дома блог страница 730

Денеска е Велика сабота, ден помеѓу cмpтта и вocкpeceнието

Велика Сабота е Денот меѓу cмpтта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение.

Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.

Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.

На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.

Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник.

Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк.

Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.

Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето.

БИТОЛА КАКО ВИЕНА: ПРЕТПРАЗНИЧЕН БЛЕСОК НА ШИРОК СОКАК (Видео)

По примерот на светските метрополи, претпразнично блесна најпознатата и најамбиентална улица во Битола, Широк Сокак. Општина Битола и Јавното претпријатие Комуналец го завршија осветлувањето на фасадите на првиот дел од улицата, а ќе заблескаат сите велелепни градби, во должина на македонскиот архитектонски бисер, се до Офицерскиот дом.

-Во ново светло, Битола започнува да наликува на Виена, доволно впечатлива за своите сограѓани, но и атрактивна и инспиративна за многу гости, наши иселеници и туристи, кои во периодот пред нас ги очекуваме во голем број – велат од општина Битола.

https://www.facebook.com/share/v/9cAwPoMoB2gL87eX/?mibextid=oFDknk

УЖИВАЊЕ! За убав празничен викенд – Заедничка музичка изведба на женскиот хор при ООУ “Климент Охридски” и жените од “Преродба” (ВИДЕО)

Во духот на Велигденските празници здружението”Преродба” и женскиот хор при ООУ “Климент Охридски” Прилеп, ви посакуваат мир и благосостојба во вашите домови:

Уживајте во продолжение:

Четворица на еден: Teпачка пред угостителски објект во Лажани

На 02.05.2024 во 21.00 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека по претходна расправија пред угостителски објект во с.Лажани, прилепско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Х.(27) од с.Житоше од една страна и С.Ш.(19), М.Ш.(45), А.Ш.(30) и С.Ш.(32), сите од с.Лажани, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.

ВЕЛИКИ ПЕТОК: Вечерна богослужба и литија во прилепските црковни храмови (ВИДЕО)

Православните христијани денеска го празнуваат Велики Петок, најтешкиот ден во христијанството, или денот на смртта на Господ Бог Исус Христос.

Реки народ денеска ги посетија црковните храмови во Прилеп. Верниците ја целиваа Плаштаницата со христовото тело, се помолија за здравје и спасение, за себе и своите ближни.

Вечерва пак во црквите се отслужи Вечерна богослужба со литија и пеење на статиите и повторно верниот народ до последно место ги исполни храмовите.

Еве како изгледаше овој духовен чин во црквата Св. Благовештение – Стара Црква:

Црква Св. Кирил и Методиј – Параклис:

Вака правилно се воспитуваат деца! Моќни велигденски пораки од второодделенци од ООУ “Блаже Конески” Прилеп (ВИДЕО)

Во пресрет на Велигденските празници, учениците од II-3 одд и наставничката Весна Арсиќ од ОOУ “Блаже Конески”, го посетија храмoт Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп, и преку видео, направено од одличните KL Production, испратија поука како треба да се празнува Велигден и испратија искрени и моќни велигденски пораки.

Секоја чест за за малите ангели и нивната наставничка!

Во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”, отворена изложбата “Моменти низ времето” од уметницата Моника Десоска (ФОТО)

Синоќа, 2 мај, во Ликовната галерија на ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата “Моменти низ времето” од Моника Десоска,
која се претставува со 50 дела.

Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека Моника Десоска создала комплексни апстрактни интервенции со многубројни ликовни морфеми и автентичен сликарски јазик.

-Апстрактните колоритни композиции изработени во комбинирана техника пренесуваат богата емотивна содржина. Преку разните сликарски и колажни инструкции уметницата раскажува визуелно сложен наратив, вгнезден во средишноста на композицијата, применувајќи црно бели фотографски исечоци и алудирајќи на осамени спомени во заборавените мисловни лавиринти…Во раскошните асоцијативни апстракции Десоска открива тајни сеќавања и евоцира чувства, при тоа конструирајќи неповторлив автономен ликовен јазик со сложена симболика сочувана во спомените обоени со многубројни соништа и надежи – рече на отворањето на изложбата Димеска.

На Моника Десоска во родниот Прилеп и е петта самостојна изложба.

Автомобил удри во двајца малолетници на електричен тротинет во долненско Црнилиште

На 02.05.2024 во 11.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(48) од с.Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од с.Црнилиште, прилепско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Денеска е Велики Петок – нajтaжниот ден во xpиcтиjaнcтовото

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи.

Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“.

Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб.

Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

Возен ред на автобусите од Јавниот градски превоз – Прилеп, за престојните Велигденски празници

Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП на сите граѓани им го честита големиот христијански празник Велигден, а воедно ги информира граѓаните дека:

Автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе го имаат следниот возен ред на сите линии за време на престојниот празник Велигден.

-03.05(Петок) – Неделна (вонредна) линија од 6.30 h до 12.30 h од (Н.Гробишта)
-04.05(Сабота) – Сите три линии од 6.30 h до 15.30 h
-05.05(Недела) – Неделна (вонредна) линија од 6.30 h до 13.30 h од (Н.Гробишта) со зголемен број на автобуси.
-06.05(Понеделник) – Неделна (вонредна) линија од 6.30 h до 13.30 h од (Н.Гробишта) со зголемен број на автобуси.