дома блог страница 724

Бозоски ги презеде работите во свои раце! Кризниот штаб постојано заседава, пожарот во Мариово мора да биде локализиран

Почитувани сограѓани, како Заменик Градоначалник на општина Прилеп, Ве информирам дека во координација со Претседавачот на општинскиот совет, госпоѓа Ирена Стерјоска Локвенец ги ангажиравме сите расположиви луѓе, возила и материјално технички средства од јавните и приватни претпријатија од општината – информира на својот ФБ профил, заменик градоначалникот на општина Прилеп, Диме Бозоски.

-Исто така, во координација со директорот на ЦУК, господин Стојанче Ангелов, побаравме и добивме помош од општините Битола, Кавадарци, Охрид, Штип, Струмица, Ресен, Могила, Новаци, Свети Николе, Радовиш и Кочани. Се работи за пожар во поширокиот простор на Мариово, посебно во селата Бонче, Дуње, Кален, Пештани, Кокре, Крушевица, каде гори високоструктуирана трева со многу горлив вегетациски материјал (десет и повеќе тони сув горлив материјал на хектар). Запалена е и борова шума во атарот на селото Бонче. Од раните утрински часови, оперативно се ангажирани и еден хелихоптер од македонската Армија, еден ер трактор од ЦУК, 25 припадници на специјалната полиција, 40 припадници од ЈП Национални шуми, 70 припадници од македонската Армија, локално месно население и сите припадници од ТППЕ Прилеп. Кризниот штаб континуирано заседава со сите релевантни институции, со цел навремено локализирање на пожарот – стои во објавата на Бозоски.

Николоски: Над 11 милиони денари за нова канализациона и водоводна мрежа во Битола

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини – информираше Министерот Александар Николоски.

-Имено Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 21 милион денари за изградба на атмосферска канализација на дел од улиците „Илија Алексов“, „крак на улица 8“, „улица 8“, „улица 9“ во УБ15, општина Радовиш. Планирано е набавката за реализација да започне во месец септември 2024 година.

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 21 милион денари за изградба на фекална канализација на дел од ул. Кленоец и изградба на атмосферска канализација на дел од ул. Кленоец, општина Охрид. Планирано е набавката за реализација да започне во месец октомври 2024 година.

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 11,1 милиони денари за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа на ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски Даме“, општина Битола. Планирано е набавката за реализација да започне во месец септември 2024 година.

Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на општина Велес за изградба на нова катна гаража за потребите на граѓаните на Општина Велес – стои во објавата на Николоски.

Децата тренираат во речиси целосен мрак! Родители реагираат за условите во спортската сала на Економското училиште во Прилеп (ФОТО)

Родители чии деца посетуваат настава по физичко образование и одржуваат тренинзи во спортската сала на економското училиште “Кузман Јосифоски-Питу”, реагираат на условите со осветлувањето.

Тие велат дека во спортската сала има само 30% видливост, што може да претставува проблем за здравјето на децата. Велат дека реагирале до училишните служби и се’ уште чекале да се регулира светлоста во објектот, а нивните деца да имаат соодветни услови за тренинг и развој.

Веруваме дека училиштето веднаш ќе ги земе во предвид овие апели и во најбрзо можно време ќе го регулира проблемот.

Од петок променливо време со пороен дожд и грмежи

Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност, а од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Почна изградба на фабрика на германски БМЗ, нови 1000 работни места

Во Технолошко – индустриската развојна зона – Скопје, денеска беше одбележан почетокот на градбата на фабрика на германската БМЗ груп која се занимава со изградба на литум јонски батерии. Инвестицијата изнесува 65 милиони евра, се очекува фабриката да биде готова до мај следната година, а извозот во првите три години да достигне најмалку 60 милиони евра.

Комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасувал повеќе простор што ќе се обезбеди во модерна фабрика во која вкупниот број вработени се најавува да достигне илјада.

Јелица Ивановска, генерален директор на БМЗ Македонија, информираше дека сега најмногу извезуваат во Германија и во Полска, но и во сите европски земји.

– Ние веќе произведуваме. Сега во моментот работиме во „браунфил“ лоциран во поранешните простории на фабриката „Раде Кончар“, односно во постоечки објект што е прилагоден на потребите на бизнисот. Во моментот имаме 110 вработени во сите сектори и работиме со пет функционални валидирани линии. Започнато ни е комерцијалното производство, со тоа што ни треба многу повеќе простор. Таму каде сме сега не е доволен просторот. Ова ќе биде нова и модерна фабрика и планирано е да имаме во првата фаза што сега ја градиме, 40 линии, а вкупниот број на вработени треба да стаса меѓу 770 и 1 000 вработени, нагласи Ивановска.

Како што додаде таа, во план е фабриката да се пушти во погон во мај, а се очекува да извезуваат и надвор од европскиот пазар.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека како влада, ќе продолжат да поддржуваат ваков тип проекти.

Од разговорот можам да кажам дека во првите години ќе имаме извоз од 35 до 40 милиони евра, максимум 60 милиони во првите три години извоз. Понатаму, тој може да достигне и до 130, па и повеќе милиони евра. Нешто што позитивно ќе влијае за нашата македонска економија, нагласи премиерот, посакувајќи да се множат ваков тип инвестиции.

Премиерот му се заблагодари на поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи, за ангажманот за оваа инвестиција, односно како што рече, „затоа што процесот го водел дотука до каде што го водел“.

– Жалам што не успеал да го заврши докрај. Претпоставувам, не успеал да ги убеди граѓаните како што еве ги убедувал неговите сопартијци на 8 мај, па доживеа дебакл каков што доживеа. Оваа влада мораше сега заедно со инвеститорот, да го заврши овој процес, рече Мицкоски.

Тој соопшти дека во тек се преговори за проширување на две веќе постоечки инвестиции од странските инвеститори.

– Но и една нова, што ја преговараме и сме во завршна фаза со уште една многу голема и моќна европска држава, членка на Европската Унија. Се надевам и сигурен сум дека и таа ќе се заврши до крајот на годината, со што мислам дека сериозно ќе биде исцрпен човечкиот потенцијал за ваков тип на инвестиции кај нас. Мислам дека на тој начин ќе додадеме вредност во процесот на зголемување на бруто домашниот производ, нешто што ни е многу важно, изјави премиерот Мицкоски.

И денеска беснее пожарот во Мариово, линијата на огнот е долга 20км – 200 луѓе испратени на терен

Во Мариово се’ уште беснее пожарот кој според ЦУК се ширел во линија долга 20 километри.

Како што соопшти Центарот за Управување со Кризи денеска пожарот ќе се гаси од земја и од воздух.

Пожарникарите од Прилеп, Битола, Новаци, Могила, Kaвадарци и Ресен денска ќе имаат и поддршка од 70 припадници на Армијата, од 20 припадници на специјалните единици на МВР, како и од триесет вработени во Национални шуми. Вкупно, 195 лица професионалци ќе бидат ангажирани на терен, изјави синоќа Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Пожарот како што соопштија градските власти на Прилеп се глеал од самиот град, но немало опасност по населените места и манастирите во Мариовско.

Замина уште една легенда! На 72-годишна возраст почина Бора Чорба

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст.

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови.

Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

„Почитувани пријатели, со тага и тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки.

Интервју со Игор Илиески, еснаф човек со 33 годишно искуство како готвач и главен мајстор во најгурманското место во моментов во Прилеп

Игор Илиески од Прилеп е човек од гурманскиот еснаф во градот под Марковите Кули, вљубеник во професијата, кој веќе 33 години работи како готвач и исто толку години се грижи да им угоди на префинетиот вкус на своите сограѓани и гости во нашиот град. За него и неговите кулинарски способности, а богами и за задоволните гости кои ги имал низ годините, може да се пишува и раскажува со денови. Го краси трудољубивост, умешност и истанчен вкус за добра храна која секојдневно ја сервира на феноменален начин. Игорче сега работи во ресторанот Beer Ti & Ja, најгурманското место во моментов во Прилеп, кое се наоѓа на влезот во градот од страната на Скопје. Од ова место тој за многу кратко време направи број еден дестинација за вистинските гурмани и вљубеници во добрата храна. Во продолжение разговараме за неговиот работен век, за специјалитетите кои ги нуди ресторанот, како и за тоа како се одвивал кафанскиот живот порано и сега.

Колку време работите како професионален готвач и од како се роди љубовта кај вас кон оваа професија?

-Како готвач работам откако знам за себе, или од 16 годишна возраст. Веќе 33 години сум во оваа професија, а љубовта кон професијата ми ја вградија брат ми и братучедите, кои од мали нозе ме зедоја со нив. Во деведесетите години кога и јас започнав да работам, беше лесно да се научи да се работи, беше потребна само голема љубов, трудољубивост и упорност. Ако се направи една споредба тогаш со сега, во тоа време пресудно беше да се научи занаетот, затоа што пари немаше, беше кризно време, се наоколу пропаѓаше и бевме слабо платени. Денес пак е спротивно, пресудни се прво парите и секој млад човек прво прашува колку ќе биде платен, а потоа работата.

Кажете ни кое е вашето мислење, дали прилепчани важат за гурмани и познавачи на добра храна?

Важат и тоа како! Поготово кога станува збор за меленото место и плескавиците. Ако земете свинско како свинско месо е секаде речиси исто, телешко како телешко, исто така, но кога станува збор за меленото месо, oд прилепчани нема луѓе со поистанчен вкус и мирис луѓе, па токму и затоа на нашите сограѓани им е истенчен и префинет вкусот за скарата, а особено за плескавиците.

Низ годините сигурно сте имале интересни анегдоти и случки. Дали би сакале да споделите некоја таква интересна ситуација со нашите читатели?

-Aнегдоти и смешни ситуации низ годините имало стотици, како со персоналот со кој сум работел, така и со газдите и гостите. Буквално ќе треба да разговараме најмалку два дена за да ви ги доловам сите интересни ситуации кои сум ги доживеал во овие 33 години работно искуство.

Работите во едно од најгурманските места во моментов во Прилеп, ресторанот Beer Ti & Ja кај газда Бале. Во што се разликува ова место од мноштвото расторани и кафани во нашиот град?

-Па ова место е несвојствено, мало, но исполнето со еден поинаков дух, зрачи со посебна харизма, нешто што го нема во градов во моментов. Таквите мали ресторани и кафанџија веќе одамна ги нема, па токму затоа нашиот ресторан им е доста интересен и примамлив на луѓето. Покрај тоа нешто што го прави ресторанот примамлив е доволниот број на паркинг места. Ресторанот располага со голем плац за паркирање, што во ова модерно време кога секој вози автомобил, е навистина неопходно и голема предност. Исто така локацијата, ресторанот се наоѓа на самиот влез од градот од страната на Скопје, па постојано е на видик на сите оние кои го посетуваат нашиот град.

Што е специјалност на кујната во Beer Ti & Ja и во што особено уживате да приготвувате?

-Нешто со чиј вкус и квалитет сме особено горди и во што уживаме да приготвуваме се месната коленица, гулашот, ширденот и секако чорбите. Скарата како скара, секако е застатена и кај нас, како и во секој ресторан во Прилеп. Тоа го има секаде, се разликува само вкусот од место до место, но печена коленица, ширден и особено вкусни чорби ретко каде има. Тоа е она што можам да го издвојам како белег на ова гурманско место, специјалитети во кои гостите особено уживаат. Се разбира сето тоа оди со одлично сервирање и гарнирање и секако добра услуга.

За чорбите од вашата кујна се слуша надалеку. Прилепчани велат дека тенџерињата се празнат секое утро. Во што е тајната, зошто Beer Ti & Ja важи за така наречено нај “чорбаџиско” место во градот?

-Со еден збор кажано, затоа што чорбата е БЕСПРЕКОРНА. Користиме квалитетно свежо месо, со врвен квалитет, а не замрзнато како што се користи во некои други кујни низ градот. Ете затоа нашиот ресторан е полн со “чорбаџии” секое утро и секое утро тенџерињата ги празниме буквално до последна капка чорба.

Приготвувате и оригинален гулаш, па на смеа тие кои пробале велат дека ако некогаш започнеме конфликт со Унгарија, тоа ќе биде поради гулашот, кој кај вас е на рамниште на оригиналот од “Маџарска”. Што е потребно за еден добар гулаш, колку време се приготвува и како успевате да постигнете се’ и се пресно и навреме да им сервирате на гостите?

-Ха, ха, ха… Не сум бил во Унгарија и не знам каков е гулашот таму, ама за нашиот слободно ќе кажам дека е одличен. Повторно и тука е пресуден изборот на квалитетно месо, а за да се приготви овој специјалитет потребно е и до 6 часа. Гулашот можам да кажам дека го имаме редовно во понудата, секој ден и оние кои сакаат да пробаат не треба ниту да се најават, ниту да порачаат пред време…. гулаш има се додека не го снема :).

Во Прилеп секој гостин сака да проба прилепски ширден, но ретко каде го има и ретко каде се нуди. Дали во вашата кујна редовно е застапен овој специјалитет и кажете ни накратко што е потребно за еден одличен ширден?

-Кај нас ширденот како и другите специјалитети е постојано присутен во кујната и можам да речам дека го имаме на “лагер”. Тоа е белег на градот, по тоа Прилеп е познат низ целиот свет и еден прилепски ресторан треба постојано да го има овој деликатес и бренд на нашиот град. Како и за се’ претходно што кажав, и кај ширденот, пресудно за вкусот е да имате набавено квалитетно месо. Оригинал ширден се прави од свинско, говедско и јагнешко месо, но јагнешкото се помалку се користи во последно време, пред се затоа што ретко го има, а и цената е се повисока. Како и гулашот и ширденот покрај мајсторијата си сака и време за добро да се приготви. Месото е потребно да отстои во маринада, за добро да прими од сите зачини, па идеалното време за подготовка е околу 5-6 часа.

Колку е ценета готвачката професија во Македонија воопшто и дали може да се живее и да се заработи од оваа професија?

-Во последните години почна да се цени нашето работење и нашата професија и можам да кажам дека готвачите имаат солидна заработувачка за наши услови, со која секако може да се гледа семејство и веќе не мора да се оди на печалба по белиот свет. Моето мислење е дека голем број, особено млади луѓе, се залажуваат дека со оваа професија ќе заработат богатство во странство. Простор за напредок и заработувачка денеска има и кај нас, во нашиот град и во целата држава. Потребно е само да се покаже желба и љубов, па ќе дојдат и парите.

Ако не би биле готвач, што би работеле?

-Не знам, мислам дека не би се пронашол во друга професија.

За крај нам ни преостанува топло да ви го препорачаме ресторанот каде Илиески е шеф на кујна. Дојдете, уживајте во вкусната традиционална прилепска кујна. Почнете со утринска чорба, па како што велат прилепчани “се по ред”. НАЗДРАВЈЕ!

На влезот во Прилеп се наоѓа најмераклиското место: Еве зошто ресторан “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите гурмани и боеми (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Помош во прилепско Мариово пристигнува од сите страни! Од Битола, Новаци, Ресен… Утре наутро се активира и армијата (ВИДЕО)

Центарот за управување со кризи објави видео од координативната седница на општинскиот кризен штаб во општина Прилеп. Присутен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој од претседателката на Советот, Ирена Стерјовска, беше информиран дека помош во Прилеп за справување со големиот пожар во Мариовскиот регион пристигнува од повеќе градови.

Според информациите огнената линија на пожарот е повеќе од 20км, а најдраматично е кај селата Бонче и Дуње. Според последните информации пожарот се шири и кон Крушевица.

Во моментов заседава кризниот штаб на општина Прилеп! Ситуацијата во МАРИОВСКО е алармантна!

Ги известуваме граѓаните на општина Прилеп дека во моментов се одржува кризен штаб предводен од началникот на истиот поради големиот пожар кој во моментов е активен во областа Мариво. Поради сериозноста на ситуацијата на кризниот штаб присуствуваше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во зависност од климатските услови има можност да бидат загрозени селата во близина, но сепак истите се обезбедувани од професионални пожарникари на ТППЕ Прилеп и од околните населени места – информираат од општината.

-Од неделата тимови на ТППЕ Прилеп се на терен во таа област, а вчера и денес поради големиот чад гаснењето со воздушна поддршка беше отежнато. Исто така ангажирани се и сите материјално-технички средства на Јавните претпријатија од Општина Прилеп.

Во координација со соседните општини и нивните противпожарни единици обезбедена е поддршка од Битола, Кавадарци, Новаци, Могила и Ресен.

Во текот на утрешниот ден повторно ќе се активира воздушна поддршка од АРМ и ДЗС, ќе има и поддршка од 120 лица од кои 70 од АРМ, 20 од специјалните единици на МВР и 30 од Национални шуми.

Кризниот штаб ќе заседава и ќе биде во координација со единиците на терен сѐ додека пожарот не биде локализиран – стои во соопштението од општина Прилеп.