дома блог страница 725

Во моментов заседава кризниот штаб на општина Прилеп! Ситуацијата во МАРИОВСКО е алармантна!

Ги известуваме граѓаните на општина Прилеп дека во моментов се одржува кризен штаб предводен од началникот на истиот поради големиот пожар кој во моментов е активен во областа Мариво. Поради сериозноста на ситуацијата на кризниот штаб присуствуваше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во зависност од климатските услови има можност да бидат загрозени селата во близина, но сепак истите се обезбедувани од професионални пожарникари на ТППЕ Прилеп и од околните населени места – информираат од општината.

-Од неделата тимови на ТППЕ Прилеп се на терен во таа област, а вчера и денес поради големиот чад гаснењето со воздушна поддршка беше отежнато. Исто така ангажирани се и сите материјално-технички средства на Јавните претпријатија од Општина Прилеп.

Во координација со соседните општини и нивните противпожарни единици обезбедена е поддршка од Битола, Кавадарци, Новаци, Могила и Ресен.

Во текот на утрешниот ден повторно ќе се активира воздушна поддршка од АРМ и ДЗС, ќе има и поддршка од 120 лица од кои 70 од АРМ, 20 од специјалните единици на МВР и 30 од Национални шуми.

Кризниот штаб ќе заседава и ќе биде во координација со единиците на терен сѐ додека пожарот не биде локализиран – стои во соопштението од општина Прилеп.

Големите луѓе прават големи дела! Ректорот на Универзитетот “Скопје”, донираше ранци и училишен прибор за децата од згрижувачки семејства во главниот град (ФОТО)

120 училишни ранци и комплет училиштен прибор добија децата од згрижувачки семејства во Скопје. Донацијата е од Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, со директна поддршка на заменик-министерот за труд, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Настанот се одржа на плоштадот во Општина Гази Баба, организиран во чест на почетокот на новата учебна година.

Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски на дечињата им порача да учат, бидејќи образованието ќе ги направи посилни.

„Образованието е најважната работа. Да сте образовани, значи да сте силни. Слушајте ги родителите, наставниците, учете и дружете се“ изјави Ректорот Миленковски.

Заменик-министерот за труд, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се заблагодарија на Универзитетот Скопје за подршката и општествената одговорност.

Универзитетот Скопје секогаш дава директна поддршка за најранливите категории деца!

Бозоски успешно го заменува Јовчески (ФОТО)

Во отсуство на градоначалникот Борче Јовчески, кој е на службено патување во Шведска, заменик градоначалникот Диме Бозоски, деновиве ја застапува и институцијата и навистина ја оправда довербата која ја доби од првиот човек на општината.

Бозоски вчера и денеска ги посети сите училишта во Прилеп и населените места, каде на сите првачиња кои ја започнаа оваа учебна година им беше поделен школски прибор како еден мал знак на внимание, а заменик градоначалникот ги поздрави сите нови ученици кои за првпат седнуваат во училишните клупи, им посака успешна учебна година, многу нови другарчиња, но секако учењето да биде во прв план.

Оваа година, Општина Прилеп обезбеди бесплатен оброк за сите ученици од прво и второ одделение. Оваа мерка е со цел да се намали трошокот на родителите, но исто така и децата да стекнат навика за здрава исхрана.

Бозоски деновиве е присутен и на сите спортски и културни случувања, и се покажа како вистински репрезент и достоен за функцијата која ја извршува.

Уште едно музичко уживање пред храмот Св. Петка во Прилеп: Вечер на класична музика со “Прилепски млади виртуози”

По серијата концерти во летните месеци, кога на платото пред црквата пред голем број граѓани настапија: Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, браќата Даутовски…. Организациониот одбор за концерти на црквата Св. Петка во Прилеп, за утре подготви ново музичко уживање.

За што точно станува збор, прочитајте во поканата во продолжение:

Почитувани сограѓани,

Ве покануваме на едно несекојдневно музичко доживување кое за првпат ќе ги обедини младите прилепски музички таленти под сводовите на нашиот величествен храм Св. Петка. На 04 септември, со почеток во 19:00 часот, ќе имате можност да уживате во концертот „Прилепски млади виртуози“.

Овој концерт е уникатна прилика да се слушнат на едно место дел од најдобрите студенти кои студираат во земјата и странство, средношколци од музичките училишта во Македонија, како и ученици од основното музичко училиште во Прилеп. Во акустичниот амбиент на храмот Св. Петка, нивните изведби ќе го исполнат просторот со звуци на хармонија и убавина.

Преку вашето присуство, ќе им дадеме поддршка на овие млади таленти пред почетокот на новата школска година и ќе покажеме дека како заедница ги вреднуваме и негуваме нивните дарби. Овој концерт го гледаме како почеток на една нова традиција, која ќе се повторува секоја година и ќе ни овозможи да бидеме сведоци на нивниот раст и успех.

Ве повикуваме да бидете дел од овој музички настан и заедно да ја оддадеме почитта која нашите млади виртуози ја заслужуваат.

Со почит,
Организационен одбор на концертот

Прилепчанец побарал од свој сограѓанин да му размене евра, па му ги грабнал парите и избегал

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Д.(32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

На 27.08.2024 пред казино во Прилеп, пријавениот побарал од З.Ч. да му размени евра, по што од раката насилно му ги одзел парите и побегнал – информираат од МВР.

Мицкоски најави нова странска инвестиција – ќе вреди 65 милиони евра и ќе отвори нови 700 работни места

Нова инвестиција од 65 милиони евра, нови 700 вработувања. Премиерот најави почеток на изградба на фабрика за литиумски батерии.

Продолжува политиката на новата власт во Македонија, со цел привлекување на директрни странски ивестиции, вели Хритијан Мицкоски и додека дека оваа инвестиција е плод на двомесечна напорна работа, во која биле отстранети сите недостатоци, кои што биле акумулирани со месеци наназад.

-Инвестицијата е од прилика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања, ќе се произведуваат литиумски батерии. Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата, односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин се зголемува бруто домашниот производ, така да еве да почекаме да утре, па македонската јавност ќе биде сведок утре, изјави Мицкоски.

Во наредниот период ќе биде распишан и тендер за третиот мобилен оператор во Македонија. Мицкоски кажа дека потпишан е необврзувачки меморандум со компанијата „4 ај џи“, која пројавила интерес да влезе на македонскит пазар. Премиерот истакна дека веќе нема да има договори во четири очи, односно дека Македонија сега е земја која се развива и држава во која владее правото. Мицкоски потенцираше дека ваков меморандум може да биде потпишан и со други компании кои ќе покажат интерес да влезат на нашиот пазар.

-Заврши времето на договори во четири очи, како што беа тие во кичевски ТЕЦ Осломеј, битолски РЕК Битола, заврши времето кога голобради момчиња купуваа трговски центри, кога се играа фудбалчиња и баскетче во канцелариите на Владата. Сега е време кога треба да се развива Македонија, заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото. Наш интерес е интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните, поголема конкуренција, пониски цени, интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача и дека во наредниот период јавноста ќе биде сведок на повеќе истраги, односно објавување на информации за можни криминални активности од страна на функционери од претходната власт. Вели поради тоа можеби и постои страв кај најголемата опозициска партија СДСМ. Премиерот кажа и дека до крајот на годинава вработените во јавната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15, кој е предвиден со ребалансот на буџетот, а била ставка заборавена од претхондата власт. Мицкоски порача и дека имаат активна комуникација со Брусел, со цел пронаоѓање техничко решение за изградба на Коридорот 8.

Потенцираше дека е добри што власта успеала да се избори да не бидат потрошени 500 милиони евра од македонскиот буџет и 250 милиони пари на европските даночни обврзници.

Избројте колку ги има! Цели чопори кучиња скитници сеат страв низ Прилеп (ВИДЕО)

Цели глутници кучиња скитници сеат страв и создаваат невидена бука низ Прилеп, особено во ноќните часови. Видеото во прилог е испратено од граѓани од централното градско подрачје кои се жалат дека со денови се без сон.

Граѓаните бараат ЈКП Комуналец да го стави овој проблем на врвот приоритети, затоа што во градот врие од кучиња скитници во секое маало.

АИРЛИЈА! Нема повеќе одење Грција! Заврши изградбата на “ЛИДЛ” во Битола (ФОТО)

Заврши изградбата на маркетот “ЛИДЛ” во Битола.

Ова е прв завршен објект на познатиот германски синџир на маркети, а според најавите ќе следува изградба на маркети и во Кичево, Штип и Тетово.

Во меѓувреме компанијата веќе започна со изградба на објектот во Скопје, а во Кавадарци веќе се направени подготвителни активности за почеток на градба.

Објектот на “ЛИДЛ” во Битола се наоѓа на самиот влез од страната на Прилеп, на Дулие, а засега нема информација кога истиот ќе стартува со работа.

УБАВИНА! 10 новороденчиња во прилепската болница – Оддлението за гинекологија работи со полн капацитет! (ФОТО)

Пријатен и убав ден Ви посакуваат најмалите пациенти сместени на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

-Овие неколку фотографии се само потврда дека нашето одделение работи со полн капацитет! Во моментов на нашето одделение водиме грижа за 10 новороденчиња. Ним и на нивните најблиски им посакуваме само убавини – информираат од прилепската болница “Борка Талески”

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“, имаше светска премиера на престижниот филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажуваше на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.

Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ фестивалот се квалификуваат за Оскари и за Европските филмски награди (ЕФА) и БАФТА. Билетите за првата проекција на „Мала шега“ беа целосно распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет.

Приказната за тинејџерската љубов и стравот од иднината, која е инспирана од истоимениот расказ „Мала шега“ од Антон Павлович Чехов наиде на огромен интерес од публиката:

„Прекрасна адаптација на познатата приказна на Чехов, режисерот завршил маестрална работа“, „Филмот не трогна и ни го доближи начинот на кој функционира македонското општество, се чувствуваме како да сме таму“, беа дел од коментарите на публиката.

По проекцијата, во дискусијата со публиката се вклучи и Mакедонка која пред 20-тина години се преселила во Данска:

„Филмот точно и реалистично го претстави она што се случува во Македонија, ми доаѓа да се расплачам бидејќи и јас го поминав истото. Посебно ми е драго што ваков филм доби прилика да се емитува во Данска.“

Краткометражниот филм „Мала шега“ кој раскажува приказна за тинејџерска љубов и авантура е во режија на Трифун Ситниковски. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки. Кинематографер на филмот е Сергеј Сарчевски, дизајнер на продукцијата е Александра Петкова. Композитор е Мартина Силјановска, а за костимографијата одговорна беше Марта Дојчиновска. Главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски.

Режисерот Ситниковски вели дека најголемиот страв бил дали публиката од Данска ќе успее да се поврзе со приказната и да ја разбере:

„Трогнат сум дека публиката во Данска се соживеа со македонската приказна и предизвиците на главните ликови“, вели Ситниковски.

Ситниковски е млад режисер кој работи во филмската индустрија повеќе од десет години и има снимено повеќе од десетина кратки играни филмови и документарни филмови, а моментално работи како режисер на истражувачкиот документарен серијал „Редакција“ во копродукција на Истражувачка репортерска лабораторија и Македонскиот јавен сервис.

Овој филм е воедно и прва продукциска работа на ИРЛ на играна фиктивна содржина како дел од напорите на формирање на продукцијата Стори Лаб која ќе работи на филмови од јавниот интерес.