик, а најдоцна до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористување на предвидените средства, ќе им надомести дел од трошоците :

– до 50% од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинство за купување на велосипед за барателите кои поднесле комплетно барање и ги исполниле критериумите согласно јавниот повик.

Персоналниот данок на доход паѓа на товар на исплаќачот.

1.2.Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 03.07.2024 година заклучно со 03.08.2024 година, односно до искористување на предвидените средства, до кога и ќе можат да се достават барањата.

1.3. Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk, во два печатени и електронски медиуми и на огласна табла во Општина Прилеп

1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

1.5 При констатирање на целосна реализација на предвидениот буџет, Општина Прилеп веднаш ќе ја извести јавноста дека согласно принципот „прв дојден, прв услужен“ повеќе нема да прима барања по однос Јавниот повик, и известувањето ќе го објави на својата Веб страна www.prilep.gоv.mk, во електронските медиуми и огласна табла во Општина Прилеп.

Право на учество на јавниот повик
2.1.Право на учество на овој јавниот повик имаат Жителите на Општина Прилеп кој купиле/ќе купат велосипед во периодот од денот на објавување на јавниот повик од 03.07.2024 година, најдоцна до денот на завршување на јавниот повик 03.08.2024 година, односно до искористување на предвидените средства и кои ќе достават навремено и комплетно барање согласно условите на јавниот повик.

Само едно лице од семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за купување на еден велосипед .

Услови кои треба да ги исполни барателот за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди:

Да има живеалиште на подрачјето на општина Прилеп
Велосипедот да го купил по објавување на јавниот повик
Да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.
За докажување дека условите за учество се исполнети, барателот за надоместување на дел од трошоците до Општина Прилеп ги доставува следните документи:

Барање за надоместок (образецот на барањето може да се подигне во Општина Прилеп или од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk
Фотокопија од важечка лична карта на барателот
Фотокопија од трансакциска сметка
Доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа фотокопија од фискална сметка заверена на нотар или фактура со извод од деловна банка за извршената уплата со датум во период од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик.
Изјава заверена на нотар со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека :
– друг член од семејството нема поднесено барање за добивање на субвенции

– дека не искористил субвенција/ надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија

(образецот на изјавата може да се подигне во Општина Прилеп или од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk)

3.Начин на пријавување на јавниот повик

3.1. Барањето за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување велосипеди, физичките лица го поднесуваат заедно со комплетната документација до Општина Прилеп на адреса преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипеди во затворен плик со намена “Јавен повик за субвенции/ надомест на дел од трошоци за купување на велосипеди“/ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.

Копието од лична карта и копието од трансакциона сметка, како и секоја друга документација која содржи лични податоци за подносителот на барањето, задолжително се доставуваат во затворен коверт, со назнака ,,строго доверливо-лична документација,, како прилог кон барањето.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед

Лицата кои веќе добиле субвенција/ надоместок за купување на велосипед како и членовите на нивното потесно семејство кои што живеат во заедница, немаат право да поднесат повторно барање за користење на истиот надоместок.

3.2. Пристигнатите барања во архивата на Општина Прилеп ќе бидат евидентирани и заведени со точен датум и време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

4.Начин на спроведување на јавниот повик

4.1. Градоначалникот на Општина Прилеп формира Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипеди.

4.2. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп ќе ги разгледаат пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни.

4.3. Општина Прилеп односно Комисија го задржува правото да изврши посета во домаќинствата кои ќе поднесат барање по Јавниот повик , а подносителите на барањата имаат обврска да му овозможат пристап до местото/просторијата каде се наоѓа купениот велосипед, при што ќе изготви и записник.

4.4. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците ќе состават записник од прегледот на сите пристигнати барања и ќе достават предлог за субвенционирање/надомест на дел од трошоците или одбивање на барањето.

4.5. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до искористување на предвидениот буџет за соодветната намена.

5.Начин на остварување на правото на надоместок

5.1. Врз основа на предлогот на Комисијата, Градоначалникот на Општина Прилеп ќе донесе Решение за одобрување и исплата на средствата од Буџетот/одбивање на барањето.

5.2. По завршувањето на постапката ќе се изготви финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година и истата ќе биде објавена во време траење од 15 дена на Веб страната на Општина Прилеп и огласна табла на Општина Прилеп.

Мега засилување во Битола: Екс вардарецот Илија Абутовиќ пристигнува во Еурофарм Пелистер

Ростерот за сезоната 2024/24 на Еурофарм Пелистер ќе биде побогат за уште еден роден шампион. Ни причинува особено задоволство што наш нов член е српскиот репрезентативец Илија Абутовиќ.

Дефанзивецот со богата кариера доаѓа во Битола од француската лига, каде го носеше дресот на Шартр. 35-годишникот, роден во Врбас, се обврза на едногодишен договор со нашиот клуб и ќе се приклучи на подготовките на екипата во последната недела од јули.

Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони ги мина настапувајќи за Шартр.

Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата.

Абутовиќ во Битола ќе биде претставен на почетокот на подготовките.