дома блог страница 729

Прилеп е расадник на талентирани шахисти! Одлични резултати од шаховскиот камп во Крагуевац (ФОТО)

Од 21 до 26 август во Крагуевац, Србија, се одржа шаховски камп на 110 талентирани деца до 16 години од 14 европски земји.

Покрај часовите по шах и симултанките, се одржаа и неколку турнири. Меѓу децата имаше и група од млади шахисти од Прилеп, кои постигнаа извонредни резултати.

На рапид турнирот, во категорија до 16 г. прво место освои Никола Павлески, а трет беше Давид Маркушески. Во рапид турнирот кај девојчињата второ место освои Теодора Ѓорѓиеска.

Додека во категорија до 12 г. кај девојчињата и во рапид и во блиц турнирот прво место за талентираната Маја Дамеска.

Убави резултати за младите шахисти и нивните тренери Тони Кироски и Дејан Ѓорѓиески. Честитки за успехот!

Создадете во вашиот дом ремек дело во кое ќе уживате! Изберете ги “Мигови Пласт” од Прилеп, за совршенство по најниски цени (Фото галерија)

Во овие времиња кога секој знае се’ и секој втор станува мајстор, многу е тешко да се направи вистинскиот избор, а и кога ќе најдете старски кажано “ачик” мајстор, ретко кога ќе го погодите и квалитетот на материјалите. Новиот начин на живеење и новите трендови наметнаа и нови материјали, па така веќе одамна се исфрлени од употреба старите завеси, а потребата од ролетни и комарници во домовите стана неопходна.

Во Прилеп конкуренцијата за изработка на ролетни, комарници и зебра завеси е голема, но ретко кој ќе ви го понуди токму тоа што ви треба и ретко каде ќе добиете совршенство во домот, а истовремено ќе добиете и нормални цени.

Во Старата прилепска чаршија, во уличката кај бочварите, се наоѓа дуќанот на “Мигови Пласт”, докажани мајстори во својот занает кои можат да се пофалат со перфекција во својата работа и беспрекорна грижа за потребите на своите муштерии.

Во “Мигови Пласт” ќе најдете секаков вид ПВЦ и алуминиумски ролетни, гаражни врати, комарници и секаков вид дезени на зебра завеси.

Досега креирале мало совршенство од стотици и стотици домови и деловни објекти, а нивното семејство на задоволни муштерии од ден во ден се зголемува.

Материјалите кои ги користат се елегантни, практични и лесни за одржување, а најважно од се’ и супер квалитетни.

Во зависност од вашиот вкус, во “Мигови Пласт” ќе најдете и венецијански завеси, како и елегантни вертикални зебра завеси. Ваше е само да изберете дезен кој најдобро одговара во вашиот дом или деловен простор, а потоа да се јавите на телефонскиот број: 078/340-608, или да ги посетите во уличката кај бочварите и да се уверите во богатата понуда.

Станете и вие дел од ова големо семејство! Одберете ги вистинските мајстори и создадете од вашиот дом рамек дело во кое ќе уживате.

Ристески на терен – проблемите се слушаат изворно не од канцеларија (ФОТО)

Денес бев во работна посета на Охрид, при што остварив средба со хотелиерите и занаетчиите, а ја посетив и фабриката ,,Костал” – една од најголемите странски инвестиции со над 1000 вработени – напиша на ФБ Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

-Поразговаравме за актуелните состојби, идните планови, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат и се обврзавме за заедничко креирање на стратегиите, како и за изнаоѓање решенија за подобрување на состојбите. Недостатокот на работна сила, сивата економија и нелојалната конкуренција се основните проблеми кои хотелиерите ги истакнаа како кочница за развој на туризмот.

Се обврзав за реална категоризација на капацитетите (што до сега не беше случај) и поефективно издавање на Решенијата за категоризација.
Занаетчиите имаат потреба од поддршка со цел да се зачуваат дефицитарните занаети и занаетите во изумирање. Во таа насока, Министерството за економија работи и ќе понуди мерки за поддршка кои ќе дадат резултати и ќе значат развој и промоција на претприемништвото и занаетчиството.

На средбата со генералниот директор на Костал Македонија – Виктор Мизо, разговаравме за тековната работа на компанијата, идните планови, како и состојбите на светскиот пазар и влијанието на овие трендови на нивната работа. Костал е пример за тоа како странските инвестиции можат да донесат значителни придобивки за економијата и развојот на целата држава. Министерството за економија и труд им стои на располагање на компаниите и стопанствениците, ја имаат нашата поддршка и вратите се отворени за соработка – напиша Ристески.

Кавадарци ќе стане број еден шопинг дестинација! Грандиозниот комплекс Little America полека го добива својот изглед (ВИДЕО)

Mинатата година громогласно одекна веста дека Кавадарци ќе добие современ трговски центар по светски стандарди. Инвеститор е Трајче Ристовски, кавадарчанец кој повеќе од 20 години живее во Америка, каде има успешен бизнис и поседува повеќе од 400 камиони. Во овој грандиозен објект тој ќе вложи 30 милиони евра и ќе направи од Кавадарци број еден шопинг дестинација во регионот.

Трговскиот центар го носи името Little America, објект кој ќе понуди врвно шопинг искуство кое ќе има дизајнерски бутици, маркети, врвни ресторани во елегантна и модерна средина. Софистицираниот и модерен дизајн на трговскиот центар, заедно со неговиот неспоредлив избор на брендови, ресторани, продавници за мода и начин на живот, го прават да биде совршено место за шопинг, оброк и релаксација во стил.

Во комплексот е предвидена изградба на 3 стабени згради со вкупно 243 апартмани, хотел и трговски центар со 73 продажни салони, од кои 40 во внатрешниот и 33 во надворешниот дел.

Енергетска ефикасност на највисоко ниво е голем приоритет за проектот Little America. Во целиот комплекс ќе биде вградено најсoфистициран систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%. Комплексот “Little America” e проект каков што му доликува на нашиот град Кавадарци.

Изградбата започна во јуни минатата година, а моментално одлично напредува и веќе може да се види формата на новиот модерен објект.

Според најавите во трговскиот центар ќе бидат застапени 75 македонски и странски брендови. Финалниот изглед на комплексот Little America можете да го погледнете ТУКА

Секоја чест!

43-годишен битолчанец се здобил со тешки повреди при работа во рудник од РЕК Битола

-На 29.08.2024 во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Брод – Гнеотино“ при РЕК Битола на 28.08.2024 околу 21.00 часот, при извршување на работни задачи, С.С.(43) од Битола се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

За настанот бил известен трудов инспектор, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

(ВИДЕО) Министерката лапала филе од бизон и телешко карпачо…., а народот платил?

Денес продолжуваме да ги обелоденуваме раскошните трошења на Бисера Антоанета со народни пари во Виена. Покрај лускузниот трособен стан за 4 ноќи, платен 1200 евра, Антоанета јадела луксузно, обелоденува Миле Лефков,пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-На една од сметките кои Бисера Антоанета ги доставила до Министерството за култура и за која земала државни пари се гледа дека истата за една вечера потрошила 403 евра, таа вечера ја платиле граѓаните. Антоанета вечерала во луксузниот виенски ресторан Дистрикт, а на нејзината маса се нашле школки, бизонско филе, телешко карпачо, сето тоа платено од народот. Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна, вели тој.

Само за овие три ресторански посети, според податоците, екс министерката за култура платила 846 евра или 53.136 илјади денари.

-Да добро слушате, Бисера Антоанета за еден ручек и две вечери со народни пари платила колку што изнесува месечна потрошувачка кошничка за цело семејство. Ја прашуваме Бисера Антоанета дали овие трошоци биле нужни? Дали можело поевтино? Зошто ги одбрала овие ресторани? Како правда 3000 евра трошок за 4 дневно патување во Виена? – посоли Лефков.

Несторовски се враќа во Хрватска – Еве за кој клуб ќе потпише!

Македонскиот фудбалер Илија Несторовски е во Копривница каде треба да стави потпис на договор со хрватскиот прволигаш Славен Белупо – пишува “ГОЛ.МК”

Центарфорот подолго време беше слободен по разделбата со Асколи и конечно наоѓа нов ангажман. Медиумите од Хрватска велат дека Несторовски е веќе во градот каде треба наскоро да стави потпис на договор со Славен со кого го чека битка за опстанок.

Прилепчанецот кој сега има 34 години, за Асколи потпиша на почетокот од минатата сезона, откако во Удинезе му истече договорот. На 20 настапи за второлигашот, Несторовски постигна 2 погодоци.

Сега популарниот “Нестор-гол”, се враќа во Хрватска, земјата каде во Интер Запрешиќ го започна својот фудбалски раст и го привлече вниманието на европските клубови.

Борко Ристовски: На спортските легенди кои ќе рекламираат казина и обложувалници ќе им биде одземена државната помош

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее да ја рекламираат индустријата за игри на среќа, а оние што го прават тоа ќе ја загубат државната помош, вели во интервју за Рес Публика.

Прашање: Повеќепати од доаѓањето на функцијата зборувате за воведување ред, односно за систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите. Дали мислите на рекламирањето обложувалници и казина, бидејќи појавувањето на дел од нашите спортски легенди во ваквите реклами предизвика жестоки реакции во јавноста?

Одговор: Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници.

Министерот Ристовски на средба со првиот човек на џудо федерацијата, Трпановски – Организирање повеќе тренинг кампови и натпревари за развој на џудото во Македонија

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Македонската џудо федерација, Владимир Трпаноски.

-Во текот на разговорот се фокусиравме на важноста на џудото и како да го унапредиме овој спорт во Македонија. Зборувавме за потребата од инвестирање во младите таленти и организирање повеќе тренинг кампови и натпревари, со цел да ги мотивираме младите генерации да се вклучат и активно да се занимаваат со џудо. Со заеднички напори, веруваме дека ќе успееме да ја подигнеме свеста за важноста на џудото и да создадеме успешни џудисти кои ќе ја претставуваат Македонија на највисоко ниво – напиша министерот Ристовски на социјалните мрежи.

РК Прилеп далеку од посакуваната игра и форма – Пораз од Еурофарм Пелистер 2 на стартот од турнирот “Миле Нешкоски” (ФОТО)

Со положување на цвеќе и оддавање на почит на прерано починатиот Миле Нешкоски, пред неговото спомен обележје кај Универзалната сала, во Прилеп започна деветтото издание на меморијалниот ракометен турнир, кој го носи името на прилепската ракометна легенда.

Делегации од РК Прилеп, општината, спортски работници и претставници од бизнис секторот, одадоа почит и се потсетија на Нешкоски чиј живот ненадејно згасна во 2011година.

Во наредните три дена љубителите на ракометот ќе уживаат во одлични натпревари, а за тоа веќе се погрижија екипите на РК Охрид – РК Куманово и РК Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

Охриѓани беа подобри во првиот натпревар, кој го добија убедливо со 32:21. Најдобар стрелец кај Охрид беше Гал Цирар со 5 голови, а за кумановчани, Чиао Винисиус стрелаше прецизно 10 пати.

Во вториот дуел домаќините од РК Прилеп играа против втората екипа на Еурофарм Пелистер, дуел кој им припадна на битолчани со 28:31.

Иако публиката очекуваше многу повеќе од своите ракометни миленици, сепак прилепчани турнирот го започнаа со пораз.

Можност за поправен избраниците на Божидар Мојсов ќе имаат утре, кога повторно во вечерниот термин од 20часот играат против ГРК Тиквеш.