дома блог страница 723

Срамота, Македонија изгоре од пиромани! Фатен 27-годишник од битолско како пали оган во близина на фабрика за вода

На 04.09.2024 во 19.20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од с.Кременица. Тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот.

И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава – информираат од СВР Битола.

Јовчески се обрати на прилепчани

Иако моментално сум физички отсутен, сакам да ве уверам дека континуирано ја следам ситуацијата со големиот пожар кој ја зафати областа Мариово. Имаме целосна координација со Општинскиот кризен штаб и со сите надлежни институции и екипи кои неуморно, деноноќно се борат со огнената стихија. Мојата посета во моментов во Шведска заедно со градоначалникот на Битола, претставници од Општинската администрација и ЈКП Комуналец, каде што имаме прилика да добиеме конкретни сознанија и примери за да ги подобриме услугите во Општината и Комуналните претпријатија, во рамките на проектот ,,Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, беше претходно планирана и пред воопшто да почнат огнените стихии во нашата општина – напиша на својата ФБ страна, градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Во продолжение во целост го пренесуваме неговото обраќање на социјалните мрежи:

Пламените јазици досега опожарија површина од над 10.000 хектари, со линија на зафатеност од над 20 километри.
На терен активно се ангажирани противпожарните единици, Армијата на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, воздушната поддршка, МВР, Национални шуми, медицинските екипи, Црвен крст, месното население и доброволни противпожарни здруженија. Благодарение на нивната работа, ситуацијата е под контрола и досега не дозволивме пожарот да зафати населени места или објекти.

Сите Вие сте нашите ХЕРОИ!

Според најновите податоци од мерната станица на Центарот за јавно здравје, квалитетот на амбиенталниот воздух е во рамките на нормалата. Континуирано сум во комуникација со директорот на Центарот за јавно здравје, и за секоја евентуална промена или препорака, навремено ќе бидете известени.

Сакам да ве уверам дека сите расположливи ресурси се максимално ангажирани и нема простор за шпекулации или создавање непотребна паника. Остануваме посветени на заштитата на нашите сограѓани и на спречувањето на понатамошно ширење на пожарот.

Итен апел! Сите граѓани кои имаат имот во село Крушевица, итно да се упатат до селото!

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ!

Почитувани сограѓани, сите кои што имате имот во село Крушевица, ве замолуваме ИТНО да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)!

Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат – информираат од општина Прилеп.

Запознајте го најголемиот колекционер на сликички од Македонија (ВИДЕО)

Пред некој ден добивме следната порака:

“Добар ден. Јас сум Игор Петков од Радовиш, љубител на спортот и колекционер. Во пресрет на репрезентативниот собир, дали има можност да се оствари посета и лично потпишување на колекционерски картички / сликички од фудбалерите? Поздрав и убав викенд“ – напишаа од Фудбалската репрезентација на Македонија на социјалните мрежи.

-Помисливме…неколку картички, пар сликички, 10-на минути. Тхе Енд. Е па, неговата пасија, која ја дознаваме дури сега, е многу поинтересна отколку што очекувавме – стои во објавата.

Од Сократ Мојсов, Симоновски – Џина или Кирил Дојчиновски, преку Панчев, Бабунски, Станојковиќ, Истатов и трофејниот Вардар, до Пандев, Барди, Адеми и сите актуелни репрезентативци. Колекција – злато вредна и мелем за фудбалските носталгичари.

Инаку, Игор по професија е градежен инженер, поранешен ракометар на Радовиш, сопруг и татко на три деца.

“Сопругата немаше да ја трпи мојата пасија кон колекционерството на картички и сликички од фудбалери, да ја немав поддршката од децата“. – вели Игор.

Погледнете го видеото во продолжение:

(Фото галерија) Магична ноќ во храмот Св.Петка: Младите музички таленти од Прилеп приредија концерт за паметење со класична музика

Синоќа, во храмот Св. Петка, се одржа исклучително успешниот концерт „Прилепски млади виртуози“, на кој младите музички таленти од нашиот град блеснаа во своето најдобро издание. Храмот беше исполнет до последното место, а публиката, исполнета со радост и воодушевување, не штедеше на аплаузите.

Изведбите на младите виртуози беа вистинско уживање за сите присутни. Со својата техничка вештина и емоционална интерпретација, тие создадоа вечер полна со музичка магија, која остана во срцата на сите нас. Особено пријатно не изненадија со нивната зрелост и посветеност, што ги прави гордост на нашиот град и на нашата земја. Исполнувајќи ги нашите срца со радост тие направија музиката да биде мост кон возвишеното. Па така, класичната музика вчеравечер беше нашата молитва и пофалба кон Бога, а истовремено и израз на нашата грижа за иднината на нашите деца.

Публиката беше воодушевена, а заглушувачките аплаузи беа најдобрата награда за младите музичари. Во знак на благодарност, храмот им подари скромни подароци на изведувачите, како симбол на почит и поддршка за нивниот труд.

-Вчерашниот концерт е дел од нашата мисија да ја негуваме културата и уметноста, да ги поддржиме младите таленти и да им покажеме дека како заедница го вреднуваме нивниот талент, труд и посветеност кон музиката. Намерата е концертот „Прилепски млади виртуози“ да стане традиционален настанпа затоа ги поканивме младите музичари повторно да ни се придружат следната година во истиот период. Овој концерт не само што го збогати културниот живот на нашиот град, туку и ни покажа дека младите генерации со својата посветеност и талент имаат светла иднина – велат од организациониот одбор за концерти на храмот Св. Петка.

Oд храмот упатуваат искрена благодарност до сите изведувачи, организатори и присутни гости, кои со своето присуство и поддршка го направија овој настан незаборавен. Нека Господ ги благослови сите и да продолжиме заедно да ја чуваме нашата вера и да го негуваме и поддржуваме нашето музичко наследство.

ФОТО/KL Produkcija

Стерјоска: Пожарот во Мариово има размери на „чудовиште“! (ФОТО)

Претседателката на Советот на општина Прилеп, Ирена Стерјовска, која е и началник на Кризниот штаб, откако е активна огнената стихија со пожарот во Мариовскиот регион, е во постојана комуникација со сите надлежни институции и деноноќно координира со ситуацијата. Стерјовска вчера ги посети пожарникарите и околу 200 други доброволци, припадници на армијата, полицијата и месно население, кои учествуваат во гаснењето на пламените јазици.

-Општина Прилеп се соочува со голем предизвик настанат од пожар во областа Мариово. Како Началник на Кризниот штаб со кој работевме во текот на изминатиот ден повеќе од седум часа (од 18ч до 01ч по полноќ) на координација на сите ресурси, денес излеговме на терен при што веќе имаме сите ние визуелна перцепција со што се соочуваме – пишува Стерјовска на социјалните мрежи.

Стнува збор за пожар кој има размери на “чудовиште” затоа што линијата на опожарениот појас е веќе повеќе од 20км.
Ако изминатото деноноќие во опасност беше селото Бонче каде со помош на противпожарните единици од Прилеп, Битола, Кавадарци, Могила, Новица и доброволното битолско Здружение Архангел Михаил пожарот беше спречен да се прошири и зафати дел од куќите и добитокот, ова попладне и вечер критично е кај село Крушевица. Овој пожар има два фронта, лево и десно напаѓа кон селото и го загрозува истото. Денес на вчерашниот повик од Кризниот штаб одговорија и противпожарните екипи на единиците од Охрид, Ресен, Радовиш, Свети Николе и секако изразувам огромна благодарност на нивната подадена помош. Исто така огромна благодарност на Армијата на РМ кои и со по неколку саати остануваа длабоко навлезени во густиот чад.

Воздушната поддршка која беше активна денес со еден хеликоптер и со еден авион беше навистина од помош до оние граници кои ги дозволуваше густината на чадот по безбедноста.

Селото Пештани не е загрозено, пожарот е високо во планината, с.Дуње и с.Кален не се во опасност, над с.Кокре гори високо во планината. Постои едно жариште кај репетиторите над Штавица каде денес гаснеа екипите од Национални шуми, а во теков на ноќта ќе има пожарна стража бидејќи станува збор за многу стрмен и непристапен терен.

Пожарникаските екипи остануваат на терен, а Кризниот штаб продолжува со координација од 20ч за текот на ноќта и активностите за утрешниот ден.

АПЕЛИРАМ до целото население да не се креваат паники, да не се прават непотребни тензии помеѓу било кого што би довело до непотребно трошење и насочување на енергијата во друго поле надвор од фокусот, а тоа е ПОЖАРОТ – напиша Стерјовска.

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна несреќа во Битола

-На 03.09.2024 во 07.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„Игњат Атанасовски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен Ц4“ со австриски национални ознаки, управувано од П.Ј.(54) од Република Австрија, со престој во Битола и скутер со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Сончево и топло време, попладне локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 36 степени.

Според УХМР, од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Погледнете како се гаснеа пожарите денеска во прилепско Мариово – Но пожарот и понатаму е активен на голема површина! (ВИДЕО)

Хеликоптерот на МВР фрли над 125 тони вода врз пожарите кај Прилеп и Катланово.

Денеска (04.09.2024) хеликоптерот Ми-171 од Хеликоптерската единица за посебни намени во МВР дејствуваше врз пожарите во реонот на Прилеп и во Катланово.

Во 50 налети фрлени се над 125 тони вода – информираат од МВР.

Градоначалниците на Прилеп и Битола се во Шведска, со нив се и директорите на Комуналец – се собираат искуства за управување со отпадот (ФОТО)

Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на општинската администрација и ЈП „Комуналец“, како и претставници на останатите општини учесници во проектот, престојуваат во работна посета на Шведска, во градовите Стокхолм и Јевле, каде што ќе добијат повеќе конкретни сознанија и практични примери на подобрување на услугите на општините и комуналните претпријатија во секторот отпад, како и искористувањето на отпадот – информираат од општина Битола.

Во предвидените активности, беше реализирана посета на фабриката Екогас, која што е во доминантна сопственост на општината. Во неа, се третира органскиот отпад собран од општинските претпријатија, а се обработува околу 27 000 тони отпад годишно. Фабриката произведува 28 GWh гас за возила, со што остварува над 5 милиони евра промет годишно. Исто така, учесниците во проектот беа запознати и со потребата од заедничка меѓуопштинска соработка за управување со отпад, од која што придобивките се повеќенаменски:

• Повисоки законски барања од власта и поголеми очекувања од граѓаните
• Еколошки придобивки
• Пониски инвестициски трошоци
• Споделување на надлежностите и човечките ресурси
• Полесно оптимизација на рутите
• Ист надомест во сите општини
• Заеднички набавки

Општина Битола е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои ќе работат на одржливо управување со отпадот, проект финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.

Во Шведска деновиве е присутна и делегација од општина Прилеп, предводена од градоначалникот Борче Јовчески. Заедно со Јовчески е и директорот на ЈКП Комуналец Прилеп, Рубин Абрашоски.